Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Резолуција на Советот на Европа

ГРЦИJА ДА ГО ПРИЗНАЕ МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО

(По македонскиот печат)

Необврзувачката резолуција донесена од Постојаниот комитет на Советот на Европа е уште еден аргумент повеќе за состојбата со Македонците во Грција со кој од неа експлицитно се бара да го признае македонското малцинство, јазикот, да ги врати имотите на децата-бегалци, но и да дозволи формирање на невладини организации на Македонците.

Иако Грците се труделе да образложат дека не може да има македонско малцинство кога тие биле Македонци, а македонскиот јазик бил словенски и поблизок до бугарскиот, при изгласувањето на одлуката било констатирано дека Грците имаат дискриминаторски закони и дека одбиваат да ги вратат имотите на сите што не се Грци по гени. Останатите земји-членки не им прифатиле ниту еден од поднесените 15 амандмани, со кои Грците сакале да си ја тргнат вината од себе.
Според досегашното искуство, речиси е сигурно дека Грција нема да ја спроведе оваа препорака, како и многу други одлуки досега, но Македонија може да ја користи како аргумент повеќе бидејќи ја отсликува реалноста. Македонија, според експертите, секогаш може да се повика на овој документ.
- Точно е дека одлуката не е обврзувачка, но другите тела на Советот на Европа може да ја земат предвид при носење одлуки - вели професор Љубомир Фрчкоски.
Според него, ваквата одлука може да помогне во „битката на терен“, особено за придавката „македонски“, за создавањето клима во полза на Македонија и притисок врз Грција.
Одлуката ја поздрави Здружението на децата-бегалци од егејскиот дел на Македонија како поддршка и охрабрување на долгогодишните активности во остварувањето на граѓанските права и слободи и укинување на сите дискриминаторски мерки од страна на грчките власти против Македонците по потекло од Грција.
„Силно веруваме и очекуваме дека Република Грција, како членка на ЕУ, во духот на европските демократски принципи, ќе ги почитува и доследно ќе ја спроведе Резолуцијата на Советот на Европа, со што ќе се елиминираат повеќедецениските неправди кон Македонците од Егејска Македонија“, соопштија од Здружението.
Пратеникот Александар Николовски, шеф на македонската делегација во Советот на Европа, вели дека Грција треба да постапи по резолуцијата чиј предлагач е Борис Цилевич, пратеник од Летонија и соодветно да ја спроведе.
- Во меѓународното право нема репресивна сила што ги спроведува одлуките, туку тоа се сведува на преземени обврски на државите-членки. Се надевам дека Грција ќе ја реализира оваа работа што произлегува од нејзините обврски како член на Советот на Европа - вели Николовски.

Оваа одлука или необврзувачка резолуција на Постојаниот комитет, според процедурата, треба да оди на Министерски совет, каде што, според процените, не е спорно дека ќе биде прифатена. Но, тоа сепак не е доволно да се натера Грција да ја спроведува. Она што може да го прави Македонија е на секоја сесија на Советот да бара информација до каде е спроведувањето на одлуката и истата да се користи во сите комуникации, како сериозен притисок.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај

БЛАГОДАРНОСТ!

Нашият редовен читател и спомоществовател Костадин Пачов, живеещ в град Чикаго, Съединените американски щати, направи дарение на вестника от 300 американски долара.
Тодор Тилев пък дари 50 лева по повод именния си ден.
Редакцията на вестника благодари на дарителите за патриотичния жест и пожелава здраве, щастие и дълголетие на тях и на семействата им.

Покана

ВСЕМАКЕДОНСКИ СЪБОР В МЕЛНИК

На 25 април 2010 г. в гр. Мелник ще се проведе всемакедонски събор по повод 95-годишнината от убийството на големия македонски революционер Яне Сандански. Запланувано е участието на изпълнители на македонски песни от Р Македония и Р България. Всички са поканени.
Съборът ще започне в 10.30 часа.
Организатори са ОМО „Илинден”-ПИРИН, ТМО ВМРО (независима) „Илинден”, в. „Народна воля”, Пирински македонски информационен център, Дружество на репресираните македонци в България, КПД “Никола Вапцаров” и Македонско християнско братство „Пророк Свети Илия”.



До сите културно-уметнички друштва на иселениците од Македонија

Ги информираме сите културно-уметнички друштва на иселениците од Македонија кои имаат интерес да учествуваат и на други културни манифестации во Македонија покрај учеството на Иселеничкиот Фолклорен Фестивал во Скопје во организација на Агенцијата за иселеништво, дека Балканскиот Фолклорен Фестивал во Охрид ќе се одржи во периодот од 06 – 11 јули 2010 година, а Илинденските Денови ќе се одржат во Битола од 29 јули до 01 август 2010 година.
Доколку наведените термини Ви одговараат Ве молиме да го потврдите Вашето присуство, како би можеле да го организираме Вашиот настап на овие фолклорни манифестации.

Костова Билјана

Македонија пее

ИЗЛЕГОЛ ЈАНЕ САНДАНСКИ

Излегол Јане Сандански, леле,
да ми се Јане прошета.
Низ таја Пирин Планина, леле,
низ това поле широко.

Нарамил пушка на рамо, леле,
настранил капа на чело,
на пат си сретнал овчарче, леле,
на овчарче вели говори.

Овчарче младо чобанче, леле,
не ли ја виде четата, леле,
четата на Јане Сандански.

Видело сум ја слушало, леле,
сега за Јане збореја,
каде е Јане Сандански, леле,
четата да си прибере.

И НИЕ СМЕ ДЕЦА НА МАКЕДОНИЈА

Налеј, Налеј, Налеј
крчмарицо налеј.
налеј, налеј, налеј
од рујното вино. (2)

И ние сме деца
на нашата земја
и ние имаме
право да живееме. (2)

Слобода немавме
правдини никакви
кога ги баравме
в затвор се најдовме. (2)

Парола ни беше
смрт или слобода
смрт или слобода
за Македонија. (2)

Налеј, налеј, налеј
крчмарицо налеј
налеј, налеј, налеј
за нашата земја.

Налеј, налеј, налеј
За Македонија. (2)





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting