Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Позиција

ЛИЦЕМЕРСТВОТО НА ГРЦИЈА

Џејсон Мико

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски го кажа тоа најубаво, иако беше доста учтив со зборовите што ги користеше по средбата на шефовите на дипломатиите на ЕУ на почетокот на декември. Затоа, еве јас повторно ќе го кажам тоа тука на едноставен американски, англиски јазик (добро, преведено на македонски јазик): Грција е лицемерна. Преку нејзините неодамнешни дејства, Грција ја практикува античката вештина на лицемерството.

Иронично е да се забележи дека потеклото на зборот лицемерство доаѓа од грчкиот збор хипокризис, кој го означува чинот на одигрувањето претстава на сцената. Во дефиницијата на речникот „Миријам Вебстер“ се наведува дека тоа е „преправањето дека некој е нешто што не е или дека верува во нешто што не верува; особено: лажната претпоставка за појавувањето на доблеста или на религијата“.

По победата на октомвриските избори во Грција, грчкиот премиер Јоргос Папандреу му порача на светот дека Грција сака да си ја врати улогата во Југоисточна Европа и да ги види сите земји од регионот во ЕУ до 2014 година, 100 години по почетокот на Првата светска војна. Откако му го кажа ова на светот, тој отиде и стави ефикасно вето на почетокот на пристапните преговори на Македонија со ЕУ за време на состанокот на министрите за надворешни работи во Брисел. Јоргос Папандреу, актерот.

Да бидам целосно искрен, доста ми е веќе од Грците. А јас не сум ниту Македонец, ниту Европеец. Грците го лажеа, мамеа светот, ставаа вето, му се закануваа, насилнички се однесуваа и го уценуваа во изминатите 50 години, ако не и повеќе. Зошто светот го трпи сето тоа - зошто светот ги смета нив толку скапоцени - е мистерија за мене. Тие плачат и светот им дава шише со млеко. Тие врескаат и светот ги зема во прегратка. Тие земаат, а светот дава. Постои израз за таквиот вид на однесување: гнило размазен. Грците навистина се гнило размазени. Но настаните од изминатата недела сега ја открија вистината зад претставата што Грците им ја покажуваа на светот. Зборувам за финансиската катастрофа, која сега се нарекува Грција. За една недела имаше буквално илјадници статии во медиумите, каде во детали беа опишани економските проблеми на Грција. Магазинот „Тајм“ пишува „Годините на задолжничко трошење и лабави фискални политики ја оставија земјата да се дави во црвено мастило. Се очекува националниот долг во 2010 година да достигне 125 отсто од БДП-то, највисок во еврозоната. - Доколку сакате пример на политичка елита која мислеше дека членството во еврозоната е лек за сй, тогаш не морате да барате подалеку од Грција. Тие се во сериозна неволја - вели Сајмон Тилфорд, главен економист од Центарот за европски реформи од Лондон.“

Ројтерс пренесе дека „Фич Рејтингс го намали својот кредитен рејтинг на Грција на троен Б минус од единечен А минус, нагласувајќи ја загриженоста за среднорочниот изглед околу јавните финансии, ако се земе предвид слабиот кредибилитет на финансиските институции и на политичката рамка во Грција. Крис Прајс од Фич Рејтингс вели дека е јасно оти Грција сега е најслабата земја во еврозоната“.

Истовремено „Економист“ забележа дека „Земјата што и понатаму непокаено стои е Грција. Таа и понатаму создава дефицити, дури и во добри времиња. Нејзината нова влада во октомври соопшти дека годинашниот буџет ќе биде двапати поголем од тоа што претходно беше рекламирано. Владата вели дека наредната година ќе го намали дефицитот на 9,1 отсто од БДП. Но притисокот од финансиските министри од еврозоната за порешителни чекори се зголемува: тие ќе се сретнат во февруари за да одобрат нов план за Грција да си ги среди финансиите, кој мора да биде доставен овој месец до Европската комисија“.

Грците преку лаги влегоа во еврозоната и повеќе декади ја малтретираа ЕУ за многу прашања - покрај Македонија. Тие ги фалсификуваа своите финансиски извештаи. Но сега вистината излегува на виделина. Сега вистината покажува дека Грците можеби се европската Ахилова петица - многу повеќе од која било друга земја.

Во друга статија на Ројтерс се наведува изјавата на премиерот Папандреу, кој вели „Мораме да го затвориме јазот на кредибилитет за да преживееме како суверена и кохезивна нација“. Добро го кажа тоа Јоргос. Недостигот на кредибилитет е еден од најголемите проблеми на Грција, и покрај тоа што дури сега тој беше откриен пред светот. Нивниот недостиг на доверба сјае оддалеку.

Се надевам дека Грците сега всушност се загрижени за нивното место во Европа и во светот. Тие се соочија со невиден притисок од остатокот на Европа за време на состанокот на министрите за надворешни работи, а еден германски пратеник во Европскиот парламент дури и предложи дека Грција би требало да ја напушти ЕУ. Досега Грците беа насилникот во Европа, седејќи самозадоволни додека им беа правени отстапки преку плачењето или притискањето, но можеби се наближува времето кога остатокот од Европа - и светот - ќе се исправат пред нив и ќе кажат „Доста е!“. Претставата што се нарекува „Грција“ можеби се приближува до својот крај, при што членовите на актерската екипа се разоткриени за тоа што навистина се - навистина лоши актери.

Авторот е независен и слободен интелектуалец

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
ГОДИШЕН ДОКЛАД ЗА ПОЛОЖЕНИЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО В БЪЛГАРИЯ
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
БИТКАТА ТРЕБА ДА ЈА БИЈАТ ПОЛИТИЧАРИТЕ
Читај
„ЗА ОФИЦИАЛНИЯ ЕЗИК НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЯ“
Читај


Дарение
Б Л А Г О Д А Р Н О С Т

Редакцията на “Народна воля” сърдечно благодари на дългогодишния спомоществовател Борис Петков от Чикаго, изпратил150 долара за абонация и помощ за вестника. НВ


ДО КАДЕ ИМА СОЈ МАКЕДОНСКИ

Имам земја мајка мила
многу јадовна
со векови роб што била
пак е јадовна
и кинеа волци врани
срце в постела
ја делеа од три страни
и на три дела.

Рефрен:
Мечкин Камен славен
славен Илинден
а некој вели
народ безимен
ако нека вели
дури научи
до каде има
сој македонски.

Има уште крв што блика
по бој неравен
има уште глас што вика
за Мечкин Камен
Ти кинеа волци врани
срце во постела
те делеа од три страни
и на три дела.
Рефрен:..............

КАТЕ ЛИЧНО ДЕВОЈЧЕ

Кате, лично девојче,
ајде да се земеме.

Како да се земеме,
кога пари немаме.

Ако пари немаме,
барем севда имаме.

Пари ќе спечалиме
куќа ќе направиме.



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting