Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Подмитување на новинарите

130 МИЛИОНИ ЗА ПРОМОВИРАЊЕ НА ГРЧКИТЕ ЛАГИ

(Преземено од МИМ)

Од 1989 до 1993 година од тајни фондови на грчкото МНР со кое раководел Антонис Самарас на новинари за да ја промовираат „грчкоста на Македонија“ им биле исплатени околу 130 милиони долари! Иако овие средства првично биле наменети за „надворешна промоција“, тие, според сведочењето на бившиот премиер Константинос Мицотакис, завршиле во џебовите не грчките новинари.
- Парите беа во црни најлонски ќеси, како оние за отпадоци, само полни со петилјадарки. Не даваа чекови, само кеш. Парите беа главно за пропаганда околу името Македонија, но наместо кон надвор, таа пропаганда беше насочена кон внатре - и рекол Мицотакис на комисијата што се обидела да го расветли случајот. Исплата на огромните суми се совпаѓа со осамостојувањето на Македонија и со засилувањето на внатрешната пропаганда и „македонизацијата“ во Грција.
Скандалот, кој го актуализира атинска „Елефтеротипија“, беше забошотен, во 1994 година повторно излегува на виделина откако Самарас беше избран за лидер на Нова демократија, која претрпе пораз од ПАСОК на есенските избори. Тој во април 1992 година беше сменет по судирот со тогашниот премиер Мицотакис, кој, слично како и сега Папандреу, самиот го презеде Министерството за надворешни работи.
Истрагата, која не донесе никаков заклучок, ја поведе наследникот на Самарас и Мицотакис во грчкото МНР - сегашниот претседател Каролос Папуљас. Со тајните исплати на новинарите се занимаваа јавниот обвинител, Владата, Здружението на новинарите на Грција, но сй заврши под велот на „повисоките национални интереси“.
Станува збор за огромни суми од т.н. тајни фондови на грчкото министерство за надворешни работи во времето на Самарас, кои, според грчките медиуми, отишле во џебовите на новинарите и на издавачите. Некои од нив ги потврди и самиот Мицотакис, кој му забележува на Самарас дека овие средства си ги користел за „самопромоција и развивање добри односи со седмата сила“. Дилемата дали се работи за класично потплатување на новинарите или за нивно користење за промоција на националните прашања останува да виси во воздухот, особено поради тоа што се уништени сите документи поврзани со исплатите. Самарас тврди дека средствата (за кои не негира дека биле исплатувани) биле користени законски и за „национално корисни“ цели.
Индикативно е дека сите документи биле уништени пред Мицотакис да го преземе грчкото МНР од Самарас - на 13 април 1993 година. Самиот Самарас посведочил дека документите се уништени на 17 март истата година. Единствено што останува се вкупните суми и изјавите на сослушаните - луѓето што ги делеле парите (Манолис Каламидас, близок до Самарас, и Димитрис Аврамопулос, човек од доверба на Мицотакис).
За скандалот првпат се слушна по падот на владата на Мицотакис на 10 октомври 1993 година. За да биде случајот поинтересен, министер за надворешни работи на новата влада на ПАСОК - по Самарас и Мицотакис - беше никој друг туку денешниот претседател на Грција Каролос Папуљас! Тој ангажира адвокат од САД, поранешен судија, кој практично ги откри тајните фондови. Истрагата никогаш не откри имиња на новинари и новински организации.
Според документите од истрагата, на 10 март 1994 година Мицотакис пред комисијата потврдил дека имало тајни средства и од МНР, но и средства на банки и други големи компании. По преземањето, ситуацијата во МНР Мицотакис ја опишал како „лоша“, и рекол дека затекнал само 40-48 милиони драхми (220 илјади долари), а големи суми биле насочени кон непознати лица без соодветни потврди. Тој рекол дека средствата ги распределувал министерот, а ги контролирала тричлена комисија именувана - од министерот. Документите - ако ги имало - биле уништувани двапати годишно. Поранешниот грчки премиер посведочил дека побарал од Самарас да му каже каде отишле толку пари, но дека тој не сакал точно да му каже, туку рекол „за реклама“. Мицотакис посведочил дека „лично знае новинари што зеле пари, во готово“. На инсистирањето да објасни како се правело тоа, Мицотакис рекол: „Имаше вреќи со пари. Тоа беа црни најлонски ќеси, како оние за отпадоци. Полни со петилјадарки. Не се даваа чекови, само кеш. Парите беа главно за пропаганда околу името Македонија, но наместо кон надвор таа пропаганда беше насочена кон внатре“.
Мицотакис имал сознанија дека парите биле наменети и за некои новинари за да се билда политичкиот имиџ на Самарас. Сегашниот прв човек на Нова демократија, Самарас, на 21 април 1994 пред комисијата негирал дека какви било средства им биле давани на новинари. Запрашан од каде тогаш толкави нерегистрирани суми, тој рекол дека „средствата од практични причини биле ставени во ставката информации“. Самарас уште рекол дека „ако сакал да потплатува новинари, за тоа можел да ги користи 12-те милиони долари што како на министер му биле на располагање во МНР!
Во Грција законот му дава право на министерот да располага со тајни фондови за трошоци од „национален интерес“ и како тој нив ќе ги употребува зависи од неговиот „патриотизам“.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
ГОДИШЕН ДОКЛАД ЗА ПОЛОЖЕНИЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО В БЪЛГАРИЯ
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
БИТКАТА ТРЕБА ДА ЈА БИЈАТ ПОЛИТИЧАРИТЕ
Читај
„ЗА ОФИЦИАЛНИЯ ЕЗИК НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЯ“
Читај


Дарение
Б Л А Г О Д А Р Н О С Т

Редакцията на “Народна воля” сърдечно благодари на дългогодишния спомоществовател Борис Петков от Чикаго, изпратил150 долара за абонация и помощ за вестника. НВ


ДО КАДЕ ИМА СОЈ МАКЕДОНСКИ

Имам земја мајка мила
многу јадовна
со векови роб што била
пак е јадовна
и кинеа волци врани
срце в постела
ја делеа од три страни
и на три дела.

Рефрен:
Мечкин Камен славен
славен Илинден
а некој вели
народ безимен
ако нека вели
дури научи
до каде има
сој македонски.

Има уште крв што блика
по бој неравен
има уште глас што вика
за Мечкин Камен
Ти кинеа волци врани
срце во постела
те делеа од три страни
и на три дела.
Рефрен:..............

КАТЕ ЛИЧНО ДЕВОЈЧЕ

Кате, лично девојче,
ајде да се земеме.

Како да се земеме,
кога пари немаме.

Ако пари немаме,
барем севда имаме.

Пари ќе спечалиме
куќа ќе направиме.



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting