Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Ангелика Бер, поранешна германска европарламентарка:

ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ МОЌНА КАМПАЊА ЗА ИМЕТО

(Преземено од МИМ)

Повод за разговорот со Бер се острите тонови што таа неодамна ги упати на конференција во Берлин, каде што рече дека ако Грција планира да продолжи со познатата политика кон Македонија, наспроти желбите на Европејците, ќе мора да одлучи дали ќе ја напушти ЕУ.
Германската политичарка тогаш истакна дека последните осум грчки барања на Грција за решавање на спорот за името се атак врз македонскиот идентитет и спротивставување на меѓународното право.
- Мојот говор беше неопходна провокација за да се разбудат дипломатите, претставниците на НАТО и политичарите. А моја цел е да се започне дискусија во националните парламенти, како и во Европскиот парламент, за тоа како да се натера Грција како членка на ЕУ да ги исполни копенхашките критериуми. Во Европскиот парламент има широко мнозинство, кое сака ЕУ веднаш да започне преговори со Македонија - објаснува Бер.

На конференција во Берлин оценивте дека Грција треба да претрпи санкции од ЕУ поради економскиот колапс. Дали е можно ЕУ да ја услови Грција со финансиска помош, а за возврат да побара порационален став на грчката влада во преговорите за името? Има ли воопшто волја во ЕУ за еден ваков притисок?
- Теоретски има неколку причини поради кои грчката влада треба да биде санкционирана. Грција ги прекршува европските и меѓународните принципи за човекови права затоа што не прифаќа ниту едно малцинство во својата држава. Кога станува збор за спорот за името, тие ја прекршуваат Привремената спогодба во која стои дека овој проблем нема да ја спречи Македонија да стане членка на ЕУ, НАТО и на други меѓународни организации. Европејците сакаат да имаат целосно обединета Европа и тоа подразбира сите земји од Западен Балкан да станат членки на ЕУ што е можно поскоро. Грција го блокира овој значаен процес. Тие се одговорни за фактот дека Македонија сй уште не е членка на НАТО, како и за тоа дека сй уште не може да добие датум за преговори со ЕУ.

Зошто министрите дозволија да бидат грчки заложници на состанокот во Брисел?
- Постои раширено недоразбирање за правата и за можностите на Грција. Затоа, многумина не сфаќаат дека станале заложници. Од овие причини го кренав мојот глас во Берлин.

Меркел, како значајна европска политичарка, оптимистички изјави дека Македонија ќе ги почне преговорите со ЕУ во 2010 година. Дали е реално да се очекува дека за шест месеци може да се реши спорот што не е решен повеќе од 14 години?
- Кога се работи за проширувањето на ЕУ, Меркел понекогаш само зборува, но не прави ништо повеќе. Таа е причината за недовербата што расте во сите европски општества. Нејзината прва цел е да ја држи Турција надвор од ЕУ. Не ни требаат оптимистички изјави од европските министри и претседатели. Она што на Македонија и на земјите од Западен Балкан им треба е политика што ќе го сопре грчкиот национализам и грчкиот страв дека Македонија ќе бара дел од Грција. Грчката влада треба да им дозволи влез во земјата на луѓето што се родени или што имаат предци во северниот дел на Грција. Сй друго е нехумано. Сй уште постои надеж дека преговорите на Македонија ќе почнат во 2010 година, како што силно бараа повеќе членки на Унијата.

Како Македонија најдобро да ја искористи временската рамка од шест месеци што ја одреди Советот на министри во Брисел?
- Македонија мора да направи кампања во сите европски метрополи и во други земји како што е САД, и тоа со истата моќ и енергија што ја употребува Грција. Мора да вршите постојан притисок, а не само привремено да настапувате со барања или да правите напори само за националистичките идеи.

Каква е според вас политичката ситуација во Македонија?
- Владата е поделена: македонското мнозинство се бори за македонскиот идентитет и сй повеќе користи национализам, како што е преименувањето на аеродромот, стадионот и изградбата на споменици. Албанското малцинство сака што побрзо и по секоја цена да влезе во ЕУ и НАТО. Токму овде лежи мојот најголем страв - во ваква атмосфера се ризикува или државата да се соочи со апсолутистичките тенденции на патриотскиот лидер, или пак, да се случи поделба на земјата по етничка линија. Двете нешта треба да се избегнат.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Е МАКЕДОНЕЦ И ЗА ТОА НЕМА ПАЗАРЕЊЕ
Читај
САМО ЕДНА Е ВО СВЕТОТ НА НАРОДИТЕ И ДРЖАВИТЕ – НАШАТА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА!
Читај
МАКЕДОНЦИТЕ ПРАЗНУВАХА 116 ГОДИНИ ОТ ИЛИНДЕНСКАТА ЕПОПЕЯ
Читај


138 г. от рождението на Гоце Делчев


Аз разбирам света единствено като поле за културно съревнование между народите.

Поздравления
ПО СЛУЧАЙ НОВАТА 2010 ГОДИНА

Главният редактор и редколегията на в. “Народна воля” получиха честитки от външния министър на Р Македония Антонио Милошовски, посолството на Р Македония в България, академик Блаже Ристовски, Трифон Костовски, професор Стефан Влахов-Мицов, д-р Константин Георгиев, Радко Георгиевски и много други. На всички тях
ИЗКАЗВАМЕ НАЙ-ИСКРЕНА БЛАГОДАРНОСТ
за добрите думи и им пожелаваме много здраве и успехи през 2010 г.

Македонија пее

АБЕР МИ ДОЈДЕ ОД СОЛУНА ГРАДА

Абер ми дојде од Солуна града
Солунчаните бесилка ставиле
Ќе ми го бесат Гоцета
Гоцета Делчев војвода

Гоце ми се сторил црно ќумурџиче
Па ми се шета в солунска чаршија
На среќа сретнал аскери
И на Гоцета говорат

Абре ѓаурче црно ќумурџиче
Нели го виде Гоцета
Гоцета Делчев војвода

Абре аскери вие бре аскери
И да го видам Гоцета
Јас Гоце не го познавам

МАМО, КОЈ ЧУКА НА ПОРТИ?

Мамо, кој чука на порти? (2)
Чука, тропа, мила ќерко,
твојто верно либе. (2)

Мамо, дал’ да му отворам? (2)
Немој ќерко, немој душо,
вечера немаме. (2)

Вечера ќе бидат, мамо,
вечера ќе бидат, мамо,
мојте слатки думи. (2)

Мамо, дал’ да му отворам? (2)
Немој ќерко, немој душо,
постела немаме. (2)

Постела ќе биде, мамо,
постела ќе биде, мамо,
мојта рамна снага. (2)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting