Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Став

МАКЕДОНЦИТЕ СЕ ПРОБЛЕМОТ, НЕ ИМЕТО: И СРБИЈА ВО ОРОТО

(Преземено од МИМ)

Без македонскиот народ, оваа држава би останала без својот клучен столб, кој е основна причина за нејзиното постоење. Без Македонци, државата не е потребна. Ние веќе прифативме дека нашите малцинства се делови од соседните народи. Спорно би било уште само чиј дел сме ние? Околу тоа ќе почнат и новите, пострашни судири во регионот: ниту нé има доволно, ниту имаме доволно територија, за да ги задоволиме сите апетити.

1. Македонија мора да продолжи да прави сé за што поскоро интегрирање во НАТО и во ЕУ. Сепак, ако условите бидат непристојни и неприфатливи, чие исполнување би се рефлектирало на фундаментите на оваа држава, одговорот треба да биде категоричен – не, благодариме. Ако не станеме членка поради нивни внатрешни опструкции, никој нема да нé изолира. Зошто би нé казнувале кога сите знаат дека проблемот е кај нив, не кај нас? Напротив, ако покажеме достоинство, сите би имале симпатии за нас. И тие што сега жестоко нé притискаат.
Во такви околности ниту Албанците не можат да ја рушат државава, колку некои од нив и да го најавуваат и посакуваат тоа. Тоа би било можно само со „зелено светло“ од најсилниот светски фактор, ама и тоа не е реално: нема аргументација за таков чекор. Особено по Ирак и Авганистан, та и Косово. Затоа, ако некој сака да ја руши земјава, што не може да се исклучи, пологично е да се избере друг пат, кој веќе изгледа трасирано. Точно тоа ги отвора клучните прашања – зошто е потребна промена на името? Која е целта? Дали пречи името или нешто друго? Дали преку името се обезличува македонскиот народ?...
2. Сето ова мора да се гледа и од еден друг аспект. Има доста елементи што наметнуваат опции за финално реструктуирање на Балканот. Според голем број показатели, тие најлесно би можеле да се остварат со бришење на Македонците од листата на меѓународно етаблирани народи. Тоа не е ништо ново: ние со векови бевме јаболко на раздорот на Балканот. Ако сега тоа се прогласи за скапано (непостојно!) и се фрли на буништето на историјата, би можело да се отвори простор за радикално решавање на сите отворени проблеми: од Босна, преку Србија и Косово, до Македонија, Албанија и Грција. А и Бугарија би се офајдила. Поткусурувањето би било и меѓу другите земји: поделба на Босна, размена на територии меѓу Косово и Србија, обединување на сите Албанци, Срби... Арно ама ние би ја платиле цената: државата би била распарчена. Денес ова може да ни изгледа футуристички, ама не мора да биде така. Кој пред триесетина години веруваше дека ќе се распаднат СССР и СФРЈ. Ние, последни сфативме.
3. Неспорно е дека Албанците пледираат на обединување на сите „албански територии“, каде што тие се мнозинство. Косово покажа дека имаат силна поддршка. Целите, формулирани во првите пет соопштенија на божем таканаречената ОНА во 2001 година, беа точно во таа насока. Високи политички личности најавуваат дека сами ќе влегувале во НАТО и во ЕУ, што подразбира растурање на државата. Тоа е притисок (уцена) што поскоро да се прекрстат Македонците, што би им ги отворило сите врати за најекстремни замисли.
4. Позицијата на Софија е јасна: нема Македонци, ниту македонски јазик. Ја олеснија постапката за давање пасоши на Македонците, за да има што повеќе декларирани „Бугари“.
5. Атина веќе отворено дефинира дека и пречат Македонците, а не името Македонија. Бидете уверени дека ако овде живееја Кинези, Монголи, Египќани, само не Македонци, немаше да биде оспорено името на државава.
6. Значи, сите проблеми се сведуваат на постоењето на Македонците, како посебен етнос. Бидејќи не можат физички да нé истребат, одат на промена на нашиот национален идентитет. Друго логично објаснување зошто сакаат да ја прекрстат нашата држава – нема.
7. По прекрстување на Македонците, прашањето ќе биде кога ќе се стават во функција центрифугалните сили во земјава, аспирациите на соседите и интересите на меѓународниот фактор за геостратегиско преуредување на регионот, кој е сега во безизлезна ситуација. Сите заинтересирани ќе ги стават на маса своите лешинарски апетити. Ситуацијата би се развивала „спонтано“ без потреба од какво било какво „зелено светло“ и никој не би бил одговорен за рушењето на земјава. Тоа би било резултат на „склоп на околности“! Чекор по чекор, сите овие 20 години, ни ги кратеа крилјата и еве дојде време да се затегне јажето околу вратот. Тоа добро го знаат сите и го очекуваат затворањето на „македонското прашање“, додека соседите фаќаат позиции, за што повеќе да ќарат при најавената разврска. Членство во НАТО и во ЕУ не би можело да спречи реализација на вакво сценарио. И Велика Британија може да се рекомпонира, со отцепување на Шкотска... Во Шпанија.
8. Во последно време, само Србите беа коректни и не се експонираа. Политиката на Тадиќ импонираше со својата конструктивност иако ние го признавме Косово во најнекоректен момент за нив и, сосема непотребно, не ги поддржавме во ООН, за постапката пред судот во Хаг. Сега Белград го смени односот. Доколку Македонија наскоро биде на распродажба, тие не можат да останат со скрстени раце. Впрочем, тие ја добија оваа територија со Букурешкиот мировен договор и доброволно се откажаа од неа, што мора да се почитува. Како и досега, нивниот адут го држи црквата.
9. Гламурозното присуство на Вранишковски на приемот на новиот српски амбасадор, во хотелот „Континентал“, по повод националниот празник, беше невкусна демонстрација на сила. Со него, амбасадорот им плукна в лице на сите присутни Македонци, кои требало демонстративно да си заминат. Факт е дека официјалните личности го бојкотираа приемот, ама тоа не беше доволно.
10. Новата офанзива на СПЦ против МПЦ не може да биде одлука само на Синодот. Потврда за тоа е и настапот на советникот на Тадиќ, на прославата на Србите по повод празникот. До вчера Тадиќ уверуваше дека кај нив црквата била одвоена од државата и тие немале (поголемо) влијание кај клерот. Сега одеднаш, среде Скопје, Србија ја користи СПЦ јавно да ја оспори нашата црква, а преку неа и државата. Да потсетиме, иако има обиди за промена на доктрината (од чисто политички причини), православната црква секогаш била во рамките на државата.
11. Ако мора, македонската држава може и 100 години да опстане и успешно да се развива и без членство во евроатлантските интеграции. Како и многу други држави во Европа и во светот. Меѓутоа, без македонскиот народ, оваа држава би останала без својот клучен столб, кој е основна причина за нејзиното постоење. Без Македонци, државата не е потребна. Ние веќе прифативме дека нашите малцинства се делови од соседните народи. Спорно би било уште само чиј дел сме ние? Околу тоа ќе почнат и новите, пострашни судири во регионот: ниту нé има доволно, ниту имаме доволно територија, за да ги задоволиме сите апетити.

Ристо Никовски
Авторот е поранешен амбасадор

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
ОТЧАЯНИ ОПИТИ НА ДАНС, ВМРО И ПРОКУРАТУРА ДА СПРАТ ПРИЗНАВАНЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ СЕ БОРЕШЕ ПРОТИВ ВЕЛИКО-БУГАРСКИОТ ВРХОВИЗАМ
Читај
ВО БУГАРИЈА ПОСТОИ РЕПРЕСИЈА КОН МАКЕДОНЦИТЕ ЗА ДА НЕ ЈА ИСТАКНУВААТ СВОЈАТА МАКЕДОНСКА ПОСЕБНОСТ
Читај

БЛАГОДАРНОСТ!

Нашият редовен читател и спомоществовател Костадин Пачов, живеещ в град Чикаго, Съединените американски щати, направи дарение на вестника от 300 американски долара.
Тодор Тилев пък дари 50 лева по повод именния си ден.
Редакцията на вестника благодари на дарителите за патриотичния жест и пожелава здраве, щастие и дълголетие на тях и на семействата им.

Покана

ВСЕМАКЕДОНСКИ СЪБОР В МЕЛНИК

На 25 април 2010 г. в гр. Мелник ще се проведе всемакедонски събор по повод 95-годишнината от убийството на големия македонски революционер Яне Сандански. Запланувано е участието на изпълнители на македонски песни от Р Македония и Р България. Всички са поканени.
Съборът ще започне в 10.30 часа.
Организатори са ОМО „Илинден”-ПИРИН, ТМО ВМРО (независима) „Илинден”, в. „Народна воля”, Пирински македонски информационен център, Дружество на репресираните македонци в България, КПД “Никола Вапцаров” и Македонско християнско братство „Пророк Свети Илия”.



До сите културно-уметнички друштва на иселениците од Македонија

Ги информираме сите културно-уметнички друштва на иселениците од Македонија кои имаат интерес да учествуваат и на други културни манифестации во Македонија покрај учеството на Иселеничкиот Фолклорен Фестивал во Скопје во организација на Агенцијата за иселеништво, дека Балканскиот Фолклорен Фестивал во Охрид ќе се одржи во периодот од 06 – 11 јули 2010 година, а Илинденските Денови ќе се одржат во Битола од 29 јули до 01 август 2010 година.
Доколку наведените термини Ви одговараат Ве молиме да го потврдите Вашето присуство, како би можеле да го организираме Вашиот настап на овие фолклорни манифестации.

Костова Билјана

Македонија пее

ИЗЛЕГОЛ ЈАНЕ САНДАНСКИ

Излегол Јане Сандански, леле,
да ми се Јане прошета.
Низ таја Пирин Планина, леле,
низ това поле широко.

Нарамил пушка на рамо, леле,
настранил капа на чело,
на пат си сретнал овчарче, леле,
на овчарче вели говори.

Овчарче младо чобанче, леле,
не ли ја виде четата, леле,
четата на Јане Сандански.

Видело сум ја слушало, леле,
сега за Јане збореја,
каде е Јане Сандански, леле,
четата да си прибере.

И НИЕ СМЕ ДЕЦА НА МАКЕДОНИЈА

Налеј, Налеј, Налеј
крчмарицо налеј.
налеј, налеј, налеј
од рујното вино. (2)

И ние сме деца
на нашата земја
и ние имаме
право да живееме. (2)

Слобода немавме
правдини никакви
кога ги баравме
в затвор се најдовме. (2)

Парола ни беше
смрт или слобода
смрт или слобода
за Македонија. (2)

Налеј, налеј, налеј
крчмарицо налеј
налеј, налеј, налеј
за нашата земја.

Налеј, налеј, налеј
За Македонија. (2)





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting