Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија

ИМЕТО ПОВАЖНО ОД ПРЕПОРАКАТА

(По македонскиот печат)

Европскиот парламент со огромно мнозинство од 548 гласа „за’, 45 против и 35 воздржани ја усвои резолуцијата со која се поздравува напредокот на Македонија на патот кон ЕУ. Во усвоената резолуција, европратениците препорачуваат почеток на преговори без понатамошно одолжување, односно донесување на одлуката на самитот во март.

Македонија се повикува да продолжи со реформите во јавната администрација, борбата против корупцијата и одржување на меѓуетничките односи со целосно спроведување на Охридскиот договор.
Веднаш по донесувањето на резолуцијата, предлагачот Зоран Талер не го криеше задоволството поради широката поддршка на неговиот текст и поради суштинската порака која таа ја содржи.
Европскиот парламент бара регионална иницијатива и одговорност на сите регионални актери и поради залагањето да и’ се даде на Грција нова улога. При гласањето на резолуцијата отпадна амандманот на грчката европратеничка Марија Елени Копа, со кој се бараше да се избрише токму овој дел со кој се подвлекува одлучувачката одговорност на владите од регионот во областа на мирот. Во овој контекст, се изразува загриженост поради одложувањето на одлуката за идните етапи во процесот на зачленување на Македонија од страна на Европскиот совет, што ризикува да ја влоши меѓуетничката политичка затегнатост во земјата и да има негативни последици за целиот регион. Со други зборови, европратениците се одлучија да извршат притисок врз сите страни за Македонија и истовремено за регионот да напреднат на патот кон ЕУ.
Во резолуцијата влезе и нов дел предложен од Улрике Луначек со кој се бара од македонските власти во законската регулатива за борба против дискриминацијата да се признае дискриминацијата што е втемелена на сексуалната определеност на лицата, односно заштита од дискриминација на хомосексуалците.
Што се однесува до самата дебата, таа траеше повеќе од три и пол часа, но се дебатираше заедно за трите земји-кандидати: Македонија, Хрватска и Турција.
Дебатата најдобро ја резимира шпанскиот државен секретар за европски прашања Диего Лопез Гаридо, кој во името на Европскиот совет заклучи дека што се однесува за Македонија, дебатата се концентрира, главно, на прашањето за името. „Тоа не е критериум од Копенхаген, но јасно е дека добрососедските односи се значајни за сите земји, треба да се води сметка за чувствителност и дека е потребна едногласност од земјите-членки за да се отворат преговорите“. Преговорите за името остануваат во процесот што се води во ООН и ЕУ ќе ги поддржи напорите за изнаоѓање решение.
При претставувањето на извештајот, известувачот за Македонија, словенечкиот пратеник Зоран Талер, нагласи дека целта на неговиот извештај и резолуција е „да и’ се помогне на Македонија да напредне на патот стабилноста за зачленување во ЕУ, но и да и’ се помогне и на Грција за да се реши проблемот со името.“
Според Талер, властите од Скопје ги исполнија клучните обврски од договорот. Тој испрати повик до Грција да седне со Владата во Скопје и да се обидат да изнајдат решение. „Секогаш кога одам во Скопје, јасно порачувам: вие сте одговорни да изнајдете решение со Грција. Мора да сториме се’ што можеме за да помогнеме во изнаоѓањето решение“, рече Талер. Германскиот европратеник Јоргос Шацимаркакис, како претседател на делегација за соработка со Македонија, нагласи дека не треба да се заборави дека пред четири години добивме статусот на земја-кандидат и сега се поставува прашањето кога ќе биде доделен датумот за преговори.
„Сакам да им испратам повик на сите заинтересирани страни: проблемот со името мора да биде надминат и ритамот на преговорите по одлуката на декемврискиот самит и доаѓањето на новата грчка влада треба да се искористи и да продолжи и да се продолжи да се работи за да се најде решение“.
Реакциите на другите европратеници, генерално, беа позитивни, сите го поздравија извештајот на Талер за Македонија, но некои од нив, сепак, предупредија дека е опасно да се потценува важноста на спорот за името.
Пратеникот од Кипар Јоанис Касулидис изјави дека Европската унија не и’ прави услуга на Македонија кога на овој спор му приоѓа со потсмев, а не изостана и традиционалната офанзива на бугарскиот пратеник Евгениј Кирилов, кој на европарламентот му порача дека македонската нација е вештачка творба од Втората светска војна и дека Македонија не ги почитува добрососедските односи.
Едуард Кукан од Словачка смета дека за земјата која забележала „осигурувачки“ напредок „парламентот треба да застане одлучно зад препораката на ЕК за почеток на преговори и со усвојувањето на резолуцијата да и’ се испрати позитивен сигнал за земјата и на целиот регион“.
Берндт Послет беше уште појасен: „Нашите очекувања се јасни: преговорите со Хрватска да бидат заклучени годинава и да започнат тие со Македонија“.
Сепак, мнозинството европарламентарци се фокусираа на спорот за името и на перспективите за отворање преговори со ЕУ, оставајќи ја историјата настрана. Еврокомесарот Штефан Фуле во својата прва изјава за Македонија како комесар рече дека земјата заслужува препорака од Комисијата за почеток на преговори, но дека, сепак, мора да ја искористи сегашната прилика, за решавање на спорот со Грција. Зоран Талер му порачал на Фуле дека членството на Македонија во ЕУ да биде круна на неговиот мандат, бидејќи Хрватска е повеќе успех на неговиот претходник Оли Рен.
Треба да се напомене дека една од најострите критики за внатрешната состојба на Македонија дојде од Британецот Мајкл Кишман, кој изрази голема загриженост за нацрт-законот за антидискриминација, кој ја игнорира сексуалната ориентација. Забелешка која се најде во резолуцијата.
Европската унија и сите други фактори треба да им помогнат на Македонија и Грција за да го надминат проблемот со името. За ова прашање Зоран Талер разговарал со новиот европски комесар за проширување Штефан Фуле и министерката за надворешни работи, Кетрин Ештон, и очекува новата Европска комисија активно да се вклучи во решавањето на проблемот. Притоа, Талер изразува умерен оптимизам.

„Не смееме само да гледаме и да бидеме пасивни набљудувачи, туку треба активно да бидеме вклучени во ова. На крајот, треба да се најде решение кое ќе го заштити достоинството на двете страни и ќе ја отвори можноста да се гледа нанапред. Мислам дека Грција полека гледа дека изминативе две децении не беа позитивни за неа, таа е премногу изолирана на југот на Балканот, на крајот тоа се гледа и во економијата и финансиите. Грција заслужува да игра активна улога на Балканот, додека Македонија заслужува да оди кон Европската унија и да биде полноправна членка“.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
СМЕЕ ЛИ ТРЕТИ МАРТ (САН СТЕФАНО) ДА БИДЕ БУГАРСКИ НАЦИОНАЛЕН ДЕН?
Читај
В ЧЕСТ НА МАКЕДОНСКОТО (КРЕСНЕНСКО) ВЪСТАНИЕ
Читај

Поезия

АЗ СЪМ МАКЕДОНЕЦ

Аз съм македонец – и пътувам
с вяра в красотата и човека,
а за хищна мерзост съществувам
гроб да ми копае... Ала нека!

Злобна радост утре ще унива
и като премръзнал вълк ще вие,
че дори когато ме убива,
не можа до край да ме убие.

Просто няма как да не унива
жалкото потомство на вандали,
че когато с алчност се приспива,
ще сънува мъртви идеали.

В Дания мирише ли на гнило,
вечната трагедия ни учи,
че е невъзможно от мъртвило
даром свобода да се получи.

А когато подлостта преяжда,
за да властва робска орисия,
свободата себе си разгражда
и се преобръща в страхотия.

Рухна грешно зиданата къща,
рухна – за да царства кожодера!
И един безхлебник ли се връща
при страха от каменната ера?!

А сърцето ми проплаква в ада,
но ръка на Юда не целува; -
този, който нищо не изстрада,
той, навярно, нищо и не струва.

На гърба си нося готованци,
а в душата си – кървящи рани;
всички видове мъртвешки танци
върху мойте нерви са играни!

Аз съм македонец – от когато
този век е длъжен да узнае,
че на гибел се обрича злото,
ако гроб на цял народ копае!

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ


Македонија пее

АКО УМРАМ ИЛ ЗАГИНАМ

Ако умрам ил загинам,
немој да ме жалите,
напијте се рујно вино,
скршите ги чашите.

Рефрен:
Еј верни другари
песна запејте (2)
мене спомнете.

Ако умрам ил загинам,
поп немој да викате,
вие на гроб да ми дојте,
оро да заиграте.

Рефрен:...............

Ако умрам ил загинам,
ќе останат спомени,
што сум лудо лудовало
на младите години.

БОЛЕН ЛЕЖИ КАТИЛ ЃОРЃИ

Болен лежи катил Ѓорѓи,
в Солунски зандани.
Дење лежи катил Ѓорѓи, -
ноќе го испитуваат. (2)

Кажи, кажи катил Ѓорѓи,
кај е твојта пушка?
Кај е твојта пушка Ѓорѓи, -
пушка – маликера. (2)

Главата си давам душман,
пушка не кажувам.
Пушка не кажувам душман, -
пушка – маликера. (2)

Откаде спечели Ѓорѓи,
тешко имање?
Бегови сум клало душман, -
пари сум земало. (2)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting