Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Жива историја

СВЕДОШТВА НА ПРОТЕРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈОТ

(Продолжува од минатиот број)

Брат ми отиде кај командирот на војската и му кажа за случката, кој му рекол дека за ова треба да го претепаат учителот. Командирот организирал една група, која намерно направила инцидент во кој се вмешал учителот, при што го добил заслужениот ќотекк, се сеќава Поповски.

ЏЕМО УСПЕА ДА НИ ПОБЕГНЕ

Во мај 1943 година тој станал многу поактивен и почнал да се движи и надвор од селото упатувајќи се се до Русилово, Кдрво. Имено, Поповски бил ангажиран во пренесувањето на партизани до одредена дестинација. Раскажува за тоа како со уште двајца другари пренеле некои личности од Југославија, кои се наоѓале во Жерви, преку Русилово за Кдрво, влашко село над Каракамен. Кон крајот на 1943 година заминал за Родево. Кога се воделе борбите на Мухарем со бугарската охрана (заштита), која ги изгорела селата, тој бил курир. Во 1944 година, кога се насетувал крајот на војната и кога Грците сакале да ги разоружаат Македонците, а при тоа да ги измешаат партизаните со грчките единици, македонските единици кои биле поорганизирани се префрлиле во Југославија.
Се потсетува и на тоа како една група партизани од Битола тргнала пеш кон Велес, каде им бил организиран убав пречек, па потоа дошле во Скопје, по што својата единица ја пронашле во селото Врапчиште, Гостиварско. Задачата на таа бригада била да ги исчистат балистите, остатоците на фашистите. Во овој крај останале до февруари.
Имаше многу студена зима. Дури еднаш од студ ни замрзнаа и пушките. Многу пати одевме од Врапчишта до Ѓургевишта. Кога го опколивме Ѓургевишта, во последната куќа од селото се наоѓал озлогласениот Џемо, но успеа да ни побегне. Нашата бригада доби задача да се повлече. На наше место дојде 12. бригада, прилепска, која беше вратена од Сремски фронт. По неколку дена таа бригада го фати Џемо, некој го предал. Ние дојдовме во Скопје и се подготвувавме за првата парада во главниот град по ослободувањето. Таа се одржа на први мај, раскажува за своите спомени Поповски.

ОРУЖЈЕТО ГО СОКРИЈА ВО ПЕШТЕРИТЕ

Во Југославија, како што објаснува соговорникот, дошле затоа што мислеле дека тука ќе останат кратко време и потоа ќе се вратат во Егејска Македонија. По извесно време се слушнало дека Тито собирал војска од Македонија и сакал со војна да ја отцепи Егејска Македонија од Грција. Дошла наредба да се расформира бригадата и таа да влезе во состав на југословенската војска. Така и се случило, некои заминале за Струмица, а баталјонот во кој бил Поповски бил стациониран во Битола.
Таму беше одржан состанок на кој присуствуваше еден од Главниот штаб на ДАГ и ни рече дека во Грција формирале партизански одреди. Кога се расформира ЕЛАС оружјето го сокрија во пештерите, имаше луѓе кои тоа го знаеја, па под притисок им го дадоа. Немаме верни луѓе да ни го штитат Главниот штаб - ни рече Гркот - затоа ќе ве замолиме 500-600 луѓе да дојдете како негова заштита. Една единица Вардарци, по капитулацијата на Бугарија, со пушки дојде на помош, со цел да одат во Грција, но кога видоа дека нема ништо од тоа одење се врати назад.

ЗА ДА НЕ ОДАТ В ЗАТВОР, БЕГАА ВО ПЛАНИНИТЕ

“Од Горничево добивме информација дека “бурундарите” влегле во селото и ги силувале жените на борците. Двете стражарски смени организирано, со патроли, со оружјето заминаа на планината. Почнаа заседите. Тоа се случуваше во 1945 година. По тој повод сите Егејци, кои бевме на границата со Грција, не собраа и не испратија од Љубојно, Коњско, Стење, до Свети Наум. Таму, формиравме единица за да ја чуваме границата во реонот од Преспа до Охрид. Кон крајот на 1945 година сите бевме вратени од границата, во Битола. Ја сменивме униформата, и во камиони, преку Гевгелија, Кожув, заминавме на Кајмакчалан, Пајак Планина. Други заминаа преку Преспа. Во Грција се здруживме со партизаните. Почна второто партизанство. Поведовме борби. Народот почна да се организира, а се врати и царот кој беше избркан. Се вратија царските војски, а по договорот во Варкиза почнаа да ги гонат и партизаните. За да не одат в затвор луѓето бегаа во планините. Почна мобилизацијата. Одевме од битка во битка, а немавме ниеден ранет. Дојде наредба да одиме во Вермион.
Водевме битки на Каракамен, Негуш, Воден... Како одевме, така паѓавме во заседи, но дојдовме до Кардица... По долги перипетии нашата единица мораше да се повлече. Бев во единицата на тешки митралезии.
Поповски раскажува за тоа како по повлекувањето останале само двајца и тие се упатиле во партизанската област Вргана. На патот до таа област им се придружиле уште тројца партизани. Во оваа област Поповски нашол соборци од своето село. “Гледам - се потсетува нашиот соговорник - деца зборуваат македонски и ми дојде душата. Имаше борци од Русилово и од Острово. Се сместив во таа единица додека се снајдам. Со штитот од италијанските пушки ги продупчив свинските кожи, кои цело време ги носев на нозете, и направив опинци”.

СВЕДОШТВА НА ПРОТЕРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (12)
Браќа и сестри бегалци се пронајдоа случајно

Скопје 9 јуни 2009 (МИМ)
Ѓорѓи Ѓорѓиев е роден во Ранци, село распослано во подножјето на Каракамен. И тоа ја доживеало истата судбина како и други села во Беломорјето - опустошени, разнебитени, без своите жители Македонци, кои биле прогонети за време на Граѓанската војна во 1948 г. само затоа што биле Македонци.

Тој се сеќава на тешките доживувања како дете.

- Втората светска војна зад себе остави пустош. Но, и Граѓанската војна во Грција. Имав само седум години кога заминав заедно со други селани. Се сокривме во една пештера на пет-шест километри над Ранци. Дури вечерта, на полноќ, ме пронајдоа постарите браќа Љубен и Вангел. Патот потоа не одведе во едно грчко село, мислам дека се викаше Инеливо, чии жители беа поврзани со Грчката комунистичка партија. Се сместивме во домот на газда Тодор, од каде заминавме по два дена. Станува збор за 1944 година, кога се уште можевме да влеземе на територијата на НРМ. Преку Меџитлија пристигнавме во Битола, каде окупатори беа Бугарите. За среќа, токму кога се повлекуваа им се придруживме како “слепи патници”. Дојдовме во селото Неохор, кај Серез. Како што се повлекуваа Бугарите (по капитулацијата на фашистичка Бугарија) и од Грција, така и ние се упативме кон Северна Бугарија, кон Плевен, а оттаму, на 9 мај, кога капитулира и фашистичка Германија, се обидовме да се вратиме во Македонија.

“ЕГЕЈЦИТЕ” ДА СЕ ПРЕСЕЛАТ ВО ВОЈВОДИНА

- Се вративме во Плевен, а потоа продолживме кон Симитли, Кулата, Струмица, од каде тогашната власт не префрли во Прилеп. Бидејќи бевме повеќемина не сместија во куќите по селата. Јас бев во Горно Село, од каде по неколку дена заминавме во селото Алинци. Тука дури добивме и земја за обработување. Уште во Горно Село завршив прво одделение, а второ одделение учев во Алинци. Многу сакав да учам. По извесно време се населивме во Прилеп каде го продолжив школувањето и завршив трето одделение, се потсетува Ѓорѓиев.

- Се изненадивме - потенцира тој - кога ни беше кажано дека по наредба на тогашната власт во НРМ “Егејците” морало да бидат преселени во Војводина. Моравме да заминеме. Таму, во селото Гаково, во близина на Сомбор, го продолжив школувањето. Децата кои беа без родители ги прифатија во детскиот дом. Од Гаково, нас 250 сирачиња не испратија во детскиот дом во Загреб. Вечерта кога пристигнавме на железничката станица во Загреб не прифатија луѓето од Црвениот крст, се дискутираше дали да останеме во Загреб или не. По долги преговори моравме да го продолжиме патот кон островот Света Катарина кај Ровињ, каде не сместија во истоимениот манастир.

ШКОЛО НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Таму останавме извесно време, а потоа беше наредено да се фузираат двата детски дома: нашиот, во кој беа сместени исклучително Македончиња, и детскиот дом во Црквеница, каде имаше околу 750 Македончиња и Грчиња. Утредента, околу четири часот наутро, со брод не пренесоа до Црквеница. Се сместивме по осум деца во соба и тука останавме до 19.9.1949 година. За нас се грижеа калуѓерките. Но, нам в очи ни беа учителите. Тие беа Македонци по род, доселени од Булкес, од Егејскиот дел на Македонија, кои Грците ги обучиле и тие не учеа на грчки јазик! Јас не се согласив да учам на грчки и не присуствував на наставата. Се обидуваа, но не можеа да ме вразумат и кренаа раце од мене. Тогаш бев командир на 12. чета, а заменик ми беше Ѓорѓи Ди мовски. Дури и на приредбите не прифаќавме да пееме грчки, туку само македонски песни. Ние баравме наставата да се изведува на македонски јазик. Управникот ни го прифати барањето и веднаш од Македонија ни испратија тројца професори (колку што се сеќавам: Ристо и Перо од Битола и уште еден од Струмица, кому не му го паметам името). Така, правдата конечно беше задоволена.

Овој соговорник чува и еден интересен документ, со печат на Црвениот крст на Хрватска, во Домот за грчки деца, Цриквеница, со кој се докажува дека таму се изведувала настава на македонски јазик, во 1949 година.

СЕ ПРЕПОЗНАА СО ДЕЦАТА ОД ПОЛСКИ ДОМОВИ

Ѓорѓиев вели дека еден настан од 1949 година никогаш нема да го заборави.

- Не посетија деца од детските домови од Полска, предводени од една учителка. Се случи нешто непредвидено: меѓу нашите и децата од Полска се пронајдоа братчиња и сестричиња и други блиски роднини.

Посетителите останаа осум дена. Само што се надмина растревоженоста и се смирија чувствата, учителката почна да ги подготвува за враќање во Полска. Но, децата не сакаа да се вратат. Сакаа да останат со своите браќа и сестри. Но, учителката беше непопустлива, инсистираше да се врати со толку деца со колку што дошла. “Зарем повторно ќе има делење на Македончињата”, ги прашувавме претпоставените. Тешко им беше да ни одговорат, но ни ветија (за да не смират) дека и ние ќе одиме кај нив во посета, во Полска. Но, подоцна се јави сомневање дека децата од Црквеница ќе ги преместуваат во Полска. Брзо се организиравме и ги известивме родителите за тоа, а тие од југословенските власти побараа да не се дозволи преместувањето. Освен тоа, родителите бараа да си ги повлечат децата. Татко ми Алексо тогаш живееше во Тетово. Тој организираше да бидат повлечени седумте деца од Ранци, кои беа во Црквеница и да ги испратат за Белград, каде не прифатија нашите родители.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
С ТОДОРЖИВКОВСКИ ИНАТ СРЕЩУ ПРАВАТА НА ЧОВЕКА
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЕКСЕЛЕНЦИИ, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Е ИСТОРИСКА РЕАЛНОСТ, ФАКТ
Читај
ТЕМПИРАНА БОМБА НА БАЛКАНОТ
Читај

Важно
Агенција за иселеништво на Република Македонија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЛЕТНАТА ШКОЛА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Почитувани!

Ве известуваме дека Летната Школа по Македонски јазик наменета за деца потомци на иселениците од Македонија, со цел изучување на македонскиот јазик која Агенцијата за иселеништво годинава ќе ја организира по трети пат, ќе се одржи во периодот од 25-30 јули 2010 година.
Сместувањето на учениците и одржувањето на настава ќе биде во хотелот „Конгресен Центар Охрид“ и ќе чини 29 евра дневно за двокреветна соба со цел пансион.
На „Летната Школа“ учество можат да земат сите заинтересирани, без претходна селекција и без ограничување во возраста.
Ве молиме присуството да го пријавите на интернет адресата на Агенцијата за иселеништво:
info@minisel.gov.mk

Благодариме за соработката!

Македонија пее

ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ

Покрај Егеј Македонци
покрај Вардар Македонци (2)
и под Пирин Македонци
славно име непокорно

Рефрен: ...
Едно име имаме
во душата го носиме
за тебе живот даваме
О, Македонијо. (2)

Като килим долина
а до небо планини
реките златоносни
за езера бисерни.

Рефрен: ...

Мајко, Македонијо
Балканска убавице
кој се родил во тебе (2)
живот дава за тебе. (2)

Рефрен: ...

КАЖИ РАЈНЕ, КАЖИ ДУШО

Кажи Рајне, кажи душо,
кој ти нишан стори,
кој ти нишан стори Рајне,
на белото лице.

Штом ме прашаш стара мајко,
право ќе ти кажам,
право ќе ти кажам мајко,
тебе не те лажам.

Сношти беа стара мајко,
момци Македонци,
се на бели коњи, мајко,
и со жолти узди.

Главатар им беше, мајко,
мојто прво либе,
тој ми нишан стори, мајко,
на белото лице.


Поезия

РЕКВИЕМ

Поляга уморено слънцето край Тумба
и бавно,
някак гузен,
се прокрадва здрача.
По билото високо светлините лумват:
заплаха и сигнал –
натам да не прекрача.

Къде?
Нали оттам избягали сме тука,
нали със огън ни прокудиха в тринайста,
нали от век там гръцка кукувица кука
и в нашите гнезда
яйца тя свои снася.

Натрапници се ширят в нашата Родина,
а слънцето за нас във чужди край изгрява.
Освен дома ни
и звездата от Вергина
със наглост византийска те си присвояват.

Остана само сън светликът на Егея,
бащите ни изтляха с отворени зеници,
че наш’те ниви
грък сега оре и сее,
грък жъне хлебна едрозърнеста пшеница,

гъркиня чака вечер съпруг да се завърне
и с грейнало лице посреща го по залез,
а нашите гробове –
във бурени и тръни
и никой на мъртвем свещица там не пали.

1998 г.
ПЕТЪР МИЦКОВ


ВЕЛИКА СИ ОСТАВА

Пред мен росата клепка. Светка.
На моя стих зелен семафор.
Очи влагнеят в своя спектър.
Лондон е на Европа фара.

По него крача днес захласнат...
Загърлен в македонска слава.
От корените родовете раснат
и Македония велика си остава.

И днес, и утре - И сега!



ЧУДО

Весела сълза звезди в окото.
Чудо осветява ми сърцето.
Бяга тъмнината, бяга злото
от човека весел под небето.



ВИЕНСКО КОЛЕЛО

Светлина сигнална се разля.
И усмивки никнат пред окото.
Пратера с вълшебен блясък
за късмет завърта колелото.

И умът ми се върти
около оста на хляба.
И докрай надеждата си кърти –
залъка от питата изгряла.

И кръвта ми македонска –
буен ручей на сърцето.
Светлина гореща пръска
по челото мрачно под небето.

И Виена будна ми в гърдите
дух ми дава на душата.
От Пирина до звездите,
от звездите до земята.
Колелото...



СРЕЩУ МЕН

Често оня вятър коментира,
дето здрасти с мене прави.
Пие с мене мойта бира –
всеки срещнат с думи хвали.

Виждам бузите му зреят,
и на тиква той прилича.
Птичките над него пеят –
срещу мен соколи тичат.

Тежко, тежко, мили брате,
дните в скука ми минават.
Но кажете що да правя
съвестта си щом продават.



ОТ ПИРИНА

Остров Тасос

От Пирина до морето
аз пристигам с топъл вятър.
И за първи път сърцето
литна с вдъхновено ято.

А в простора чайки бели
затрептяха пред очите –
с тях и моите мисли смели
волно плуват над вълните.

О, море, море безбрежно,
твоите вълни пенливи
бият в мен, в сърцето верно,
с топла обич, с бяла нежност!

ПЕТЪР ХРИСТОВ




Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting