Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Од месец мај 2010 г.

ЗАПОЧНА МАКЕДОНСКОТО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО ВО СТРАЗБУР

(По македонскиот печат)

Македонија на 11 мај го презеде претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа. Шестмесечното претседавање со извршното тело на најстарата паневропска организација, попладнево во Палатата на Европа во Стразбур формално му беше предадено на шефот на македонската дипломатија Антонио Милошоски од досегашниот претседавач министерката за надворешни работи на Швајцарија Мишлен Калми Реј.

Комитетот на министри ги прифати именувањето „Македонско претседателство 2010“ и логото како што беше предложено во официјалниот документ доставен од Министерството за надворешни работи на Република Македонија за приоритетите на македонското претседавање. Документот беше пропратен со покривна страница на која стои забелешка со привременото име на државата во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедност 817 од 1993 година.
- Ова е историски ден за нашата држава. Република Македонија пред 15 години стана членка на СЕ, а денеска ја има можноста да претседава. Тоа е голема чест, но и обврска. Задоволни сме од начинот на кој беше сослушана и поддржана нашата презентација особено во делот на приоритетите на нашето претседателство, изјави Милошоски по преземањето на новата должност. Македонија може да придонесе во реформите на Советот на Европа, институција што, како што рече, се наоѓа на крстопат. - Треба да се одлучи дали Советот на Европа ќе остане еден бирократски диносаурус која има мала политичка релевантност или ќе се преобрази во организација што ја носи одговорноста за човековите права, за владеењето на правото и за стандардите на 800 милиони европејци од земјите на СЕ и ќе стане политички релевантна и европски повидлива организација, изјави Милошоски. Тој додаде дека Македонија силно ги поддржува акциските планови за трансформација на оваа организација што беа претставени од генералниот секретар на СЕ, Торбрјорн Јагланд.
Акцент за време на македонското претседателство ќе биде ставен на три приоритети - реформа на Судот за човекови права и зајакнување на механизмите за примена на донесените пресуди, засилување на концептот и размена на искуставата за мултикултурализмот и вклучување на младите во општествениот живот.
- Сметаме дека дополнителниот ангажман за вклучување на младите луѓе во социјалниот, општествениот и економски живот во ЈИЕ може да биде еден наш регионален придонес за останатите земји од регионот, за што веќе имавме консултации, изјави Милошоски.
Изрази очекување дека и македонските парламентарци во Советот на Европа ќе го дадат својот придонес и поддршка за што посупешно исполнување на поставените цели. Република Македонија го презема претседавањето, што се одвива по ротирачки редослед, од Швајцарија, а во ноември ќе и го предаде на Турција.
Македонија е една од 47. членки на СЕ, а дел од оваа организација е од 9 ноември 1995 година.
Заменик-шефот на грчката дипломатија Димитрис Друцас на првата сесија на Комитетот на министри на Советот на Европа реагираше за користењето на терминот „Македонско претседателство“ за време на шестмесечното претседавање на Република Македонија.
Веднаш по обраќањето на македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски и претставувањето на приоритетите на македонското претседателство, Друцас стави формална забелешка дека со таквото именување Македонија ја злоупотребува позицијата претседавач. Именувањето на претседателството, според него, треба да биде под привремената референца со која Македонија е примена во ОН, во Советот на Европа и во други меѓународни организации. Употребата на придавката македонски, рече Друцас, претставува монополизирање на тој термин и ги поткопува напорите за изнаоѓање заемно прифатливо решение во процесот што се води под покровителство на ОН.
Шефот на македонската дипломатија реплицира дека Комитетот на министри и СЕ не се места за решавање на билатерални политички спорови и оти Македонија како претседавач ќе биде фокусирана на исполнувањето на своите приоритети. Објасни дека користењето на терминот „Македонско претседателство” е избран за да се избегнат можни несогласувања во врска со употребата на уставното име. Негира дека употребата на придавката македонски е спротивно на резолуциите на ОН и правилата на Советот на Европа, посочувајќи оти се користи во многу меѓународни тела. Резолуцијата 817 на ОН за привремената референца ги детерменира начините на именување во обраќањето кон Грција, но не претставува обврска за Македонија да се нарекува така или да не може да ја користи придавката македонски. Напротив, таа се користи во многу меѓународни организации, и усно и писмено, вклучувајќи ги и телата на СЕ, укажа Милошоски. Токму од тие причини, на Грција и било предложено да биде побарано правно мислење од Секретаријатот на СЕ, но грчката страна го одбила тоа.
- Сметаме дека во оваа куќа на човекови права и слободи секоја земја треба да ја има можноста да претседава со зачувување на минимум национално достоинство. Во овој случај ние претседаваме како Македонско претседателство, што е дел од веќе воспоставената пракса во многу институции и тела во Советот на Европа и не е во спротивност со ниту една меѓународна резолуција, а истовремено е една прагматична според нас компромисна определба за употреба на ваков наслов за да нема недоразбирања доколку се употребуваат имиња на држави, изјави по сесијата шефот на македонската дипломатија.

За Милошоски се неосновани обвинувањата и дека со именувањето на претседателството како македонско се нарушува процесот за решавање на името во ОН. Македонија, истакна министерот за надворешни работи, смета дека тоа прашање треба да се решава во ОН и останува ангажирана за изнаоѓање решение преку искрен компромис.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај



In Memoriam

ПОЧИНА ГОЛЕМИОТ ГАНЕ ТОДОРОВСКИ

Се родив
Тоа е совршен факт

Живеам доста
Тоа е одвеќе непорекливо

Кому му требам
Секој е должен сам да знае

Пречам ли некому
Нека ме одмине

Премногу е напожелно
Да бидам одбран за враг

Вражја е живеачката
А јас сум рековме нејзин факт

Ќе умрам колку за доказ
Дека навистина сум живеел.

Важно! Важно! Важно!
Дружеството на репресираните македонци в България съобщава на всички репресирани през комунистическия период заради македонските си убеждения и съзнание, както и на техните потомци, че срокът за подаване на молби за компенсации и обезщетения е удължен до края на 2011 г. Молбите се внасят в областните управи, и пак там можете да научите и какви точно документи ви са необходими.
ДРМ

БЛАГОДАРНОСТ!

Редакцията на вестник “Народна воля” изказва своята най-искрена благодарност на господин Иван Стойков Петров от Белгия, който даде 100 евро за абонация и помощ за вестника. На него и на семейството му пожелаваме много здраве, щастие и успехи в живота.

Македонија пее

ТИ ДОНЕСОВ МЛАДА НЕВЕСТА

Отвори мајко портите
да влезат другарите
песни да запееме, оро да заиграме
песни, ора македонски.

Рефрен:
Ти донесов млада невеста
јас ја сакам мајко од срце
чеда да ми изроди
родот мајко да ми продолжи. (2)

Намести мајко софрата
наполни ги чашите
Бела лута ракија, рујно вино црвено
се до капка да се испие.

Рефрен: ...

Ај да не мајко ќердосаш
и силно да запееш
нека сите те слушнат,
нека сите разберат
кога снаа в куќи доведе

Рефрен: ...

Ти донесов млада невеста
јас ја сакам мајко од срце
чеда да ми изроди
родот мајко да ми продолжи. (2)
Родот мајко наш македонски.

СРЕДЕ СКОПЈЕ ВАРДАР ТЕЧЕ

Среде Скопје Вардар тече
Вардар река распеана.

Рефрен:
Ој Вардаре Македонски
од извора дур до Солуна
ој Вардаре Македонски
ти ја красиш Македонија.

Лути рани на јунаци
твојта вода ги лекува.

Каде Вардар поминува
среќа радост донесува.

Рефрен: ...


Поезия

ПОДЛОСТТА БЕШЕ ТАМ...

На 10 април 1941 година Хитлеровите агенти цар Борис и Филов изпратиха български окупационни войски във Вардарска Македония и в Беломорска Тракия. Те обявиха тези земи за присъединени към България и че с този акт били осъществени „националните идеали на българския народ.”
„С окупирането на Вардарска Македония и Беломорска Тракия бяха освободени няколко германски дивизии от жандармската им роля и отпратени към съветската граница.”

Из „История на България”

Денят бе двадесет и втори юни,
но още не поел по своя път,
дулата на връхлитащи тайфуни
убиха тишината на векът.

Война в сърцето на мира прекрачи
и бездните на нейното море
бушуващо ревяха за палачи,
които да убиват по-добре.

И там, където, майчице ле мила,
разплаква и сърца, и красота,
зловещото безумие разстила
от кръв и пепел празник на смъртта.

България ликуваше с придатък,
достоен за безмилостен юмрук –
защо да търси фронтове нататък,
когато може да разстрелва тук?

Размяната на изток прати други,
размяната на ада подари
чудовища с доказани заслуги,
а по жестокост – още по-добри.

Жестокост - да вилнее вдъхновено
и да заляга сред сибирски студ
с подгрета кръв от българско „червено”
и щедростта на реквизиран труд.

Ала вулканът щеше да изригне
като възмездие за мъртъв дом
и с танкови вериги да настигне
злодеите в последния разгром.

Когато неспасяемите бягат,
едничкото добро е все така
ръцете си за милост да протягат
към „колоса на глинени крака.”

Когато триумфално ги превие,
за спомен от гиганския пожар
той знамето „Победа” ще забие
в сърцето на издъхналия звяр.

А после преуспели историци
ликуват с явно продиктуван тон,
че нямало е български войници
в сражения край Волга или Дон.

Отдавна е известно , че циници
превръщат в гордост и позор, и срам.
Да, нямало е български войници,
но българската подлост беше там!!!

Александър Македонски





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting