Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Жива историја

СВЕДОШТВА НА ПРОТЕРАНИТЕ МАКЕДОНЦИ ОД ЕГЕЈОТ

(Продолжува од минатиот број)

Тој уште повеќе се разлути и ми се развика: “Па, уште продолжуваш да зборуваш”. Се втурна да ме зграпчи за да ме тепа. Жените кои беа зад мене ме повлекоа назад и се исправија пред офицерот. Постарите жени не го знаеја грчкиот јазик. Една од нив ги крена рацете нагоре и му се развика на офицерот: “Зошто го мачиш чупето?”. Тој беше вчудоневиден од отпорот на жените. Другите жени ме истуркаа назад и ми велеа да бегам. Со трчање се сокрив во една стара куќа и така се спасив. Но, во 1946 година бев уапсена како и другите членови на организацијата НОФ и АФЖ, бидејќи бевме предадени од шпиони, гркомани. Во полициската станица во селото не мачеа. Не префрлија во полиција во Соровичево. Таму уште повеќе не мачеа. Не можејќи да ги издржат тешките измачувања некои им подлегнуваа на маките и умираа. Не однесоа во Лерин и не изведоа пред Воен суд. Бев осудена на една година затвор. Другите на повеќе, а многу Македонци беа осудени на долгогодишен или на доживотен затвор, но и на смрт. Во затворот видов ужасни работи, кои ми останаа во трајно сеќавање”, вели Пејовска.

ЈА УНИШТИВМЕ КАРАУЛАТА НА ВЛАДИНАТА ВОЈСКА

Дошол денот кога таа, заедно со група младинци од нејзиното село, заминала в планина. Ги воделе двајца партизани. Оделе цела ноќ. Преку планина Висима дошле до селото Сетина. Ги сместиле во една куќа за да се одморат и им дале да јадат. Група партизани им посакала добредојде.
”Нашата група, заедно со воденскиот одред во кој беше и Султана Танка Гинова, ја нападна караулата на владината војска, која се наоѓаше близу до Крушоради. Војниците беа изненадени од нашиот напад и почнаа да бегаат, без да дадат отпор. Им ја уништивме караулата. Акцијата беше успешна. Со овие одреди учествував во многу битки. Учествував и во акциите на одредот на Парпула, кој дејствуваше и на овој терен, напаѓавме полициски објекти и вршевме мобилизација на младинци”, посочува Пејовска.
Според кажувањата на Пејовска, крстосницата кај Воштарани било најопасно место за поминување, таму секогаш им биле поставувани заседи, но вешто ги избегнувале. Партизаните морале да контактираат со селата во окупираната територија. Не смееле да ја прекинат врската со народот, која им бил од голема корист. Народот во нив го гледал спасот. Селата Сетина, Попадија и Крушоради постојано биле напаѓани од владините војски и од бурандарите кои биле стационирани во Воштарани. Ги малтретирале селаните, ги ограбувале, ги апселе. Не можејќи да го издржат теророт жителите од овие села биле принудени да ги напуштат своите домови. Во 1948 година, преку северната граница преминале во Југославија, односно во Демократска Република Македонија, со надеж дека еден ден ќе се вратат во родните огништа.
Периодот меѓу двете светски војни за загоричани бил многу тежок. Грчката Влада во 1926 г. донела Закон за замена на македонски топоними на селата и на личните имиња на грчки јазик.
Загоричани го добило името Василијада, а градот Костур, Касторија. Слично било и во времето на Метаксасовата диктатура, која оставила трајни обележја врз тешкиот живот во Загоричани и во цела Егејска Македонија. На 4.8.1936 г. Јоанис Метаксас ја прогласил диктатурата, а по добивањето на власта ги сменил сите стари демократски кадри, офицери, полицајци. На нивно место поставил луѓе школувани во Германија. Со посебен декрет ги распуштил Парламентот и сите демократски прогресивни политички партии. На политичарите им забранил секаква активност во земјата. Особено драстична била наредбата издадена за Егејска Македонија, според која Метаксас ја забранил употребата на македонскиот јазик. Нашиот соговорник - некогашниот учесник во Граѓанската војна во Грција, Георги Чулев, роден во 1929 г. во с. Загоричани, Костурска околија, се потсетува на неколку настани кои оставиле трајни спомени во неговата свест.

ГЛОБА ОД 1000 ДРАХМИ ОТИ ЗБОРУВАЛ МАКЕДОНСКИ

”Покојниот дедо Коста К. Чулев отишол кај бакалницата на Коле Васев за да го праша како на грчки јазик се вели мијалник. Тој му одговорил нерохитис. Присутниот полицаец Хорофилакс, кој слушнал дека говори македонски, го глобил со 1.000 драхми.Вториот случај беше дома, во авлијата, кога дедо ми му рече на татко ми Васил да оди со кобилата и да им однесе леб на овчарите. Полицаецот кој случајно одел по патот слушнал дека се зборува на македонски јазик повторно го казни дедо ми со построга парична казна”, раскажува Чулев. Властите во селата организирале бесплатно учење грчки јазик. Оваа мерка не дала резултати, бидејќи старите луѓе тешко учеле. Младината во селото била организирана врз основа на националистички терк, сите биле принудени да купуваат сини униформи и да ги носат за време на државните празници.
Нашиот соговорник вели дека по ненадејниот напад на Италија во есента 1940 година во околината на Јанина, Грција биле принудени да прогласи војна против Италија, односно против нивните вооружени единици кои неочекувано зазеле грчка територија. Во костурскиот реон биле стационирани бројни единици на грчката армија, поради близината на фронталните линии.

ВИНСТОН ЧЕРЧИЛ НЕ ЈА ПРИФАТИ ОСТАВКАТА НА ГРЧКАТА ВЛАДА

Соговорникот раскажува за декемвриските настани од 1944-1945 г. Тоа биле слободарските декемвриски настани, во кои илјадници жители на Атина се собрале на плоштадот Синтагма (Уставен) со паролите: “Не сакаме нова окупација”, “ЕАМ се демократија, а не кралот”. Тоа го манифестирале повеќе од 300.000 жители близу зградата на Парламентот. Ненадејно полицијата употребила огнено оружје против демонстрантите и биле убиени триесеттина невини граѓани, а имало повеќе од стотина ранети. Народот, со помош на единиците на ЕЛАС, ги разоружале полицајците и го контролирале центарот на Атина. На четврти декември генералот Скомби го прогласил воениот закон т.е. воената диктатура, но истовремено избила владина криза и премиерот Папандреу и министрите од партијата на либералите, си дале оставка. Винстон Черчил не ја прифатил оставката на Владата и со противуставна телеграма му наредил на Папандреу да продолжи со извршувањето на владините дејности. Во неа се велело: треба да владеете со Атина, по можност без насилство или ако е потребно и со крвопролевање за уништување на одредите на ЕЛАС. По наведената наредба англиските тенкови интервенирале на повеќе места во Атина. Народот и борците на ЕЛАС им пружиле херојски отпор на новите окупатори, кој траел околу 33 дена.

ПРИКАЗНА ОД БИТКАТА ЗА ЛЕРИН

Од Граѓанската војна Чулев се потсетува на битката за Лерин.
”На почетокот на февруари 1949 г. началникот на желевската полиција, Омирос, од Леринско ни соопшти дека единиците на ДАГ ќе го нападнат Лерин. За таа цел требаше да се формира специјална група полицајци за ослободување на градот и да се извршат рации за апсење на предавниците и на фашистите. Бевме одредени околу триесетина полицајци и се приклучивме кон 107. и 114. бригада, кои имаа наредба да извршат напад од северната страна на градот. На овој планински дел градот беше бранет од бетонски направени бункери, а на североисток се протега Леринско поле. Единицата на овие бригади изврши напад од север, односно 1,5 километар јужно од селото Канвашница (Проти), со цел да се уништат бункерите. На околу 500 метри од целта бевме забележани од бранителите на градот, истовремено бевме изложени на интензивен митралески оган од тешко оружје, минофрлачки и топовски гранати. Војниците на една чета се приближиле до бункерите на кота од 1.033 метри надморска височина, но бидејќи теренот бил непогоден за напад, процениле дека не ќе можат да ги уништат бункерите и дека ќе се изложат на сигурна смрт. Сакајќи да дадат личен пример старешините на четата станале и викнале: “Напред, ура”. При нападот биле убиени од непријателските истрели, па со загубата на поголем дел од старешинскиот кадар, четата останала без команда. Во паника војската се повлекувале оставајќи голем број убиени и ранети војници. Непријателските сили употребиле различни видови минофрлачи и топовски гранати. Сликата беше ужасна. Нашата единица беше засолнета во еден трап и чекаше исход од акцијата. По оваа катастрофа и по паниката, нашата единица доби наредба да се врати назад до ридот пред селото Проти со цел да организираме заштитна одбрана на исток. Јас имав пушкомитралез од англиско производство на кој му монтиравме специјална отпорна цевка. Нашата задача беше по секоја цена да го браниме брдото од непријателските напади, за да им овозможиме безбедно спасување на ранетите борци. На одредената позиција стигнавме уште пред да зазори. По разденувањето непријателот почна со интензивни бомбардирања со топови и минофрлачи. По таа акција следеше првиот напад на непријателот и во тој напад беа убиени три наши полицајци. По одбиениот напад јас и една моја соборничка, се засолнавме во дупка, претпоставував дека повторно ќе се повтори бомбардирањето.
Еден пушкар на МАИ, кој беше многу добар стрелец, стрелаше целно кон нас и ни ја погоди лентата од митралезот, а јас се здобив со мала гребнатинка на челото. По прекинот на бомбардирањето настапи втора поинтензивна офанзива. Непријателот се доближи на околу 300 метри оддалеченост. Бев добар стрелец на таа оддалеченост, напаѓачите во паника се повлекуваа. Овој пат бомбардирањето се повтори и со ракетирање од авиони, а една граната падна во близина на нашата позиција, но за среќа не бевме погодени. Војниците на ДАГ панично се повлекуваа кон селото Буф и кон слободната територија”.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај

Поезия

АЗ СЪМ МАКЕДОНЕЦ

Аз съм македонец – и пътувам
с вяра в красотата и човека,
а за хищна мерзост съществувам
гроб да ми копае... Ала нека!

Злобна радост утре ще унива
и като премръзнал вълк ще вие,
че дори когато ме убива,
не можа до край да ме убие.

Просто няма как да не унива
жалкото потомство на вандали,
че когато с алчност се приспива,
ще сънува мъртви идеали.

В Дания мирише ли на гнило,
вечната трагедия ни учи,
че е невъзможно от мъртвило
даром свобода да се получи.

А когато подлостта преяжда,
за да властва робска орисия,
свободата себе си разгражда
и се преобръща в страхотия.

Рухна грешно зиданата къща,
рухна – за да царства кожодера!
И един безхлебник ли се връща
при страха от каменната ера?!

А сърцето ми проплаква в ада,
но ръка на Юда не целува; -
този, който нищо не изстрада,
той, навярно, нищо и не струва.

На гърба си нося готованци,
а в душата си – кървящи рани;
всички видове мъртвешки танци
върху мойте нерви са играни!

Аз съм македонец – от когато
този век е длъжен да узнае,
че на гибел се обрича злото,
ако гроб на цял народ копае!

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ


Македонија пее

АКО УМРАМ ИЛ ЗАГИНАМ

Ако умрам ил загинам,
немој да ме жалите,
напијте се рујно вино,
скршите ги чашите.

Рефрен:
Еј верни другари
песна запејте (2)
мене спомнете.

Ако умрам ил загинам,
поп немој да викате,
вие на гроб да ми дојте,
оро да заиграте.

Рефрен:...............

Ако умрам ил загинам,
ќе останат спомени,
што сум лудо лудовало
на младите години.

БОЛЕН ЛЕЖИ КАТИЛ ЃОРЃИ

Болен лежи катил Ѓорѓи,
в Солунски зандани.
Дење лежи катил Ѓорѓи, -
ноќе го испитуваат. (2)

Кажи, кажи катил Ѓорѓи,
кај е твојта пушка?
Кај е твојта пушка Ѓорѓи, -
пушка – маликера. (2)

Главата си давам душман,
пушка не кажувам.
Пушка не кажувам душман, -
пушка – маликера. (2)

Откаде спечели Ѓорѓи,
тешко имање?
Бегови сум клало душман, -
пари сум земало. (2)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting