Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Мигел Анхел Моратинос, министер за надворешни работи на Шпанија

ЌЕ СЕ БОРИМЕ ДА ДОБИЕТЕ ДАТУМ

(Преземено од МИМ)

За Македонија нема алтернатива надвор од Европската Унија и затоа е важно прашањето за името да се реши на задоволителен начин. Но, тоа им останува на Скопје и на Атина под покровителство на ОН, без директно вклучување на Унијата во преговорите, вели шпанскиот министер за надворешни работи и претседавач со ЕУ, Мигел Анхел Моратинос.
Откако Шпанија го презеде претседателството со ЕУ пред неколку месеци, вие неколкупати рековте дека Западниот Балкан нема да биде заборавен и ќе добие висок приоритет во вашата агенда. Што прави Шпанија за интеграција на Балканот во ЕУ?
- Западниот Балкан останува високо на агендата на шпанското претседателство. Напорно работиме на неколку пресвртници во транзицискиот процес на регионот: добар напредок во тековниот процес на преговори со Хрватска, продолжение на апликациите поднесени од други земји, натамошен развој на мрежата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација во регионот, засилување на регионалната соработка и понатамошен напредок во визната либерализација.
Може ли да се очекува нешто навистина важно за регионот на претстојната конференција во Сараево, на 10-годишнината од Загрепскиот самит?
- Овој собир ќе биде голема можност да се одбележат достигнувањата во оваа декада, како и да се засилат целите за наредната фаза, главно за европската перспектива на регионот. Ова, како што го разбирам јас, е многу значајна политичка порака за регионот. А како да се постигне тоа, тоа е процес на „земја по земја“. Средбата во Сараево ќе биде можност да процениме каде сме во однос на секоја земја од регионот и кои се нашите очекувања за секоја од нив.
Каде е местото на Македонија во вашата агенда, со оглед дека во информациите од Брисел се’ почесто се споменуваат Хрватска и Турција, Србија често се фаворизира, а Македонија ја има се’ помалку и помалку. Дали ЕУ е заморена од македонскиот случај и од проширувањето?
- Вашата земја како формален кандидат е многу високо на нашата агенда. На ниту еден начин не е оставена настрана. Во мај ќе имаме Совет за асоцијација и ќе се бориме да добиеме почеток на преговорите што е можно побрзо. Како што знаете, преговараме за пристап на Хрватска и на Турција и тоа го објаснува впечатокот зошто толку често се споменуваат. Се разбира дека го поддржуваме патот и на Србија кон Европската Унија, како што правиме за сите земји од регионот.
Во февруари, лани, во Европскиот парламент рековте дека Атина и Скопје се блиску до решение за името. Оттогаш имаше билатерални средби на премиерите Папандреу и Груевски, а посредникот Нимиц дојде во регионот, но напредок нема. Се’ уште ли мислите дека двете страни се блиску до решение?
- Решението зависи главно од двете вклучени страни. Јас посакувам и останувам убеден дека и покрај тешкотиите, заеднички прифатливо решение ќе се најде.
Позицијата на новата грчка влада за името, според Вас, е задоволителна. Како ја оценувате позицијата на македонската влада?
- Ниту ЕУ ниту шпанското претседателство не е вклучено во преговарачкиот процес што се води под покровителство на Обединетите нации. Ние ги охрабруваме двете страни да бидат конструктивни за да најдат заеднички решение за името.
Во Македонија има се’ помалку оптимизам дека спорот може да се реши до јуни за да може земјата да добие датум за преговори и се’ почесто се споменува ноември и самитот на НАТО како краен рок. Мислите ли дека до јуни може да го решиме спорот и да почнеме преговори?
- Она што јас го мислам е дека секој треба да направи најмногу што може за да се случи тоа, а тоа се однесува главно на партиите.
Како може Шпанија како претседавач со ЕУ да помогне да се случи тоа и дали сте подготвени за директно вклучување во преговорите, заедно со ОН?
- Има широк консензус дека ЕУ не треба самата директно да се вклучи во преговорите. Како што реков претходно преговорите се водат под покровителство на ОН. Она што ние можеме и што го правиме е да ги охрабруваме и да им помагаме на вклучените страни за да можат да успеат.
Еврокомесарот Штефан Филе вели дека нема план Б за Македонија. Дали тоа значи дека ако не се реши името Македонија ќе остане црна дупка во регионот, во смисла на стабилност и инвестирање?
- Тоа дека нема план Б значи дека за вашата земја нема алтернатива надвор од Европската Унија и дека ние сме убедени оти прашањето за името ќе биде решено.
Лисабонскиот договор донесе институционални промени во ЕУ, но структурата е се’ уште нејасна. Ако претседателот Обама, на пример сака да телефонира во ЕУ, кого ќе побара, кој е лидер на Унијата?
- Претседателот на Европскиот совет, Ван Ромпуј и претседателот на Европската комисија Баросо, според Договорот, се надворешни претставници на Европската Унија, на претседателско ниво. Тој може да побара кој било од нив, во зависност од прашањето.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
СМЕЕ ЛИ ТРЕТИ МАРТ (САН СТЕФАНО) ДА БИДЕ БУГАРСКИ НАЦИОНАЛЕН ДЕН?
Читај
В ЧЕСТ НА МАКЕДОНСКОТО (КРЕСНЕНСКО) ВЪСТАНИЕ
Читај

Поезија

ЛЮБОВ И БОЛКА НОСЯ ЦЯЛ ЖИВОТ!

Коренът ми е от Беровско. Преди около двеста години, през смутните кърджалийски времена, моят прапрадядо заедно с цялото си семейство напуска родния си край и се заселва в Баскалци, едно от 12-те игуменски села в Огражден. След Балканските войни в началото на миналия век дядо ми се преселва в голямото подгорско село Коларово.
Роден съм през 1944 година в град Петрич, полегнал в полите на най-нежната, но най-тъжна планина на Македония – Беласица, голготата, на която македонската земя е разпъната на кръст.
През целия си съзнателен живот открито и с гордост изразявам своята македонска идентичност, поради което многократно съм привикван от органите на бившата ДС да давам обяснения.
Стихове пиша от дете. Една част от тях са посветени на моя роден край, на моята Родина, и макар че не са съвършени, те са огледало на душата ми, на любовта и болката, които нося цял живот.

Петър МИЦКОВ



ЧУМАТА

Буря стогласа в гора извила,
вейки превива,
ломи клоните.
Църна се чума явила
там долу - в Македония.

Всекоя вечер по Беласица
до късна доба горят огньове.
Сам Крали Марко с кон се
понася
да къса робски окови.

Не Крали Марко с коня
препуща,
прангите робски за да
разкъса –
чужди войници, майко,
със пушки
кървави бранят късове.

Помен вековен, жално извила,
душа раздира песен момина:
– Църна се чума явила
там долу - в Mакедония.

(1978 г.)


РОДЕН КРАЙ

Пребродих много кътища и
друми
из Тракия
и по Балкана син,
но все ме вика мойта стара
Струма,
сърцето все ме тегли към
Пирин,

към оня кът,
де вечно съм се раждал,
орисан от утроба
с кръстен знак.
Там –
в стръмните чукари на
Огражден,
дълбоко впит е корена ми як.

От вековете праща по
кръвта ми
надежда за възкръсен бъден
ден
и не сърце,
а ти туптиш в гръдта ми,
мой роден край,
мой свиден кът зелен,

изткан от песни,
от легенди стари,
бродиран с кости свети
в люта бран.
Мой роден край,
разкъсан,
обруган,
открита рана –
и кърви,
и пáри.
Пред теб,
мой свиден,
мой олтар свещен,
запалвам свещ и ничком
коленича
с молитва за възкръсния ти
ден.
Мой роден край,
до болка те обичам.

(1984 г.)


БОЛКА

Аз тук израснах,
тука,
сред Пирина,
тук всяка канара ми е
позната,
с комитите тук пил съм
руйно вино,
кръстосвал съм нашир и длъж
гората,
бой водил съм със хиляди
потери,
ранен и отмалял пълзял
съм по скалите –
умирах и възкръсвах,
пълен с вера,
че ще достигнем извора на
дните.

По-силен бях след всяка нова
рана,
по-упорит след гробове
безмълвни –
изпълваше ме силата
безкрайна
на тия вечни вулканични
хълми.

Сега съм сам,
полека се изкачвам,
повяват утро старите усои,
ята от птици с песни гонят
здрача,
със смях рушат на утрото
покоя.
Ята от птици…
А далеч пред мене –
Беласица с разкъсани гърди
от страшна болка издълбоко
стене,
изгубила надежди и мечти.

(1980 г.)


ПОТОМЪК

Във мен тече,
напук вековете,
извечна струйка
силна,
древна кръв,
пулсирала и в царя на
царете –
гореща,
буйна –
македонска кръв.

И нека съскат гръцките
змийчета,
душата им зловеща
да злобей –
те вечно ще предават
Филип Пети,
ще бъдат вечно с Рим
срещу Персей.

Съседи –
алчна глутница хиени,
ще искат все
да ни унищожат.
Но няма да ни видят на
колени –
достойно ще ги срещнем
всеки път.

(1998 г.)


НА БАЩА МИ

На теб, Родино, вречен бе
баща ми
и затова не жажда за имот,
а любовта към тебе завеща
ми-
любов и болка нося цял
живот.

И все ме брулят ветрове
свирепи,
че непокорен винаги съм бил,
очите вечно някой ми
ослепя -
все иска
мъртъв да е Самуил.

Но аз съм жив!
И няма сила земна
да се пребори с мен,
да ме скове –
душата ми
с родината във мене
подвластна само е
на богове.

(1999 г.)


Нова книга

ИЗ МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЯ

Излезе от печат поредната нова книга на известния македонски автор Сариса Параос - “Святий цар Давид”. По същество творбата е исторически очерк за един от синовете на комит Никола и брат на Самуил.
Книгата може да намерите в редакцията на в. “Народна воля”. Цената е символична - 2 лева.


Македонија пее

УЧИ МЕ МАЈКО, КАРАЈ МЕ

Учи ме мајко, карај ме,
како да ја земам Лилјана,
Лилјана мома убава,
Лилјана бела и црвена,
Лилјана тенка висока,
Лилјана ситен босилок,
Лилјана цвеќе шарено,
Лилјана една на мајка.

Учам те сине, карам те,
повикај триста мајстори,
направи чешма шарена,
наврати вода студена,
сите селани ќе дојдат,
и Лилјанини другарки,
ем, сите калеш невести,
белким Лилјана ќе дојде.

Послушал Стојан мајка си,
повикал триста мајстори,
направил чешма шарена,
навратил вода студена,
сите селани дојдоа,
и Лилјанини другарки,
ем, сите калеш невести,
кучка Лилјана не дојде.

КАКО ШТО Е ОВАА ЧАША ПОЛНА СО ВИНО

Како што е ова чаша полна со вино, (2)
така е и мојто срце полно с’јадови. (2)

Дај да пијам, мила мамо, да се опијам, (2)
јадовите, мила мамо, да заборавам! (2)

Ја послушај, мили синко, стара си мајка, (2)
и да пијаш, мили синко, фајде си нема. (2)

Ја земи си, мили синко, пушка берданка,
и појди си, мили синко, в гора зелена,
там ќе најдеш, мили синко, верна дружина,
јадовите мили синко ќе заборавиш.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting