Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Должни сме на генерациите што доаѓаат да им осигуриме среќна иднина

ЗОШТО МУ Е САНСТЕФАНСКАТА ФАТАМОРГАНА НА БУГАРСКИОТ НАРОД?

JАН ПИРИНСКИ

Уште при потпишувањето на Санстефанскиот договор, се појавија поклоници на фатаморганата за голема санстефанска Бугарија. Тие, кутрите, заживеаја со своите апсурдни мегаломански мечти. Таа фикс идеја стана причина за многу понижувања и национални катаклизми за бугарскиот народ. Можност да ги остварат своите пеколни планови тие – несреќниците, гледаа во освојувањето на Македонија... Такви безумници и денес се надеваат на истата заблуда.

Но жалосното е што занесени во оваа илузија, во нејзиното остварување, учествуваат активно и одговорни политички и државни големци на Бугарија. Како пример во последните неколку години можат да се посочат изјавите на претседателите Петар Стојанов и Георги Прванов, на некои министри, најмногу на министрите за надворешните работи, на познати псевдоисторичари на чело со Георги Марков и Божидар Димитров, на лидери на партии, на медиумите, кои на бугарскиот народ му ги наметнуваат болните амбиции и бладања за истраданиот недостижен и вообразен мит: голема санстефанска Бугарија.
Со еден збор, оваа погрешна и илузорна политика беше утврдена како национална доктрина на Бугарија. И со неа бугарските шовинисти јавно и демонстративно го започнаа својот пропаганден антимакедонски марш, дрско и безсрамно изјавувајќи дека територијата и населението на Македонија се бугарски.
Годинава прославата на националниот празник на Бугарија помина некако поскромно од други години. Но само во смисла дека ја немаше таа амбициозна и злобна пропаганда по бугарските медиуми за санстефанскиот сон, вклучувајќи ја во него и Република Македонија. Наспроти тоа, на свечената церемонија, што се одржа на 3 март вечерта на плоштадот „Св. Александар Невски“, говорникот во редот со бугарските револуционери ги вклучи и македонските дејци Гоце Делчев, Дамјан Груев, Никола Карев, Питу Гули и други, кои се бореле за „обединувањето“ на Бугарија. Но и тоа е доволно да се види дека аспирациите на Бугарија кон Република Македонија продолжуваат.
И неволно се појавуваат прашањата: како ќе може Република Бугарија да ги оствари своите санстефански кошмари? Како ќе се случи тоа кога е веќе членка на Европската унија? Се знае дека порано или подоцна, ако продолжи процесот за слободна и обединета Европа, и Република Македонија ќе стане членка на оваа унија. Тогаш, каде е смислата на таа слепа и брутална политика на Бугарија? За што и е? Корисна ли е таа или ужасно апсурдна и понижувачка?
И така треба да се знае дека секоја држава има право сама да го избере својот национален празник. Празник со кој ќе може да се гордее со своето минато и сегашност. Но Бугарија има одбрано историски датум, кој задојува со опасен шовинизам. Овој датум го повикува бугарскиот народ на војна, за да ги поврати имагинарните територии. Всушност од овде доаѓаат и повиците за „Бугарија на три мориња“. Овој мит, оваа илузија, е резултат на сето она што до овде го спомнав. Затоа Бугарија ќе треба да осмисли каква смисла ќе постави во својот национален празник. Се разбира, треба во него да нема апсолутно никакви претензии, кон бугарските соседи (нели е членка на ЕУ?) и кој да одговара на нејзините историски и национални достоинства.
Се разбира, така треба да биде. И наместо да се сее омраза и да се лее човечка крв, како во минатото, разумно е да се направи токму спротивното – да соработуваме како достојни и прогресивни личности, што одамна го пречекориле прагот на ХХl век.
Зашто за сите луѓе по светот што демократски размислуваат е апсолутно јасно, дека за да се одржат стабилни и вистински пријателски добрососетски односи меѓу народите, тоа може да стане само ако се постават реални позитивни политички услови, кои да елиминираат секакви негативи при нивното остварување.
Ние, Македонците, веруваме, дека овој историски момент за хармонизирање на односите со соседите има созреано и постои чудесна можност да се примени на практика. Особено сега, кога тече процесот за изградба на слободна и обединета Европа. Кога имаме прекрасни перспективи да ги оствариме во своите земји идеите, што нашите народи од векови ги сонувале.

Времето е дојдено да ставиме крај на старите ретроградни сугестии. Да ставиме крај на секакви непријателства и омрази меѓу нас и нашите народи да заживеат со доверба, остварувајќи ги прогресивните идеи на иднината, за доброто и на нашите идни генерации. Еве зошто сега е моментот и Бугарија да примени таква политика, за која не само Македонците, но и сите прогресивни сили во Европа и светот ќе ја поздрават. Тоа е возможно и се надеваме да се случи.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај

БЛАГОДАРНОСТ!

Нашият редовен читател и спомоществовател Костадин Пачов, живеещ в град Чикаго, Съединените американски щати, направи дарение на вестника от 300 американски долара.
Тодор Тилев пък дари 50 лева по повод именния си ден.
Редакцията на вестника благодари на дарителите за патриотичния жест и пожелава здраве, щастие и дълголетие на тях и на семействата им.

Покана

ВСЕМАКЕДОНСКИ СЪБОР В МЕЛНИК

На 25 април 2010 г. в гр. Мелник ще се проведе всемакедонски събор по повод 95-годишнината от убийството на големия македонски революционер Яне Сандански. Запланувано е участието на изпълнители на македонски песни от Р Македония и Р България. Всички са поканени.
Съборът ще започне в 10.30 часа.
Организатори са ОМО „Илинден”-ПИРИН, ТМО ВМРО (независима) „Илинден”, в. „Народна воля”, Пирински македонски информационен център, Дружество на репресираните македонци в България, КПД “Никола Вапцаров” и Македонско християнско братство „Пророк Свети Илия”.



До сите културно-уметнички друштва на иселениците од Македонија

Ги информираме сите културно-уметнички друштва на иселениците од Македонија кои имаат интерес да учествуваат и на други културни манифестации во Македонија покрај учеството на Иселеничкиот Фолклорен Фестивал во Скопје во организација на Агенцијата за иселеништво, дека Балканскиот Фолклорен Фестивал во Охрид ќе се одржи во периодот од 06 – 11 јули 2010 година, а Илинденските Денови ќе се одржат во Битола од 29 јули до 01 август 2010 година.
Доколку наведените термини Ви одговараат Ве молиме да го потврдите Вашето присуство, како би можеле да го организираме Вашиот настап на овие фолклорни манифестации.

Костова Билјана

Македонија пее

ИЗЛЕГОЛ ЈАНЕ САНДАНСКИ

Излегол Јане Сандански, леле,
да ми се Јане прошета.
Низ таја Пирин Планина, леле,
низ това поле широко.

Нарамил пушка на рамо, леле,
настранил капа на чело,
на пат си сретнал овчарче, леле,
на овчарче вели говори.

Овчарче младо чобанче, леле,
не ли ја виде четата, леле,
четата на Јане Сандански.

Видело сум ја слушало, леле,
сега за Јане збореја,
каде е Јане Сандански, леле,
четата да си прибере.

И НИЕ СМЕ ДЕЦА НА МАКЕДОНИЈА

Налеј, Налеј, Налеј
крчмарицо налеј.
налеј, налеј, налеј
од рујното вино. (2)

И ние сме деца
на нашата земја
и ние имаме
право да живееме. (2)

Слобода немавме
правдини никакви
кога ги баравме
в затвор се најдовме. (2)

Парола ни беше
смрт или слобода
смрт или слобода
за Македонија. (2)

Налеј, налеј, налеј
крчмарицо налеј
налеј, налеј, налеј
за нашата земја.

Налеј, налеј, налеј
За Македонија. (2)





ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting