Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Став

СО ВЕРБА, ПРЕКУ АКЦИЈА ДО ЦЕЛТА

Ристо Никовски

По падот на Сајгон, на 30 април 1975 година, во Пекинг веднаш допатува Ким Ил Сунг, „саканиот водач“ на Северна Кореја и татко на сегашниот лидер, Ким Јонг Ил. Поводот беше јасен: бараше поддршка и помош виетнамското сценарио да се повтори и во Јужна Кореја.
А Јужен Виетнам не падна тукутака. Во декември 1974 година, како трет секретар на Амбасадата во Пекинг, а во придружба на југословенскиот и четири други амбасадори, го посетивме ослободениот дел на Јужен Виетнам. Целта беше предавањето на акредитивите на новите амбасадори. Од Ханој до провинцијата Кванг Три, оддалечена околу 500 километри, со автобус патувавме – три дена! Патиштата беа целосно уништени од постојаните бомбардирања, а сите мостови на многубројните реки срушени. Без исклучок.
На враќање, ноќе среќававме колони камиони преполни со оружје, особено со противавионски ракети. Од север кон југ. Беше јасно дека крајот на неправедната војна се ближи.
Во длабоко сеќавање останаа апокалиптичните сцени и вербата на крајно сиромашниот народ во успех. Милионите тони бомби не му ја срушија надежта. Во едно село, дали од недостиг од витамини, сите имаа црни заби! На крајот, тие беа посилни од 650 илјади до грло вооружени американски војници.
Потсетувањето на сето ова не е случајно. Надвор од сите општоприфатени регулативи, принципи и правила, меѓународниот фактор и нас неправедно нé уценува и инсистира да се самоодречеме. За таа цел ни ја блокираат иднината. Приказната за кадија тужи, кадија суди е смешна спрема нивните експерименти со нас. Деновиве, истите тие (САД, НАТО, ЕУ и ОБСЕ), ни испратија „писмо“ во кое, просто речено, ја изразуваат својата загриженост за перспективите на земјава. Не потценувајќи ги нашите грешки, кои се многубројни а има и непростиви, во најголем дел на ова дереџе нé доведоа истиве што сега ни држат лекции дека не сме имале политички дијалог, ни доцнеле реформите, растеле меѓуетничките тензии...
Сето тоа е горе-долу точно ама зошто забораваат дека земјава, наместо да биде признаена прва, како што предлагаше нивниот Бадентер, беше оставена последна; дека срамната Лисабонска декларација (1992) – ја донесоа главно истиве писмописци; дека тие грубо ја прекршија Повелбата (Уставот) на ООН за нелегално да ни го оспорат името, отворајќи простор за уништување на државата... И така, преку толерирањето на двегодишната блокада на границата, сé до спречувањето на членството во НАТО и одложувањето на приемот во ЕУ - сé се нивни дела.
А сега се чудат! Што не била трансформирана државната администрација, што судството не функционирало, што имало длабока политичка поделеност, која се рефлектирала, и на сé друго... Што замислуваат тие? Дека во крајно ненормални услови, во кои функционира оваа држава предолго време, а наметнати од нив, можат да се решаваат безбројните тешки проблеми, типични за транзицијата? Дека економијата, со пресечени корени од милијардите евра директни штети од блокадата и санкциите врз СРЈ, ќе има динамичен развој? Дека затворањето на вратите на НАТО и на ЕУ, со исполнети критериуми – креира позитивна енергија за надминување на политичките, економските, етничките, верските, социјалните... проблеми? Да не ќе е апсолутно спротивното: дека сето тоа создава идеални услови за - нивно заострување?
Во сегашното финале, покрај апсурдот, имаме и иронија и хипокризија...: тие истите што апсолутно неосновано (ама – „солидарно“) ги попречуваат нашите евроатлантски перспективи ни пишуваат дека се загрижени за нашата иднина!?! Ова е пострашно и од приказната за збунетиот и будалиот.
А писмото, како и сé друго во последно време, е само дел од сценариото, кое упорно се спроведува. Тоа е само камче од мозаикот, кој веќе се согледува. И последиците се веќе видливи со просто око: разнебитување на вековниот македонски народ. Нормално, артилеријата сé повеќе се активира. Се приближува моментумот. Изјави даваат американскиот и францускиот амбасадор. Последниов без пардон нé блефира: оптимизмот за Македонија му траел до јуни! Дотогаш, демек, сме морале да капитулираме. Ако не, сигурно ќе ја чита книгата за дедо му на Саркози. Ни се фиксира рок од два месеци за нерешив и, што е најбитно – туѓ проблем. Или - крај за земјава! Се појавува Коминике бр. 1. Другите ќе следуваат. Огромно количество оружје се открива на места до границата...
Сите овие настани и не мораат да бидат координирани од ист центар. (Дел од нив се во наша полза, ако знаеме да ги искористиме). Работите си одат по своја логика. Ким Ил Сунг отиде во Пекинг бидејќи му била јасна шансата за обединување и на Кореја. И нашите „пријатели“ сметаат дека чукнал часот да се затвори и македонското прашање. Прагмата го диктира тоа.
На сите им е јасно (освен на некои „наши“?) дека се стега јажето околу вратот на овој народ и држава и дека дошло време да се притиснат сите копчиња. Амбасадорите само ја реализираат политиката на своите држави, која е недвосмислена сите овие години. Арно ама ние, упорно, како да не го разбираме тоа, продолжуваме да правиме кардинална грешка: Грција воопшто не е нашиот главен противник. Точно, таа се појавува како формален иницијатор, со барањето промена на името (читај: идентитетот на народот), ама таа само ни ја блокираше границата. Сите други (клучни!) неправди ни ги спакуваа СБ на ООН, НАТО, ЕУ... Односно - денешниве „писатели“.
Широкиот ангажман за наоѓање (брзо) решение сепак недвосмислено покажува дека проблемот им тежи на сите. Доведени се во прашање стратегиските интереси на НАТО, та и на ЕУ, бидејќи блокадата на нашите евроатлантски патишта може да го запали целиот регион. Тука лежи нашата голема шанса, која не смееме да ја прокоцкаме. Со мудра политика, целиот притисок треба се насочи на правата адреса – Атина. До крајот на годината.
Надежите мораме да ги претвориме во верба. Вербата во акција, а акцијата во успех. Како Виетнамците.
Само така ќе стигнеме до целта.

Авторот е поранешен амбасадор

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај



In Memoriam

ПОЧИНА ГОЛЕМИОТ ГАНЕ ТОДОРОВСКИ

Се родив
Тоа е совршен факт

Живеам доста
Тоа е одвеќе непорекливо

Кому му требам
Секој е должен сам да знае

Пречам ли некому
Нека ме одмине

Премногу е напожелно
Да бидам одбран за враг

Вражја е живеачката
А јас сум рековме нејзин факт

Ќе умрам колку за доказ
Дека навистина сум живеел.

Важно! Важно! Важно!
Дружеството на репресираните македонци в България съобщава на всички репресирани през комунистическия период заради македонските си убеждения и съзнание, както и на техните потомци, че срокът за подаване на молби за компенсации и обезщетения е удължен до края на 2011 г. Молбите се внасят в областните управи, и пак там можете да научите и какви точно документи ви са необходими.
ДРМ

БЛАГОДАРНОСТ!

Редакцията на вестник “Народна воля” изказва своята най-искрена благодарност на господин Иван Стойков Петров от Белгия, който даде 100 евро за абонация и помощ за вестника. На него и на семейството му пожелаваме много здраве, щастие и успехи в живота.

Македонија пее

ТИ ДОНЕСОВ МЛАДА НЕВЕСТА

Отвори мајко портите
да влезат другарите
песни да запееме, оро да заиграме
песни, ора македонски.

Рефрен:
Ти донесов млада невеста
јас ја сакам мајко од срце
чеда да ми изроди
родот мајко да ми продолжи. (2)

Намести мајко софрата
наполни ги чашите
Бела лута ракија, рујно вино црвено
се до капка да се испие.

Рефрен: ...

Ај да не мајко ќердосаш
и силно да запееш
нека сите те слушнат,
нека сите разберат
кога снаа в куќи доведе

Рефрен: ...

Ти донесов млада невеста
јас ја сакам мајко од срце
чеда да ми изроди
родот мајко да ми продолжи. (2)
Родот мајко наш македонски.

СРЕДЕ СКОПЈЕ ВАРДАР ТЕЧЕ

Среде Скопје Вардар тече
Вардар река распеана.

Рефрен:
Ој Вардаре Македонски
од извора дур до Солуна
ој Вардаре Македонски
ти ја красиш Македонија.

Лути рани на јунаци
твојта вода ги лекува.

Каде Вардар поминува
среќа радост донесува.

Рефрен: ...


Поезия

ПОДЛОСТТА БЕШЕ ТАМ...

На 10 април 1941 година Хитлеровите агенти цар Борис и Филов изпратиха български окупационни войски във Вардарска Македония и в Беломорска Тракия. Те обявиха тези земи за присъединени към България и че с този акт били осъществени „националните идеали на българския народ.”
„С окупирането на Вардарска Македония и Беломорска Тракия бяха освободени няколко германски дивизии от жандармската им роля и отпратени към съветската граница.”

Из „История на България”

Денят бе двадесет и втори юни,
но още не поел по своя път,
дулата на връхлитащи тайфуни
убиха тишината на векът.

Война в сърцето на мира прекрачи
и бездните на нейното море
бушуващо ревяха за палачи,
които да убиват по-добре.

И там, където, майчице ле мила,
разплаква и сърца, и красота,
зловещото безумие разстила
от кръв и пепел празник на смъртта.

България ликуваше с придатък,
достоен за безмилостен юмрук –
защо да търси фронтове нататък,
когато може да разстрелва тук?

Размяната на изток прати други,
размяната на ада подари
чудовища с доказани заслуги,
а по жестокост – още по-добри.

Жестокост - да вилнее вдъхновено
и да заляга сред сибирски студ
с подгрета кръв от българско „червено”
и щедростта на реквизиран труд.

Ала вулканът щеше да изригне
като възмездие за мъртъв дом
и с танкови вериги да настигне
злодеите в последния разгром.

Когато неспасяемите бягат,
едничкото добро е все така
ръцете си за милост да протягат
към „колоса на глинени крака.”

Когато триумфално ги превие,
за спомен от гиганския пожар
той знамето „Победа” ще забие
в сърцето на издъхналия звяр.

А после преуспели историци
ликуват с явно продиктуван тон,
че нямало е български войници
в сражения край Волга или Дон.

Отдавна е известно , че циници
превръщат в гордост и позор, и срам.
Да, нямало е български войници,
но българската подлост беше там!!!

Александър Македонски





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting