Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Ристо Никовски, поранешен амбасадор

РЕШЕНИЕ САМО СО КАПИТУЛАЦИЈА

(Преземено од МИМ)

Дали пакет опишан како во текстот може да биде решение прифатливо за Македонија?

- „Северна Македонија“ може да биде само виртуелна. Покрај другото, бидејќи нема - Јужна. Во принцип, името на државата е главен симбол на идентитетот на народот (Франција - Французи...). Новото име неизбежно ќе го игнорира националниот идентитет на македонскиот народ, од кој државата го доби своето име. Не од регионот.

Ако идентитетот и јазикот остануваат, зошто се менува името на државата? Новото државјанство и непреведениот јазик ја покажуваат целта: да се разнебити се’ наше македонско за да се отвори место за новите, измислени грчки „Македонци“.

Прифатливи ли се за Вас тезите дека не постои организација во светот која регистрира или потврдува идентитети, дека идентитетот е света работа која никој и ништо не може да ја доведе во прашање и дека тој нема да биде начнат со евентуално прифаќање пакет решение опишано во претходното прашање?

- Идентитет не се признава: тој се почитува или не. Смешно е да се бара гаранција за нечиј идентитет. На Атина не и’ пречи името на државата: и’ пречат Македонците. Тоа што зборуваме македонски јазик, што имаме македонска култура, историја, традиција... Доколку Атина јавно каже дека сме Македонци, проблемот исчезнува. Дури откако тоа ќе се сфати, може да се разговара што е за нас прифатливо, а што не. Без тоа се’ е неодговорна лицитација. Официјално, идентитетот и јазикот сега ни ги оспоруваат Атина и Софија. Со промена на името ќе ги игнорираат сите. Ќе имаме нови. Сите држави (освен неколку, на почетокот) ќе го користат новото име. Први - САД. Ќе си ја исправат „грешката“!

Можно ли е во услови на тешка економска криза во Грција и со пристапот кон преговорите што го има владата на Груевски да се стигне до решение во следните неколку месеци? - Ако географската одредница е да се дистанцираме од регионот, зошто „пакет“? Ако се разговара само за името, ако остануваме Македонци и името е само за (по)надвор, како што не’ уверуваат, зошто да нема македонско државјанство? Зошто да се обезличи јазикот? Ним им е јасно (нам?) дека со промена на името се разнебитува македонизмот кај нас. Пасошите ќе мора да бидат со прекрстената држава и новото државјанство, сета извозна документација, ќе мора да доаѓа од новата држава, ќе мора да менуваме Устав и се’ друго - македонско. Нема никакви преговори, туку медијација. Проблемот е во Грција. Нашата влада не може да го реши, освен со капитулација. Со кризата кај нив се одложува решението.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај

БЛАГОДАРНОСТ!

Нашият редовен читател и спомоществовател Костадин Пачов, живеещ в град Чикаго, Съединените американски щати, направи дарение на вестника от 300 американски долара.
Тодор Тилев пък дари 50 лева по повод именния си ден.
Редакцията на вестника благодари на дарителите за патриотичния жест и пожелава здраве, щастие и дълголетие на тях и на семействата им.

Покана

ВСЕМАКЕДОНСКИ СЪБОР В МЕЛНИК

На 25 април 2010 г. в гр. Мелник ще се проведе всемакедонски събор по повод 95-годишнината от убийството на големия македонски революционер Яне Сандански. Запланувано е участието на изпълнители на македонски песни от Р Македония и Р България. Всички са поканени.
Съборът ще започне в 10.30 часа.
Организатори са ОМО „Илинден”-ПИРИН, ТМО ВМРО (независима) „Илинден”, в. „Народна воля”, Пирински македонски информационен център, Дружество на репресираните македонци в България, КПД “Никола Вапцаров” и Македонско християнско братство „Пророк Свети Илия”.



До сите културно-уметнички друштва на иселениците од Македонија

Ги информираме сите културно-уметнички друштва на иселениците од Македонија кои имаат интерес да учествуваат и на други културни манифестации во Македонија покрај учеството на Иселеничкиот Фолклорен Фестивал во Скопје во организација на Агенцијата за иселеништво, дека Балканскиот Фолклорен Фестивал во Охрид ќе се одржи во периодот од 06 – 11 јули 2010 година, а Илинденските Денови ќе се одржат во Битола од 29 јули до 01 август 2010 година.
Доколку наведените термини Ви одговараат Ве молиме да го потврдите Вашето присуство, како би можеле да го организираме Вашиот настап на овие фолклорни манифестации.

Костова Билјана

Македонија пее

ИЗЛЕГОЛ ЈАНЕ САНДАНСКИ

Излегол Јане Сандански, леле,
да ми се Јане прошета.
Низ таја Пирин Планина, леле,
низ това поле широко.

Нарамил пушка на рамо, леле,
настранил капа на чело,
на пат си сретнал овчарче, леле,
на овчарче вели говори.

Овчарче младо чобанче, леле,
не ли ја виде четата, леле,
четата на Јане Сандански.

Видело сум ја слушало, леле,
сега за Јане збореја,
каде е Јане Сандански, леле,
четата да си прибере.

И НИЕ СМЕ ДЕЦА НА МАКЕДОНИЈА

Налеј, Налеј, Налеј
крчмарицо налеј.
налеј, налеј, налеј
од рујното вино. (2)

И ние сме деца
на нашата земја
и ние имаме
право да живееме. (2)

Слобода немавме
правдини никакви
кога ги баравме
в затвор се најдовме. (2)

Парола ни беше
смрт или слобода
смрт или слобода
за Македонија. (2)

Налеј, налеј, налеј
крчмарицо налеј
налеј, налеј, налеј
за нашата земја.

Налеј, налеј, налеј
За Македонија. (2)





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting