Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Проект „Скопје 2014“

МАКЕДОНСКАТА ПРЕСТОЛНИНА СЕ УКРАСУВА СО СТАТУИ

(Преземено од МИМ)

Гоце Делчев и Даме Груев на плоштадот Македонија

Споменици на Гоце Делчев и Даме Груев се поставени на Плоштадот Македонија. Скулптурите се високи пет метри, а се поставени на двете страни од Камениот мост. Автор на двата споменика е академискиот вајар Жарко Башевски, а се изработија во леарница во Фиренца, Италија.
Овие два споменика се дел од првите 17 што Општина Центар планира да ги постави во потесното централно градско подрачје. Предвидено е до овие два споменика да има уште два од илинденскиот период. До Гоце Делчев треба да стојат Гемиџиите, а до Даме Груев основачите на историското ВМРО. На спротивната страна на Камениот мост треба да бидат споменици на словенските просветители, а на средината на Плоштадот споменикот на Александар Македонски.

Ченто се исправи на плоштад

Дотеран, симболично со прстот вперен кон плоштадот и шапката до срце, како што држел говори пред народот, на плоштадот застана првиот претседател на президиумот на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто. Олицетворен во скулптура изработена од италијански бел мермер „карара“, споменикот на Ченто почна да се монтира пред кафулето „Тренд“ околу 8 часот. За кратко време околу него се собра толпа љубопитни граѓани кај кои импресиите од споменикот беа поделени.
Се чини, највозбуден беше авторот на споменикот, скулпторот Димитар Филиповски. „Возбуден сум многу. Изработката на идејното решение за споменикот за мене беше голем предизвик, бидејќи Ченто е великан, една извонредно важна личност од историјата на Македонија. Задоволен сум од сработеното, а времето ќе покаже колку мојот труд е успешен“, прокоментира Филиповски, кој истакна дека му импонира што Ченто е изработен од италијански мермер што го користеле и Микеланџело и Донатело. Филиповски работел на идејното решение неколку месеци. Инаку е познат и како автор на скулптурата на шмизлата и заљубените, а негови дела се и рисот во Охрид и дивата коза поставена накај Маврово. Занаетот го усовршувал речиси десет години во ателјето на Томе Серафимовски.
Споменикот на Ченто е тежок 25 тони и со постаментот е висок 5 метри. За неговата изработка Општина Центар плати речиси 800.000 евра. На постаментот има бронзени релјефи што отсликуваат мотиви од животот на Ченто. Едниот го прикажува неговиот роден град Прилеп, на другиот македонскиот великан е прикажан како држи говор, а третиот мотив ги пресликува деновите на Ченто минати во затвор. Филиповски објасни дека и локацијата на која е поставен споменикот има симболика, односно е лоциран веднаш пред некогашниот хотел „Македонија“ во кој Ченто престојувал секогаш кога бил во Скопје.
Ова е третиот споменик поставен на плоштадот од планираните вкупно 17, а е првиот што е изработен од мермер.

Стигнаа и словенските просветители

Скопје доби уште два споменика од проектот „Скопје 2014“, на словенските просветители светите Кирил и Методиј и на нивните ученици свети Климент и свети Наум Охридски, кои во беа поставени покрај Камениот мост, на левата страна на реката Вардар. И двата споменика се леени во бронза во леарницата „Фрокаро арте“ во Виченца, Италија. Споменикот на светите Кирил и Методиј чини 540.000 евра и е дело на скулпторот Жарко Башески, кој претходно ги изработи и коњаниците Гоце Делчев и Даме Груев.
Споменикот на свети Климент и на свети Наум, пак, е дело на Перо Кованцалиев и чини 580.000 евра. За двата споменика државата одвои вкупно 1.120.000 евра. Авторите, Башевски и Кованцалиев велат дека се задоволни од крајниот изглед на својата замисла и откриваат дека на спомениците заедно со релјефите работеле повеќе од половина година. На поставување на спомениците не беше присутен никој од државниот врв, ниту, пак, градоначалникот на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, кој официјално е нивни нарачател. Неговиот портпарол истакна само дека ќе се работело уште на овие споменици и дека просторот околу нив ќе биде комплетно партерно уреден, со клупи, со кошници за отпадоци, зеленило и со патеки.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај

Важно
Агенција за иселеништво на Република Македонија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЛЕТНАТА ШКОЛА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Почитувани!

Ве известуваме дека Летната Школа по Македонски јазик наменета за деца потомци на иселениците од Македонија, со цел изучување на македонскиот јазик која Агенцијата за иселеништво годинава ќе ја организира по трети пат, ќе се одржи во периодот од 25-30 јули 2010 година.
Сместувањето на учениците и одржувањето на настава ќе биде во хотелот „Конгресен Центар Охрид“ и ќе чини 29 евра дневно за двокреветна соба со цел пансион.
На „Летната Школа“ учество можат да земат сите заинтересирани, без претходна селекција и без ограничување во возраста.
Ве молиме присуството да го пријавите на интернет адресата на Агенцијата за иселеништво:
info@minisel.gov.mk

Благодариме за соработката!

Македонија пее

ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ

Покрај Егеј Македонци
покрај Вардар Македонци (2)
и под Пирин Македонци
славно име непокорно

Рефрен: ...
Едно име имаме
во душата го носиме
за тебе живот даваме
О, Македонијо. (2)

Като килим долина
а до небо планини
реките златоносни
за езера бисерни.

Рефрен: ...

Мајко, Македонијо
Балканска убавице
кој се родил во тебе (2)
живот дава за тебе. (2)

Рефрен: ...

КАЖИ РАЈНЕ, КАЖИ ДУШО

Кажи Рајне, кажи душо,
кој ти нишан стори,
кој ти нишан стори Рајне,
на белото лице.

Штом ме прашаш стара мајко,
право ќе ти кажам,
право ќе ти кажам мајко,
тебе не те лажам.

Сношти беа стара мајко,
момци Македонци,
се на бели коњи, мајко,
и со жолти узди.

Главатар им беше, мајко,
мојто прво либе,
тој ми нишан стори, мајко,
на белото лице.


Поезия

РЕКВИЕМ

Поляга уморено слънцето край Тумба
и бавно,
някак гузен,
се прокрадва здрача.
По билото високо светлините лумват:
заплаха и сигнал –
натам да не прекрача.

Къде?
Нали оттам избягали сме тука,
нали със огън ни прокудиха в тринайста,
нали от век там гръцка кукувица кука
и в нашите гнезда
яйца тя свои снася.

Натрапници се ширят в нашата Родина,
а слънцето за нас във чужди край изгрява.
Освен дома ни
и звездата от Вергина
със наглост византийска те си присвояват.

Остана само сън светликът на Егея,
бащите ни изтляха с отворени зеници,
че наш’те ниви
грък сега оре и сее,
грък жъне хлебна едрозърнеста пшеница,

гъркиня чака вечер съпруг да се завърне
и с грейнало лице посреща го по залез,
а нашите гробове –
във бурени и тръни
и никой на мъртвем свещица там не пали.

1998 г.
ПЕТЪР МИЦКОВ


ВЕЛИКА СИ ОСТАВА

Пред мен росата клепка. Светка.
На моя стих зелен семафор.
Очи влагнеят в своя спектър.
Лондон е на Европа фара.

По него крача днес захласнат...
Загърлен в македонска слава.
От корените родовете раснат
и Македония велика си остава.

И днес, и утре - И сега!



ЧУДО

Весела сълза звезди в окото.
Чудо осветява ми сърцето.
Бяга тъмнината, бяга злото
от човека весел под небето.



ВИЕНСКО КОЛЕЛО

Светлина сигнална се разля.
И усмивки никнат пред окото.
Пратера с вълшебен блясък
за късмет завърта колелото.

И умът ми се върти
около оста на хляба.
И докрай надеждата си кърти –
залъка от питата изгряла.

И кръвта ми македонска –
буен ручей на сърцето.
Светлина гореща пръска
по челото мрачно под небето.

И Виена будна ми в гърдите
дух ми дава на душата.
От Пирина до звездите,
от звездите до земята.
Колелото...



СРЕЩУ МЕН

Често оня вятър коментира,
дето здрасти с мене прави.
Пие с мене мойта бира –
всеки срещнат с думи хвали.

Виждам бузите му зреят,
и на тиква той прилича.
Птичките над него пеят –
срещу мен соколи тичат.

Тежко, тежко, мили брате,
дните в скука ми минават.
Но кажете що да правя
съвестта си щом продават.



ОТ ПИРИНА

Остров Тасос

От Пирина до морето
аз пристигам с топъл вятър.
И за първи път сърцето
литна с вдъхновено ято.

А в простора чайки бели
затрептяха пред очите –
с тях и моите мисли смели
волно плуват над вълните.

О, море, море безбрежно,
твоите вълни пенливи
бият в мен, в сърцето верно,
с топла обич, с бяла нежност!

ПЕТЪР ХРИСТОВ





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting