Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Британскиот премиер одамна се застапува за Македонија

КАМЕРОН МАКЕДОНСКИ СИМПАТИЗЕР

(Преземено од МИМ)

„Дозволете ми да бидам директен. Минатата седмица некој Чакала (командант Шакала н.з.) фрли две бомби пред зградата на Владата. Полицијата нема да го фати, бидејќи меѓународната заедница бара да не ги разгорува меѓуетничките тензии. Тој е толку уверен во немоќта на полицијата што бројот на својот мобилен телефон го објави во весник. И дали навистина ви одговори тој кога го завртевте тој број?... Да. Добредојдовте во Македонија“.
Ова е извадок од колумната на британскиот конзервативен лидер Дејвид Камерон објавена во „Гардијан“ во 2003 година во рубриката „Од дневникот на пратениците“. Дејвид Вилијам Доналд Камерон, кој во декември 2005 година застана на чело на британската Конзервативна партија, е веќе на Даунинг стрит 10 каде што влезе како премиер на коалициската влада на Обединетото Кралство.
Камерон не е непозната фигура на македонската политичка сцена. За неговите тесни врски со македонскиот естаблишмент оваа година во два наврати пишуваше британскиот весник „Телеграф“.
Промакедонската ориентација Камерон ја искажа уште во колумната во 2003 година, што е инспирирана од неговото доаѓање во Македонија по повод фудбалскиот натпревар Македонија - Англија. Престојот на Камерон, кој тогаш беше ѕвезда во подем во Конзервативната партија, го платил Орце Камчев, кој одржувал блиски бизнис-врски со семејната фирма на Филдмен, „Џејрома“. Камерон во колумната ја поддржува Македонија во спорот со Грција околу името.
„Минатата седмица ја поминав во прекрасна вила на ридот над главниот град на Македонија, Скопје“, вели Камерон. „Технички станува збор за поранешната југословенска Република Македонија, бидејќи тоа е точното име за малата, но прекрасна земја сместена во ‘сендвич’ меѓу Грција, Албанија, Србија и Бугарија. Причина за тоа долго име е спротивставувањето на Грција. Тоа изгледа екстремно невоспитано. Грција има своја земја, свое име и е преплавена од финансиска помош откако стана членка на ЕУ. Овие луѓе, Македонците, штотуку се извлекоа од комунизмот и немаат речиси ништо“, напиша Камерон.
Камерон додава и дека земјата, која тој е цврсто решен да ја нарекува Македонија, има совршено право да постои. Населението е цивилизирано, пријателски настроено и високообразовано, вели тој во колумната. „Секогаш е тешко да знаеш како да одговориш на прашањето: ‘Што ќе сториш за да ни помогнеш’? Но, во овој случај јас имам одговор. Отсега натаму нашиот ЕУ- партнер Грција ќе ја нарекувам поранешна отоманска сопственост Грција или ПОСГ“, напиша тогаш Камерон.
Андреј Лепавцов, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ и претставник на партијата во политичката асамблеја на Европската народна партија, вели дека е голем интересот на британските конзервативци за Македонија и оттука очекувањата се дека со доаѓањето на Камерон на чело на британската влада Македонија ќе добие сериозен партнер. „Со Камерон досега разговаравме неколку пати и при секоја средба тој редовно ме прашуваше до каде е спорот за името со Грција“, вели Лепавцов. „Велика Британија и досега важеше за голем поддржувач на Македонија, но под водство на конзервативецот Камерон очекуваме да ги подобриме позициите на нашата земја во презентирањето на ставовите“, додава тој.
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ беше вклучена во изборите во Велика Британија на покана на Конзервативната партија. Пратениците Влатко Ѓорчев, Косана Николиќ-Мазнева и Крсто Мукоски, како и Слободанка Трајковска и Цветанка Мишевска ги посетија изборните единици во Лондон и во околината. За возврат, експерти на Конзервативната партија ќе бидат вклучени во неколку проекти за обука на активистите на ВМРО-ДПМНЕ на неколку семинари во Македонија, соопшти ВМРО-ДПМНЕ на денот на изборите во Велика Британија.
Ако се држи до она што го кажал пред седум години новиот британски премиер би требало да биде од голема полза за нашата земја.
„Па, кој е одговорот на сите предизвици за Македонија? Навистина е едноставен. Дозволете Македонија да стане членка на НАТО и да ги гарантираме нејзините граници. Обезбедете и на оваа земја брзо зачленување во ЕУ за да ги почувствува благодетите на слободната трговија и на фондовите за преструктурирање. Простете ми што сум директен. Можеби тоа ми е последна шанса за таков настап. Идната година поранешната отоманска сопственост Грција е домаќин на Олимписките игри. Некако ми се чини дека нема да им ја прифатам поканата за учество“, заклучи Камерон во колумната што своевремено и’ ја посвети на Македонија.
Ако се суди според фактот што тој е еден од ретките европски политичари што престојувале неформално во нашата земја, може да се заклучи дека Македонија доби силен поддржувач на европската политичка сцена.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај

Важно
Агенција за иселеништво на Република Македонија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЛЕТНАТА ШКОЛА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Почитувани!

Ве известуваме дека Летната Школа по Македонски јазик наменета за деца потомци на иселениците од Македонија, со цел изучување на македонскиот јазик која Агенцијата за иселеништво годинава ќе ја организира по трети пат, ќе се одржи во периодот од 25-30 јули 2010 година.
Сместувањето на учениците и одржувањето на настава ќе биде во хотелот „Конгресен Центар Охрид“ и ќе чини 29 евра дневно за двокреветна соба со цел пансион.
На „Летната Школа“ учество можат да земат сите заинтересирани, без претходна селекција и без ограничување во возраста.
Ве молиме присуството да го пријавите на интернет адресата на Агенцијата за иселеништво:
info@minisel.gov.mk

Благодариме за соработката!

Македонија пее

ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ

Покрај Егеј Македонци
покрај Вардар Македонци (2)
и под Пирин Македонци
славно име непокорно

Рефрен: ...
Едно име имаме
во душата го носиме
за тебе живот даваме
О, Македонијо. (2)

Като килим долина
а до небо планини
реките златоносни
за езера бисерни.

Рефрен: ...

Мајко, Македонијо
Балканска убавице
кој се родил во тебе (2)
живот дава за тебе. (2)

Рефрен: ...

КАЖИ РАЈНЕ, КАЖИ ДУШО

Кажи Рајне, кажи душо,
кој ти нишан стори,
кој ти нишан стори Рајне,
на белото лице.

Штом ме прашаш стара мајко,
право ќе ти кажам,
право ќе ти кажам мајко,
тебе не те лажам.

Сношти беа стара мајко,
момци Македонци,
се на бели коњи, мајко,
и со жолти узди.

Главатар им беше, мајко,
мојто прво либе,
тој ми нишан стори, мајко,
на белото лице.


Поезия

РЕКВИЕМ

Поляга уморено слънцето край Тумба
и бавно,
някак гузен,
се прокрадва здрача.
По билото високо светлините лумват:
заплаха и сигнал –
натам да не прекрача.

Къде?
Нали оттам избягали сме тука,
нали със огън ни прокудиха в тринайста,
нали от век там гръцка кукувица кука
и в нашите гнезда
яйца тя свои снася.

Натрапници се ширят в нашата Родина,
а слънцето за нас във чужди край изгрява.
Освен дома ни
и звездата от Вергина
със наглост византийска те си присвояват.

Остана само сън светликът на Егея,
бащите ни изтляха с отворени зеници,
че наш’те ниви
грък сега оре и сее,
грък жъне хлебна едрозърнеста пшеница,

гъркиня чака вечер съпруг да се завърне
и с грейнало лице посреща го по залез,
а нашите гробове –
във бурени и тръни
и никой на мъртвем свещица там не пали.

1998 г.
ПЕТЪР МИЦКОВ


ВЕЛИКА СИ ОСТАВА

Пред мен росата клепка. Светка.
На моя стих зелен семафор.
Очи влагнеят в своя спектър.
Лондон е на Европа фара.

По него крача днес захласнат...
Загърлен в македонска слава.
От корените родовете раснат
и Македония велика си остава.

И днес, и утре - И сега!



ЧУДО

Весела сълза звезди в окото.
Чудо осветява ми сърцето.
Бяга тъмнината, бяга злото
от човека весел под небето.



ВИЕНСКО КОЛЕЛО

Светлина сигнална се разля.
И усмивки никнат пред окото.
Пратера с вълшебен блясък
за късмет завърта колелото.

И умът ми се върти
около оста на хляба.
И докрай надеждата си кърти –
залъка от питата изгряла.

И кръвта ми македонска –
буен ручей на сърцето.
Светлина гореща пръска
по челото мрачно под небето.

И Виена будна ми в гърдите
дух ми дава на душата.
От Пирина до звездите,
от звездите до земята.
Колелото...



СРЕЩУ МЕН

Често оня вятър коментира,
дето здрасти с мене прави.
Пие с мене мойта бира –
всеки срещнат с думи хвали.

Виждам бузите му зреят,
и на тиква той прилича.
Птичките над него пеят –
срещу мен соколи тичат.

Тежко, тежко, мили брате,
дните в скука ми минават.
Но кажете що да правя
съвестта си щом продават.



ОТ ПИРИНА

Остров Тасос

От Пирина до морето
аз пристигам с топъл вятър.
И за първи път сърцето
литна с вдъхновено ято.

А в простора чайки бели
затрептяха пред очите –
с тях и моите мисли смели
волно плуват над вълните.

О, море, море безбрежно,
твоите вълни пенливи
бият в мен, в сърцето верно,
с топла обич, с бяла нежност!

ПЕТЪР ХРИСТОВ





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting