Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Даниел Кон-Бендит, лидер на европските зелени

СЕГА Е ШАНСАТА ДА СЕ ПРИТИСНЕ ГРЦИЈА

(Преземено од МИМ)

Даниел Кон-Бендит, копретседател на групата на зелените во Европскиот парламент и еден од лидерите на новото политичко движење во Франција, Европа-екологија, за „Утрински весник“ се осврнува на проблемот со блокадата на европската интеграција на Македонија поради нерешеното прашање за името. Лидерот на студентските протести во мај 1968 година, во Франција, смета дека сега е шанса да се изврши притисок врз Грција за да направи отстапки за ова прашање, во замена за помошта што ќе ја добие од Европската унија. Кон-Бендит проблемот на Македонија го споредува со тој на Кипар, во кој до израз дојде немоќта на ЕУ да најде решение. Решението за излез од проблемот со името, според него, сепак, не може да дојде однадвор, бидејќи партијата се игра во Македонија и во Грција.
- Господине Кон-Бендит, Вие и’ станавте познат на македонската јавност со Вашата дискусија во Европскиот парламент, кога отворено изјавивте што мислите за проблемот со името на Македонија.
- Во однос на проблемот со името на Македонија јас отсекогаш имам едноставна позиција. Јас велам Македонија е Македонија и ќе остане Македонија. Потребно е да се прекине со оваа игра. Но, тука, преку овој проблем, се гледа проблемот на сите одлуки што треба да се донесат едногласно во ЕУ. Се’ додека Грција ја блокира одлуката за преговори за Македонија тоа претставува проблем и во функционирањето на ЕУ. Сега постои можност вистински да преговараме со Грција за помошта за нејзин излез од кризата и за грчко попуштање во однос на името на Македонија. Тоа, можеби, би било можност да се излезе од ќор-сокакот.
- Но, како може да се излезе од ќор-сокакот што ја блокира европската интеграција на Македонија?
- Тоа може да се постигне така што ќе се врши притисок врз Грција да ја деблокира блокадата. Но, како што знаете, ние ја изгубивме битката со Кипар. Сега, како реакција на тоа, турската заедница избра националист за свој предводник, кој ја прави ситуацијата уште посложена. Ова, всушност, е во интерес на грчките националисти. Сега грчките кипарски националисти ќе можат да ги покажуваат со прст турските националисти и обратно. Тоа е резултат на немоќта на Европа со години да предложи и да наметне едно решение за Кипар.
- Што мислите за притисоците што се вршат врз Македонија за менување на името?
- Јас ви велам отворено - ова не е мојата шолја чај (не ми се допаѓа). Ако Македонија сака да си го зачува името Македонија, тоа мене ми одговара. Ако Македонија сака да си го промени името, тоа го прифаќам. Околу ова име направивме големо националистичко наддавање, како во Македонија, така и во Грција. Мислам дека би било добро да се истушираат за да се смират сите. Во спротивно, нема да излеземе од проблемот.
- Политичката група на европските зелени секогаш и’ даваше поддршка на Македонија. Дали таа може да поведе иницијатива за решавање на проблемот?
- Би можеле да поведеме иницијатива, тоа би било иницијатива на компромис, под услов ако двете страни се подготвени да прифатат компромис. Засега реакцијата околу идентитетот е таа што блокира се’ кај двете страни.
- Дали Европа може да игра поголема улога во решавањето на проблемот, кој од почетокот е во ОН?
- Секој му го дава жешкиот компир на другиот. Според мене, партијата се игра во Македонија и во Грција. Тие се оние што треба да станат поразумни. Тоа е истото она го знаеме со кипарските Грци и кипарските Турци. Ако не се рационални и ако не се раздвижат, тогаш не може да се најде решение меѓу Македонија и Грција. Кога постои националистичко лудило тогаш тешко може да се запре тоа.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ВО БУГАРИЈА ЌЕ МОЖАТ ДА ФОРМИРААТ СВОЕ ЗДРУЖЕНИЕ
Читај
ПРАТЕНИКОТ СТЕРЈОВСКИ ПОБАРА ОД ВЛАДАТА ПОГОЛЕМА ГРИЖА ЗА ОПШТИНА ПУСТЕЦ
Читај

Поезија

ЛЮБОВ И БОЛКА НОСЯ ЦЯЛ ЖИВОТ!

Коренът ми е от Беровско. Преди около двеста години, през смутните кърджалийски времена, моят прапрадядо заедно с цялото си семейство напуска родния си край и се заселва в Баскалци, едно от 12-те игуменски села в Огражден. След Балканските войни в началото на миналия век дядо ми се преселва в голямото подгорско село Коларово.
Роден съм през 1944 година в град Петрич, полегнал в полите на най-нежната, но най-тъжна планина на Македония – Беласица, голготата, на която македонската земя е разпъната на кръст.
През целия си съзнателен живот открито и с гордост изразявам своята македонска идентичност, поради което многократно съм привикван от органите на бившата ДС да давам обяснения.
Стихове пиша от дете. Една част от тях са посветени на моя роден край, на моята Родина, и макар че не са съвършени, те са огледало на душата ми, на любовта и болката, които нося цял живот.

Петър МИЦКОВ



ЧУМАТА

Буря стогласа в гора извила,
вейки превива,
ломи клоните.
Църна се чума явила
там долу - в Македония.

Всекоя вечер по Беласица
до късна доба горят огньове.
Сам Крали Марко с кон се
понася
да къса робски окови.

Не Крали Марко с коня
препуща,
прангите робски за да
разкъса –
чужди войници, майко,
със пушки
кървави бранят късове.

Помен вековен, жално извила,
душа раздира песен момина:
– Църна се чума явила
там долу - в Mакедония.

(1978 г.)


РОДЕН КРАЙ

Пребродих много кътища и
друми
из Тракия
и по Балкана син,
но все ме вика мойта стара
Струма,
сърцето все ме тегли към
Пирин,

към оня кът,
де вечно съм се раждал,
орисан от утроба
с кръстен знак.
Там –
в стръмните чукари на
Огражден,
дълбоко впит е корена ми як.

От вековете праща по
кръвта ми
надежда за възкръсен бъден
ден
и не сърце,
а ти туптиш в гръдта ми,
мой роден край,
мой свиден кът зелен,

изткан от песни,
от легенди стари,
бродиран с кости свети
в люта бран.
Мой роден край,
разкъсан,
обруган,
открита рана –
и кърви,
и пáри.
Пред теб,
мой свиден,
мой олтар свещен,
запалвам свещ и ничком
коленича
с молитва за възкръсния ти
ден.
Мой роден край,
до болка те обичам.

(1984 г.)


БОЛКА

Аз тук израснах,
тука,
сред Пирина,
тук всяка канара ми е
позната,
с комитите тук пил съм
руйно вино,
кръстосвал съм нашир и длъж
гората,
бой водил съм със хиляди
потери,
ранен и отмалял пълзял
съм по скалите –
умирах и възкръсвах,
пълен с вера,
че ще достигнем извора на
дните.

По-силен бях след всяка нова
рана,
по-упорит след гробове
безмълвни –
изпълваше ме силата
безкрайна
на тия вечни вулканични
хълми.

Сега съм сам,
полека се изкачвам,
повяват утро старите усои,
ята от птици с песни гонят
здрача,
със смях рушат на утрото
покоя.
Ята от птици…
А далеч пред мене –
Беласица с разкъсани гърди
от страшна болка издълбоко
стене,
изгубила надежди и мечти.

(1980 г.)


ПОТОМЪК

Във мен тече,
напук вековете,
извечна струйка
силна,
древна кръв,
пулсирала и в царя на
царете –
гореща,
буйна –
македонска кръв.

И нека съскат гръцките
змийчета,
душата им зловеща
да злобей –
те вечно ще предават
Филип Пети,
ще бъдат вечно с Рим
срещу Персей.

Съседи –
алчна глутница хиени,
ще искат все
да ни унищожат.
Но няма да ни видят на
колени –
достойно ще ги срещнем
всеки път.

(1998 г.)


НА БАЩА МИ

На теб, Родино, вречен бе
баща ми
и затова не жажда за имот,
а любовта към тебе завеща
ми-
любов и болка нося цял
живот.

И все ме брулят ветрове
свирепи,
че непокорен винаги съм бил,
очите вечно някой ми
ослепя -
все иска
мъртъв да е Самуил.

Но аз съм жив!
И няма сила земна
да се пребори с мен,
да ме скове –
душата ми
с родината във мене
подвластна само е
на богове.

(1999 г.)


Нова книга

ИЗ МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЯ

Излезе от печат поредната нова книга на известния македонски автор Сариса Параос - “Святий цар Давид”. По същество творбата е исторически очерк за един от синовете на комит Никола и брат на Самуил.
Книгата може да намерите в редакцията на в. “Народна воля”. Цената е символична - 2 лева.


Македонија пее

УЧИ МЕ МАЈКО, КАРАЈ МЕ

Учи ме мајко, карај ме,
како да ја земам Лилјана,
Лилјана мома убава,
Лилјана бела и црвена,
Лилјана тенка висока,
Лилјана ситен босилок,
Лилјана цвеќе шарено,
Лилјана една на мајка.

Учам те сине, карам те,
повикај триста мајстори,
направи чешма шарена,
наврати вода студена,
сите селани ќе дојдат,
и Лилјанини другарки,
ем, сите калеш невести,
белким Лилјана ќе дојде.

Послушал Стојан мајка си,
повикал триста мајстори,
направил чешма шарена,
навратил вода студена,
сите селани дојдоа,
и Лилјанини другарки,
ем, сите калеш невести,
кучка Лилјана не дојде.

КАКО ШТО Е ОВАА ЧАША ПОЛНА СО ВИНО

Како што е ова чаша полна со вино, (2)
така е и мојто срце полно с’јадови. (2)

Дај да пијам, мила мамо, да се опијам, (2)
јадовите, мила мамо, да заборавам! (2)

Ја послушај, мили синко, стара си мајка, (2)
и да пијаш, мили синко, фајде си нема. (2)

Ја земи си, мили синко, пушка берданка,
и појди си, мили синко, в гора зелена,
там ќе најдеш, мили синко, верна дружина,
јадовите мили синко ќе заборавиш.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting