Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Жива историја

СВЕДОШТВА НА ПРОТЕРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈОТ

(Продолжува од минатиот број)

Властите во селата организирале бесплатно учење грчки јазик. Оваа мерка не дала резултати, бидејќи старите луѓе тешко учеле. Младината во селото била организирана врз основа на националистички терк, сите биле принудени да купуваат сини униформи и да ги носат за време на државните празници. Нашиот соговорник вели дека по ненадејниот напад на Италија во есента 1940 година во околината на Јанина, Грција биле принудени да прогласи војна против Италија, односно против нивните вооружени единици кои неочекувано зазеле грчка територија. Во костурскиот реон биле стационирани бројни единици на грчката армија, поради близината на фронталните линии.

ВИНСТОН ЧЕРЧИЛ НЕ ЈА ПРИФАТИ ОСТАВКАТА НА ГРЧКАТА ВЛАДА
Соговорникот раскажува за декемвриските настани од 1944-1945 г. Тоа биле слободарските декемвриски настани, во кои илјадници жители на Атина се собрале на плоштадот Синтагма (Уставен) со паролите: “Не сакаме нова окупација”, “ЕАМ се демократија, а не кралот”. Тоа го манифестирале повеќе од 300.000 жители близу зградата на Парламентот. Ненадејно полицијата употребила огнено оружје против демонстрантите и биле убиени триесеттина невини граѓани, а имало повеќе од стотина ранети. Народот, со помош на единиците на ЕЛАС, ги разоружале полицајците и го контролирале центарот на Атина. На четврти декември генералот Скомби го прогласил воениот закон т.е. воената диктатура, но истовремено избила владина криза и премиерот Папандреу и министрите од партијата на либералите, си дале оставка. Винстон Черчил не ја прифатил оставката на Владата и со противуставна телеграма му наредил на Папандреу да продолжи со извршувањето на владините дејности. Во неа се велело: треба да владеете со Атина, по можност без насилство или ако е потребно и со крвопролевање за уништување на одредите на ЕЛАС. По наведената наредба англиските тенкови интервенирале на повеќе места во Атина. Народот и борците на ЕЛАС им пружиле херојски отпор на новите окупатори, кој траел околу 33 дена.

ПРИКАЗНА ОД БИТКАТА ЗА ЛЕРИН
Од Граѓанската војна Чулев се потсетува на битката за Лерин.
”На почетокот на февруари 1949 г. началникот на желевската полиција, Омирос, од Леринско ни соопшти дека единиците на ДАГ ќе го нападнат Лерин. За таа цел требаше да се формира специјална група полицајци за ослободување на градот и да се извршат рации за апсење на предавниците и на фашистите. Бевме одредени околу триесетина полицајци и се приклучивме кон 107. и 114. бригада, кои имаа наредба да извршат напад од северната страна на градот. На овој планински дел градот беше бранет од бетонски направени бункери, а на североисток се протега Леринско поле. Единицата на овие бригади изврши напад од север, односно 1,5 километар јужно од селото Канвашница (Проти), со цел да се уништат бункерите. На околу 500 метри од целта бевме забележани од бранителите на градот, истовремено бевме изложени на интензивен митралески оган од тешко оружје, минофрлачки и топовски гранати. Војниците на една чета се приближиле до бункерите на кота од 1.033 метри надморска височина, но бидејќи теренот бил непогоден за напад, процениле дека не ќе можат да ги уништат бункерите и дека ќе се изложат на сигурна смрт. Сакајќи да дадат личен пример старешините на четата станале и викнале: “Напред, ура”. При нападот биле убиени од непријателските истрели, па со загубата на поголем дел од старешинскиот кадар, четата останала без команда. Во паника војската се повлекувале оставајќи голем број убиени и ранети војници. Непријателските сили употребиле различни видови минофрлачи и топовски гранати. Сликата беше ужасна. Нашата единица беше засолнета во еден трап и чекаше исход од акцијата. По оваа катастрофа и по паниката, нашата единица доби наредба да се врати назад до ридот пред селото Проти со цел да организираме заштитна одбрана на исток. Јас имав пушкомитралез од англиско производство на кој му монтиравме специјална отпорна цевка. Нашата задача беше по секоја цена да го браниме брдото од непријателските напади, за да им овозможиме безбедно спасување на ранетите борци. На одредената позиција стигнавме уште пред да зазори. По разденувањето непријателот почна со интензивни бомбардирања со топови и минофрлачи. По таа акција следеше првиот напад на непријателот и во тој напад беа убиени три наши полицајци.

По одбиениот напад јас и една моја соборничка, се засолнавме во дупка, претпоставував дека повторно ќе се повтори бомбардирањето.
Еден пушкар на МАИ, кој беше многу добар стрелец, стрелаше целно кон нас и ни ја погоди лентата од митралезот, а јас се здобив со мала гребнатинка на челото. По прекинот на бомбардирањето настапи втора поинтензивна офанзива. Непријателот се доближи на околу 300 метри оддалеченост. Бев добар стрелец на таа оддалеченост, напаѓачите во паника се повлекуваа. Овој пат бомбардирањето се повтори и со ракетирање од авиони, а една граната падна во близина на нашата позиција, но за среќа не бевме погодени. Војниците на ДАГ панично се повлекуваа кон селото Буф и кон слободната територија”.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај

БЛАГОДАРНОСТ!

Нашият редовен читател и спомоществовател Костадин Пачов, живеещ в град Чикаго, Съединените американски щати, направи дарение на вестника от 300 американски долара.
Тодор Тилев пък дари 50 лева по повод именния си ден.
Редакцията на вестника благодари на дарителите за патриотичния жест и пожелава здраве, щастие и дълголетие на тях и на семействата им.

Покана

ВСЕМАКЕДОНСКИ СЪБОР В МЕЛНИК

На 25 април 2010 г. в гр. Мелник ще се проведе всемакедонски събор по повод 95-годишнината от убийството на големия македонски революционер Яне Сандански. Запланувано е участието на изпълнители на македонски песни от Р Македония и Р България. Всички са поканени.
Съборът ще започне в 10.30 часа.
Организатори са ОМО „Илинден”-ПИРИН, ТМО ВМРО (независима) „Илинден”, в. „Народна воля”, Пирински македонски информационен център, Дружество на репресираните македонци в България, КПД “Никола Вапцаров” и Македонско християнско братство „Пророк Свети Илия”.



До сите културно-уметнички друштва на иселениците од Македонија

Ги информираме сите културно-уметнички друштва на иселениците од Македонија кои имаат интерес да учествуваат и на други културни манифестации во Македонија покрај учеството на Иселеничкиот Фолклорен Фестивал во Скопје во организација на Агенцијата за иселеништво, дека Балканскиот Фолклорен Фестивал во Охрид ќе се одржи во периодот од 06 – 11 јули 2010 година, а Илинденските Денови ќе се одржат во Битола од 29 јули до 01 август 2010 година.
Доколку наведените термини Ви одговараат Ве молиме да го потврдите Вашето присуство, како би можеле да го организираме Вашиот настап на овие фолклорни манифестации.

Костова Билјана

Македонија пее

ИЗЛЕГОЛ ЈАНЕ САНДАНСКИ

Излегол Јане Сандански, леле,
да ми се Јане прошета.
Низ таја Пирин Планина, леле,
низ това поле широко.

Нарамил пушка на рамо, леле,
настранил капа на чело,
на пат си сретнал овчарче, леле,
на овчарче вели говори.

Овчарче младо чобанче, леле,
не ли ја виде четата, леле,
четата на Јане Сандански.

Видело сум ја слушало, леле,
сега за Јане збореја,
каде е Јане Сандански, леле,
четата да си прибере.

И НИЕ СМЕ ДЕЦА НА МАКЕДОНИЈА

Налеј, Налеј, Налеј
крчмарицо налеј.
налеј, налеј, налеј
од рујното вино. (2)

И ние сме деца
на нашата земја
и ние имаме
право да живееме. (2)

Слобода немавме
правдини никакви
кога ги баравме
в затвор се најдовме. (2)

Парола ни беше
смрт или слобода
смрт или слобода
за Македонија. (2)

Налеј, налеј, налеј
крчмарицо налеј
налеј, налеј, налеј
за нашата земја.

Налеј, налеј, налеј
За Македонија. (2)





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting