Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Талиа Драгонас, генерален секретар на грчкото Министерство за образование и наука:

ЕТНИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ ИМААТ ПРАВО НА СЕБЕИДЕНТИФИКАЦИЈА

(Преземено од МИМ)

“Грција не може да биде носител на единствена античка култура, и не смее да има негативен став кон малцинствата во земјата. Етничките Македонци во северна Грција имаат право за себеидентификација исто како што луѓето од Атина имаат право да се нарекуваат Грци”. Ова го пишува генералниот секретар на грчкото Министерство за образование и наука Талиа Драгонас во нејзината книга “Што е нашата земја”.

Тезите со нож беа дочекани од националистичката Лаос. Караџаферис од говорницата на грчкиот Парламент ја обвини функционерката за ширење на анти-државни ставови и побара нејзина оставка. Изнесените историски факти за Македонците и Турците беа повод во Грција да се отвори и дебата за малцинствата и националниот идентитет, прашања кои политичките партии ги избегнуваат по секоја цена.

Она што најмногу ги погоди грчките националисти е тврдење дека грчкиот идентитет е основан во 19 век. Наспроти уверувањата за античко потекло на грчката култура, Драгонас која меѓу другото е професор, пишува дека Грција доживува културно просветлувања во Отоманскиот период, а дека грчкиот идентитет се создаваа под влијание на Велика Британија и Франција во 19 век.

- Горда сум на историјата, културата и мојот идентитет, но исто така треба да се бориме и за демократија, толерантно општество и почит кон сите луѓе и култури во светот. Тоа што моите книги беа примени како анти-грчки и остранети од страна на Владата не би рекла дека е демократски. Кога станува збор за културните права, бројното турско малцинство, како и бројните како што ги нарекува нашата Влада Славомакедонци, немаат право на самоидентификација - изјави Драгонас во интервју за То Вима.

Лавината обвинувања на нејзина сметка, таа ги оцени како чисто политички и рече дека нема намера да поднесе оставка туку напротив е подготвена и да се спротистави на Лаос.

Ова не е прв пат грчки интелектуалци да и контрираат на политиката на официјална Атина. За жал тие се сеуште далеку од тоа да го определуваат општественото мислење.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


138 г. от рождението на Гоце Делчев


Аз разбирам света единствено като поле за културно съревнование между народите.

Поздравления
ПО СЛУЧАЙ НОВАТА 2010 ГОДИНА

Главният редактор и редколегията на в. “Народна воля” получиха честитки от външния министър на Р Македония Антонио Милошовски, посолството на Р Македония в България, академик Блаже Ристовски, Трифон Костовски, професор Стефан Влахов-Мицов, д-р Константин Георгиев, Радко Георгиевски и много други. На всички тях
ИЗКАЗВАМЕ НАЙ-ИСКРЕНА БЛАГОДАРНОСТ
за добрите думи и им пожелаваме много здраве и успехи през 2010 г.

Македонија пее

АБЕР МИ ДОЈДЕ ОД СОЛУНА ГРАДА

Абер ми дојде од Солуна града
Солунчаните бесилка ставиле
Ќе ми го бесат Гоцета
Гоцета Делчев војвода

Гоце ми се сторил црно ќумурџиче
Па ми се шета в солунска чаршија
На среќа сретнал аскери
И на Гоцета говорат

Абре ѓаурче црно ќумурџиче
Нели го виде Гоцета
Гоцета Делчев војвода

Абре аскери вие бре аскери
И да го видам Гоцета
Јас Гоце не го познавам

МАМО, КОЈ ЧУКА НА ПОРТИ?

Мамо, кој чука на порти? (2)
Чука, тропа, мила ќерко,
твојто верно либе. (2)

Мамо, дал’ да му отворам? (2)
Немој ќерко, немој душо,
вечера немаме. (2)

Вечера ќе бидат, мамо,
вечера ќе бидат, мамо,
мојте слатки думи. (2)

Мамо, дал’ да му отворам? (2)
Немој ќерко, немој душо,
постела немаме. (2)

Постела ќе биде, мамо,
постела ќе биде, мамо,
мојта рамна снага. (2)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting