Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Анализа

НЕНАУЧНА ФАНТАСТИКА

Стефан Влахов-Мицов

На радио „Ереван“ било поставено прашањето: Во светот има 36-годишни награди за научна фантастика, а зошто Бугарите не можат да освојат некоја од нив? Радиото одговорило: Затоа што наградите се за научна фантастика. Од времето на Пајсиј до денес бугарските историчари неуморно се обидуваат во фантастиката, но досегаат само до голото фантазирање. И не можат да измислат никаква, колку - годе убедлива теорија.
По тој повод француската бугаристка Мари Врина вели: „Бугаринот треба да се открие и да биде таков каков што е. Да не се измислува“. Врина е мажена за Бугар, ги познава добро Бугарите и знае дека кога Господ сака да казни некого најпрвин му го зема умот.
Што се случи со бугарската пропаганда, која Антон Дончев го престори во писател-класик, академик и кандидат за „Нобелова награда“. Всушност, најзабележителната црта кај него е уникатната добра можност за конјуктурност. Во 1964 година тој, по сопствено признание, за 43 дена го напиша обемниот роман „Време разделно“. Содржината се темели на историски фалсификат за божемното насилно потурчување на Бугарите во родопската област. Антондончевата измислица се претвори во аргумент за насилно преименување на Помаците во 60-тите години од минатиот век. Со еден куршум авторот отепа два зајака. Во 1987 година романот беше филмуван и искористен како пропагандно оружје за репресии против турското малцинство. Пред тоа авторот Дончев го напиша четиритомниот роман со наслов: „Сказание за хан Аспарух, кнез Слав и жреца Терес“, со кој се обиде да докаже дека Прабугарите, Словените и Тракијците со љубов и братска дружба ја направиле државата. По падот на Живков, фантастот Дончев се пожали дека бил репресиран и придоби уште домашни награди во својата колекција. Во 2007 година по повод влегувањето на Бугарија во ЕУ, читателите беа почестени со новиот опус на Дончев „Трите живота на Кракра“, за управникот на перничката област во времето на цар Самуил. Излишно е да кажам зошто романот се продаваше во комплет со весникот „Стандард“ по симболична цена. Цар Самуил е стара страст на Антон Дончев. Неговиот прв роман е наречен „Сказание за времето на Самуила“ и беше објавен во 1961 година во два дела. Со натрапничкиот наслов „Сказанија“, авторот признава дека е фантазер. Но, фантазијата му е недоволна за да измисли оригинални наслови на своите книги, затоа што му е конјуктурно (да оствари најголема добивка) мотивирана. Според официелниот попис на населението во 1956 година, Македонци во Бугарија биле околу 180.000 луѓе. Десет години подоцна нивниот број е „определен“ на едвај 8.000.
Во својот роман за Самуил Дончев сака да ги задоволи и Бог и Ѓаволот. Од една страна комитот Никола и неговите 4 сина говорат за Александар Македонски: „За комитата и за неговите синови Александар беше како жив. Од збор до збор разговорот премина од Александар на татко му Филип Велики. Сите знаеја дека без Филип немаше да го има ни Александар... сите покажуваа во црвеното знаме со нацртанот на него златно сонце - знакот на Самуил“. Од друга страна, значи, Самуиловиот брат Арон решава да напише „Историја на Бугарите од времето на нивното покрстување“.
Кон крајот на јануари годинава во Софија во зградат на претседателството беше отворена археолошка изложба „По стапките на историјата - сведоштва за старите престолнини“ т.е. Плиска, Преслав и Трново. По тој повод на 25 јануари во весникот „Дума“ академик Дончев протестира дека на изложбата не бил застапен и Охрид. Во неговата статија има неколку љубопитни признанија. Ги оставам настрана зборовите дека Битолскиот натпис бил на Иван-Александар, наместо како што е правилно, на Јован Владислав. Или, пак, бесмисленото тврдење „за т.н. Самуилова држава, што е Бугарија кон крајот на второто бугарско царство“ (?) Показателен е насловот на текстот: „Охрид во ледениот брег на самочувството“. Излегува дека без Охрид, бугарското национално самочувство паѓа и трите престолнини не можат да го надополнат. Интересно е и другото признание на Дончев дека недостасува „голем историски материјал“ за Самуиловата држава и покрај тоа што на таа тема се обидувале многу бугарски автори, вклучувајќи се и самиот тој и Димитар Талев. Јасно е и зошто недостасува - нa фалсификувани основи не може да се создаде голема творба. Најшокантна е значи констатацијата: „ Бидејќи ја пронајдовме плочата на последниот бугарски цар од Првото бугарско царство... “ (с. 12). Разбирате ли што кажува академикот? „Пронајдовме“, значи дека Бугарите го нашле т.н. Битолски натпис на царот Јован Владислав.
По тој повод да се присетиме дека Бугарите постојано „откриваат“ камени-плочи со натписи божем од времето на цар Самуил. Од с.Герман, Преспанско, во Егејска Македонија е Самуиловиот натпис, што сега се наоѓа во Софија. Напишан е во 992/993 година. Во него Самуил се нарекува само „раб божји“, откако ќе стане цар во 997 година. Натписот е лаконски, се споменуваат имињата на Самуиловиот татко Никола и на брат му Давид, а од името на мајката Рипсимија е зачувана последната буква. Самуил не сметал дека е потребно да ја одбележи етничката припадност за себе и за семејството. Кон крајот на септември 1997 година, кај тогашниот директор на НИМ и денешен министер без портфел Б. Д. доаѓа грчкиот државјанин Стоидис. Тој изјавува дека има бугарско самосознание и го поседува Самуиловиот натпис, пронајден при реновирање на една црква во Едеса (Воден). Еве го почетокот на текстот: Во самостојниот град Воден, јас Самуил, со верба во Христа, цар на Бугарите и на Ромеите, од Бога испратен, самостоен владетел на сите држави од Рашка до Македонија, Тесалија и Грција, внук на стариот Шишман, кој беше кавхан на жителите на Трново, го направив овој молитвен храм, за да постои во вечноста“. Понатаму станува јасно дека храмот бил завршен на 14-тата година од царувањето на Самуила за „спасение на Бугарите“ од Сатаната. И покрај тоа што е загреан шовинист Б. Д. го означува натписот за фалсификат од 19. век. Според него палеографските особености не одговараат на епохата, а освен тоа куманскиот род Шишман се појавува во 12-13 век и не може Самуил да му е внук.
Всушност, не станува збор за фалсификат туку за многу елементарен фалсификат. Не случајно го цитирав почетокот на натписот „самостојниот“ град (?) цар на Бугарите и на Ромеите и „самостоен владетел на сите држави од Рашка до Македонија, Тесалија и Грција“ (чиниш има разлика меѓу цар и самостоен владетел?). Меѓу другото, за првпат името на Рашка се споменува дури во 1189 година. Датумирањето на натипсот исто така е измешано. Годината на создавањето 989 не одговара на означениот 5-ти Индиктион. И најважното - во 989 година Самуил се уште не е цар, а да не зборуваме за 14 години пред тоа, како што се тврди во натписот.
Ете зошто насловот во весникот „Дума“ од 5. февруари „Бугарите се главното јадро на населението во Македонија“ под кој е објавен факсимил на Воденскиот фалсификат е колку комичен толку и саморазобликувачки. Жално за пропагандните напори на Димитар Рајков, кој потрошил цели две страници од весникот и огромна енергија за ненаучна фантастика. Со тоа ја потврдува бугарската максима „Џабе работи, џабе не седи“.
На 15. март 2004 година, бугарските медиуми громогласно информираа дека при специјална полициска акција во дворот на 33-годишниот див копач Стамен Василев од село Самуилово е откриен натпис на цар Самуил. Без да го видат новинарите лансираа три варијанти на натписот: „Самуил, самостоен владетел бугарски“, „Самуил-цар самостоен на сите Бугари“ и „Самуил, верен цар на Христа Бога и самостоен владетел на сите Бугари“. Се појавија и две верзии за димензиите на плочата. Според едната таа била 65/70 сантиметри, а според другата - 80/60 сантиметри. Според едни каменот служел како граничен столб, според други бил тенок и не го бидувало за тоа. Централно место во полициската екипа имале тогашниот главен секретар на МВР и денешен премиер Бојко Борисов и денешниот министер без ресор Б. Д. наречен од колегите „барон Минхаузен“. На прес-конференцијата на самото место двајцата информираа дека плочата била купена од непознат македонски трговец и ќе била уништена во Македонија. Б. Д. мелодраматично објави дека ја „уловиле на неколку метри од границата“. Подоцна дека за време на полициска акција за антички монети, еден полицаец се сопнал од неа. Според признанието на Стамен Василев (кој се изјаснува како член на каракачановото ВМРО) плочата ја издлабил тој самиот со помош на неговиот брат уше во 1985-1986 година. Со помош на фотографија од учебник по историја. Децении потоа семејството плочата ја користело за потпорка на буре, а подоцна на лозницата во дворот. Корифеите од Благоевградскиот музеј кон кои се придружи и Б. Д. тврдеа дека натписот е автентичен. Фантастичниот аргумент на „барон Минхаузен“ беше дека буквите биле криви, а зборовите биле напишани слеани како во средновековието.
Кругот продолжи со жива верига од страна на служителите во музејот и благоевградските општинари против полицајците коишто сакаа да ја однесат плочата во Софија на испитување. Подоцна се покажа дека немало никаков македонски трговец, главните лица беа сокриени за нови акции, а плочата исчезна. Од време на време, тук- там се јавуваа тврдења дека натписот не бил од 11-ти туку од 18-ти или 19-ти век, но и тоа го „потврдувало“ бугарското сознание за Македонците.
И така, единствен аргумент на бугарската пропаганда остана т.н. Битолски натпис на цар Јован Владислав. Откриен е при уривањето на Чауш џамијата во Битола во 1956 година Славистот од Харвард д-р Хорс Лант оспори дека потекнува од 11-ти век. Владимир Мошин и бугарското семејство Заимови потврдија. Натписот остана мистериозен, и покрај тоа што е вклучен во Македонската енциклопедија. Извори за сознанијата од една страна се различните редакции. Во зборникот „Македонија“ на БАН од 1978 година натписот завршува со тврдењето дека Јован Владислав „беше Бугар по род“. Денес тој е продолжен речиси двојно. Впрочем д-р Лант обрна внимание на фантазијата на семејството Заимови во тој однос. Дека натписот е допишан е надвор од секакво сомнение. Во последниот вид тој придобива учебникарски текст.
Премногу дневно-актуелни се сугестиите. Трипати се среќаваат изразите „бугарски“, „Бугари“, „Бугар“ и „самостоен владетел“, „самостоен“ што не е карактеристика за ниту еден друг старобугарски натпис. Во трновскиот натпис на најмоќниот бугарски цар Иван Асен Втори само еднаш е одбележено дека е „цар и самостоен владетел на Бугарите“. Остава впечаток дека и Воденскиот фалсификат и т.н. Битолски натпис се блиски по стилот на Трновскиот, но многу накитен во споредба со него. И многу „побугарски“. Во Воденскиот натпис се говори за „спасението на Бугарите“, а во Битолскиот за „спасението и за животот на Бугарите“. Во Воденскиот има израз „Самостоен град“, во Битолскиот „цар самостоен“. Исто така показателно е дека во трновскиот натпис царот Иван Асен Втори се нарекува „цар и самостоен владетел на Бугарите“, но не и Бугар. Едноставно бидејќи и не бил. Тој е од влашко-куманско потекло. Според некои историски верзии имал и руска крв во своите жили. На царот Јован Владислав баба му се вика Рипсимија, татко му е Арон, чичковци му се Самуил, Мојсеј и Давид. Како во таa ситуација ќе биде „родом Бугарин“? Исто како некој Мехмед и некој Исак да се Бугари по потекло. Според самочувствие можат, но по род не можат.
Само што во средните векови никој не говори за самосознание. Терминологијата е „цар и самостоен владетел на...“ кога се имаат предвид завладеаните држави. Впрочем таква терминологија е валидна и за новото време. Фердинанд и Борис Трети биле цареви на Бугарија и на Бугарите, но не биле Бугари по род. Ете зашто со изразот „родом Бугарин“ непознатиот автор на Битолскиот натпис зацапал во кал. Расудувал со категории и поими од 20-ти а не од 11-ти век.
Во тој натпис има и друго противречје. На почетокот се кажува: „се обнови оваа тврдина, ѕидана и правена од Јован, самостоен владетел бугарски“, а подолу: „почната беше тврдината Битола...“ чиниш станува збор за почетна градба. Ако го земеме предвид кажаното од хроничарот Скилица дека Василиј Втори „ги изгоре дворците на Гаврил во Бутели (Битола)“ кон крајот на есента на 1014 година, вистинско е првото тврдење.
Трновскиот натпис на цар Иван Асен Втори е публикуван уште во 1858 година, доволно за да биде поподробно изучен и копиран. Тој е исклесан во 1230 година и блискоста меѓу него и Воденскиот фалсификат е многу значителна. Во својот голем труд за старобугарските натписи академик Бешевлиев ги дели на воени, градежни, споменични, летописни и.т.н. Битолскиот не одговара на никој од нив- тој е градежен и споменичен и летописен т.е. турли - тава. Освен што не се вклучува во традициите на Првото бугарско царство тој претствува уникатен случај во кој се говори за пораз на владетел. Притоа, како финална рекапитулација - уште еден неверојатен и неверодостоен факт!
По акцијата со псевдосамуиловиот натпис од 2004 година за компензација бугарската пропаганда извика дека Македонците го сокриеле т.н. Битолски натпис. На крајот на 2005 година по работа бев во Битола и ја прифатив поканата на македонските колеги од Музејот да ми ја покажат богатата колекција. Во еден момент шеговито прашав каде ја сокриле плочата со „страшниот“ натпис. Па ти си се потпрел на неа - ми одговорија. Се свртев и погледнав. Дури ни за потпирање не можеше да се користи.

(Авторот е универзитетски професор)

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
СМЕЕ ЛИ ТРЕТИ МАРТ (САН СТЕФАНО) ДА БИДЕ БУГАРСКИ НАЦИОНАЛЕН ДЕН?
Читај
В ЧЕСТ НА МАКЕДОНСКОТО (КРЕСНЕНСКО) ВЪСТАНИЕ
Читај

Поезия

АЗ СЪМ МАКЕДОНЕЦ

Аз съм македонец – и пътувам
с вяра в красотата и човека,
а за хищна мерзост съществувам
гроб да ми копае... Ала нека!

Злобна радост утре ще унива
и като премръзнал вълк ще вие,
че дори когато ме убива,
не можа до край да ме убие.

Просто няма как да не унива
жалкото потомство на вандали,
че когато с алчност се приспива,
ще сънува мъртви идеали.

В Дания мирише ли на гнило,
вечната трагедия ни учи,
че е невъзможно от мъртвило
даром свобода да се получи.

А когато подлостта преяжда,
за да властва робска орисия,
свободата себе си разгражда
и се преобръща в страхотия.

Рухна грешно зиданата къща,
рухна – за да царства кожодера!
И един безхлебник ли се връща
при страха от каменната ера?!

А сърцето ми проплаква в ада,
но ръка на Юда не целува; -
този, който нищо не изстрада,
той, навярно, нищо и не струва.

На гърба си нося готованци,
а в душата си – кървящи рани;
всички видове мъртвешки танци
върху мойте нерви са играни!

Аз съм македонец – от когато
този век е длъжен да узнае,
че на гибел се обрича злото,
ако гроб на цял народ копае!

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ


Македонија пее

АКО УМРАМ ИЛ ЗАГИНАМ

Ако умрам ил загинам,
немој да ме жалите,
напијте се рујно вино,
скршите ги чашите.

Рефрен:
Еј верни другари
песна запејте (2)
мене спомнете.

Ако умрам ил загинам,
поп немој да викате,
вие на гроб да ми дојте,
оро да заиграте.

Рефрен:...............

Ако умрам ил загинам,
ќе останат спомени,
што сум лудо лудовало
на младите години.

БОЛЕН ЛЕЖИ КАТИЛ ЃОРЃИ

Болен лежи катил Ѓорѓи,
в Солунски зандани.
Дење лежи катил Ѓорѓи, -
ноќе го испитуваат. (2)

Кажи, кажи катил Ѓорѓи,
кај е твојта пушка?
Кај е твојта пушка Ѓорѓи, -
пушка – маликера. (2)

Главата си давам душман,
пушка не кажувам.
Пушка не кажувам душман, -
пушка – маликера. (2)

Откаде спечели Ѓорѓи,
тешко имање?
Бегови сум клало душман, -
пари сум земало. (2)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting