Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Жива историја

СВЕДОШТВА НА ПРОТЕРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈОТ

(Продолжува од минатиот број)

По одбиениот напад јас и една моја соборничка, се засолнавме во дупка, претпоставував дека повторно ќе се повтори бомбардирањето.
Еден пушкар на МАИ, кој беше многу добар стрелец, стрелаше целно кон нас и ни ја погоди лентата од митралезот, а јас се здобив со мала гребнатинка на челото. По прекинот на бомбардирањето настапи втора поинтензивна офанзива. Непријателот се доближи на околу 300 метри оддалеченост. Бев добар стрелец на таа оддалеченост, напаѓачите во паника се повлекуваа. Овој пат бомбардирањето се повтори и со ракетирање од авиони, а една граната падна во близина на нашата позиција, но за среќа не бевме погодени. Војниците на ДАГ панично се повлекуваа кон селото Буф и кон слободната територија”.

ТАТКО МИ ГО ТЕПАА ПРЕД ЦЕЛО СЕЛО

Ташо Чапканов Мицев е роден 1931 година во село Нисја, Воденско. Иако учел на грчки јазик, сакал да зборува на мајчиниот македонски јазик и затоа добивал многу ќотек од учителот. Се сеќава и на тоа како учителот скршил 21 прачка удирајќи го по рацете, само затоа што зборувал на македонски. Од 45 деца кои учеле во училиштето само еден се погрчил, а останатите не се покориле. Дома во семејството, па дури и надвор, зборувале на македонски јазик. Иако Воденско е чисто македонска област, според кажувањата на соговорникот, се делела на гркомани и бугарофили. Горното маало ги нарекувале бугарофили, а Долното маало биле гркомани, кои ги кодошеле Македонците, а го кодошеле и Ташо. Го шпионирале и кога тој одел во планините за да му носи храна и облека на неговиот татко кој, исто така, бил партизан.

НЕ ОСТАВИЈА ДА НЕ ИЗГОРИ СОНЦЕТО

“Знаев каде се наоѓа неговиот штаб. Ме следеа грчките шпиони од нашето село, од Долно маало. Секогаш ме пресретнуваа и ме прашуваа дали сум се видел со татко ми. Јас кажував дека одам да берам дрва. Но, еднаш ме открија. Дојде цела чета грчки платеници и неколкумина, меѓу кои и јас, не мачеа, не врзаа со јаже, не малтретираа само за да кажеме каде ни се татковците. Не однесоа на изворите Корада, а потоа кај командирот на таа платена војска. Не плашеа, пукаа во воздух, но ништо не им кажавме. Не однесоа во лозјето, не врзаа за една кајсија, не тепаа. Командирот почна да ме милува и да ме наговара за да кажам каде е татко ми. Тогаш се појави еден наш роднина за кој знаев дека е шпион од селото. Тој ми рече дека доколку им кажам каде е татко ми нема да го судат. Откако ништо не им реков, не соблекоа голи, не нурнаа со главата во водата во изворите Корада, не оставија да не изгори сонцето. Цел ден не мачеа, се заканија дека ќе ни ја запалат куќата и дека ќе ни ги земат сите свињи. На крај јас кажав погрешна информација. По нивна наредба тргнавме на тоа место, но за наша среќа од Руселенската котлина пукна некоја пушка. Тие се разбегаа, нас не ослободија”.
Наредниот ден Ташо повторно заминал во коријата каде бил татко му. По посетата тој го испратил до лозјето и му кажал дека утредента сака да се види со сопругата. Но, во раните утрински часови непријателите почнале да пукаат на два километра од нивната куќа.

ГИ ВРЗАЛЕ НА СРЕД СЕЛО И ГИ УБИЛЕ

“На 24 јули 1946 година - додава соговорникот - татко ми беше фатен на планината Ниџе, Голем Камен. Во една пештера беше скриен реонскиот комитет. Дојде четата на Коминото (платениците) и ги опколи.
Едниот го убија на лице место, другиот беше ранет, татко ми жив го фатија, го однесоа во селото и го тепаа пред сите селани. Велеа дека сме му правеле големо зло на селото, но не беше така. Истиот ден кога почна пукањето излеговме и јас и браќата. Ги пуштив свињите, а оние кои претходно ме тепаа гледаа како јас одам со свињите, ми се потсмеваа, велејќи ми - ти не ни кажа каде е татко ти, но ние сами го најдовме. Земи го коњот од гумното за да го товариш татко ти. Јас им велам - вас ќе ве товарам. Сепак, татко ми го заробија. На заминување се гушнавме, тој ми даде список со 12 шпиони од селото и ме посоветува цело семејство да одиме во партизани. Подоцна му ја исполнивме желбата”.
Нашиот соговорник, со списокот кој му го дал татко му, заминал во теовската корија, каде се наоѓал Штабот на партизанската единица на реонскиот комитет. Ја пренел информацијата за заробувањето на татко му, по што тие му рекле дека вечерта ќе дојдат во селото.
Како што му кажале така и направиле. Го опколиле селото, а неколку шпиони побегнале. Од 12 пронашле само четворица. Ги врзале на сред село и ги убиле, им наредиле на селаните никој до раните утрински часови да не ги допре мртвите тела за другите да гледаат дека тоа што го правеле кодошите тоа и ги нашло. Ветиле дека ќе ги најдат и останатите кодоши. Кога се разденило непријателите почнале да пукаат по партизаните, семејството на нашиот соговорник било скриено. Монархофашистите ги закопале умрените со сите почести. Братот на Ташо сакал да го посети татко им кој бил однесен во затвор во Воден, но поради тоа што ги навредил џандарите бил претепан и сместен во болница. Ташо и мајка му заминале за Воден, за тој да го посети братот во болница, а мајка му да го посети сопругот. Во болницата нашиот соговорник го видел брат му, дури и успеал да го извлече од таму. Но, не за долго. Монархофашистите го пронашле и го затвориле.
На 27 јули почнало судењето на татко му, а на 28 го стрелале. Тоа било еден ден по стрелањето на Мирка Гинова. Четата на Мирка Гинова била фатена на 22 јули, а на неговиот татко на 24 јули.
Откако го убиле татко му цело семејство заминало во планините. Прва дестинација им била Кациката во бањата “Пожарско”, каде имало и болница. Мајка му подготвувала храна за партизаните, а го дале и целиот добиток кој го имале. Селото било опустошено од монархофашистите. По три-четири месеци мајка им ја пренеле во тогашна Југославија, во Булкес, Војводина. Десеттина од единицата во која бил и нашиот соговорник биле задолжени за поставување мини на патот за Лерин, на Мухарем хан.
Мини ставале два пати во Воден, еднаш нашиот соговорник фрлил бомба на гимназијата. На Кајмакчалан почнале офанзивите. Се формирала чета за Грамос. Сите штабови се споиле во едно. Преку Лерин заминале во Костурско, потоа на фронтот на Грамос.

ЗАГИНАА 700 ЛУЃЕ

“Почнаа големите борби, загинаа 700 луѓе. Нашата чета од Воденско беше составена од 128 борци, а на Грамос заминавме сите чети, вкупно бевме 3.000 борци. Борби се водеа до крај, кога се фрлија двајца младинци на ЕПОН, една девојка и две момчиња. Се фрлија од врвот Клефти на Грамос, не можеа да се спасат, беа опколени, но живи не се предадоа.
Се повлековме во Руља, Брезница, Костурско. Се собравме 14., 16., и 18. дивизија. Дојде Маркос и ни соопшти дека ќе се бориме партизански, не фронтално, бидејќи Грамос го изгубивме, планините ги браниме, градовите остануваат. Требаше од 10 до 20 души да одиме по селата и градовите. Чекавме наредби, но Захаријадис рече дека ќе се бориме фронтално, цел му беше да се истребат Македонците”, вели Ташо.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА ЌЕ МОЖАТ ДА ФОРМИРААТ СВОЕ ЗДРУЖЕНИЕ
Читај
ПРАТЕНИКОТ СТЕРЈОВСКИ ПОБАРА ОД ВЛАДАТА ПОГОЛЕМА ГРИЖА ЗА ОПШТИНА ПУСТЕЦ
Читај

Поезија

ЛЮБОВ И БОЛКА НОСЯ ЦЯЛ ЖИВОТ!

Коренът ми е от Беровско. Преди около двеста години, през смутните кърджалийски времена, моят прапрадядо заедно с цялото си семейство напуска родния си край и се заселва в Баскалци, едно от 12-те игуменски села в Огражден. След Балканските войни в началото на миналия век дядо ми се преселва в голямото подгорско село Коларово.
Роден съм през 1944 година в град Петрич, полегнал в полите на най-нежната, но най-тъжна планина на Македония – Беласица, голготата, на която македонската земя е разпъната на кръст.
През целия си съзнателен живот открито и с гордост изразявам своята македонска идентичност, поради което многократно съм привикван от органите на бившата ДС да давам обяснения.
Стихове пиша от дете. Една част от тях са посветени на моя роден край, на моята Родина, и макар че не са съвършени, те са огледало на душата ми, на любовта и болката, които нося цял живот.

Петър МИЦКОВ



ЧУМАТА

Буря стогласа в гора извила,
вейки превива,
ломи клоните.
Църна се чума явила
там долу - в Македония.

Всекоя вечер по Беласица
до късна доба горят огньове.
Сам Крали Марко с кон се
понася
да къса робски окови.

Не Крали Марко с коня
препуща,
прангите робски за да
разкъса –
чужди войници, майко,
със пушки
кървави бранят късове.

Помен вековен, жално извила,
душа раздира песен момина:
– Църна се чума явила
там долу - в Mакедония.

(1978 г.)


РОДЕН КРАЙ

Пребродих много кътища и
друми
из Тракия
и по Балкана син,
но все ме вика мойта стара
Струма,
сърцето все ме тегли към
Пирин,

към оня кът,
де вечно съм се раждал,
орисан от утроба
с кръстен знак.
Там –
в стръмните чукари на
Огражден,
дълбоко впит е корена ми як.

От вековете праща по
кръвта ми
надежда за възкръсен бъден
ден
и не сърце,
а ти туптиш в гръдта ми,
мой роден край,
мой свиден кът зелен,

изткан от песни,
от легенди стари,
бродиран с кости свети
в люта бран.
Мой роден край,
разкъсан,
обруган,
открита рана –
и кърви,
и пáри.
Пред теб,
мой свиден,
мой олтар свещен,
запалвам свещ и ничком
коленича
с молитва за възкръсния ти
ден.
Мой роден край,
до болка те обичам.

(1984 г.)


БОЛКА

Аз тук израснах,
тука,
сред Пирина,
тук всяка канара ми е
позната,
с комитите тук пил съм
руйно вино,
кръстосвал съм нашир и длъж
гората,
бой водил съм със хиляди
потери,
ранен и отмалял пълзял
съм по скалите –
умирах и възкръсвах,
пълен с вера,
че ще достигнем извора на
дните.

По-силен бях след всяка нова
рана,
по-упорит след гробове
безмълвни –
изпълваше ме силата
безкрайна
на тия вечни вулканични
хълми.

Сега съм сам,
полека се изкачвам,
повяват утро старите усои,
ята от птици с песни гонят
здрача,
със смях рушат на утрото
покоя.
Ята от птици…
А далеч пред мене –
Беласица с разкъсани гърди
от страшна болка издълбоко
стене,
изгубила надежди и мечти.

(1980 г.)


ПОТОМЪК

Във мен тече,
напук вековете,
извечна струйка
силна,
древна кръв,
пулсирала и в царя на
царете –
гореща,
буйна –
македонска кръв.

И нека съскат гръцките
змийчета,
душата им зловеща
да злобей –
те вечно ще предават
Филип Пети,
ще бъдат вечно с Рим
срещу Персей.

Съседи –
алчна глутница хиени,
ще искат все
да ни унищожат.
Но няма да ни видят на
колени –
достойно ще ги срещнем
всеки път.

(1998 г.)


НА БАЩА МИ

На теб, Родино, вречен бе
баща ми
и затова не жажда за имот,
а любовта към тебе завеща
ми-
любов и болка нося цял
живот.

И все ме брулят ветрове
свирепи,
че непокорен винаги съм бил,
очите вечно някой ми
ослепя -
все иска
мъртъв да е Самуил.

Но аз съм жив!
И няма сила земна
да се пребори с мен,
да ме скове –
душата ми
с родината във мене
подвластна само е
на богове.

(1999 г.)


Нова книга

ИЗ МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЯ

Излезе от печат поредната нова книга на известния македонски автор Сариса Параос - “Святий цар Давид”. По същество творбата е исторически очерк за един от синовете на комит Никола и брат на Самуил.
Книгата може да намерите в редакцията на в. “Народна воля”. Цената е символична - 2 лева.


Македонија пее

УЧИ МЕ МАЈКО, КАРАЈ МЕ

Учи ме мајко, карај ме,
како да ја земам Лилјана,
Лилјана мома убава,
Лилјана бела и црвена,
Лилјана тенка висока,
Лилјана ситен босилок,
Лилјана цвеќе шарено,
Лилјана една на мајка.

Учам те сине, карам те,
повикај триста мајстори,
направи чешма шарена,
наврати вода студена,
сите селани ќе дојдат,
и Лилјанини другарки,
ем, сите калеш невести,
белким Лилјана ќе дојде.

Послушал Стојан мајка си,
повикал триста мајстори,
направил чешма шарена,
навратил вода студена,
сите селани дојдоа,
и Лилјанини другарки,
ем, сите калеш невести,
кучка Лилјана не дојде.

КАКО ШТО Е ОВАА ЧАША ПОЛНА СО ВИНО

Како што е ова чаша полна со вино, (2)
така е и мојто срце полно с’јадови. (2)

Дај да пијам, мила мамо, да се опијам, (2)
јадовите, мила мамо, да заборавам! (2)

Ја послушај, мили синко, стара си мајка, (2)
и да пијаш, мили синко, фајде си нема. (2)

Ја земи си, мили синко, пушка берданка,
и појди си, мили синко, в гора зелена,
там ќе најдеш, мили синко, верна дружина,
јадовите мили синко ќе заборавиш.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting