Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Дрскоста на Бугарија и Грција поминува секакви граници

АМАНДМАНСКА БИТКА ЗА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ

(Преземено од МИМ)

Името, преговорите со ЕУ и историјата се точките околу кои ќе се кршат пратеничките копја во наредните седмици во Европскиот парламент (ЕП), се до 26 и 27 јануари кога извештајот на Словенецот Зоран Талер ќе биде ставен на гласање во Комисијата за надворешни работи и ќе се претвори во резолуција за Македонија. Грчките и бугарските пратеници во ЕП имаат најмногу забелешки на извештајот.

Известувачот Талер е уверен дека јасна, опиплива и временски достижна перспектива за членство во ЕУ е главната движечка сила за целиот регион, која може да донесе политичка стабилност. Тој смета дека Советот на ЕУ треба повторно да ја разгледа препораката на Европската комисија (ЕК) за почеток на преговори и да ја потврди во март 2010 година, кога се одржува наредниот самит. Талер очекува „преговорите да почнат во блиска иднина“.

Но, сите не го делат ова мислење. Меѓу активните поднесувачи на амандмани е и Јоргос Кумуцакос, поранешниот портпарол на Дора Бакојани, а сега пратеник во Брисел на Нова демократија. Тој бара во извештајот на Талер да се избрише дека Македонија треба да добие преговори за членство во блиска иднина. Според него, одлуките за понатамошниот пат на нашата земја треба да се донесат што е можно поскоро, но откако ЕУ ќе испита дали сите Копенхашки критериуми се исполнети.

Според бугарските пратеници Андреј Ковачев и Димитар Стојанов, во документот на Талер мора да се спомене дека од Македонија „се очекува да се најдат заеднички прифатливи решенија за отворените прашања со соседите“.

И додека се поздравува подобрената клима помеѓу Македонија и Грција по средбите на премиерите, Талер препорачува дека „антиквизацијата е нов феномен што ризикува да ги зголеми тензиите помеѓу соседите и да креира нови внатрешни поделби“. Неговиот грчки колега Николаос Шунтис не се задоволува со напомената дека ова „ризикува да ги зголеми тензиите“, туку констатира дека тоа „ги зголемува тензиите“. Во својот амандман тој посочува дека Македонија „фабрикува историски аргументи“.

Пратеникот Чарлс Танок се обидува да ги ублажи овие формулации, бара да се извади зборот „антиквизација“ и повикува „политичарите на двете земји да покажат сензибилност за темите што влијаат врз добрососедските односи“.

Јорго Шацимаркакис, копретседавачот на Комитетот за соработка помеѓу Собранието и ЕП, нагласува дека ЕУ, преку својот специјален претставник, треба да биде подготвена да даде помош во преговарачкиот процес.

Бугарите Евгениј Димитров, Евгениј Кирилов и Андреј Ковачев, Гркот Јоанис Касулидес, но и Германецот Ханс Герт Петеринг, донеодамнешен претседател на ЕП, ја додаваат и историјата во извештајот на Зоран Талер. Тие бараат од владата да преземе мерки за да се обесхрабри говорот на омраза кон соседните земји-членки на ЕУ, особено во медиумите и во учебниците. Во обид да се натера Македонија да признае бугарско малцинство, овие пратеници бараа од владата да ги гарантира правата на сите чија етничка заднина е различн од оние што се официјално признаени. Барањето за признавање бугарско малцинство е експлицитно побарано во амандманот на Димитар Стојанов, Станимир Илчев, Надежда Нејнски, Марио Боргезио и Николаос Салавракос. Тие бараат да се гарантираат правата на лицата со „бугарски етнички бекграунд“. Конечно, редица пратеници помеѓу кои Ана Ибрисагиќ, Ханс Герт Петеринг, Кристијан Дан Преда и Бугарите Андреј Ковачев, Евгениј Кирилов и Димитар Стојанов, посакуваат заеднички празнувања на историски настани со соседните земји-членки, кои придонесуваат за подобро разбирање и добрососедство.

Изборите во Македонија никако да се симнат од агендата на европските институции. Талер во својот предлог-извештај ја повикува владата брзо да ги примени сите препораки на ОБСЕ, да ги изведе пред правдата сите штого нарушиле изборниот процес и потсетува дека мора бидат испитани случаите на притисоци врз службениците во јавната администрација. Тој бара да се ажурираат гласачките списоци и да се регулира законодавството за политичко рекламирање и финансирање на партиите.

Неговите грчки колеги Јорго Кумуцакос и Мариета Ганаку, не се задоволуваат со овој параграф на Талер. Тие преку амандман бараат да се спомене дека истрагата за неправилностите од изборите во 2006 година е затворена и таа не резултирала со ниту еден судски случај. Дури на крајот од јануари ќе се знае кои од овие амандмани ќе влезат во резолуцијата, но тие јасно го отсликуваат расположението кон Македонија во ЕП.

ЕП повторно инсистира на независноста и на плурализмот на медиумите. Зоран Талер бара да се стави крај на политичкото влијание особено од владата и потсетува дека слободата на медиумите е нарушена поради недостиг од транспарентност и концентрираната сопственост на медиумскиот пазар. Неговите колеги од демохристијанската група Ана Ибрисагиќ и Едвард Кукан бараат примена на европски стандарди во македонските медиуми.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
ГОДИШЕН ДОКЛАД ЗА ПОЛОЖЕНИЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО В БЪЛГАРИЯ
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
БИТКАТА ТРЕБА ДА ЈА БИЈАТ ПОЛИТИЧАРИТЕ
Читај
„ЗА ОФИЦИАЛНИЯ ЕЗИК НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЯ“
Читај


Дарение
Б Л А Г О Д А Р Н О С Т

Редакцията на “Народна воля” сърдечно благодари на дългогодишния спомоществовател Борис Петков от Чикаго, изпратил150 долара за абонация и помощ за вестника. НВ


ДО КАДЕ ИМА СОЈ МАКЕДОНСКИ

Имам земја мајка мила
многу јадовна
со векови роб што била
пак е јадовна
и кинеа волци врани
срце в постела
ја делеа од три страни
и на три дела.

Рефрен:
Мечкин Камен славен
славен Илинден
а некој вели
народ безимен
ако нека вели
дури научи
до каде има
сој македонски.

Има уште крв што блика
по бој неравен
има уште глас што вика
за Мечкин Камен
Ти кинеа волци врани
срце во постела
те делеа од три страни
и на три дела.
Рефрен:..............

КАТЕ ЛИЧНО ДЕВОЈЧЕ

Кате, лично девојче,
ајде да се земеме.

Како да се земеме,
кога пари немаме.

Ако пари немаме,
барем севда имаме.

Пари ќе спечалиме
куќа ќе направиме.



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting