Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Британските претставници за спорот со името

МАКЕДОНИЈА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА, ГРЧКАТА БЛОКАДА Е БЕСМИСЛЕНА

(Преземено од МИМ)

По недобивањето на датум за почеток на преговори меѓу Македонија и Брисел меѓународните претставници сметаат дека спорот за името ќе биде набрзо решен со што ќе се деблокира процесот за вклучување на земјава во Европската унија и НАТО.
Мајк Гејпс претседател на Комитетот за надворешна политика на Британскиот парламент изрази надеж дека спорот меѓу Македонија и Грција кој ја кочи македонската евроатланска интеграција ќе биде многу брзо решен.
- Се надевам дека тој спор, меѓу двете земји наскоро ќе биде решен. Македонија треба да стане членка на Европската унија и таа блокада од страна на Грција станува целосно бесмислена, вели Гејпс во изјава за радио Слободна Европа.
Соединетите Држави пак препорачуваат “Република Северна Македонија” решение за името, а “македонски” за идентитетот и јазикот, пишува грчкиот весник Елефтеротипија. Весникот го насловува текстот како “Американците подготвуваат замка за името на ПЈРМ”.
Елефтеротипија повикувјќи се на високи американски дипломати пишува време е да се стави крај на спорот за името и да се сфати значењето што би ги имале неговото решавање и пристапувањето на Македонија кон евроатлантските структури.
Во весникот се оди и понатаму и се вели дека Американците вршат притисок за решавање на прашањето преку посредникот на Обединетите нации, Метју Нимиц. Американскиот план предвидува новото име “Република Северна Македонија” да помине на Советот за безбедност на ОН, кој би дал и препорака тоа да се користи од сите држави-членки на Светската организација во билатералните релации со Македонија. За идентитетот и за јазикот е предвидено “тивко решение”, односно нивното одредување како македонски да се впише во регистерот на ОН, без неопходно претходно одобрение од Грција. Атина тоа практично и не би можела да го сопре, се вели во текстот во Елефтеротипија.
-Новата американска администрација учејќи од грешките на претходната, планира да ги побива грчките аргументи пред самитите на НАТО и на ЕУ планирани во 2010 година, пишува весникот, укажувајќи дека Вашингтон изврши силен притисок врз Грција и за време на Самитот на НАТО во Букурешт, но сепак до компромис не дојде, а Атина стави вето на приемот на Македонија во Алијансата.
Во интервју во српскиот весник Блиц генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен вели дека евроатлантската интеграција на земјите од Западен Балкан е пресудна за долгорочната безбедност и стабилност.


Меркел: Македонија ќе почне преговори со ЕУ во 2010

Германската канцлерка Ангела Меркел пред пратениците во Бундестагот на 17 декември 2009 најави дека следната година се очекува почеток на пристапнитe преговори на Македонија и Исланд со ЕУ.
- На дневниот ред на ЕУ следната година ќе биде прашањето за проширувањето со Исланд и со Македонија, најави Меркел, јави радио Дојче веле За важните законски иницијативи од Брисел мора да се дебатира поинтензивно во овој Парламент.... Европскиот совет најави дека наредната година на дневен ред ќе биде ставено прашањето за пристапните преговори со Исланд и со Македонија. Прашањето кои земји треба да припаѓаат кон ЕУ ги погодува сите граѓани и тоа мора да се отслика во нашите дебати. Мислам дека тоа ќе се случи, рече Меркел.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
ГОДИШЕН ДОКЛАД ЗА ПОЛОЖЕНИЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО В БЪЛГАРИЯ
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
БИТКАТА ТРЕБА ДА ЈА БИЈАТ ПОЛИТИЧАРИТЕ
Читај
„ЗА ОФИЦИАЛНИЯ ЕЗИК НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЯ“
Читај


Дарение
Б Л А Г О Д А Р Н О С Т

Редакцията на “Народна воля” сърдечно благодари на дългогодишния спомоществовател Борис Петков от Чикаго, изпратил150 долара за абонация и помощ за вестника. НВ


ДО КАДЕ ИМА СОЈ МАКЕДОНСКИ

Имам земја мајка мила
многу јадовна
со векови роб што била
пак е јадовна
и кинеа волци врани
срце в постела
ја делеа од три страни
и на три дела.

Рефрен:
Мечкин Камен славен
славен Илинден
а некој вели
народ безимен
ако нека вели
дури научи
до каде има
сој македонски.

Има уште крв што блика
по бој неравен
има уште глас што вика
за Мечкин Камен
Ти кинеа волци врани
срце во постела
те делеа од три страни
и на три дела.
Рефрен:..............

КАТЕ ЛИЧНО ДЕВОЈЧЕ

Кате, лично девојче,
ајде да се земеме.

Како да се земеме,
кога пари немаме.

Ако пари немаме,
барем севда имаме.

Пари ќе спечалиме
куќа ќе направиме.



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting