Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Бугарска поддршка за Грција

ЖЕСТОКА ДЕБАТА ВО ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

(По македонскиот печат)

Состанокот на делегацијата на Европскиот парламент, на кој требаше да се подготви Мешовитиот парламентарен комитет ЕП-Македонија, заврши со жестока дискусија меѓу германските и грчките европратеници околу спорот за името. Наместо, како што побара претседателот на Комитетот, германскиот европратеник Јорго Шацимаркакис, да се дебатира за напредокот на Македонија, расправата се фокусира на прашањето за името, пренесува Радио Дојче веле.

Веднаш по воведното излагање на амбасадорот на Република Македонија при Европската унија, Блерим Река, дискусијата излезе од контролата на претседавачот, најмногу поради острите спротиставени ставови за името.
Амбасадорот Река, нагласи дека земјата ги исполнила сите услови за почеток на преговорите за членство во Европската унија, но се соочува со прашањето на името, кое се претвори во „непишан“ критериум кој може да го закочи процесот на евроинтеграциите на Македонија.
- Во мојот говор реков дека и нашата Влада и нашето целокупно општество укажуваше и досега, и ќе продолжи со конструктивноста, да се најде едно заедничко решение. Но, во рамките на Привремената спогодба од 1995 година, чиј член 11 исто така кажува дека првата страна, односно Грција, нема право и има обврска да не го кочи зачленувањето на Македонија во меѓународните организации, изјави амбасадорот Река.
Од друга страна грчките европратеници Јоргос Кумуцакос и Ани Подимата, поддржани од бугарскиот Евгени Кирилов, во повеќе наврати инсистираа на добрососедски односи, барајќи од македонските власти да се воздржат од провокации кон соседите. Според нив, проблемот со името не е само билатерален. Кирилов побара да се испита, која од двете страни покажува конструктивност и подготвеност за компромис.
Германските европратеници Мишел Крамер и Мартин Кастлер, заедно со романката Моника Маковеј, пак, тврдеа дека станува збор за исклучиво билатерален проблем, неразбирлив за другите, но кој ја блокира Македонија на патот кон НАТО и ЕУ. Тие побараа спорот за името да не ја попречува Македонија во евроатлантската интеграција.
- Не можеме да сфатиме, ова е голем проблем бидејќи ветото на Грција против Македонија за членство во НАТО, за нас е неразбирливо. Тоа е тема на голема дискусија меѓу двете земји, што е потребно, но ние сакаме да решаваме други проблеми,“ нагласува Мишел Крамер.
Грчкиот европратеник и потпретседател на делегацијата на ЕП, Николас Салавракос, од редовите на грчката ултарнационалистичка партија Лаос, слично како и неговиот политички лидер Караџаферис, провокативно побара од македонскиот амбасадор да ја именува неговата земја според привремената референца, на што амбасадорот категорично одговори.
- За мене тоа е Република Македонија и јас сум амбасадор на Република Македонија и тоа е уставното име на мојата земја. Јас само така ќе ја нарекувам, нагласи Река.
Салавракос најави дека нема да патува во Скопје на 18 и 19 февруари на состанокот на Мешовитиот парламентарен комитет.
Претседателот на делегацијата Јорго Шацимаркакис, пак, најави дека тој ќе биде присутен во Скопје.
- Очекувам да зборуваме за содржината на напредокот во економијата, реформите и заштитата на природната средина, спроведувањето на Охридскиот договор и правата на малцинствата, рече Шацимаркакис.

Не сакаше да зборува за спорот со името, претходно велејќи дека се уште постои првичниот елан по изборот на новата грчка Влада. Тој ја повтори неговата идеја за улогата која може да ја игра Хавиер Солана за изнаоѓање на решение за името за време на шпанското претседателство со ЕУ.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


138 г. от рождението на Гоце Делчев


Аз разбирам света единствено като поле за културно съревнование между народите.

Поздравления
ПО СЛУЧАЙ НОВАТА 2010 ГОДИНА

Главният редактор и редколегията на в. “Народна воля” получиха честитки от външния министър на Р Македония Антонио Милошовски, посолството на Р Македония в България, академик Блаже Ристовски, Трифон Костовски, професор Стефан Влахов-Мицов, д-р Константин Георгиев, Радко Георгиевски и много други. На всички тях
ИЗКАЗВАМЕ НАЙ-ИСКРЕНА БЛАГОДАРНОСТ
за добрите думи и им пожелаваме много здраве и успехи през 2010 г.

Македонија пее

АБЕР МИ ДОЈДЕ ОД СОЛУНА ГРАДА

Абер ми дојде од Солуна града
Солунчаните бесилка ставиле
Ќе ми го бесат Гоцета
Гоцета Делчев војвода

Гоце ми се сторил црно ќумурџиче
Па ми се шета в солунска чаршија
На среќа сретнал аскери
И на Гоцета говорат

Абре ѓаурче црно ќумурџиче
Нели го виде Гоцета
Гоцета Делчев војвода

Абре аскери вие бре аскери
И да го видам Гоцета
Јас Гоце не го познавам

МАМО, КОЈ ЧУКА НА ПОРТИ?

Мамо, кој чука на порти? (2)
Чука, тропа, мила ќерко,
твојто верно либе. (2)

Мамо, дал’ да му отворам? (2)
Немој ќерко, немој душо,
вечера немаме. (2)

Вечера ќе бидат, мамо,
вечера ќе бидат, мамо,
мојте слатки думи. (2)

Мамо, дал’ да му отворам? (2)
Немој ќерко, немој душо,
постела немаме. (2)

Постела ќе биде, мамо,
постела ќе биде, мамо,
мојта рамна снага. (2)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting