Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Академик Гане Тодоровски, добитник на наградата “Димитар Митрев” за најдобра книга со критика

ГИБАЊЕТО ВО ИМЕТО Е НЕДОЗВОЛЕНО

(Преземено од МИМ)

Јас сум животно остарен, но творечки подмладен, вели академик Гане Тодоровски, кој лани, на почетокот од деветтата деценија од животот, објави 11 книги. Меѓу тие дела беше и „Јасновид“, дело за кое Друштвото на писателите на Македонија деновиве му ја додели „Димитар Митрев“, награда за најдобра книжевна критика.

Јас сум животно остарен, но творечки подмладен, вели академик Гане Тодоровски, кој лани, на почетокот од деветтата деценија од животот, објави 11 книги. Меѓу тие дела беше и „Јасновид“, дело за кое Друштвото на писателите на Македонија деновиве му ја додели „Димитар Митрев“, награда за најдобра книжевна критика.

Помлади писатели велат дека наградите им се поттик за нови дела. Како вие ја доживувате наградата со оглед дека ја добивате втор пат и во година кога славите 65 години творештво?
- Секоја награда за нешто е драгоцена и возбудлива. Наградите се возбуди и восхити. Во младоста ним им се радуваме поинаку, поемотивно. На постари години возбуди и восхит има, но со поинаков ефект. Меѓутоа, без оглед на возраста (крај на 81-та година од животот - уште два месеца и ќе почнам да ја подгазувам 82-та, најверојатно), јас сум младешки продуктивен и литературно плоден: примете го со право на свое коментирање фактот дека минатата година објавив единаесет книги. Јас сум животно остарен, но творечки подмладен, нели, единаесетте книги го покажуваат тоа. Ќе треба ли како творечки феномен да ја објаснувам својата енергија која се’ уште ја носам и покажувам или ќе треба точно и праведно, но во современата македонска литература таков не сум само јас - има уште неколкумина. Веројатно, тоа е корисно за нашата литература, да има свои постари, ама и енергични и продуктивни автори.

ЛИТЕРАТУРЕН РАЗВИТОК ЗА ГОРДЕЕЊЕ

Во последните неколку години се доби впечаток дека книжевната критика се затвори во своите академски кругови. Дали со ланската зголемена продукција од книжевно-критички дела критиката сериозно се враќа во литературата?
- Не е точно дека нашата книжевна критика е затворена во своите академски кругови. Можеби универзитетите врзуваа и се’ уште се главно пребивалиште на вредноста на литературната критика, но тоа не е воопшто од пресудна важност. Одлични книжевни критичари во Македонија имаме ние и надвор од универзитетите. Не би сакал тоа овде да го коментирам. Второ, мојата книга „Јавнопис“ не е само литературна критика, туку припадност кон т.н. „литературен запис“, па жанровски не би требало условниот работен наслов на наградата да го врзуваме за поимот критика. Овде ќе кажам дека во моето литературно творештво литературниот запис (нема да го земеме и како жанровска определба) е бројно најприсутен во големиот простор на моето творештво, распослано во текот на шеесет и петте работни години како податок. Се’ ова значи дека литературната критика кај нас не се создава само под стреите на високошколските установи, и дека не е само белег на постојна литературна пропаганда туку, како што си е тоа најнормално - природна придружба на рамноправен литературен род и вид во развитокот на младата и малата македонска национална литература. Овде, патем, ќе речам дека јас во литературата сум присутен од 1945 година. Тогаш ја објавив во списание „Титов пионер“ (уредник Славко Јаневски) својата прва песна на македонски јазик. Годинава, соопштената 1945 година е прва регуларна година во развитокот на новата или слободна македонска литература. Јас тогаш стартував. Се’ ова не е лошо да го знае и читателот.

Дали денес културата и творештвото ни се подобри или недостига порив за моќни дела?
- Уште како македонската современа литература, чиј почеток го врзуваме за 1945 година - азбука, правопис, први литературни списанија, буквари и веднаш потоа и високошколски институции и формирање на литературно друштво - се’ ова значи громовито гласен и претенциозен литературен почеток, старт на една нова и млада и долго и долго оневозможувана национална литература. Во екот и бурата на тој фантастично логичен и разумен поход на повеќе генерации кон една-единствена цел: творечко извишување, ние, Македонците, успеавме да фатиме чекор со сличните развитоци на соседните народи од најблиското опкружје, да им се доближиме во сличните настојби. Се чини, ние на сопствениот творечки развиток на литературната уметност и’ дадовме логичен тек на осмислената разумна потреба. Сите генерации литературни творци од 1945 година, па до денес, имаа во своите редовни силни профилации на автори со кои нашиот литературен развиток и знае и умее да се гордее и да се фали.

НЕ СМЕЕ ДА СЕ КЛОЦА СОПСТВЕНАТА КУЛТУРА

Бевте дел од генерацијата поети што ги формираа Струшките вечери на поезијата. Помислувавте ли тогаш дека СВП со текот на времето ќе се извалкаат со политички влијанија при одлучувањето?
- Струшките вечери на поезијата не се фикција за која треба да се каеме. Подалеку нека се од ваква помисла. СВП и’ беа потребни на нашата млада и полетна литературна стварност, а во име на потребата да се општи со облици на пореални видувања на почит и меѓусебна соработка. Нам ни успеа, поради поголем број оправдани причини, да се избориме во тек на речиси половина век успешна работа да сочуваме живот на современата литературна институција, благодарејќи на која ненаметливо, но сепак успешно и резултатно, односот кон литературата кај нас се здоби со реален респект на сопствената средина. Тоа што сепак и сепак политиката настоела да прогласи свое супериорно влијание врз оваа корисна институција, не е голема и стравотна опасност за фестивалот. Напротив, на тој план ќе се пронаоѓаат и неопходните откривања на заеднички видувања на проблемите наречени духовна надградба. Политиката и културата можат напати да се раздалечуваат во извесни видувања за смислата на своите интереси, но тие не смеат никогаш катастрофално да се разидат. Тоа е недозволен аспект, но е нешто што не смее да се случи. Ниедно општество досега не си дозволило да си ја клоцне сопствената културна вредност, без оглед на нејзините плусови или минуси. Но, за ова не е лошо некогаш другпат да се проговори нешто.

На промоцијата на Македонската енциклопедија рековте дека таа е златна книга на нашето време и книга-ориентир за иднина, но истата таа Енциклопедија денес е повлечена, а нејзиното уредништво распуштено. Дали таа можеби и не беше слика на нашето време?
- Ова е многу добредојдено прашање, ви благодарам посебно за вниманието со кое ме почестувате. Случајот со неочекуваното трагично финале на постојаното издание, во чија јавна оценка неразумно беа вклучени бесмислено и силовито фактори со кои не се располага со доволно своја сопствена логика на рамноправен разговор, го отворија ширум прашањето за немоќта на Македонија за себе самостојно да суди и говори. Лично јас, излетав со групата афирматори на делото Македонска енциклопедија со еловентна позитивна оценка. За да знае нашата средина што сум рекол, го објавив во два повода (во списанијата „Синтези“ и „Акт“) текстот на своето видување. Останав меѓу малкуте поединци, подоцна, кога МАНУ под силен притисок на одделни општествени кругови во земјава беше принудена да го стопира нормалниот растур на изданието. Денес се’ уште се стои на таа точка. Но, не е далеку денот кога ќе мора сепак и сепак да се мрдне од таа точка на безумството. Никому нема да му се аплаудира, од која и да е точка на видување - уништувањето на изданието. Тоа би било ужасно. Ниту македонската демократија ниту, пак, македонската економија не би смееле да си врзат за името вакви потези.

Во предговор кон ваше дело стои дека сте бескомпромисен полемичар кога се работи за одбрана на националните вредности. Смее ли земјава да направи отстапки во преговорите за името, со цел да си го отвори патот кон евроинтеграциите?
- Разумно е ова ваше прашање. Меѓутоа, прашањето за промени, дополни или поправки на името на нашата земја не смее ниеден македонски државник да го вклучи во своја компетенција на решавање бидејќи тоа никој не смее да си го допушти. Како се случи ова што се случи тешко е да се каже, но, бездруго, за ниеден Македонец, од најголем до најмал, гибањето во прашањето на името не е допуштено. Тоа е битно.

Што следно имате на книжевен план?
- Овој месец, февруари, виден некаде кон својата средина, ќе се пофали дека Гане Тодоровски, авторот којшто во текот на минатата, 2009 година, објавил единаесет книги, во тековнава 2010 година го продолжува издавачкиот свој транс со книгата „ТОКМУ ТАКА како што реков“, избор од педесетина интервјуа. Изданието е на „Матица македонска“. Книгата најверојатно ќе предизвика посебно внимание кај нашите читатели, со оглед на многубројните прашања до кои сум се допрел. За литературните проучувачи оваа книга ќе има интерес поради многубројните новосоопштени факти и коментари.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај

Поезия

АЗ СЪМ МАКЕДОНЕЦ

Аз съм македонец – и пътувам
с вяра в красотата и човека,
а за хищна мерзост съществувам
гроб да ми копае... Ала нека!

Злобна радост утре ще унива
и като премръзнал вълк ще вие,
че дори когато ме убива,
не можа до край да ме убие.

Просто няма как да не унива
жалкото потомство на вандали,
че когато с алчност се приспива,
ще сънува мъртви идеали.

В Дания мирише ли на гнило,
вечната трагедия ни учи,
че е невъзможно от мъртвило
даром свобода да се получи.

А когато подлостта преяжда,
за да властва робска орисия,
свободата себе си разгражда
и се преобръща в страхотия.

Рухна грешно зиданата къща,
рухна – за да царства кожодера!
И един безхлебник ли се връща
при страха от каменната ера?!

А сърцето ми проплаква в ада,
но ръка на Юда не целува; -
този, който нищо не изстрада,
той, навярно, нищо и не струва.

На гърба си нося готованци,
а в душата си – кървящи рани;
всички видове мъртвешки танци
върху мойте нерви са играни!

Аз съм македонец – от когато
този век е длъжен да узнае,
че на гибел се обрича злото,
ако гроб на цял народ копае!

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ


Македонија пее

АКО УМРАМ ИЛ ЗАГИНАМ

Ако умрам ил загинам,
немој да ме жалите,
напијте се рујно вино,
скршите ги чашите.

Рефрен:
Еј верни другари
песна запејте (2)
мене спомнете.

Ако умрам ил загинам,
поп немој да викате,
вие на гроб да ми дојте,
оро да заиграте.

Рефрен:...............

Ако умрам ил загинам,
ќе останат спомени,
што сум лудо лудовало
на младите години.

БОЛЕН ЛЕЖИ КАТИЛ ЃОРЃИ

Болен лежи катил Ѓорѓи,
в Солунски зандани.
Дење лежи катил Ѓорѓи, -
ноќе го испитуваат. (2)

Кажи, кажи катил Ѓорѓи,
кај е твојта пушка?
Кај е твојта пушка Ѓорѓи, -
пушка – маликера. (2)

Главата си давам душман,
пушка не кажувам.
Пушка не кажувам душман, -
пушка – маликера. (2)

Откаде спечели Ѓорѓи,
тешко имање?
Бегови сум клало душман, -
пари сум земало. (2)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting