Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Аспирациите на некои соседи кон Македонија за анексија и асимилација навестуваат злокобна иднина на Балканот

ГРЦИJА И БУГАРИJА ВОДАТ АНТИЕВРОПСКА ПОЛИТИКА

JАН ПИРИНСКИ

Народите коишто го населуваат Балканскиот Полуостров речиси без прекин имаат живеано во конфликти и војни. Таквата ужасна историска судбина владеела поради дивата и незауздана лакомост на државите за хегемонија: секоја една од нив посакува да владее со другата. Затоа таквата злосреќна судбина ја наметнала потребата од решение. И требаше да поминат векови, за да може за овој тревожен и судбински проблем да се најде конечно решение.

Овој очекуван исторски момент се случи во втората половина на XX век. Тогаш, кога започнаа да се применуваат и остваруваат прогресивните идеи за изградување на слободна и обединета Европа. Позната е политичката концепција на Европската унија. А денес во неа членуваат и земји, соседни на Република Македонија, кои имаат принципиелен ангажман и долг да помагаат во спроведувањето на реформите, како на Македонија така и на други земји гранични со неа, и тие да станат полноправни членки на Унијата. А со што Грција и Бугарија и помагаат на Република Македонија за нејзиното зачленување во Европската унија и НАТО? Со што? И каква е нивната конкретна помош?
Помош ли? Каква ти помош!? Целата нивна дејност е насочена, не да и помогнат на Република Македонија, а токму спротивното: целосно ликвидирање на Република Македонија, ликвидирање на националниот идентитет на македонскиот народ, на неговото историско минато, на неговата култура и литература. Барем тоа не треба да се докажува, бидејќи овие држави ова го прават јавно и демонстративно пред целата светска заедница, пред очите на претставниците на Европската унија. Тогаш, на основа на овие злобни и хистерични закани, што може да направи Република Македонија за да ги скроти нивните диви страсти? Што?
Грција инсистира, наметнувајќи најдрско и тоа пред цел свет и пред Европската унија, Република Македонија да се откаже од своето уставно име, да се откаже од своето историско минато и својот народ да не го нарекува македонски. И тоа, кога се знае, дека Република Македонија е призната од 127 држави во светот, вклучувајќи ги САД, Русија, Кина, Велика Британија, Канада... Која држава ќе се реши да си го менува државното име и сите белези, што ја карактеризираат нејзината национална и индивидуална суштина, заради злобните каприци на својот сосед? Која?! Можеби некоја од членките на Европската унија ќе се одлучи на такво безумство?
Што може да се каже за сосема свежиот случај во Европскиот парламент во Брисел, каде за време на дебатата во врска со извештајот за напредокот на Македонија бугарскиот европратеник Евгени Кирилов (поранешен соработник на комунистичките тајни служби) ја нарекол Македонија „вештачка творба од Втората светска војна“, а Македонците ги квалификувал како ксенофобска нација, при тоа нарекувајќи ја БЈРМ, наспроти тоа што Бугарија официјално ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име.
Името на еден народ или држава е свето право и никој не може да го одзема; ниту една меѓународна институција нема право да наметнува друго и несакано име. Ниту ООН, ниту НАТО, ниту ЕУ, ниту Советот на Европа!
Срамно и понижувачки е како за НАТО, така и за Европската унија, поради апсурдните и нечесни маневри на Грција, Република Македонија да не стане членка на овие меѓународни институции.
Што ќе остане од македонскиот народ, ако се случи тоа што го сака Грција: Република Македонија да си го смени името, да не постои македонски јазик, македонска нација и историја? Ништо!
Може ли македонскиот народ да се откаже од националните херои, што ја пролеале крвта за својата татковина Македонија; да ги признае окупаторските војски на Бугарија во Македонија, кои влегле и ја освоиле територијата со помош и согласност на германските нацисти, не за окупациски, какви што биле и сами официјално се нарекувале, туку за ослободители - истите оние бугарски фашистички војски кои го тормозеле, грабеле и убивале македонското население; да прифати македонскиот народ дека тој не е македонски, дека не постои, дека за ништо била борбата до сега, а да се прогласи себеси за нешто туѓо, за дел од туѓ, бугарски народ, и својата територија и си друго - за бугарски отсекогаш; да се откаже од деловите на македонскиот народ кои останаа во Грција и Бугарија и да се согласи тие против нивната волја да бидат сметани за Грци или Бугари; да не смее веќе да го вика и смета својот убав јазик за македонски зашто според бугарските шовинисти и ултранационалисти тој е само дијалект на бугарскиот (иако самиот е составен од едно чудо дијалекти) и уште многу други невозможни, апсурдни нечовечки, идиотски и гнасни работи и претензии коишто му се познати на целиот свет. Што ќе остане од Македонија, ако се случи тоа што го сакаат Бугарија и Грција? Ништо!
Кажано накратко: овие две држави, членки на НАТО и ЕУ, не само што не ги признаваат македонските малцинства на своја територија (познато е и зошто), туку се обидуваат да ја уништат македонската нација во нејзината сопствена држава, при што го прават наметнувајќи безумно и со ароганција методи кои категорично и безусловно се отфрлени и осудени како целосно спротивни и непријателски на европските принципи и идеи, кои се тотална закана за остварувањето на клучните идеи за изградба на слободна и обединета Европа.
Застапувајќи ги овие регресивни доктрини, кои се неприфатливи и во целосна спротивност со Европската унија, Грција и Бугарија дејствуваат како непријатели на си за што се застапуваат и за кое работат Европската унија и НАТО. Заклучоците им ги оставаме на одговорните функционери на овие две институции.

Да се надеваме дека денес нема да се дозволи враќањето на времето на дивите шовинистички нарави и занеси во меѓународните односи. Но тоа може да се постигне само и единствено преку одбрана без компромиси, категорично и неповратно сите општоприфатени меѓународни документи за безбедност и стабилност, на демократијата и правата на човекот и најмногу: безусловно почитување на политичката и идејна концепција на Европската унија. Да се надеваме и веруваме, дека се гарантираат спокојството и мирот на народите.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај

Поезия

АЗ СЪМ МАКЕДОНЕЦ

Аз съм македонец – и пътувам
с вяра в красотата и човека,
а за хищна мерзост съществувам
гроб да ми копае... Ала нека!

Злобна радост утре ще унива
и като премръзнал вълк ще вие,
че дори когато ме убива,
не можа до край да ме убие.

Просто няма как да не унива
жалкото потомство на вандали,
че когато с алчност се приспива,
ще сънува мъртви идеали.

В Дания мирише ли на гнило,
вечната трагедия ни учи,
че е невъзможно от мъртвило
даром свобода да се получи.

А когато подлостта преяжда,
за да властва робска орисия,
свободата себе си разгражда
и се преобръща в страхотия.

Рухна грешно зиданата къща,
рухна – за да царства кожодера!
И един безхлебник ли се връща
при страха от каменната ера?!

А сърцето ми проплаква в ада,
но ръка на Юда не целува; -
този, който нищо не изстрада,
той, навярно, нищо и не струва.

На гърба си нося готованци,
а в душата си – кървящи рани;
всички видове мъртвешки танци
върху мойте нерви са играни!

Аз съм македонец – от когато
този век е длъжен да узнае,
че на гибел се обрича злото,
ако гроб на цял народ копае!

АЛЕКСАНДЪР МАКЕДОНСКИ


Македонија пее

АКО УМРАМ ИЛ ЗАГИНАМ

Ако умрам ил загинам,
немој да ме жалите,
напијте се рујно вино,
скршите ги чашите.

Рефрен:
Еј верни другари
песна запејте (2)
мене спомнете.

Ако умрам ил загинам,
поп немој да викате,
вие на гроб да ми дојте,
оро да заиграте.

Рефрен:...............

Ако умрам ил загинам,
ќе останат спомени,
што сум лудо лудовало
на младите години.

БОЛЕН ЛЕЖИ КАТИЛ ЃОРЃИ

Болен лежи катил Ѓорѓи,
в Солунски зандани.
Дење лежи катил Ѓорѓи, -
ноќе го испитуваат. (2)

Кажи, кажи катил Ѓорѓи,
кај е твојта пушка?
Кај е твојта пушка Ѓорѓи, -
пушка – маликера. (2)

Главата си давам душман,
пушка не кажувам.
Пушка не кажувам душман, -
пушка – маликера. (2)

Откаде спечели Ѓорѓи,
тешко имање?
Бегови сум клало душман, -
пари сум земало. (2)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting