Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Љубопитно

ФРАНЦУЗИНКА УЧИ МАКЕДОНСКИ ОРА

(Преземено од МИМ)

Французинката Лајла Лапартијан речиси една година е натурализирана велешанка затоа што токму во Велес дошла да научи да ги игра македонските ора. За таа цел, таа зела неплатен одмор од фирмата САС во која работела и одлучила овој период од својот живот да го посвети на изучување на традиционалните танци од земјава. Лајла е членка на велешкото Културно-уметничко друштво „Вила Зора“ и многумина можат да и’ завидуваат на познавањето на старите македонски ора.
- Причината поради која се решив да дојдам во Велес е вашиот танц и игроорното друштво. Поради економската криза, лани во август, од фирмата во која работев ни дадоа една година неплатен одмор. Така одлучив, наместо да седам во Франција или во Данска, да дојдам тука и да учам македонски јазик и ора. Бидејќи имам многу пријатели од земјава, решив да дојдам токму во Велес - вели Лајла.
Првата средба со македонската музика Лајла ја имала во својата родна Бретања, кога по препорака од пријателка, во 2004 година се запишала на семинар за македонски ора што ги водел велешанецот Сашко Атанасов. Потоа во секоја пригода го посетувала секој семинар на кој се учеле македонските ритми. Наученото изминативе години сега го применува во практика. Лајла три пати неделно, заедно со останатите игроорци од КУД „Вила Зора“, неуморно работи на нејзино усовршување.
- Таа е прекрасен човек и одличен ученик. Со голема љубов ги научи повеќето македонски ора, кои малкумина може да се пофалат дека ги знаат. Не се жали, туку со насмевка, концентрирано и неуморно работи. Со нас беше на сите наши настапи во земјава, а ќе учествува и на фолклорниот фестивал што летово ќе се одржи во Велес. Тоа за неа е голема чест и со нетрпение го очекува - вели кореографот Сашко Атанасов.
Французинката што живее во Данска одлично знае да ги игра „Пајдушко“, „Елено моме“, „Водарки“, „Повардарие“ и многу други танци. За време на нејзиниот престој Лајла на користење добила и стара мијачка народна носија, вредна неколку илјади евра. Оваа натурализирана велешанка е посебно среќна кога е облечена како мијачка невеста и ужива кога настапува облечена во носијата.
Во Велес таа ќе остане до септември, па потоа ќе се врати на своето работно место во светски познатата авиокомпанија САС.
Се вљубила во Македонија и тука нашла голем број пријатели. Интересна е нејзината дефиниција и сфаќањето на животот во земјава.
- Во Македонија е тешко, но многу убаво се живее. Тешко е бидејќи нема пари и работа, но е прекрасно да се живее, има луѓе во вистинска смисла на зборот. Можам да одам каде што сакам, има музика, има живот. Во Франција и во Данска, каде што живеам, добро се заработува, но верувајте - нема живот, се’ е скапо, а и се нема време. Тука постојано сите се по улица, во движење, се познаваат и се многу пријатни и темпераментни луѓе. Затоа, уште сега жалам што во август ќе си одам, но мора да се вратам на работа. Ја сакам музиката и живеам со неа - објаснува Лајла.
За неа посебно во сеќавање ќе остане пречекот на Новата 2010 година во еден ресторан на велешкото езеро Младост и тоа е нејзината најдобра прослава на Нова година. Исто така, била на свадба и ја фасцинирале адетите што таму ги видела. Научила да готви македонски јадење, посебно одлично знае да направи спанаќ со ориз, а сака да појадува чорба и бурек, слабост и’ се благите работи, баклавата и без нив вели дека не може. Не знае ниту еден македонски фолк-пејач, но затоа има многу цедиња со македонска изворна музика, а посебно ги обожава песните „Македонско девојче“ и „Бисер балкански“, за кои не и’ се веруваше дека се новокомпонирани песни. Така преку музиката добро го совладала и македонскиот јазик.
Ова не е првпат Лајла подолг период да живее во друга држава. Таа живеела во Русија и во Тунис, но искрено вели дека тоа што го доживеала во Македонија изминативе месеци е најубавото нешто што и’ се случило во животот и затоа отсега почесто ќе доаѓа да ужива во топлото македонско сонце, во друштвото на многубројните пријатели и посебно во музиката и танцот.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај

Важно
Агенција за иселеништво на Република Македонија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЛЕТНАТА ШКОЛА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Почитувани!

Ве известуваме дека Летната Школа по Македонски јазик наменета за деца потомци на иселениците од Македонија, со цел изучување на македонскиот јазик која Агенцијата за иселеништво годинава ќе ја организира по трети пат, ќе се одржи во периодот од 25-30 јули 2010 година.
Сместувањето на учениците и одржувањето на настава ќе биде во хотелот „Конгресен Центар Охрид“ и ќе чини 29 евра дневно за двокреветна соба со цел пансион.
На „Летната Школа“ учество можат да земат сите заинтересирани, без претходна селекција и без ограничување во возраста.
Ве молиме присуството да го пријавите на интернет адресата на Агенцијата за иселеништво:
info@minisel.gov.mk

Благодариме за соработката!

Македонија пее

ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ

Покрај Егеј Македонци
покрај Вардар Македонци (2)
и под Пирин Македонци
славно име непокорно

Рефрен: ...
Едно име имаме
во душата го носиме
за тебе живот даваме
О, Македонијо. (2)

Като килим долина
а до небо планини
реките златоносни
за езера бисерни.

Рефрен: ...

Мајко, Македонијо
Балканска убавице
кој се родил во тебе (2)
живот дава за тебе. (2)

Рефрен: ...

КАЖИ РАЈНЕ, КАЖИ ДУШО

Кажи Рајне, кажи душо,
кој ти нишан стори,
кој ти нишан стори Рајне,
на белото лице.

Штом ме прашаш стара мајко,
право ќе ти кажам,
право ќе ти кажам мајко,
тебе не те лажам.

Сношти беа стара мајко,
момци Македонци,
се на бели коњи, мајко,
и со жолти узди.

Главатар им беше, мајко,
мојто прво либе,
тој ми нишан стори, мајко,
на белото лице.


Поезия

РЕКВИЕМ

Поляга уморено слънцето край Тумба
и бавно,
някак гузен,
се прокрадва здрача.
По билото високо светлините лумват:
заплаха и сигнал –
натам да не прекрача.

Къде?
Нали оттам избягали сме тука,
нали със огън ни прокудиха в тринайста,
нали от век там гръцка кукувица кука
и в нашите гнезда
яйца тя свои снася.

Натрапници се ширят в нашата Родина,
а слънцето за нас във чужди край изгрява.
Освен дома ни
и звездата от Вергина
със наглост византийска те си присвояват.

Остана само сън светликът на Егея,
бащите ни изтляха с отворени зеници,
че наш’те ниви
грък сега оре и сее,
грък жъне хлебна едрозърнеста пшеница,

гъркиня чака вечер съпруг да се завърне
и с грейнало лице посреща го по залез,
а нашите гробове –
във бурени и тръни
и никой на мъртвем свещица там не пали.

1998 г.
ПЕТЪР МИЦКОВ


ВЕЛИКА СИ ОСТАВА

Пред мен росата клепка. Светка.
На моя стих зелен семафор.
Очи влагнеят в своя спектър.
Лондон е на Европа фара.

По него крача днес захласнат...
Загърлен в македонска слава.
От корените родовете раснат
и Македония велика си остава.

И днес, и утре - И сега!



ЧУДО

Весела сълза звезди в окото.
Чудо осветява ми сърцето.
Бяга тъмнината, бяга злото
от човека весел под небето.



ВИЕНСКО КОЛЕЛО

Светлина сигнална се разля.
И усмивки никнат пред окото.
Пратера с вълшебен блясък
за късмет завърта колелото.

И умът ми се върти
около оста на хляба.
И докрай надеждата си кърти –
залъка от питата изгряла.

И кръвта ми македонска –
буен ручей на сърцето.
Светлина гореща пръска
по челото мрачно под небето.

И Виена будна ми в гърдите
дух ми дава на душата.
От Пирина до звездите,
от звездите до земята.
Колелото...



СРЕЩУ МЕН

Често оня вятър коментира,
дето здрасти с мене прави.
Пие с мене мойта бира –
всеки срещнат с думи хвали.

Виждам бузите му зреят,
и на тиква той прилича.
Птичките над него пеят –
срещу мен соколи тичат.

Тежко, тежко, мили брате,
дните в скука ми минават.
Но кажете що да правя
съвестта си щом продават.



ОТ ПИРИНА

Остров Тасос

От Пирина до морето
аз пристигам с топъл вятър.
И за първи път сърцето
литна с вдъхновено ято.

А в простора чайки бели
затрептяха пред очите –
с тях и моите мисли смели
волно плуват над вълните.

О, море, море безбрежно,
твоите вълни пенливи
бият в мен, в сърцето верно,
с топла обич, с бяла нежност!

ПЕТЪР ХРИСТОВ





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting