Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Варианти

ПРОДОЛЖУВААТ ПРЕГОВОРИТЕ - ИЗБОР МЕЃУ ДВЕ ЗЛА

(По македонскиот печат)

За македонската страна е прифатлив предлогот Република Македонија (Вардар), но Владата истовремено бара новото име да не биде за севкупна употреба, како што инсистира Атина, тврдат за „Нова Македонија“ странски дипломатски извори. Според нив, на премиерот Никола Груевски му е дадена можност да го избере помалото од двете зла - предлог за промена на името што би бил поповолен за Македонија, или, пак, каков да биде опсегот на употреба на новото име.

Тоа значи дека ако македонската страна инсистира додавката да биде со цртичка или со заграда, тогаш опсегот на употреба ќе мора да биде во согласност со барањата на Грција. Истите дипломатски извори брифираат дека Груевски барал одредницата да не биде меѓу зборот Република и Македонија (на пр. „Република Вардарска Македонија“) туку да биде додаден на уставното име со цртичка или со заграда. Ако македонската страна го прифати предлогот „Република Вардарска Македонија“, за кој грчките медиуми бомбастично најавуваат дека ќе биде решение за името што ќе се договори летово, тогаш според формулата за компромис што ја објаснуваат дипломатски извори, Македонија ќе има право да бара новото име да не биде за севкупна употреба и да не мора да го користат државите што нé признаа под уставното име.
Грчкиот весник „Та неа“ објави дека грчката страна не крие дека за Атина се прифатливи предлозите „Република Северна Македонија“ и „Република Вардарска Македонија“. Според весникот, притисокот се префрла на Скопје, а Груевски разочарал многумина со своето однесување.
Грчки „Катимерини“ повикувајќи се на дипломатски извори објави дека на повидок е решение за спорот околу името, кое предвидува нашата држава да го користи името на најдолгата река како географска одредница. Весникот пишува дека двете страни ќе се договорат името на реката Вардар да се искористи за да се направи разлика меѓу Република Македонија и регионот во Северна Грција што го носи истото име.
„Во оваа фаза не е јасно дали ФИРОМ ќе се вика Република Вардарска Македонија или Република Македонија (Вардар). Ристо Никовски, советник на претседателот Ѓорге Иванов, лани го предложи Република Македонија (Вардар) како поволен компромис, кој нема да вклучи и промена на Уставот“ пишува „Катимерини“.
Западни дипломатски извори за „Катимерини“ брифирале дека постои видлив прогрес во преговорите откако грчкиот премиер Јоргос Папандреу одлучил да има директни дискусии со својот македонски колега Никола Груевски, што се смета за подобро отколку да се дозволи преговорите да продолжат на пониско дипломатско ниво. „Та неа“ пишува дека двете страни се договориле за „Република Вардарска Македонија“ по итна интервенција на САД и на ЕУ.
„Предлогот го задоволува грчкото инсистирање на име со географска одредница, а од друга страна истиот е во широка употреба од соседните држави за правење разлика меѓу Егејска Македонија (Грција) и Пиринска Македонија (Бугарија)“, оценува „Та неа“.
Грчкиот европратеник и поранешен портпарол на грчкото МНР, Јоргос Кумуцакос, изјави дека предлогот го задоволува грчкото инсистирање на географска одредница, но сé уште не се знае опсегот на употреба.
- Грчката црвена линија е позната. Име со географска одредница за севкупна употреба. Предлогот секако ги задоволува овие барања, но сепак останува непознат опсегот на употреба. Не се знае дали Владата прифатила дискусија надвор од рамката на Обединетите нации и води тајни преговори - изјавил Кумуцакос.

ЗА МАКЕДОНСКАТА СТРАНА „ВАРДАРСКА“ Е НЕПРИФАТЛИВО

Дипломатски извори од земјава вчера за „Нова Македонија“ оценија дека предлогот „Република Вардарска Македонија“ за македонската страна е неприфатлив.
- Тоа е име што во изминативе дваесет години, а поинтензивно во изминативе неколку години беше ставано на маса, но тоа секогаш беше неприфатливо за македонската страна - велат овие извори.

НИКОВСКИ ЗА „РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА (ВАРДАР)“

Каква било географска одредница меѓу Република и Македонија директно влијае на идентитетот на македонскиот народ и е неприфатливо за Македонија. Ова вчера го оцени поранешниот амбасадор Ристо Никовски, кој лани ја разбранува јавноста со ставот дека најреално решение на спорот е „Република Македонија (Вардар)“.
- Можеби сега е пореално да одиме со „Република Македонија (Вардар)“ и дури сум напишал дека ние се сметаме за Вардарска Македонија, имаме песна „Ој Вардаре“ итн., меѓутоа, ако се дојде до такво решение, што ќе биде пак само за надворешна употреба без да се менува Уставот, дури и да се смени Уставот со такво нешто, но без никакви други ограничувања. Ние после да си останеме Република Македонија насекаде на конференциите, дури и да го ставиме во Уставот „Република Македонија (Вардар)“, де факто тоа ништо не менува, ништо апсолутно, само е една додавка од географија.
Јас би го прифатил тоа под еден единствен услов - дека тоа е само за надворешна употреба, без никакви ограничувања - Македонци, именки, заменки. Таков мандат нема никој, Северна, Горна, Долна се апсолутно неприфатливи, бидејќи тие водат кон разнебитување на македонскиот народ - рече Никовски во интервју за А1. Претседателот Иванов се огради од ваквите ставови на неговиот советник.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај

Важно
Агенција за иселеништво на Република Македонија

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЛЕТНАТА ШКОЛА ПО МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

Почитувани!

Ве известуваме дека Летната Школа по Македонски јазик наменета за деца потомци на иселениците од Македонија, со цел изучување на македонскиот јазик која Агенцијата за иселеништво годинава ќе ја организира по трети пат, ќе се одржи во периодот од 25-30 јули 2010 година.
Сместувањето на учениците и одржувањето на настава ќе биде во хотелот „Конгресен Центар Охрид“ и ќе чини 29 евра дневно за двокреветна соба со цел пансион.
На „Летната Школа“ учество можат да земат сите заинтересирани, без претходна селекција и без ограничување во возраста.
Ве молиме присуството да го пријавите на интернет адресата на Агенцијата за иселеништво:
info@minisel.gov.mk

Благодариме за соработката!

Македонија пее

ЕДНО ИМЕ ИМАМЕ

Покрај Егеј Македонци
покрај Вардар Македонци (2)
и под Пирин Македонци
славно име непокорно

Рефрен: ...
Едно име имаме
во душата го носиме
за тебе живот даваме
О, Македонијо. (2)

Като килим долина
а до небо планини
реките златоносни
за езера бисерни.

Рефрен: ...

Мајко, Македонијо
Балканска убавице
кој се родил во тебе (2)
живот дава за тебе. (2)

Рефрен: ...

КАЖИ РАЈНЕ, КАЖИ ДУШО

Кажи Рајне, кажи душо,
кој ти нишан стори,
кој ти нишан стори Рајне,
на белото лице.

Штом ме прашаш стара мајко,
право ќе ти кажам,
право ќе ти кажам мајко,
тебе не те лажам.

Сношти беа стара мајко,
момци Македонци,
се на бели коњи, мајко,
и со жолти узди.

Главатар им беше, мајко,
мојто прво либе,
тој ми нишан стори, мајко,
на белото лице.


Поезия

РЕКВИЕМ

Поляга уморено слънцето край Тумба
и бавно,
някак гузен,
се прокрадва здрача.
По билото високо светлините лумват:
заплаха и сигнал –
натам да не прекрача.

Къде?
Нали оттам избягали сме тука,
нали със огън ни прокудиха в тринайста,
нали от век там гръцка кукувица кука
и в нашите гнезда
яйца тя свои снася.

Натрапници се ширят в нашата Родина,
а слънцето за нас във чужди край изгрява.
Освен дома ни
и звездата от Вергина
със наглост византийска те си присвояват.

Остана само сън светликът на Егея,
бащите ни изтляха с отворени зеници,
че наш’те ниви
грък сега оре и сее,
грък жъне хлебна едрозърнеста пшеница,

гъркиня чака вечер съпруг да се завърне
и с грейнало лице посреща го по залез,
а нашите гробове –
във бурени и тръни
и никой на мъртвем свещица там не пали.

1998 г.
ПЕТЪР МИЦКОВ


ВЕЛИКА СИ ОСТАВА

Пред мен росата клепка. Светка.
На моя стих зелен семафор.
Очи влагнеят в своя спектър.
Лондон е на Европа фара.

По него крача днес захласнат...
Загърлен в македонска слава.
От корените родовете раснат
и Македония велика си остава.

И днес, и утре - И сега!



ЧУДО

Весела сълза звезди в окото.
Чудо осветява ми сърцето.
Бяга тъмнината, бяга злото
от човека весел под небето.



ВИЕНСКО КОЛЕЛО

Светлина сигнална се разля.
И усмивки никнат пред окото.
Пратера с вълшебен блясък
за късмет завърта колелото.

И умът ми се върти
около оста на хляба.
И докрай надеждата си кърти –
залъка от питата изгряла.

И кръвта ми македонска –
буен ручей на сърцето.
Светлина гореща пръска
по челото мрачно под небето.

И Виена будна ми в гърдите
дух ми дава на душата.
От Пирина до звездите,
от звездите до земята.
Колелото...



СРЕЩУ МЕН

Често оня вятър коментира,
дето здрасти с мене прави.
Пие с мене мойта бира –
всеки срещнат с думи хвали.

Виждам бузите му зреят,
и на тиква той прилича.
Птичките над него пеят –
срещу мен соколи тичат.

Тежко, тежко, мили брате,
дните в скука ми минават.
Но кажете що да правя
съвестта си щом продават.



ОТ ПИРИНА

Остров Тасос

От Пирина до морето
аз пристигам с топъл вятър.
И за първи път сърцето
литна с вдъхновено ято.

А в простора чайки бели
затрептяха пред очите –
с тях и моите мисли смели
волно плуват над вълните.

О, море, море безбрежно,
твоите вълни пенливи
бият в мен, в сърцето верно,
с топла обич, с бяла нежност!

ПЕТЪР ХРИСТОВ





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting