Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Жељу Желев, првиот демократски избран претседател на Република Бугарија го доби орденот „Осми септември“ – највисокото државно одликување на Република Македонија

ИСКРЕНА БЛАГОДАРНОСТ ЗА РАЗВОЈОТ НА ДОБРОСОСЕТСТВОТО


На 15 јануари годинава првиот демократски избран претседател на Република Бугарија, Жељу Желев (1990 – 1997) доби орден „Осми септември”, доделен лично од претседателот на Република Македонија, Ѓеорге Иванов, на официјална церемонија во Скопје. Орденот му се дава за си што има направено за признавањето на Република Македонија под нејзиното уставно име од меѓународната заедница и за неговите успеси во развојот на односите на пријателство и добрососетство меѓу нашите две земји.

При доделувањето на наградата, со свои говори настапија претседателот на Република Македонија и г-н Желјо Желев.
Во својата информација за доделувањето на орденот, агенцијата БГНЕС известува: „Со овој факт ја изразувам големата и искрена благодарност кон Вас, кон Вашата лична посветеност на развојот на односите на пријателство и добрососедство меѓу нашите две земји, како и за улогата што ја одигравте во периодот на признавање на Република Македонија од страна на Република Бугарија“, се вели во писмото на македонскиот претседател Ѓеорге Иванов, испратено лично до д-р Желев.“
Се разбира, заслугите на г-н Жељу Желев не се исцрпуваат само со вложените напори пред 18 години. И денес, тој како претседател на Балканскиот политички клуб, има јасна и категорична позиција за развојот на Република Македонија и за односите на некои соседи кон неа. Посебно за односите со Грција, г-н Жељу Желев го изјавил следното пред веќе споменатата агенција:
„Нашата западна сосетка треба да остане со името Република Македонија, со кое таа била во Југословенската федерација во тек на половина век. Зошто тогаш, во времето на Тито, Грција не го поставувала прашањето за името? Зашто ги беше страв. Срамота е сега да си играат со оваа земја на таков неубав начин, тоа е една дипломатија на присилување без да има зошто.“
Го одбележуваме 15 јануари како радосна етапа во бугарско-македонските односи, но не можеме да не споделиме и некои наши мисли. Не е далеку времето, кога г-н Жељу Желев не се искажуваше многу љубезно за нас Македонците во Бугарија, и ја поддржуваше формулата: признавање на државата, без признавање на нацијата и јазикот. Но му прави чест, дека како вистински политичар и државник, како вистински маж, тој ги коригира своите погледи, и изјави: штом во Бугарија има луѓе, кои се самоопределуваат како Македонци, треба да им биде дадена можност да се развиваат.
Би сакале денес г-н Жељу Желев, како раководител на балканска институција, да биде уверен, дека ние, Македонците во Бугарија, сме биле, сме и ќе бидеме лојални граѓани на оваа земја; дека ние ги бараме само своите малцински, човечки и граѓански права, гарантирани во меѓународните документи ратификувани од Бугарија; дека бараме само нормален човечки однос на взаемна почит и рамноправност; дека го бараме само она што веќе е направено за граѓаните, за малцинствата во вистински демократските држави. Дека ја бараме демократизацијата и вистинското добро на Бугарија.
Г-н Жељу Желев докажа дека е храбар човек. Да добие награда од Република Македонија во време, кога во Бугарија е во тек злобна и безрасудна антимакедонска пропаганда, предводена од „поранешната“ Државна безбедност и нејзините слуги, е потребен голем кураж и големо мажество.

Се надеваме дека тој, според можностите што му стојат на располагање ќе се обрати и кон нас како кон мирни луѓе, кои сакаат да живеат во мирен и просперитетен Балкан. На Балкан како составен дел од целосна обединета Европа. Европа без граници!

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
“МАКЕДОНСКО МАЛЦИНСТВО НЯМА И НЕ МОЖЕ ДА ИМА“. ДОКОГА?!
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
ЗА ДЕБАТИТЕ, БЛАТОТО И ДОГМАТИТЕ
Читај
ГОЛОГАНОВ: НИЕ МАКЕДОНЦИТЕ НЕМАМЕ ТОЛКУ МАКА ОД ТУРЦИТЕ, КОЛКУ ОД ГРЦИТЕ, БУГАРИТЕ И СРБИТЕ
Читај
ОТБЕЛЯЗАН ДЕНЯТ НА ГЕНОЦИДА НАД МАКЕДОНСКОТО ДВИЖЕНИЕ
Читај


138 г. от рождението на Гоце Делчев


Аз разбирам света единствено като поле за културно съревнование между народите.

Поздравления
ПО СЛУЧАЙ НОВАТА 2010 ГОДИНА

Главният редактор и редколегията на в. “Народна воля” получиха честитки от външния министър на Р Македония Антонио Милошовски, посолството на Р Македония в България, академик Блаже Ристовски, Трифон Костовски, професор Стефан Влахов-Мицов, д-р Константин Георгиев, Радко Георгиевски и много други. На всички тях
ИЗКАЗВАМЕ НАЙ-ИСКРЕНА БЛАГОДАРНОСТ
за добрите думи и им пожелаваме много здраве и успехи през 2010 г.

Македонија пее

АБЕР МИ ДОЈДЕ ОД СОЛУНА ГРАДА

Абер ми дојде од Солуна града
Солунчаните бесилка ставиле
Ќе ми го бесат Гоцета
Гоцета Делчев војвода

Гоце ми се сторил црно ќумурџиче
Па ми се шета в солунска чаршија
На среќа сретнал аскери
И на Гоцета говорат

Абре ѓаурче црно ќумурџиче
Нели го виде Гоцета
Гоцета Делчев војвода

Абре аскери вие бре аскери
И да го видам Гоцета
Јас Гоце не го познавам

МАМО, КОЈ ЧУКА НА ПОРТИ?

Мамо, кој чука на порти? (2)
Чука, тропа, мила ќерко,
твојто верно либе. (2)

Мамо, дал’ да му отворам? (2)
Немој ќерко, немој душо,
вечера немаме. (2)

Вечера ќе бидат, мамо,
вечера ќе бидат, мамо,
мојте слатки думи. (2)

Мамо, дал’ да му отворам? (2)
Немој ќерко, немој душо,
постела немаме. (2)

Постела ќе биде, мамо,
постела ќе биде, мамо,
мојта рамна снага. (2)




ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

TJ-Hosting
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2019 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting