Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Друштвото на писателите на Р Македонија

РАДЕ СИЛЈАН ПРЕИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

(Преземено од МИМ)

Цврсто на претседателскиот трон во Друштвото на писателите на Македонија застана поетот и книжевник Раде Силјан, кој со апсолутно мнозинство на Изборното собрание одржано на 15 мај беше повторно избран за челник на нашата најстара писателска асоцијација. Од 98 присутни членови на Друштвото, за Силјан, кој веќе две години ги води писателите, гласаа 91 автор од сите градови од земјава. Наместо уште две години, како што беше досега, Силјан, според новиот Статут на ДПМ, на челната позиција ќе остане во следните четири години.
Во раководството исто толку ќе остане и поетот и досегашен секретар на Друштвото, Веле Смилевски, кој со 88 гласа беше избран за претседател на Собранието на асоцијацијата. Целиот избор се одвиваше мирно, а писателите не покажаа интерес да отворат поголеми дебати за проблеми со кои најмногу се соочуваат во земјава, како што е заштитата на авторскиот труд, висината на авторските хонорари, социјалниот статус во земјава.

МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА

Силјан во своето обраќање до писателите и во својата програма најави дека приоритет ќе биде развојот на домашната литература.
- Верувам дека за сите нас е најбитно да се подобри статусот на книгата и воопшто авторскиот хонорар. Верувам дека ќе имаме поддршка од сите соодветни структури и на некој начин ќе можеме да влијаеме во поглед на возобновување на општествениот и социјалниот статус на писателот. Друштвото треба да биде моќен двигател во изнаоѓањето вистински решенија за надминувањето на сегашната незавидна состојба на книгата. Нашата асоцијација ќе се залага за што поширок опфат на творештвото на авторите од сите генерации и творечки определби, но и за стандарди што ќе водат до квалитетна книга - најави Силјан.
Тој истакна дека Друштвото ќе развие поголема соработка и со писателски асоцијации од други земји.
- Ќе посветиме особено внимание на соработката со сродните асоцијации од соседните држави. Само на тој начин ќе може да ги пласираме нашите книги и подобро да се запознаеме со дејствувањето на колегите од другите земји - додаде Силјан.

ШИРЕЊЕ НА ТВОРЕШТВОТО

Годинава првпат беше избран и Собраниски одбор, во кој членуваат писатели од сите општини во земјава. Преку Одборот треба да се зголемат книжевните случувања и во другите градови во земјава.
- Со активирањето на Собранискиот одбор, се отвора шанса за дисперзија на активностите на Друштвото и создавање јадра на нашата асоцијација во другите делови од државата. На овој начин, некои од тамошните книжевни манифестации ќе ги засилиме, а ќе покренеме и други форми, трибини, разговори. Така, наместо се’ да биде фокусирано само во Скопје, низ целата земја ќе имаме активности, зашто ДПМ е асоцијација на писателите од цела Македонија - најави Смилевски.
Писателите избраа и свое ново Претседателство, кое треба да осмислува и нови содржини и манифестации поврзани со творештвото. Во следните четири години таа задача ќе ја имаат Панде Манојлов, Василе Димески, Иван Василевски, Ресул Шабани, Светлана Христова Јоциќ, Јусуф Едип, Кочо Топузовски, Вера Чорнијешкова.

ШТИТ ЗА ИМЕТО НА ДРЖАВАТА

Одбрана за нашиот национален идентитет ќе биде Друштвото на писателите на Македонија, најави Раде Силјан откако беше избран за претседател на асоцијацијата.
- Ние како институција сме и’ потребни на оваа држава. Во следниот период ќе продолжиме да работиме и ќе застанеме како браник за името на земјава и за нашиот национален идентитет - истакна Силјан.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај



In Memoriam

ПОЧИНА ГОЛЕМИОТ ГАНЕ ТОДОРОВСКИ

Се родив
Тоа е совршен факт

Живеам доста
Тоа е одвеќе непорекливо

Кому му требам
Секој е должен сам да знае

Пречам ли некому
Нека ме одмине

Премногу е напожелно
Да бидам одбран за враг

Вражја е живеачката
А јас сум рековме нејзин факт

Ќе умрам колку за доказ
Дека навистина сум живеел.

Важно! Важно! Важно!
Дружеството на репресираните македонци в България съобщава на всички репресирани през комунистическия период заради македонските си убеждения и съзнание, както и на техните потомци, че срокът за подаване на молби за компенсации и обезщетения е удължен до края на 2011 г. Молбите се внасят в областните управи, и пак там можете да научите и какви точно документи ви са необходими.
ДРМ

БЛАГОДАРНОСТ!

Редакцията на вестник “Народна воля” изказва своята най-искрена благодарност на господин Иван Стойков Петров от Белгия, който даде 100 евро за абонация и помощ за вестника. На него и на семейството му пожелаваме много здраве, щастие и успехи в живота.

Македонија пее

ТИ ДОНЕСОВ МЛАДА НЕВЕСТА

Отвори мајко портите
да влезат другарите
песни да запееме, оро да заиграме
песни, ора македонски.

Рефрен:
Ти донесов млада невеста
јас ја сакам мајко од срце
чеда да ми изроди
родот мајко да ми продолжи. (2)

Намести мајко софрата
наполни ги чашите
Бела лута ракија, рујно вино црвено
се до капка да се испие.

Рефрен: ...

Ај да не мајко ќердосаш
и силно да запееш
нека сите те слушнат,
нека сите разберат
кога снаа в куќи доведе

Рефрен: ...

Ти донесов млада невеста
јас ја сакам мајко од срце
чеда да ми изроди
родот мајко да ми продолжи. (2)
Родот мајко наш македонски.

СРЕДЕ СКОПЈЕ ВАРДАР ТЕЧЕ

Среде Скопје Вардар тече
Вардар река распеана.

Рефрен:
Ој Вардаре Македонски
од извора дур до Солуна
ој Вардаре Македонски
ти ја красиш Македонија.

Лути рани на јунаци
твојта вода ги лекува.

Каде Вардар поминува
среќа радост донесува.

Рефрен: ...


Поезия

ПОДЛОСТТА БЕШЕ ТАМ...

На 10 април 1941 година Хитлеровите агенти цар Борис и Филов изпратиха български окупационни войски във Вардарска Македония и в Беломорска Тракия. Те обявиха тези земи за присъединени към България и че с този акт били осъществени „националните идеали на българския народ.”
„С окупирането на Вардарска Македония и Беломорска Тракия бяха освободени няколко германски дивизии от жандармската им роля и отпратени към съветската граница.”

Из „История на България”

Денят бе двадесет и втори юни,
но още не поел по своя път,
дулата на връхлитащи тайфуни
убиха тишината на векът.

Война в сърцето на мира прекрачи
и бездните на нейното море
бушуващо ревяха за палачи,
които да убиват по-добре.

И там, където, майчице ле мила,
разплаква и сърца, и красота,
зловещото безумие разстила
от кръв и пепел празник на смъртта.

България ликуваше с придатък,
достоен за безмилостен юмрук –
защо да търси фронтове нататък,
когато може да разстрелва тук?

Размяната на изток прати други,
размяната на ада подари
чудовища с доказани заслуги,
а по жестокост – още по-добри.

Жестокост - да вилнее вдъхновено
и да заляга сред сибирски студ
с подгрета кръв от българско „червено”
и щедростта на реквизиран труд.

Ала вулканът щеше да изригне
като възмездие за мъртъв дом
и с танкови вериги да настигне
злодеите в последния разгром.

Когато неспасяемите бягат,
едничкото добро е все така
ръцете си за милост да протягат
към „колоса на глинени крака.”

Когато триумфално ги превие,
за спомен от гиганския пожар
той знамето „Победа” ще забие
в сърцето на издъхналия звяр.

А после преуспели историци
ликуват с явно продиктуван тон,
че нямало е български войници
в сражения край Волга или Дон.

Отдавна е известно , че циници
превръщат в гордост и позор, и срам.
Да, нямало е български войници,
но българската подлост беше там!!!

Александър Македонски





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting