Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Мартин Шулц, германски европратеник и претседател на втората по големина европска парламентарна група

ДАТУМ ЗА ПРЕГОВОРИ ВО ЈУНИ

(Преземено од МИМ)

Германскиот европратеник Мартин Шулц, кој е претседател на Групата на европските социјалисти, втората по моќ политичка сила во Европскиот парламент, смета дека датумот за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ ќе може да и биде одреден во јуни.
- Гледам со извесна доза на скептицизам на можноста да биде доделен датумот за преговори во март. По се она што се случува, во моментов малку е веројатно дека тоа ќе се случи.
Но, да бидеме оптимисти, тоа може да се случи за време на првата половина на годината. Тоа ќе претставува напредок, оценува Шулц во изјава за Дојче Веле програма на македонски јазик.
Според германскиот европратеник, датумот за преговори може да се очекува на јунскиот самит на Европската унија, поради како што вели тежината на грчко-македонскиот спор.
- Потребно е да бидеме сериозни. Постојат тешки проблеми меѓу Македонија и Грција, кои тежат многу врз процесот на проширувањето, вели германскиот европратеник.
Тој не сака да се изјасни за суштината и содржината на спорот меѓу двете земји, бидејќи сака да биде полезен за да се најде решение за него, подвлекувајќи дека неговата група останува верна на идејата оти и Македонија во догледно време треба да стане членка на ЕУ.
На прашањето дали одлагањето на датумот за преговори може да предизвика негативни последици за земјата и за регионот, претседателот на групата на европските социјалисти, која е втора по големина во Европскиот парламент, повикува на чувствителност и дипломатија.
- Потребно е да се внимава да не се создаваат преголеми тензии ниту внатре во Македонија, ниту внатре во другите земји на ЕУ на кои ова се однесува. Затоа е потребна максимална чувствителност и дипломатија, смета Шулц.
Европскиот парламент ја поддржа препораката на ЕК на Македонија да и биде доделен датум за почеток на пристапните преговори. Но, Министерскиот совет на ЕУ на декемврискиот самит оваа одлука ја одложи и најави дека повторно ќе ја разгледа за време на претседателството на Шпанија во првата половина од годинава.
Словенечкиот европарламентарец и ивестувач за Македонија Зоран Талер во меѓувреме поднесе амандмани на извештајот поднесен до Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент со кои бара датум за почеток на преговорите да се одреди во март годинава на следниот Совет на министри.
Талер во изразува загриженост за одложувањето на стартот на преговорите. Според него, тоа може да донесе влошување на интеретничките тензии внатре во земјата и да има негативни последици врз стабилноста во регионот.
И грчките пратеници поднесоа свои измени за неговиот извештај. Тие во повеќе наврати инсистираат да не се спомнуваат датуми во резолуцијата, ниту да се повикува Советот на што поскоро отворање на преговорите со Македонија.
Комитетот за надворешни работи гласаше за поднесените амандмани на извештајот Талер на 26-ти јануари.
За 20 јануари во Стразбур беше најавен работен состанок на европратениците од делегацијата за соработка со Македонија, на кој требаше да расправаат за најновиот развој на ситуацијата во земјата и за подготвувањето на идниот мешовит комитет во кој ќе бидат заедно со нивните колеги од Македонија.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


138 г. от рождението на Гоце Делчев


Аз разбирам света единствено като поле за културно съревнование между народите.

Поздравления
ПО СЛУЧАЙ НОВАТА 2010 ГОДИНА

Главният редактор и редколегията на в. “Народна воля” получиха честитки от външния министър на Р Македония Антонио Милошовски, посолството на Р Македония в България, академик Блаже Ристовски, Трифон Костовски, професор Стефан Влахов-Мицов, д-р Константин Георгиев, Радко Георгиевски и много други. На всички тях
ИЗКАЗВАМЕ НАЙ-ИСКРЕНА БЛАГОДАРНОСТ
за добрите думи и им пожелаваме много здраве и успехи през 2010 г.

Македонија пее

АБЕР МИ ДОЈДЕ ОД СОЛУНА ГРАДА

Абер ми дојде од Солуна града
Солунчаните бесилка ставиле
Ќе ми го бесат Гоцета
Гоцета Делчев војвода

Гоце ми се сторил црно ќумурџиче
Па ми се шета в солунска чаршија
На среќа сретнал аскери
И на Гоцета говорат

Абре ѓаурче црно ќумурџиче
Нели го виде Гоцета
Гоцета Делчев војвода

Абре аскери вие бре аскери
И да го видам Гоцета
Јас Гоце не го познавам

МАМО, КОЈ ЧУКА НА ПОРТИ?

Мамо, кој чука на порти? (2)
Чука, тропа, мила ќерко,
твојто верно либе. (2)

Мамо, дал’ да му отворам? (2)
Немој ќерко, немој душо,
вечера немаме. (2)

Вечера ќе бидат, мамо,
вечера ќе бидат, мамо,
мојте слатки думи. (2)

Мамо, дал’ да му отворам? (2)
Немој ќерко, немој душо,
постела немаме. (2)

Постела ќе биде, мамо,
постела ќе биде, мамо,
мојта рамна снага. (2)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting