Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Слободно во Европа

ПАДНА ШЕНГЕНСКАТА ВИЗНА БАРИЕРА ЗА МАКЕДОНИJA

(По македонскиот печат)

Европскиот шенгенски простор со 27 земји, петстотини милиони жители и територија од 4,3 милиони километри кавдратни од 19 декември 2009 е достапен за патување за македонските граѓани без визи. Со одлуката што ја донесе Советот на министрите за внатрешни работи и за правда на земјите-членки на ЕУ на крајот на ноември, граѓаните на Македонија се ослободуваат од вадење визи за краткорочен престој до 90 дена во рок од шест месеци, односно до 180 дена во рок од една година.

Без визи ќе може да патуваат само лицата кои поседуваат биометриски патни исправи. За граѓаните со стари патни исправи ќе важат условите за олеснет визен режим односно ќе треба да приложат важечка шенген виза.

Визната либерализација на Македонците ќе им овозможи да патуваат во 25 земји-членки на ЕУ со исклучок на Велика Британија и Ирска, и во уште три европски земји Норвешка, Швајцарија и Исланд.

За влез во овие земји ќе се применува стандардната процедура за патници од трети земји при што граничниот службеник може да побара образложение за патувањето, местото на престојот и можноста да бидат покриени финансиските трошоци за патувањето. За оние лица кои не се во можност да го финансираат својот престој ќе биде побарано да приложат гарантно писмо од лицето кај кое ќе престојуваат.

Укинувањето на визите се однесува и на Грција каде за влез граѓаните ќе треба да приложат лист на кој ќе се ставаат влезно/излезните печати. Листовите ќе може да се подигнат во Канцеларијата за врски во Скопје и во Грчкиот конзулат во Битола, како и на граничните премини. Овие листови граѓаните ќе треба да ги чуваат во текот на престојот во Грција и во другите земји од шенген зоната, но и една година по последното патување во Грција. Покрај биометрискиот пасош и листот на кој ќе се ставаат печатите, на граничните премини на македонските државјани може да им побараат документи со кои ќе ја оправдаат целта на својата посета и условите под кои ќе патуваат во Грција. Задолжително за сите патници е здравственото осигурување, а тие ќе треба да имаат и документи со кои ќе докажат дека се вработени, студенти или пензионери, како и по 50 евра за секој планиран ден престој во Грција.

Визи нема да бидат потребни ниту за патување во Бугарија и Романија кои се уште не ги исполниле условите за влез во шенген-системот, но ги применуваат неговите правила. Македонските државјани од овој момент ќе можат без визи да влегуваат во Бугарија, но само ако поседуваат биометрски пасоши. Оние со стари патни исправи и натаму ќе мора да вадат визи. Државјаните на Македонија ќе можат да престојуваат во Бугарија најмногу до 90 дена во тек на шест месеци. За подолг престој е неопходна соодветна долгорочна виза.

Делегацијата на Европската комисија во Скопје пред стартот на безвизниот режим со цел за информирање на јавноста за условите на неговата примена подготви и дистрибуира лифлет со сите неопходни информации, кој е поставен и на нејзината веб-страница. Меѓу препораките на македонските граѓани им се сугерира да внимаваат при изборот на туристичката агенција со која ќе патуваат, да си обезбедат патничко и здравствено осигурување, а во случај на патување со сопствено возило да поседуваат меѓународна возачка дозвола и зелен картон за возилото. Од Мисијата потсетуваат дека сепак за подолг престој, студурање или работа во земјите од ЕУ ќе бидат потребни визи.

По повод стартот на безвизниот режим во Македонија се организираат повеќе случувања. Централниот настан насловен „Бел ден - Македонија без визи“ се одржа на 18 декември на плоштадот „Македонија“. На прославата што траеше доцна во ноќта настапија реномирани македонски музички уметници од забавната и народната сцена, како и гостите Здравко Чолиќ и „Фетбој слим“. Стартот на безвизниот режим на 19 декември на граничниот премин Деве Баир – Ѓуешево го одбележаа претседателите на Македонија и на Бугарија Ѓорге Иванов и Георги Прванов, со симболично заедничко дигање на граничната рампа. Иванов и Прванов, потоа ќе заминат за Банско каде што ќе имаат тет-а-тет средба.

Македонската Влада на 19-ти организира бесплатен еднодневен излет во Париз за сто граѓани, селектирани по случаен избор кои беа првите македонски државјани што ќе ги почувствуваат придобивките од патувањето без визи и европскиот дух.

Тие се предводени од вицепремиерот за европски прашања Васко Наумовски и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, придружувани од дваесетина најдобри студенти од државните и приватните универзитети во земјата и од група новинари.

ЕУ ги укина визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора, откако експертските мисии потврдија дека трите земји ги исполниле условите од патоказот за визна либерализаицја.

По предлог на Словенија одлуката со која трите земји беа префрлени од црната на белата шенген листа, наместо од 1 јануари како што предложи ЕК, стапи во сила од 19-ти на полноќ. Со тоа се овозможува македонските граѓани да ги поминат новогодишните и божиќните празници со свои роднини и пријатели во земјите од ЕУ.

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
ГОДИШЕН ДОКЛАД ЗА ПОЛОЖЕНИЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО В БЪЛГАРИЯ
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
БИТКАТА ТРЕБА ДА ЈА БИЈАТ ПОЛИТИЧАРИТЕ
Читај
„ЗА ОФИЦИАЛНИЯ ЕЗИК НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЯ“
Читај


Дарение
Б Л А Г О Д А Р Н О С Т

Редакцията на “Народна воля” сърдечно благодари на дългогодишния спомоществовател Борис Петков от Чикаго, изпратил150 долара за абонация и помощ за вестника. НВ


ДО КАДЕ ИМА СОЈ МАКЕДОНСКИ

Имам земја мајка мила
многу јадовна
со векови роб што била
пак е јадовна
и кинеа волци врани
срце в постела
ја делеа од три страни
и на три дела.

Рефрен:
Мечкин Камен славен
славен Илинден
а некој вели
народ безимен
ако нека вели
дури научи
до каде има
сој македонски.

Има уште крв што блика
по бој неравен
има уште глас што вика
за Мечкин Камен
Ти кинеа волци врани
срце во постела
те делеа од три страни
и на три дела.
Рефрен:..............

КАТЕ ЛИЧНО ДЕВОЈЧЕ

Кате, лично девојче,
ајде да се земеме.

Како да се земеме,
кога пари немаме.

Ако пари немаме,
барем севда имаме.

Пари ќе спечалиме
куќа ќе направиме.



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting