Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Деветгодишниот Марко Чаласан од Скопје

НАЈМЛАДИОТ МАЈКРОСОФТ СИСТЕМ ИНЖИНЕР НА СВЕТОТ

(Преземено од МИМ)

Деветгодишниот Марко Чаласан од Скопје стана најмладиот Мајкрософт Систем Инженер на светот, откако успеа да ги положи и последните потребни испити. Последниот испит, Марко го положи во Словенија, каде што преговара за својот најнов проект за HD видео продукција за едукација.

Веста доби голем публицитет во словенечките медиуми, но и во еден од највлијателните светски електронски медиуми CNET, кој оваа информација ја пласираше како вест на денот.

Овој познат медиум објави и интервју на англиски јазик со Марко, како и дополнителна сторија и фотографии.

Марко во моментот работи на проект за продукција на висококвалитетни HD лекции во Full HD формат, како и дизајнирање на систем за емитување на истите по пат на мрежна дистрибуција.

Овој проект Марко го работи речиси една година и е заинтересиран да го промовира на некој од поголемите светски ИТ саеми и собири.

Продукцијата е на англиски јазик и е наменета глобално за сите заинтересирани ученици од целиот свет.

Марко се надева дека и во Македонија ќе се најде некоја заинтересирана компанија или некоја институција да изрази конкретна подршка во однос на неговите проекти кои што предизвикуваат внимание и надвор од нашите граници.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


138 г. от рождението на Гоце Делчев


Аз разбирам света единствено като поле за културно съревнование между народите.

Поздравления
ПО СЛУЧАЙ НОВАТА 2010 ГОДИНА

Главният редактор и редколегията на в. “Народна воля” получиха честитки от външния министър на Р Македония Антонио Милошовски, посолството на Р Македония в България, академик Блаже Ристовски, Трифон Костовски, професор Стефан Влахов-Мицов, д-р Константин Георгиев, Радко Георгиевски и много други. На всички тях
ИЗКАЗВАМЕ НАЙ-ИСКРЕНА БЛАГОДАРНОСТ
за добрите думи и им пожелаваме много здраве и успехи през 2010 г.

Македонија пее

АБЕР МИ ДОЈДЕ ОД СОЛУНА ГРАДА

Абер ми дојде од Солуна града
Солунчаните бесилка ставиле
Ќе ми го бесат Гоцета
Гоцета Делчев војвода

Гоце ми се сторил црно ќумурџиче
Па ми се шета в солунска чаршија
На среќа сретнал аскери
И на Гоцета говорат

Абре ѓаурче црно ќумурџиче
Нели го виде Гоцета
Гоцета Делчев војвода

Абре аскери вие бре аскери
И да го видам Гоцета
Јас Гоце не го познавам

МАМО, КОЈ ЧУКА НА ПОРТИ?

Мамо, кој чука на порти? (2)
Чука, тропа, мила ќерко,
твојто верно либе. (2)

Мамо, дал’ да му отворам? (2)
Немој ќерко, немој душо,
вечера немаме. (2)

Вечера ќе бидат, мамо,
вечера ќе бидат, мамо,
мојте слатки думи. (2)

Мамо, дал’ да му отворам? (2)
Немој ќерко, немој душо,
постела немаме. (2)

Постела ќе биде, мамо,
постела ќе биде, мамо,
мојта рамна снага. (2)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting