Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Странците и се смеат на Грција што го оспорува уставното име на Македонија

ГРЧКИОТ АНАЛИТИЧАР ФИНТАНИДИС ГИ КРИТИКУВА СВОИТЕ СОНАРОДНИЦИ

(Преземено од МИМ)

Во очекување на терминот за најавената средба на посредникот Метју Нимиц со македонскиот и со грчкиот преговарач, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, Европа апелира за побрзо решение на спорот за името. Спорот за името, меѓу другото, на 21 април во Скопје беше тема на разговорите на шпанскиот шеф на дипломатијата, Мигел Моратинос, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, и претставниците на државниот врв.
Лондонски “Економист” во април укажа дека решението за спорот ќе биде од големо значење воопшто.
- Решавањето на спорот ќе има големи придобивки за сите, преку зајакната стабилност која се гарантира со проширувањето на Унијата и западната воена алијанса, НАТО, смета “Економист”, додавајќи дека Европа, поради нерешениот спор, мора да биде многу позагрижена отколку што е сега. Во овој контекст европските претставници само укажуваат дека процесот на преговори под покровителство на ОН е формата преку која треба да се бара решение, а вклученост во него ја манифестираат преку поддршката и оптимизмот дека до решение може да се дојде многу брзо и до крајот на шпанското претседателство со Унијата. Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Зоран Талер, посредувањето на медијаторот Нимиц, пак, го нарече неефикасно и уште еднаш укажа на потребата од зголемување на улогата на ЕУ во спорот.
И од амбасадите на некои европски земји апелираат да се најде решение што е можно побрзо повторувајќи дека има преговори под покровителство на ОН.
- Францускиот став е добро познат - треба да се искористи шпанското претседателство и со посредство на медијаторот Метју Нимиц двете страни да најдат заедничко прифатливо решение за спорот, изјави за радио “Слободна Европа” амбасадорот на Франција во Македонија Жан Клод Шлумберже, додавајќи “сметаме дека одлуката на Европскиот совет во декември даде јасна можност што треба да се искористи”.
Во меѓувреме двете страни, македонската и грчката, остануваат на своите познати ставови: Македонија дека решението на спорот не смее да задира во идентитетот, а Грција дека е потребно едно име за севкупна употреба.
Аналитичарите, пак, имаат свои видувања. Серафим Финтанидис, кој 30 години беше на чело на весникот “Елефтеротипија” е отворен и ги критикува и своите сонародници.
- Играта ја загубивме одамна. Треба само да отворите стар учебник што е издаден пред 1990 година. Што ќе видите? Ќе видите дека Југославија има шест републики, имено - Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора и “Македонија”, со главен град Скопје. Се сеќавам дека во 1980 година грчката фудбалска репрезентација загуби од Југославија 1:4, а натпреварот се одржа во Скопје и тогаш името “Македонија” не ни пречеше, како што се чини, воопшто. И, потоа, дојде до бунт поради спорот за името. Тоа во странство воопшто не наидува на разбирање, луѓето ни се смеат, вели Финтанидис во изјавата што ја пренесува радиото “Дојче веле”. Според него како Атина, така и Скопје треба да учат од грешките во минатото и да се откажат од максималистички барања. Тој не одрекува дека Атина се залага за името Северна Македонија”, но верува дека политичарите во Скопје се, исто така, заинтересирани за брзо решение.

ГРЧКАТА ЗАЕДНИЦА РЕАГИРА ЗА ТЕКСТОТ ЗА МАКЕДОНИЈА

Грчката Пан-македонска асоцијација од САД со писмо адресирано до државниот секретар Хилари Клинтон реагира за текстот Скопје, Античка Македонија гради модерна демократија”, објавен во априлскиот број на списанието на Стејт департментот.
Во писмото грчката организација се противи на претставувањето на денешна Република Македонија како наследник на Античка Македонија, што го оценуваат како навредливо и провоцирачко.
Дали Стејт департментот имплицира дека ПЈРМ е наследник на историска Македонија? Сакаме да знаеме дали Соединетите Држави го доведуваат во прашање суверенитетот на Грција врз нејзините граници. Историска Македонија е во Грција и е неделив дел од грчката историја”, се вели во писмото.
За оваа организација е спорно што текстот се нашол на насловната страница со слика од Охрид под наслов “Бисер балкански”, што велат, е несреќно избран наслов на иредентистичка песна во ПЈРМ.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
СМЕЕ ЛИ ТРЕТИ МАРТ (САН СТЕФАНО) ДА БИДЕ БУГАРСКИ НАЦИОНАЛЕН ДЕН?
Читај
В ЧЕСТ НА МАКЕДОНСКОТО (КРЕСНЕНСКО) ВЪСТАНИЕ
Читај

Поезија

ЛЮБОВ И БОЛКА НОСЯ ЦЯЛ ЖИВОТ!

Коренът ми е от Беровско. Преди около двеста години, през смутните кърджалийски времена, моят прапрадядо заедно с цялото си семейство напуска родния си край и се заселва в Баскалци, едно от 12-те игуменски села в Огражден. След Балканските войни в началото на миналия век дядо ми се преселва в голямото подгорско село Коларово.
Роден съм през 1944 година в град Петрич, полегнал в полите на най-нежната, но най-тъжна планина на Македония – Беласица, голготата, на която македонската земя е разпъната на кръст.
През целия си съзнателен живот открито и с гордост изразявам своята македонска идентичност, поради което многократно съм привикван от органите на бившата ДС да давам обяснения.
Стихове пиша от дете. Една част от тях са посветени на моя роден край, на моята Родина, и макар че не са съвършени, те са огледало на душата ми, на любовта и болката, които нося цял живот.

Петър МИЦКОВ



ЧУМАТА

Буря стогласа в гора извила,
вейки превива,
ломи клоните.
Църна се чума явила
там долу - в Македония.

Всекоя вечер по Беласица
до късна доба горят огньове.
Сам Крали Марко с кон се
понася
да къса робски окови.

Не Крали Марко с коня
препуща,
прангите робски за да
разкъса –
чужди войници, майко,
със пушки
кървави бранят късове.

Помен вековен, жално извила,
душа раздира песен момина:
– Църна се чума явила
там долу - в Mакедония.

(1978 г.)


РОДЕН КРАЙ

Пребродих много кътища и
друми
из Тракия
и по Балкана син,
но все ме вика мойта стара
Струма,
сърцето все ме тегли към
Пирин,

към оня кът,
де вечно съм се раждал,
орисан от утроба
с кръстен знак.
Там –
в стръмните чукари на
Огражден,
дълбоко впит е корена ми як.

От вековете праща по
кръвта ми
надежда за възкръсен бъден
ден
и не сърце,
а ти туптиш в гръдта ми,
мой роден край,
мой свиден кът зелен,

изткан от песни,
от легенди стари,
бродиран с кости свети
в люта бран.
Мой роден край,
разкъсан,
обруган,
открита рана –
и кърви,
и пáри.
Пред теб,
мой свиден,
мой олтар свещен,
запалвам свещ и ничком
коленича
с молитва за възкръсния ти
ден.
Мой роден край,
до болка те обичам.

(1984 г.)


БОЛКА

Аз тук израснах,
тука,
сред Пирина,
тук всяка канара ми е
позната,
с комитите тук пил съм
руйно вино,
кръстосвал съм нашир и длъж
гората,
бой водил съм със хиляди
потери,
ранен и отмалял пълзял
съм по скалите –
умирах и възкръсвах,
пълен с вера,
че ще достигнем извора на
дните.

По-силен бях след всяка нова
рана,
по-упорит след гробове
безмълвни –
изпълваше ме силата
безкрайна
на тия вечни вулканични
хълми.

Сега съм сам,
полека се изкачвам,
повяват утро старите усои,
ята от птици с песни гонят
здрача,
със смях рушат на утрото
покоя.
Ята от птици…
А далеч пред мене –
Беласица с разкъсани гърди
от страшна болка издълбоко
стене,
изгубила надежди и мечти.

(1980 г.)


ПОТОМЪК

Във мен тече,
напук вековете,
извечна струйка
силна,
древна кръв,
пулсирала и в царя на
царете –
гореща,
буйна –
македонска кръв.

И нека съскат гръцките
змийчета,
душата им зловеща
да злобей –
те вечно ще предават
Филип Пети,
ще бъдат вечно с Рим
срещу Персей.

Съседи –
алчна глутница хиени,
ще искат все
да ни унищожат.
Но няма да ни видят на
колени –
достойно ще ги срещнем
всеки път.

(1998 г.)


НА БАЩА МИ

На теб, Родино, вречен бе
баща ми
и затова не жажда за имот,
а любовта към тебе завеща
ми-
любов и болка нося цял
живот.

И все ме брулят ветрове
свирепи,
че непокорен винаги съм бил,
очите вечно някой ми
ослепя -
все иска
мъртъв да е Самуил.

Но аз съм жив!
И няма сила земна
да се пребори с мен,
да ме скове –
душата ми
с родината във мене
подвластна само е
на богове.

(1999 г.)


Нова книга

ИЗ МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЯ

Излезе от печат поредната нова книга на известния македонски автор Сариса Параос - “Святий цар Давид”. По същество творбата е исторически очерк за един от синовете на комит Никола и брат на Самуил.
Книгата може да намерите в редакцията на в. “Народна воля”. Цената е символична - 2 лева.


Македонија пее

УЧИ МЕ МАЈКО, КАРАЈ МЕ

Учи ме мајко, карај ме,
како да ја земам Лилјана,
Лилјана мома убава,
Лилјана бела и црвена,
Лилјана тенка висока,
Лилјана ситен босилок,
Лилјана цвеќе шарено,
Лилјана една на мајка.

Учам те сине, карам те,
повикај триста мајстори,
направи чешма шарена,
наврати вода студена,
сите селани ќе дојдат,
и Лилјанини другарки,
ем, сите калеш невести,
белким Лилјана ќе дојде.

Послушал Стојан мајка си,
повикал триста мајстори,
направил чешма шарена,
навратил вода студена,
сите селани дојдоа,
и Лилјанини другарки,
ем, сите калеш невести,
кучка Лилјана не дојде.

КАКО ШТО Е ОВАА ЧАША ПОЛНА СО ВИНО

Како што е ова чаша полна со вино, (2)
така е и мојто срце полно с’јадови. (2)

Дај да пијам, мила мамо, да се опијам, (2)
јадовите, мила мамо, да заборавам! (2)

Ја послушај, мили синко, стара си мајка, (2)
и да пијаш, мили синко, фајде си нема. (2)

Ја земи си, мили синко, пушка берданка,
и појди си, мили синко, в гора зелена,
там ќе најдеш, мили синко, верна дружина,
јадовите мили синко ќе заборавиш.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting