Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Грците не можат да видат кое време е

ПОДВЛЕЧЕНО СО ЦРВЕНА ЛИНИЈА

Георги Барбаровски

Мојот колега Фиљос Стангос од грчката државна телевизија во „Кругот“ на мојот македонски колега Борјан Јовановски од телевизија „А1“ ја исцрта пирамидата на грчкото право со кое неговата земја ја држи на синџир мојата земја. Република Македонија била закана за неговата татковина затоа што ние нашата си ја именуваме така како што се вика и затоа што со тоа име и ние се идентификуваме. Во тоа, сосема независно, на собир во Минхен му помогна грчкиот амбасадор во Германија, Димитриос Кипреос, кој спротивставувајќи се на коректното и силно излагање на претседателот Ѓорге Иванов, рече оти сме настојувале да го монополизираме името.
Стоти пат пишувам оти да се објавуваат текстови на таа тема во влијателни европски весници, да се организираат средби на новинари, писатели, интелектуалци, бизнисмени, политичари - тоа е патот да се разбереме со нашите соседи и дојде до компромис во однос на спорот што го наметна Атина. Но, единствено елементарната пристојност ме сопира јавно да не се кикотам на објаснувањата на Грците за проблемите што им ги прави името на нашата земја. Образложувајќи го својот личен став во однос на нашиот идентитет, колегата од атинскиот јавен телевизиски сервис рече дека се чувствувал загрозен затоа што тој сакал да се идентификува и како Грк, и како Македонец, и како југоисточен Европеец, а богами и како Тесалиец, и како Солунец. И тоа е во ред. Тој може да ги употреби сите овие и други идентитети. Ние не му правиме никаков проблем. Тој има право на тоа. Јас, да признаам, сум посиромав со идентитети, зашто држам само до еден и барам само тој да не ми го забрануваат. Мојот грчки колега воопшто не го обврзувам да ме именува онака како што се викам. Може да ми се обраќа со кое било име, а тоа нема да му го земам за зло.
Конечно, разбрав зошто Грците постапуваат така со нас. Тие толку длабоко се вкопани во историјата што не може да видат кое време е и тоа прави страшна конфузија во нивниот идентитет. Тие и денес земјата си ја поимаат и како Елада, и како Македонија, и како Византија. Се сметаат за Елини, за Македонци, за Ромеи, за Грци. Можеби ќе беа и Отоманци, да не беа сочувани документите дека до 1912 година тие имаа грчки конзул во Солун. Со нив не смееме да разговараме за историја зашто пред нас ја напишаа и својата и светската. Со нив ниту за држава не може да се разговара затоа што пред нас ја создадоа својата држава. Со нив за меѓународното право не смее да се разговара, зашто имаат моќни пријатели во светот. Со нив за човекови права не смее да се разговара зашто тие се лулка на демократијата. Со нив на заедничка маса не може да се разговара зашто тие го определуваат текот на времето. А сега не е време за тоа! Тие ќе кажат кога ќе биде!
Толку многу историја има во современите Грци, а историјата, во суштина, е само иронија во движење, подбивно смеење на духот преку луѓе и настани. Апсурдот е во тоа што Грците нам ни судат единствено со аргументот на силата, со анатомијата на моќта. Тие робуваат на идејата за етнички чиста нација и за етнички национална држава, таа просветителска идеја, карактеристична за времето кога европските народи се ослободуваа од хегемониите. Уште не признаваат дека денес нема чисти нации и дека во новиот свет етносот и нацијата воопшто не се синоними. Тие не прифаќаат дека тоа што ние говориме словенски јазик воопшто не не прави исклучиво генетички Словени. Многу нации денес зборуваат туѓ јазик, или повеќе јазици. Етничкото самосознание не е работа на крв, туку прашање на избор, на семејна традиција и на култура. Но, гледајте, поради нив ние мораме одново да ја освојуваме слободата на самоопределување, ние дури и воздухот треба да го освојуваме, мораме да се бориме да дишеме, мораме да се бориме да сонуваме, да се бориме да се надеваме. Сеедно. Добро е и тоа што барем ние ќе ги разбереме проблемите на нашите соседи. А тоа, ќе признаете е напредок во спорот. Подвлечено со црвена линија.

Авторот е новинар

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај

Поезия

АЗ СЪМ МАКЕДОНЕЦ

Аз съм македонец – и пътувам
с вяра в красотата и човека,
а за хищна мерзост съществувам
гроб да ми копае... Ала нека!

Злобна радост утре ще унива
и като премръзнал вълк ще вие,
че дори когато ме убива,
не можа до край да ме убие.

Просто няма как да не унива
жалкото потомство на вандали,
че когато с алчност се приспива,
ще сънува мъртви идеали.

В Дания мирише ли на гнило,
вечната трагедия ни учи,
че е невъзможно от мъртвило
даром свобода да се получи.

А когато подлостта преяжда,
за да властва робска орисия,
свободата себе си разгражда
и се преобръща в страхотия.

Рухна грешно зиданата къща,
рухна – за да царства кожодера!
И един безхлебник ли се връща
при страха от каменната ера?!

А сърцето ми проплаква в ада,
но ръка на Юда не целува; -
този, който нищо не изстрада,
той, навярно, нищо и не струва.

На гърба си нося готованци,
а в душата си – кървящи рани;
всички видове мъртвешки танци
върху мойте нерви са играни!

Аз съм македонец – от когато
този век е длъжен да узнае,
че на гибел се обрича злото,
ако гроб на цял народ копае!

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ


Македонија пее

АКО УМРАМ ИЛ ЗАГИНАМ

Ако умрам ил загинам,
немој да ме жалите,
напијте се рујно вино,
скршите ги чашите.

Рефрен:
Еј верни другари
песна запејте (2)
мене спомнете.

Ако умрам ил загинам,
поп немој да викате,
вие на гроб да ми дојте,
оро да заиграте.

Рефрен:...............

Ако умрам ил загинам,
ќе останат спомени,
што сум лудо лудовало
на младите години.

БОЛЕН ЛЕЖИ КАТИЛ ЃОРЃИ

Болен лежи катил Ѓорѓи,
в Солунски зандани.
Дење лежи катил Ѓорѓи, -
ноќе го испитуваат. (2)

Кажи, кажи катил Ѓорѓи,
кај е твојта пушка?
Кај е твојта пушка Ѓорѓи, -
пушка – маликера. (2)

Главата си давам душман,
пушка не кажувам.
Пушка не кажувам душман, -
пушка – маликера. (2)

Откаде спечели Ѓорѓи,
тешко имање?
Бегови сум клало душман, -
пари сум земало. (2)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting