Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Пример за Бугарија

МАКЕДОНИЈА СЕ ГРИЖИ ЗА МАЛЦИНСТВАТА

(Преземено од МИМ)

Нови уставни измени со кои ќе се обезбедат загарантирани места во Собранието за пратеници од помалите етнички заедници. Ова може да биде епилогот од разговорите што ги водат на оваа тема ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, партиите на немнозинските заедници и ДУИ како најбројна партија во Собранието од албанскиот политички блок.
Можно е лидерите на четирите најголеми политички партии и на оние на помалите етнички заедници на заедничка средба да разговараат за изнаоѓање компромисно решение за моделот на уставни измени.
Веројатно ќе се оди на варијантата помалите етнички заедници, Срби, Турци, Власи, Роми и Бошњаци да добијат десет загарантирани места во Собранието, меѓутоа пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и останатите партии од македонскиот блок кои се припадници на некоја од овие зедници да немаат право да гласаат за закони што се донесуваат со Бадинтерово мнозинство. На овој начин би се задоволило и барањето на ДУИ и на Албанците за ненарушување на принципот на Бадинтер, односно пратениците Албанци повторно ќе ја имаат доминантната улога при изгласувањето закони со двојно мнозинство. Ова би се направило, бидејќи имајќи го предвид етничкиот состав на другите политички партии, може да се случи бројот на народните избраници од помалите етнички заедници да има големо влијание при гласањето на законите со Бадинтер.
Според партиски извори во ДУИ ова би значело менување на Уставот, бидејќи со највисокиот акт на пратениците им е загарантирано правото на глас без разлика на полтичката партија или етничката заедница на која и припаѓаат.
- Очекувам дека македонските политички партии ќе го поддржат предлогот. Останува да се убеди само ДУИ дека гарантираните места нема да го нарушат Бадинтеровото мнозинство, односно нема да го нарушат влијанието на Албанците во политичкиот живот кога станува збор за носење одлуки со двојно мнозинство. Бадинтеровото мнозинство би се релативизирало доколку македонските политички партии на нивните листи стават пратеници од другите етнички заедници. Од тој аспект е разбирливо барањето на ДУИ, изјави лидерот на Демократската партија на Србите, Иван Стоиљковиќ.
Од ДУИ пак порачаа дека се отворени за разговор за да се постигне консензус.
Кенан Хасипи од Демократската партија на Турците, пак, смета дека помалите етнички заедници имаат легитимно право да бараат загарантирани пратенички места исто како што ДУИ има легитимно право да го штити принципот на Бадинтер.
- На тој начин би обезбедиле не само влез во Собранието, туку тоа би било и одраз на реалната политичка моќ која кореспондира со бројот на населението, вели Хасипи.
- Консензусот освен со партиите на помалите етнички заедници да се направи и со останатите политички партии во парламентот, како и со коалицискиот партнер. Секоја варијанта што не му штети на Бадинтеровото мнозинство, за нас е прифатлива, велат од ДУИ.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај

Важно
Агенција за иселеништво на Република Македонија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЛЕТНАТА ШКОЛА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Почитувани!

Ве известуваме дека Летната Школа по Македонски јазик наменета за деца потомци на иселениците од Македонија, со цел изучување на македонскиот јазик која Агенцијата за иселеништво годинава ќе ја организира по трети пат, ќе се одржи во периодот од 25-30 јули 2010 година.
Сместувањето на учениците и одржувањето на настава ќе биде во хотелот „Конгресен Центар Охрид“ и ќе чини 29 евра дневно за двокреветна соба со цел пансион.
На „Летната Школа“ учество можат да земат сите заинтересирани, без претходна селекција и без ограничување во возраста.
Ве молиме присуството да го пријавите на интернет адресата на Агенцијата за иселеништво:
info@minisel.gov.mk

Благодариме за соработката!

Македонија пее

ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ

Покрај Егеј Македонци
покрај Вардар Македонци (2)
и под Пирин Македонци
славно име непокорно

Рефрен: ...
Едно име имаме
во душата го носиме
за тебе живот даваме
О, Македонијо. (2)

Като килим долина
а до небо планини
реките златоносни
за езера бисерни.

Рефрен: ...

Мајко, Македонијо
Балканска убавице
кој се родил во тебе (2)
живот дава за тебе. (2)

Рефрен: ...

КАЖИ РАЈНЕ, КАЖИ ДУШО

Кажи Рајне, кажи душо,
кој ти нишан стори,
кој ти нишан стори Рајне,
на белото лице.

Штом ме прашаш стара мајко,
право ќе ти кажам,
право ќе ти кажам мајко,
тебе не те лажам.

Сношти беа стара мајко,
момци Македонци,
се на бели коњи, мајко,
и со жолти узди.

Главатар им беше, мајко,
мојто прво либе,
тој ми нишан стори, мајко,
на белото лице.


Поезия

РЕКВИЕМ

Поляга уморено слънцето край Тумба
и бавно,
някак гузен,
се прокрадва здрача.
По билото високо светлините лумват:
заплаха и сигнал –
натам да не прекрача.

Къде?
Нали оттам избягали сме тука,
нали със огън ни прокудиха в тринайста,
нали от век там гръцка кукувица кука
и в нашите гнезда
яйца тя свои снася.

Натрапници се ширят в нашата Родина,
а слънцето за нас във чужди край изгрява.
Освен дома ни
и звездата от Вергина
със наглост византийска те си присвояват.

Остана само сън светликът на Егея,
бащите ни изтляха с отворени зеници,
че наш’те ниви
грък сега оре и сее,
грък жъне хлебна едрозърнеста пшеница,

гъркиня чака вечер съпруг да се завърне
и с грейнало лице посреща го по залез,
а нашите гробове –
във бурени и тръни
и никой на мъртвем свещица там не пали.

1998 г.
ПЕТЪР МИЦКОВ


ВЕЛИКА СИ ОСТАВА

Пред мен росата клепка. Светка.
На моя стих зелен семафор.
Очи влагнеят в своя спектър.
Лондон е на Европа фара.

По него крача днес захласнат...
Загърлен в македонска слава.
От корените родовете раснат
и Македония велика си остава.

И днес, и утре - И сега!



ЧУДО

Весела сълза звезди в окото.
Чудо осветява ми сърцето.
Бяга тъмнината, бяга злото
от човека весел под небето.



ВИЕНСКО КОЛЕЛО

Светлина сигнална се разля.
И усмивки никнат пред окото.
Пратера с вълшебен блясък
за късмет завърта колелото.

И умът ми се върти
около оста на хляба.
И докрай надеждата си кърти –
залъка от питата изгряла.

И кръвта ми македонска –
буен ручей на сърцето.
Светлина гореща пръска
по челото мрачно под небето.

И Виена будна ми в гърдите
дух ми дава на душата.
От Пирина до звездите,
от звездите до земята.
Колелото...



СРЕЩУ МЕН

Често оня вятър коментира,
дето здрасти с мене прави.
Пие с мене мойта бира –
всеки срещнат с думи хвали.

Виждам бузите му зреят,
и на тиква той прилича.
Птичките над него пеят –
срещу мен соколи тичат.

Тежко, тежко, мили брате,
дните в скука ми минават.
Но кажете що да правя
съвестта си щом продават.



ОТ ПИРИНА

Остров Тасос

От Пирина до морето
аз пристигам с топъл вятър.
И за първи път сърцето
литна с вдъхновено ято.

А в простора чайки бели
затрептяха пред очите –
с тях и моите мисли смели
волно плуват над вълните.

О, море, море безбрежно,
твоите вълни пенливи
бият в мен, в сърцето верно,
с топла обич, с бяла нежност!

ПЕТЪР ХРИСТОВ





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting