Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Позиција

ДОГОВОР ПРЕКУ УЛТИМАТУМ

Стефан Влахов-Мицов

Тоа што го прават бугарските националисти, а за жал и некои државни институции, ми наликува на тоа што на англиски се нарекува „сталкинг“. Тоа значи да не ја оставаш на мир поранешната пријателка или сопруга, која што те оставила, постојано да ја демнеш и да ја следиш, да ја заплашуваш или да и се умилкуваш дека таа била родена за тебе и многу греши што не те сака. „Сталкинг“ вообичаено завршува со битка, но никогаш не со воспоставување на врската“.
Ова се зборови на белгискиот професор по Историја на Балканот, Рејмонд Детрез и добро ја отсликуваат бугарската државна политика кон Македонија. Детрез се школувал во Бугарија, од 1972 г. е оженет со Бугарка и фактот дека, според негово признание, е под „бугарско ропство“, го прави одличен познавач на бугарската психа.
Според неговата уметничка споредба „во однос на Македонија Бугарите се побргу мамурни. Ги боли главата, алкохолот се уште тече во трако- бугаро-словенската им крв и не си веруваат себе си, кога се колнат дека повеќе никогаш нема да страдаат“. Мамурлакот е вграден и во основата на новиот бугарски проект за добрососедство и пријателство, со кој неколку години Софија ја уценува Р. Македонија.
Последниве денови некои бугарски весници дури соопштија дека договорот подготвен од Бугарија „треба само да биде парафиран“. Поинаку кажано, се било готово за македонска капитулација. Проблемот, значи, е во тоа што по којзнае кој пат бугарската држава и дипломатија направиле сметка без крчмар. Кога некој пишува проект- договор првиот услов е да биде трезвен. Што значи тоа? Дека треба да ја согледува реалноста наместо да фантазира. Или, пак, посакуваното да го претвори во акција. Со два збора, бугарските државни институции треба да се потсетат на стихотворбата на Ботев „Во меаната“, а потоа да погледнат наоколу. Тогаш ќе сфатат дека мамурлакот во надворешната политика во последните две децении е дел од заедничкиот мамурлак на бугарското општество. Во тој однос Бугарија почнува да наликува на Грција. Пред повеќе од една година ја напишав колумната „Грција на патот кон адот“. Сега на тој пат тргна и Бугарија. Не е туѓо што и грчката и бугарската политика кон Р. Македонија е високомерна, арогантна и на крајот на краиштата - катастрофална. Денес целиот свет е сведок на финансискиот и економски банкрот на Грција. Но, тој е резултат на духовниот банкрот на грчкото општество како резултат на неговата целосна деградација. Шансите Грција да се заздрави, дури и ако ЕУ и помогне се минимални. Дури и ако Меѓународниот монетарен фонд и дозволи заем. Едноставно затоа што грчкото општество е бесповратно задоено со див национализам и корупција, и според тоа наликува на Османлиската империја од 19-ти век.
По 1989 г. се виде дека и бугарското општество е во истата ситуација. Членството на Бугарија во социјалистичкиот Совет за економска помош ја прикриваше нејзината економска криза што беше резултат на општествената деградација. На ист начин на кој членството на Грција во ЕУ ја прикриваше. Замената на СЕВ со ЕУ значи не помага, бидејќи проблемите во основа не се економски. Во таква ситуација и Бугарија и Грција сакаат да се спасат со помошта на обид од средните векови. Кој, пак, ја има докажано својата неефикасност. Бидејќи, и покрај тоа што живеат во 21 век, според менталитетот, восприемањето, однесувањето, доктрините и грчкото и бугарското општество целосно се свртени кон минатото. Критиките против т. н. антиквизација на Р. Македонија имаат намера да го побијат фактот дека токму Грција и Бугарија произведуваат средновековни мечти и измислици.
Тој факт не му побегнал од погледот на Рејмонд Детрез. Во интервју за Радио Дојче Веле тој посочува дека Бугарија има претензии да биде граѓанска нација, но всушност е етничка нација, во која на власт е национализмот. Уште поважно е дека бугарскиот национализам е надоместок за недостатокот на религиозност во бугарското општество. Овдешните националисти го заштитуваат својот шовинизам со религиозни аргументи. Во книгите на бугарските историчари се користат зборови како „сквернавење“, „светотатство“, „света памет“ и т. н. Во однос на Македонија определбата е „света бугарска земја“, а Охрид е нарекуван „бугарски Ерусалим“. Двата столба на бугарскиот национализам, воздигнат до религиозна екстаза, се „турското ропство“ и Македонија. Првото страствено се прекројува, за второто страствено се мечтае. И во двата случаи имаме пример за историски фалсификати кои постојано се трансформираат во „вистини“ и се воздигнуваат во државно - политички и морални доктрини.
На истиот начин во Србија гледаат на Косово, како на „света српска земја“ заради познатата Косовска битка. Во неа, пак, всушност, нема ништо „свето“ - христијани и муслимани од една страна се борат против христијани и муслимани од другата. Само што за разлика од бугарските претензии кон Македонија, Србите имаат претензии единствено кон територијата на Косово, а не кон населението. Затоа што не можат да објават дека Косовците се Срби.
Бугарија и Грција сакаат да ги излекуваат неизлечивите проблеми во своите општества со помош на надворешна експанзија. Грците продолжуваат да се грабаат за Кипар. Бугарите, пак, решиле да „откриваат“ етнички Бугари во сите балкански држави, Украина и Русија и да ги внесуваат во Бугарија за решавање на демографскиот проблем. Малоумна логика. Во последните 20 години милион и пол Бугари избегаа од Бугарија и којзнае дали ќе се пронајдат глупаци од надвор кои ќе дојдат да живеат тука. Во бугарското државно - политичко пространство продолжуваат да кружат идеи од минатите векови како враќање во „мајката- родина“, во „ветената земја“ и др. Бугарските медиуми го прифаќаат тој склеротичен рефрен како резултат на што целото општество уште повеќе се комплексира и фрустрира од разминувањето меѓу дејствителноста и пропагандата што го обликува.
Обидите Бугарија и Грција да ја принудат Р. Македонија се толку смешни што може да се земат за сериозни само од луѓе без никакво знаење или од македонски бугараши или гркомани. Кој нормален човек би подлегнал на притисок од страна на држава како Грција, од која, кажи - речи, останало само името? Веќе се слушнаа повици Грците да почнат да си ја продаваат територијата, вклучително и Акрополот, за да се раздолжат. Со брзината со која растат грчките долгови (од 300 милијарди веќе скокнаа на 500 милијарди) не е далеку и времето кога самата Грција ќе треба да си го промени името. Бидејќи нејзините нови сопственици ќе имаат свои идеи за т. н. грчки идентитет.
Во Бугарија, пак, економската катастрофа допрва претстои. Таа ќе се манифестира и со криза на државните институции. И во двете држави политичките системи се движат кон разурнување. Во Грција ПАСОК ја замени Нова Демократија но, по идниот пад на Папандреу, што ќе следува- хаос, диктатура или распад на државата? Во Бугарија ГЕРБ стана алтернатива на сета останата политичка класа. Но падот на Борисовата партија е се повидлив и поблизок. И по него што - хаос, диктатура или распад? Уште повеќе Бугарија е стегната како во менгеме од интересите на САД и Русија, а големите држави во ЕУ се се позагрижени за својата иднина. И се помалку ќе ги интересира судбината на аутсајдери како Грција и Бугарија. Во таа критична ситуација бугарската дипломатија почна папагалски да го повторува грчкиот потфат против Р. Македонија- блефови, уцени и махинации и дволичност.
На деветти март портпаролот на бугарското МНР, Весела Чернева, објави дека во 30-тина точки од проект- договорот со Р. Македонија акцентот бил ставен на соработката во економијата, инфраструктурата, енергетските проекти, како и борбата со прекуграничниот криминал. Всушност, главниот интерес на Бугарија е за „појасно конституирање на добрососедските односи меѓу двете држави“. Бугарската претстава за добрососедство е: 1. Македонската држава целосно да ги гарантира правата на луѓето со бугарско самочувство, но Бугарија да не се обврзе со реципрочна мерка во однос на македонското национално малцинство и со регистрирање на ОМО „Илинден” - ПИРИН. 2. Македонските медиуми да престанат да и одговараат на секојдневната бугарска пропаганда за Македонија како за „света бугарска земја“, на критиките против македонската историја, јазик, култура, на исмејувањата за сметка на историски и современи македонски државни раководители. 3. Македонските учебници да не ги претставуваат бугарските војски како окупатори, туку како „ослободители“, дури и во случаите кога тие самите се нарекувале окупаторски, во учебниците по историја Македонија и Македонците да се разгледуваат како дел од Бугарија и од Бугарите. 4. Р. Македонија и Бугарија да празнуваат заеднички празници при што изборот што да се празнува ќе го прави бугарската страна. Бугарската ароганција оди до таму што веќе не се прикрива.
На истата прес конференција портпаролот Чернева објави дека Бугарија сака по секоја цена да се одбегне политизирање на процесот на Спаска Митрова. И истовремено, дека бугарското МНР сака да испрати свој претставник на процесот. Па, има ли појасен знак за политизација од тоа? Уште првите денови по изрекувањето на пресудата на Спаска Бугарија ултимативно побара таа да биде ослободена, независно од вистината за нејзината пресуда. Подоцна беше побарано Р. Македонија да го промени своето законодавство. Понатаму бугарската агресија се пренесе во Европарламентот. За финале, по решението на судот од 11 март, на македонскиот амбасадор во Софија, Александар Василевски, заменик министерот за надворешни работи Марин Рајков му врачи остар протест. А преку антимакедонската агенција „Фокус“ Рајков објави дека не слушнал од амбасадорот „ништо убедително како оправдување“. Ете уште еден доказ дека официјална Бугарија не гледа на Р. Македонија како на рамноправен субјект со свои институции и законодавство, кои не треба да се „правдаат“ пред никого. Најмалку од држава навикана од секаде како бугарската. И, уште помалку во случај кој што според нормалните Бугари за одново ја осрамоти Бугарија пред целиот цивилизиран свет (Анелија Петрова од Детроит, САД „Кој ја наметна Спаска Митрова за национален херој“, в. „Дума“, 9 март и реакциите на читателите на в. „Труд“ од 11 март, кој ја презеде статијата) . Во моментот има илјадници Бугари во затвори по светот, за кои Бугарија не мрдна ниту со прст, и покрај тоа што се бугарски граѓани. Едноставно затоа што не се од Македонија и не можат да донесат политичка дивиденда. А, и затоа што тамошните држави уште на почетокот ќе ги елиминираа бескрајните обиди за уцени и манипулации.
Според проф. Детрез „Ако Бугарија смета дека треба да ги поддржи Бугарите во Македонија како малцинство, елементарното однесување бара таа да даде најмалку исти малцински права на тие во Бугарија, кои се сметаат за Македонци и да и дозволи, на пример, на Турција да води меѓу турското население во Бугарија иста политика, како поддршка на неговото турско национално сознание“. Професорот не гледа принципиелни разлики во начинот на формирањето на бугарската и на македонската нација и дополнува: „Знам имиња на повеќемина македонски општественици кои во 70-тите години на 19 век јасно изјавуваат дека има македонски народ и македонски јазик и тоа со години пред Мисирков. Има сведоштва од тоа време на прости селани кои што не сакаат да бидат нарекувани Бугари, туку тврдат дека се Македонци и дека зборуваат македонски. Има убедливи документи дека во последната четвртина на 19 век се распространува македонската национална идеологија. . . „ И, како заклучок: „ За жителите на земјината топка „македонско прашање“ нема, во смисла дека за нив има луѓе кои се изјаснуваат како Македонци и штом тие така сметаат, значи има македонски народ. . . Ми се чини дека нивните соседи, а ги имам во предвид најмногу Бугарите и Грците, имаат повеќе проблеми со македонскиот идентитет отколку самите Македонци“.
Потврда на погоре изнесените зборови е бугарскиот ултиматум кон Р. Македонија да го потпише договорот за поддршка за датум за почеток на преговорите за ЕУ. Слично на грчкото барање Р. Македонија да си го смени името за поддршка за датум. Уште еден доказ дека Бугарија и Грција гледаат на македонската држава како на малоумно дете. Бугарија го турка проект-договорот за „пријателство“ уште од декември 2008 г. при посетата на тогашниот министер Станишев на Скопје. Планираната, за почетокот на февруари годинава, посета на шефицата на бугарскиот парламент Цецка Цачева беше одложена за да може Бугарија да се подготви за нов удар. Овојпат преку Николај Младенов, кој ја замени Румена Желева на функцијата министер за надворешни работи, кој во улогата на европратеник во 2007- 2009 г. настојуваше на Р. Македонија да и бидат поставени барања за заедничко празнување на нејзината историја со Бугарија. Таканаречениот, од бугарското МНР, „нов договор“ се темели на пробугарската декларација од 1999 г. потпишана од Љубчо Георгиевски, но не влезена во сила, со која Р. Македонија се откажа од своето малцинство во Бугарија. Затоа крајно време е македонската држава да изјави категорично и недвосмислено дека договорите не создаваат пријателство, туку се сведоштво за веќе постојното пријателство. А пријателство може да има само кога Бугарија веднаш и засекогаш ќе престане да ги смета Македонија и Македонците како своја сопственост од далечното минато до денес.

(Авторот е универзитетски професор)

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај

БЛАГОДАРНОСТ!

Нашият редовен читател и спомоществовател Костадин Пачов, живеещ в град Чикаго, Съединените американски щати, направи дарение на вестника от 300 американски долара.
Тодор Тилев пък дари 50 лева по повод именния си ден.
Редакцията на вестника благодари на дарителите за патриотичния жест и пожелава здраве, щастие и дълголетие на тях и на семействата им.

Покана

ВСЕМАКЕДОНСКИ СЪБОР В МЕЛНИК

На 25 април 2010 г. в гр. Мелник ще се проведе всемакедонски събор по повод 95-годишнината от убийството на големия македонски революционер Яне Сандански. Запланувано е участието на изпълнители на македонски песни от Р Македония и Р България. Всички са поканени.
Съборът ще започне в 10.30 часа.
Организатори са ОМО „Илинден”-ПИРИН, ТМО ВМРО (независима) „Илинден”, в. „Народна воля”, Пирински македонски информационен център, Дружество на репресираните македонци в България, КПД “Никола Вапцаров” и Македонско християнско братство „Пророк Свети Илия”.



До сите културно-уметнички друштва на иселениците од Македонија

Ги информираме сите културно-уметнички друштва на иселениците од Македонија кои имаат интерес да учествуваат и на други културни манифестации во Македонија покрај учеството на Иселеничкиот Фолклорен Фестивал во Скопје во организација на Агенцијата за иселеништво, дека Балканскиот Фолклорен Фестивал во Охрид ќе се одржи во периодот од 06 – 11 јули 2010 година, а Илинденските Денови ќе се одржат во Битола од 29 јули до 01 август 2010 година.
Доколку наведените термини Ви одговараат Ве молиме да го потврдите Вашето присуство, како би можеле да го организираме Вашиот настап на овие фолклорни манифестации.

Костова Билјана

Македонија пее

ИЗЛЕГОЛ ЈАНЕ САНДАНСКИ

Излегол Јане Сандански, леле,
да ми се Јане прошета.
Низ таја Пирин Планина, леле,
низ това поле широко.

Нарамил пушка на рамо, леле,
настранил капа на чело,
на пат си сретнал овчарче, леле,
на овчарче вели говори.

Овчарче младо чобанче, леле,
не ли ја виде четата, леле,
четата на Јане Сандански.

Видело сум ја слушало, леле,
сега за Јане збореја,
каде е Јане Сандански, леле,
четата да си прибере.

И НИЕ СМЕ ДЕЦА НА МАКЕДОНИЈА

Налеј, Налеј, Налеј
крчмарицо налеј.
налеј, налеј, налеј
од рујното вино. (2)

И ние сме деца
на нашата земја
и ние имаме
право да живееме. (2)

Слобода немавме
правдини никакви
кога ги баравме
в затвор се најдовме. (2)

Парола ни беше
смрт или слобода
смрт или слобода
за Македонија. (2)

Налеј, налеј, налеј
крчмарицо налеј
налеј, налеј, налеј
за нашата земја.

Налеј, налеј, налеј
За Македонија. (2)





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting