Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Позиција

ОТВОРЕНО ЗА ЉУБОВТА И ОМРАЗАТА

Стефан Влахов-Мицов

По повод омразата бугарската Википедија вели: „се мразат луѓе или организации кои што го загрозуваат напредокот или осуштествувањето на луѓето, вршат политичко или физичко тормозење и нанесуваат штети или загуби”. Дали Бугарија ја загрозува Република Македонија?
Повеќе пати официјална Софија вели дека нема територијални претензии кон македонската држава и дека ја признава. Постоењето на амбасади во двете држави е израз на заемното официјално признавање. Само што тоа е формалната страна на нештата.
Откажуваат да се признае македонскиот идентитет и јазик од една страна, и се стремат за мешање во дејноста на македонските институции (правосудство, образование). Од друга, во практика го загрозува суштествувањето на Р. Македонија. И повеќе, официјална Софија сака да иницира меѓународен притисок врз македонската држава за промена на нејзината надворешна и внатрешна политика. Дали со тоа однесување Бугарија нанесува штети и загуби на Р. Македонија? Да, нанесува. Дали врши психичко и физичко тормозење? Да, категорично. Психичкиот притисок се изразува со посредство на постојани медиумски кампањи против современите македонски институции и раководители, јазикот, историјата, културата на македонските граѓани. Таков притисок се насочува и врз македонските студенти во Бугарија. Друго е прашањето што тоа многу често дава обратен ефект, како што забележал белгискиот професор Рејмонд Детрев: „Имав една студентка Македонка со прилично рамнодушен однос кон својот национален идентитет, која што со најдобри чувства и без никакви предрасуди замина, со моја препорака, еден семестар да ислуша во Бугарија. Се врати како голема Македонка. Толку и било смачено од постојаното натурање на Бугарите, не само на колегите студенти туку и на случајно сретнати млади луѓе по плажите дека немало Македонци, дека таа не знаела дека е Бугарка” (в. „Култура“). Од своето искуство можам да дадам десетици примери за притисок врз македонски студенти, кои што во 2005 и 2006 г. доаѓаа во Македонскиот културен центар во Софија со поплаки. Проблеми со студирањето на Софискиот универзитет имаше дури и синот на еден од македонските дипломати. Бугарските институции (главно МВР) пројавуваат и физичко тормозење над тукашното македонско малцинство.
Имајќи ги во предвид погореизнесените факти дали Македонците во Бугарија и тие во Р. Македонија имаат основа да ја мразат официјална Софија? Да, имаат полно право. Како поинаку да се однесувате кон држава која што не ги признава твоите граѓански и малцински права или која ти го оспорува јазикот на кој што зборуваш и пишуваш, книгите што ги читаш и самочувството што го имаш?
Законското поседување на имот се потврдува со нотарски акт. Законското суштествување на една држава се заснова на нејзиното меѓународно признавање. Се поизвесно е дека приватната сопственост е „света и неприкосновена”. Поинаку кажано индивидуата може слободно да располага со својот имот, како што смета дека е најдобро. Ако има куќа може да ја преправа, да ја пребојадисува, да го промени мебелот и т. н. Ако не му се допаѓа може да ја урне и да изгради друга на нејзиното место. Може во својот дом и на својот имот да поставува нешта кои за него имаат вредност, без разлика дали неговиот вредносен систем се совпаѓа со тој на останатите граѓани. Впрочем, таква беше и аргументацијата на Драги Карев, кој што во својот двор постави биста на Тодор Александров и на Ванчо Михајлов. Само што се добива? Сопственикот на еден двор има право со него да стопанисува според своите интереси, а една меѓународно признаена држава како Р. Македонија, членка на ООН, не може да ја управува својата територија според интересите на своите граѓани. Врз каква основа Карев постави биста на Михајлов, а македонската држава не може да го нарече аеродромот „Александар Македонски”, да му подига споменици и сл. Ако Александар не се имаше наречено Македонец, туку Грк, о. к. нека протестира Грција макар што дури и во таквиот случај една држава може да именува плоштади, улици и да подига споменици како што сака. Од таа причина во Бугарија масовно се именуваат плоштади, училишта и улици по Македонци, а Грција го прави тоа со Филип и Александар Македонски. И воопшто изразот „македонски” е цепосно комерцијализиран од неа. Излегува дека македонските соседи можат да црпат со полни шаки од македонското историско наследство, а македонската држава нема право на тоа. Невидена и нечуена ароганција!
Кога говори за македонската „омраза” кон Бугарија бугарската пропаганда смислено претура се во еден ќуп. Практиката покажува дека ниту Македонците ги мразат Бугарите, ниту обичните Бугари ги мразат Македонците. И едните и другите немаат што да делат. За време на несреќата со бугарските туристи во Охридско Езеро на помош притекнаа македонски граѓани. И токму благодарение на нив две третини од оние што се давеа беа спасени. Бугарскиот претседател Прванов долета во Охрид за да се фотографира со спасените, но тој не ги извади од водата, ниту некоја институција. Напротив, премиерот Борисов и бугарските медиуми создадоа напрегнатост со изјави за „вината’ на Македонците, за некакви македонски лекари, кои што од настраданите барале пари и сп. Народната мудрост вели: Ако не можеш да помогнеш барем не одмагај. Случајот со бугарските туристи покажа како политиката ги труе односите меѓу Бугарите и Македонците. Обичните македонски граѓани ги зачуваа правилата на гостопримството и направија што можеа. Но, ги запази ли тие правила и еден бугарски лекар кој што пред некое време се пожали во в. „Вера” дека бил загрозен од македонски туристички водич затоа што се обидел да му одржи предавање за „бугарскиот” цар Самуил. Прашувам: Како ќе се почувствува тој лекар ако некој професионален историчар посака да му одржи лекција од медицина во болницата? Секој Бугарин си вообразува дека се разбира од политика, од фудбал и од историја. Врз основа на што - затоа што оди да гласа, оди на натпревар или посетува историски објекги? Во последните две децении Бугарите постојано избираат политичари на кои подоцна им се потсмеваат. А националната репрезентација, со исклучок на 1994 г. е многу слаба, за клупскиот фудбал и да не говорам. И од каде таа увереност дека „Македонија е бугарска”? Тоа го учеле на училиште и така пишувало во книгите. Лекарите еден ден тврдат дека млекото, медот, чоколадото, дури и лебот, се штетни за човечкиот организам, другиот ден спротивно. Не сум забележал на консумацијата на тие продукги и производи во Бугарија да се влијае од напишаното.
Значи, кога сака Бугаринот може да мисли со своја глава. Друго прашање е дека понекогаш му одговара да си ги лечи комплексите со историски провокации.
Има и нешто друго, кое што исто така е поврзано со знаењето и мудроста. Се нарекува воспитување. Кога си во туѓина зборовите на туристичкиот водич наместо да те возбудуваат да влегуваш во полемики со него треба да те предизвикаат да научиш повеќе за другата гледна точка. Дали некој оди во туѓ дом за да направи скандал на домаќините со ризик да му биде покажана вратата. Истото однесување е задолжитепно и ако се наоѓаш во друга држава.
За среќа се повеќе бугарски граѓани сфаќаат дека политичарите ги манипулираат во однос на Македонија. Доказ за тоа е и дека ултранационалистичка формација како Каракачановото ВМРО има се помалку членови и приврзаници. Како што напиша пред неколку дена еден аналитичар: „ Карактеристика за неа е што и да се случува кај нас, таа знае само едно и едно си бае: Македонија, па Македонија. Застанала во проблем кој датира од пред повеќе од еден век којшто, инаку, може да биде романтичен дел од бугарската историја, но уште Стефан Стамболов увидел дека нема како да биде решен. На ВМРО со години и бега современа Бугарија. Точно затоа во нашата држава во моментот името „Македонија” не дејствува на никаков начин на избирачите и ниту го зголемува ниту го намалува рејтингот”. Бугарскиот политички емигрант и националист др Иван Гоцев дирекгно рече: „Денешната ВМРО не е во состојба да помогне со ништо за Македонија освен да ги влоши добрите односи на Бугарија со нејзините соседи” (в. „Вера”).
Намалениот степен на емоции кон Р. Македонија од страна на бугарските граѓани (жестоката државна и медиумска кампања по повод Спаска Митрова даде спротивни резултати) ги прави можни добрососедските односи во иднина. Кога официјална Софија ќе разбере дека за Бугарите македонската држава не е поспецијална отколку другите европски држави ќе биде принудена да ја запре националистичката доктрина кон неа. Во едно скорашно интервју фолк пејачот Рајко Кирилов рече; „јас сум бил многу пати во Македонија. Не не сакаат, им се допаѓаме како пејачи но, не ги сакаат Бугарите, не знам зошто. Имам прва награда од фестивалот „Тетовски филиграни”. Ако Македонците ги мразат Бугарите немало Кирилов и други интерпретатори како него да добиваат македонски награди и публиката да им ракоплеска. Со два збора, тие се ценети и уважувани заради своето мајсторство. Како и останатите странски пејачи, уметници, режисери и т. н. Љубовта, значи, е друга категорија. За да сакаш некого треба да го чувствуваш толку близок за да имаш полна доверба во него. Со агресивната политика на Софија кон македонската држава можат ли Македонците да ги сакаат Бугарите за вечни пријатели? И особено такви Бугари како Р. Кирилов кој што ја споделува бугарската националистичка доктрина.
Куриозитет е што токму официјална Бугарија бара пријателство од Македонците. И тоа не кон бугарските граѓани, кон кои и во Република Македонија се покажуваат симпатии. Туку кон себе си како државна институција, Врз каква основа?
Најчесто истакнуван мотив е признавањето на Р. Македонија од Бугарија на 15 април 1992 г. Само што тие што тогаш го направија официјалното признавање одамна не се во бугарската политика. И повеќе од тоа, тие го направија тоа и покрај жестокото спротивставување на политичарите кои денес управуваат со Бугарија. Излегува дека Македонците треба да ги сакаат оние кои што секогаш биле против нивната држава. Друг посочуван мотив се подарените бугарски тенкови на македонската армија. Тие беа излишни заради реформата на бугарската армија. Наместо да ги испрати за уништување, Бугарија претпочиташе да ги подари во знак на пријателство. Вистинско пријателство означува да се лишиш од нешто вредно и судбински важно заради својот пријател. А не да го потценуваш со старудии. Случајот со тенковите е илустрација за дискриминаторскиот однос на Бугарија кон Македонците.
Тоа јасно и категорично се гледа и за време на двете окупации (“ослободувања” според бугарската пропаганда) на Македонија од бугарската армија за време на Првата и Втората светска војна. И во двата случаи Германија беше сојузник на Бугарија. Но и покрај тоа германските експерти ги пренесуваат објективните историски факти. Во еден подробен извештај за ситуацијата во Македонија од 28 септември 1943 г. наменет за раководителите на германскиот Рајх се вели: „Одбивноста кон Бугарите произлегува од многу причини, а особено од погледот на животот што е поинаков за Македонците. Бугарските службеници на македонската територија во свои раце ги држат значајните, меродавните и најпрофитабилните места во управата, додека Македонците се ставаат на подредени места, што тие го сметаат за понижување и не иожат да се согласат со „ослободувањето”. И уште: „Бугарските учители во народните и средните училишта ги воспитуваат децата да станат шовинистички Бугари и ги подучуваат да ги мразат и да ги презираат Србите, што често доведува до спротивставеност на родителите, а нив, пак, ги поттикнуваат кон привремени мерки, кои произлегуваат од чист отпор. Со еден збор, старите Бугари се стремат кон тоа да ги обележат Македонците како потполно заведени и неуспешни луѓе со тенденција кај нив да го потхрануваат чувството на пониска вредност и на тој начин без отпор да ги потчинат на своето раководство. Бугарите се служат речиси со истите владејачки методи како и Србите. Следствено на тоа, резултатите се исти. Се до 1941 г. Македонците копнееја за ослободување од Србите, а сега истото го посакуваат и од Бугарите. . . Не земајќи предвид неколку исклучоци мнозинството од старите Бугари остана туѓо за душата на македонскиот народ”. И како заклучок: „Стремежот за независност има цел за целосна автономија на македонскиот народ во со став на една јужнословенска држава”. (Третиот Рајх и Македонија 1941/1945. Документи, ИНИ, Скопје 1996, док. 39)
Не еднаш во последните 130 години официјална Бугарија имала можност да создаде пријателски односи со Македонија и Македонците. И секогаш ја прокоцкувала заради тврдоглавата политика. Ако денес поранешните колонии, особено на Франција и Велика Британија, се во пријателски односи со некогашните свои завојувачи тоа е затоа што последните доброволно се оттргнаа од своите владеења. Откако претходно им ја изградија целата инфраструктура. Спротивно, Софија на гол рид, со чифт пиштоли, продолжува да се ребри на македонската држава. Така потврдува дека и недостасува дури и елементарна визија за добрососедски односи.

(Авторот е универзитетски професор)

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
КОИ СЕ ПОГОЛЕМИ КРЕТЕНИ: ПОЛИТИЧАРИТЕ ИЛИ ИСТОРИЧАРИТЕ?
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ ВО 1900: НЕ МОЖЕ ДА СЕ НАДЕВАМЕ НА ТУЃА ПОМОШ, ДА НЕ ЧЕКАМЕ ПОМОШ ОД БУГАРИЈА
Читај
АТАНАС ШОПОВ ЗА ПОЛОЖЕНИЕТО В МАКЕДОНИЯ
Читај

Поезија

ЛЮБОВ И БОЛКА НОСЯ ЦЯЛ ЖИВОТ!

Коренът ми е от Беровско. Преди около двеста години, през смутните кърджалийски времена, моят прапрадядо заедно с цялото си семейство напуска родния си край и се заселва в Баскалци, едно от 12-те игуменски села в Огражден. След Балканските войни в началото на миналия век дядо ми се преселва в голямото подгорско село Коларово.
Роден съм през 1944 година в град Петрич, полегнал в полите на най-нежната, но най-тъжна планина на Македония – Беласица, голготата, на която македонската земя е разпъната на кръст.
През целия си съзнателен живот открито и с гордост изразявам своята македонска идентичност, поради което многократно съм привикван от органите на бившата ДС да давам обяснения.
Стихове пиша от дете. Една част от тях са посветени на моя роден край, на моята Родина, и макар че не са съвършени, те са огледало на душата ми, на любовта и болката, които нося цял живот.

Петър МИЦКОВ



ЧУМАТА

Буря стогласа в гора извила,
вейки превива,
ломи клоните.
Църна се чума явила
там долу - в Македония.

Всекоя вечер по Беласица
до късна доба горят огньове.
Сам Крали Марко с кон се
понася
да къса робски окови.

Не Крали Марко с коня
препуща,
прангите робски за да
разкъса –
чужди войници, майко,
със пушки
кървави бранят късове.

Помен вековен, жално извила,
душа раздира песен момина:
– Църна се чума явила
там долу - в Mакедония.

(1978 г.)


РОДЕН КРАЙ

Пребродих много кътища и
друми
из Тракия
и по Балкана син,
но все ме вика мойта стара
Струма,
сърцето все ме тегли към
Пирин,

към оня кът,
де вечно съм се раждал,
орисан от утроба
с кръстен знак.
Там –
в стръмните чукари на
Огражден,
дълбоко впит е корена ми як.

От вековете праща по
кръвта ми
надежда за възкръсен бъден
ден
и не сърце,
а ти туптиш в гръдта ми,
мой роден край,
мой свиден кът зелен,

изткан от песни,
от легенди стари,
бродиран с кости свети
в люта бран.
Мой роден край,
разкъсан,
обруган,
открита рана –
и кърви,
и пáри.
Пред теб,
мой свиден,
мой олтар свещен,
запалвам свещ и ничком
коленича
с молитва за възкръсния ти
ден.
Мой роден край,
до болка те обичам.

(1984 г.)


БОЛКА

Аз тук израснах,
тука,
сред Пирина,
тук всяка канара ми е
позната,
с комитите тук пил съм
руйно вино,
кръстосвал съм нашир и длъж
гората,
бой водил съм със хиляди
потери,
ранен и отмалял пълзял
съм по скалите –
умирах и възкръсвах,
пълен с вера,
че ще достигнем извора на
дните.

По-силен бях след всяка нова
рана,
по-упорит след гробове
безмълвни –
изпълваше ме силата
безкрайна
на тия вечни вулканични
хълми.

Сега съм сам,
полека се изкачвам,
повяват утро старите усои,
ята от птици с песни гонят
здрача,
със смях рушат на утрото
покоя.
Ята от птици…
А далеч пред мене –
Беласица с разкъсани гърди
от страшна болка издълбоко
стене,
изгубила надежди и мечти.

(1980 г.)


ПОТОМЪК

Във мен тече,
напук вековете,
извечна струйка
силна,
древна кръв,
пулсирала и в царя на
царете –
гореща,
буйна –
македонска кръв.

И нека съскат гръцките
змийчета,
душата им зловеща
да злобей –
те вечно ще предават
Филип Пети,
ще бъдат вечно с Рим
срещу Персей.

Съседи –
алчна глутница хиени,
ще искат все
да ни унищожат.
Но няма да ни видят на
колени –
достойно ще ги срещнем
всеки път.

(1998 г.)


НА БАЩА МИ

На теб, Родино, вречен бе
баща ми
и затова не жажда за имот,
а любовта към тебе завеща
ми-
любов и болка нося цял
живот.

И все ме брулят ветрове
свирепи,
че непокорен винаги съм бил,
очите вечно някой ми
ослепя -
все иска
мъртъв да е Самуил.

Но аз съм жив!
И няма сила земна
да се пребори с мен,
да ме скове –
душата ми
с родината във мене
подвластна само е
на богове.

(1999 г.)


Нова книга

ИЗ МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЯ

Излезе от печат поредната нова книга на известния македонски автор Сариса Параос - “Святий цар Давид”. По същество творбата е исторически очерк за един от синовете на комит Никола и брат на Самуил.
Книгата може да намерите в редакцията на в. “Народна воля”. Цената е символична - 2 лева.


Македонија пее

УЧИ МЕ МАЈКО, КАРАЈ МЕ

Учи ме мајко, карај ме,
како да ја земам Лилјана,
Лилјана мома убава,
Лилјана бела и црвена,
Лилјана тенка висока,
Лилјана ситен босилок,
Лилјана цвеќе шарено,
Лилјана една на мајка.

Учам те сине, карам те,
повикај триста мајстори,
направи чешма шарена,
наврати вода студена,
сите селани ќе дојдат,
и Лилјанини другарки,
ем, сите калеш невести,
белким Лилјана ќе дојде.

Послушал Стојан мајка си,
повикал триста мајстори,
направил чешма шарена,
навратил вода студена,
сите селани дојдоа,
и Лилјанини другарки,
ем, сите калеш невести,
кучка Лилјана не дојде.

КАКО ШТО Е ОВАА ЧАША ПОЛНА СО ВИНО

Како што е ова чаша полна со вино, (2)
така е и мојто срце полно с’јадови. (2)

Дај да пијам, мила мамо, да се опијам, (2)
јадовите, мила мамо, да заборавам! (2)

Ја послушај, мили синко, стара си мајка, (2)
и да пијаш, мили синко, фајде си нема. (2)

Ја земи си, мили синко, пушка берданка,
и појди си, мили синко, в гора зелена,
там ќе најдеш, мили синко, верна дружина,
јадовите мили синко ќе заборавиш.





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting