Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Позиција

ОТРЕЗНУВАЊЕ ИЛИ НОВА ФАРСА?

Стефан Влахов-Мицов

Во последно време од Бугарија доаѓаат противречни сигнали за прашањето дали таа држава се отрезнува од својот историски мамурлак. Одговорот е негативен ако го земеме предвид отчетот на министерот за надворешни работи пред бугарската јавност за неговата обиколка на „седум балкански престолнини“. Затоа што министерот Младенов посети шест држави, имено Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово и Албанија, запаметете ја цифрата „седум“. Од друга страна, новоподготвената стратегија за национална безбедност, на 24 страници, која допрва ќе се разгледува во парламентот, е целосно различна од позицијата на министерот за надворешни работи.
Можам да кажам дека противречните изјави и дејства се карактеристични за бугарската влада во последните десет месеци. Во случајов, меѓутоа, има и нешто друго. Министерот Младенов ја почна балканската обиколка како продолжение на еднонеделниот престој во САД. Неколку дена по завршувањето на таа обиколка, во Софија, пак, во дводневна посета, дојде генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен. За време на престојот во Македонија министерот Младенов демонстрираше поведение „тртениот и кога не го бркаат бега“, а говореше против конспиративни теории што ја вмешувале Бугарија. Со тоа само се издаде самиот, дека самиот тој учествува во разузнавачка мисија. За тоа пишував уште пред почетокот на неговата обиколка. Официјално Младенов го посети западен Балкан во врска со неговата интеграција во ЕУ. Во практика основниот порачател беше не ЕУ, туку САД. Затоа, во секоја држава каде што отиде, министерот за надворешни работи се среќаваше со тамошните малцинства.
Едноставно и јасно кажано во надворешната политика, бугарската влада продолжува да „ткае на два разбоја“, американскиот и тој на ЕУ. Само претседателот Прванов се залага за Русија, но во моментов неговите ресурси се ограничени. Проамериканската линија се повеќе избива на врвот за сметка на ЕУ. Не само поради компромитирачките материјали што САД одамна ги имаат за Борисов, туку и поради се поголемите проблеми на Унијата. Затоа што проблемите на бугарската економија се зголемуваат, Владата гледа во САД резервен голем брат. Од друга страна, со посредство на активна пропаганда властодршците сакаат да се препорачаат и на САД и на ЕУ како верни политички сојузници. Проблемот им е што во НАТО сакаат вазали, но не се дарежливи како некогаш Брежњев. Затоа и за време на посетата на Расмусен на Софија на 20 и на 21 мај, Бугарија вети да го зголеми контингентот во Авганистан, но независно од тоа и од направената услуга со балканската обиколка на Младенов, генералниот секретар на НАТО го отрезни Борисов за бараните 30-40 милиони долари помош за воените аеродроми. А евентуалното поставување на американската противракетна одбрана во Бугарија ќе почне во 2015 година. Притоа, по договор со Русија.
Поведението на министерот за надворешни работи Младенов за време на неговата балканска обиколка беше олицетворение на мечта на Бугарија да го управува Балканот како во времето на царевите Симеон и Иван Асен Втори. Пред да тргне на пат, Младенов изјави пред бугарската јавност дека „не треба да се однесуваме надмено кон Балканот“. По завршувањето продолжи во истиот дух: „Заграбивме многу пред соседите“. Малку пред тоа премиерот Борисов рече дека Бугарија била најдобра од сите членови на ЕУ. Бидејќи и во првиот и во вториот случај не беше Први април, очигледно премиерот и министерот за надворешни работи го искористија методот на автосугестија за да се убедат самите себе дека она за што мечтаат е остварливо. А подоцна тоа убедување да го наметнат и на јавноста. Според министерот Младенов, „тоа што се гледа од целата обиколка, што поретко го забележуваме дома, е како нашиот начин на мислење, на изразување со години ги испреварува нашите соседи на разни дебати. А тоа не е затоа што тие се поглупави или ограничени, туку затоа што можностите, кои доаѓаат со европската интеграција и со НАТО, даваат повеќе“ (в. “Стандард”). Бугарија е членка на ЕУ од 2007 година и во случајот важи поговорката: „Кога стана калајџија, кога ти поцрни газот“. Младенов не смее да каже дека Бугарија економски е понапред од државите од западен Балкан затоа што сите ќе му се смеат. Не може да тврди дека на социјален план бугарските граѓани се подобри бидејќи платите во Бугарија се најниски во цела Европа. Според последната ранг-листа на Швајцарскиот институт за управувачки развој, ефективноста на бугарската економија буквално се урнала и од 38. место во моментот е на 53. позиција од 56 држави. Само за последната година странските инвестиции се намалени за околу 20 пати, а само во март 2010 година инвеститорите извлекле 168,8 милиони евра од Бугарија. За компензација на тој факт бугарската влада и министерот за надворешни работи се користат со вербално жонглерство. Откако членството во НАТО и во ЕУ не и помогнаа на Бугарија да изгради подобра економија, финансии и трговија, сега властодршците тврдат дека Бугарите биле понапред „со мислењето“. Со кое мислење? Очигледно не со тоа што ќе го подобри бугарскиот животен стандард. Или можеби со демократското мислење? Сите ја видоа реакцијата на министерот Младенов на прашањето за македонската нација, македонскиот јазик и македонското малцинство во Бугарија. Тоа ли е мислењето со кое Бугарија ги престгнала своите соседи? Или обидот на Младенов како што пишува по прашањето за индивидуалните и колективните човекови права во бугарскиот Устав, за државниот суверенитет итн. е демонстрација на брилијантен „начин на изразување“? А можеби неговата хистерија по прашањето што Бугарија не ја средила својата куќа, а тргнала да ги средува балканската и европската е пример за дипломатија од 21 век? Тоа што навистина ме зачуди е големиот степен на непознавање на ситуацијата во Бугарија, рече Младенов по средбата со главните уредници на македонските медиуми. Во случајов министерот не треба да жали, туку да е дарежлив. Затоа што ако македонските новинари и македонската јавност ги знаат состојбите во Бугарија и психата на бугарските политичари и властодршци немаше тук-там во печатот да се појавуваат наивно оптимистички текстови за македонско-бугарските односи. Може да се покаже дека единствената полза од балканската обиколка на Младенов е произведената од него новина за идната балканска држава. Бугарскиот министер ја посети престолнината на Босна и Херцеговина, Сараево, и седиштето на Република Српска, која е дел од таа држава, Бања Лука. Последната може да биде балканска престолнина (и така посетените од Младенов престолнини да бидат „седум“) само ако Република Српска се престори во самостојна држава. Тоа може да биде цената за омекнување на српските позиции за Косово. Во моментот кога министерот Младенов даваше отчет за резултатите од патувањето во западен Балкан, генералот Румен Миланов, секретар на Советот за безбедност и советник на премиерот Борисов, ја изнесе новата бугарска стратегија за национална безбедност. Во неа се посочува дека „Бугарија нема територијални претензии кон други држави и кон историското минато. Во исто време државата не признава и претензии од други држави кон нејзината територија и културно историското наследство“. Во интервјуто за весникот „Труд“ од 17 мај оваа година, генерал Миланов потврди дека во однос на Р. Македонија „на стратегиски план нашите соседи се и наши пријатели“. Ние немаме кон нив територијални и историски претензии“. За првпат од пред 130 години наваму во Бугарија се појавува предлог-документ за отсуство на историски претензии кон соседните земји. Досегашните откажувања од „територијални претензии“, кои фигурираат во потпишаните различни договори во последните децении од Бугарија се формални. Тие немаат вистински обврзувачки карактер ако не се поткрепени со откажување од историските претензии. Според доктрината на бугарските националисти: „Историјата е наука што го проучува минатото за да може денес да се изнесуваат претензиите во името на иднината“. Затоа поранешните и денешните бугарски историчари во практика не се научници, туку слуги на политиката. Ако една држава има историски претензии кон друга, таа неминовно доведува до територијални претензии. Досега официјална Бугарија изјавуваше дека нема територијални претензии кон Македонија, ама претендира на заедничко минато со Македонците, на заеднички историски корени, заеднички јазик, заедничка култура итн. Со два збора, Р. Македонија да се самопрогласи за втора бугарска држава. И тогаш територијалните претензии веќе стануваат „природни“. Елементарен и глупав потфат, но истовремено навредлив за Македонија и за Македонците, за нејзиното минато и иднина. Еве што рече министерот Младенов: „Ова е заедничка историја, наша историја. Тоа е историја што е поголема и од нас самите. Затоа што Гоце Делчев за нас има огромно национално значење и таа ера симболизира нешто многу големо за целиот регион на Балканот. Тоа е наша историја, што не треба да не дели, туку да не обединува. И, тоа е нешто што луѓето, особено во Македонија, тешко го разбираат“. Логично е Македонците да не го прифаќаат незнаењето и цинизмот на Младенов за „заедничката историја“ и за Гоце Делчев, кој никогаш не се борел за бугарската нација, туку за ослободување и самостоен пат на Македонија. Впрочем, кога Бугарите ќе ја прифатат Османлиската империја во периодот 1396-1878 година за своја ослободителка, тогаш и Македонците ќе можат да го кажат истото за Бугарија.
Подготвената стратегија за националната безбедност се заснова на принципот на затекнатата состојба и на реципроцитет. Таа ги отфрли територијалните и историските претензии откако им стави знак на равенство. Според таа логика, Бугарија треба да се откаже од претензиите за заедничко минато со Македонците во Р. Македонија, за заеднички јазик и култура. Против барањето македонската држава да го направи истото во однос на Пиринска Македонија. Слична варијанта била разгледувана во 60-тите години на минатиот век меѓу лидерите на македонските и на бугарските комунистички партии, но била отфрлена од бугарска страна. Макар и неделотворна од гледна точка на Р. Македонија и на македонското малцинство во Бугарија, објавената предлог-стратегија за безбедност е чекор напред во бугарско- македонските односи, израз на делумно сообразување не само со денешната туку и со историската реалност. Оттука натаму има две прашања: Како се сетила Бугарија да направи чекор во вистинска насока? Што ќе претставува конечната варијанта на документот? Не треба да се сомневаме дека Советот за безбедност кон бугарската влада, која ја подготвила стратегијата, бил поттикнат за тоа од надвор, поточно од САД. Во објавената форма тој ја претставува минималната црвена линија на бугарските интереси. Шемата на министерот Младенов (и бугарската варијанта на предлог-договорот со Р. Македонија), пак, го оцртува максимумот од бугарските претензии. Тие претензии се повеќе од пропагандни и виртуелни, отколку реални, но сметаат на склоноста за продажба или на пробугарштината на некои македонски политичари. Од зрелоста на македонскиот државен врв зависи дали ќе се засили американскиот притисок врз Грција и врз Бугарија по повод неоснованите нивни претензии кон Република Македонија.

(Авторот е универзитетски професор)

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај

Важно
Агенција за иселеништво на Република Македонија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЛЕТНАТА ШКОЛА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Почитувани!

Ве известуваме дека Летната Школа по Македонски јазик наменета за деца потомци на иселениците од Македонија, со цел изучување на македонскиот јазик која Агенцијата за иселеништво годинава ќе ја организира по трети пат, ќе се одржи во периодот од 25-30 јули 2010 година.
Сместувањето на учениците и одржувањето на настава ќе биде во хотелот „Конгресен Центар Охрид“ и ќе чини 29 евра дневно за двокреветна соба со цел пансион.
На „Летната Школа“ учество можат да земат сите заинтересирани, без претходна селекција и без ограничување во возраста.
Ве молиме присуството да го пријавите на интернет адресата на Агенцијата за иселеништво:
info@minisel.gov.mk

Благодариме за соработката!

Македонија пее

ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ

Покрај Егеј Македонци
покрај Вардар Македонци (2)
и под Пирин Македонци
славно име непокорно

Рефрен: ...
Едно име имаме
во душата го носиме
за тебе живот даваме
О, Македонијо. (2)

Като килим долина
а до небо планини
реките златоносни
за езера бисерни.

Рефрен: ...

Мајко, Македонијо
Балканска убавице
кој се родил во тебе (2)
живот дава за тебе. (2)

Рефрен: ...

КАЖИ РАЈНЕ, КАЖИ ДУШО

Кажи Рајне, кажи душо,
кој ти нишан стори,
кој ти нишан стори Рајне,
на белото лице.

Штом ме прашаш стара мајко,
право ќе ти кажам,
право ќе ти кажам мајко,
тебе не те лажам.

Сношти беа стара мајко,
момци Македонци,
се на бели коњи, мајко,
и со жолти узди.

Главатар им беше, мајко,
мојто прво либе,
тој ми нишан стори, мајко,
на белото лице.


Поезия

РЕКВИЕМ

Поляга уморено слънцето край Тумба
и бавно,
някак гузен,
се прокрадва здрача.
По билото високо светлините лумват:
заплаха и сигнал –
натам да не прекрача.

Къде?
Нали оттам избягали сме тука,
нали със огън ни прокудиха в тринайста,
нали от век там гръцка кукувица кука
и в нашите гнезда
яйца тя свои снася.

Натрапници се ширят в нашата Родина,
а слънцето за нас във чужди край изгрява.
Освен дома ни
и звездата от Вергина
със наглост византийска те си присвояват.

Остана само сън светликът на Егея,
бащите ни изтляха с отворени зеници,
че наш’те ниви
грък сега оре и сее,
грък жъне хлебна едрозърнеста пшеница,

гъркиня чака вечер съпруг да се завърне
и с грейнало лице посреща го по залез,
а нашите гробове –
във бурени и тръни
и никой на мъртвем свещица там не пали.

1998 г.
ПЕТЪР МИЦКОВ


ВЕЛИКА СИ ОСТАВА

Пред мен росата клепка. Светка.
На моя стих зелен семафор.
Очи влагнеят в своя спектър.
Лондон е на Европа фара.

По него крача днес захласнат...
Загърлен в македонска слава.
От корените родовете раснат
и Македония велика си остава.

И днес, и утре - И сега!



ЧУДО

Весела сълза звезди в окото.
Чудо осветява ми сърцето.
Бяга тъмнината, бяга злото
от човека весел под небето.



ВИЕНСКО КОЛЕЛО

Светлина сигнална се разля.
И усмивки никнат пред окото.
Пратера с вълшебен блясък
за късмет завърта колелото.

И умът ми се върти
около оста на хляба.
И докрай надеждата си кърти –
залъка от питата изгряла.

И кръвта ми македонска –
буен ручей на сърцето.
Светлина гореща пръска
по челото мрачно под небето.

И Виена будна ми в гърдите
дух ми дава на душата.
От Пирина до звездите,
от звездите до земята.
Колелото...



СРЕЩУ МЕН

Често оня вятър коментира,
дето здрасти с мене прави.
Пие с мене мойта бира –
всеки срещнат с думи хвали.

Виждам бузите му зреят,
и на тиква той прилича.
Птичките над него пеят –
срещу мен соколи тичат.

Тежко, тежко, мили брате,
дните в скука ми минават.
Но кажете що да правя
съвестта си щом продават.



ОТ ПИРИНА

Остров Тасос

От Пирина до морето
аз пристигам с топъл вятър.
И за първи път сърцето
литна с вдъхновено ято.

А в простора чайки бели
затрептяха пред очите –
с тях и моите мисли смели
волно плуват над вълните.

О, море, море безбрежно,
твоите вълни пенливи
бият в мен, в сърцето верно,
с топла обич, с бяла нежност!

ПЕТЪР ХРИСТОВ





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting