Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Доаѓа уште една година на упорна работа, основани надежи и верба во македонската иднина!

ДА БИДЕ МИРНА, БЛАГОДАТНА И ПЛОДНА НОВАТА 2010 ГОДИНА!


Доаѓа крајот на првата деценија од новиот век во новиот милениум. Заврши 2009 и еве ја на прагот 2010 г. Како што е веќе вообичаено, време е да погледнеме назад и да видиме што постигнавме, а што не, и потоа да фрлиме поглед напред кон она што ни очекува.

Што е доброто за нас Македонците во изминатата година? Несомнено, најголем успех е паѓањето на визите за патување на македонските државјани. Ќе можеме послободно да општиме со нашите сонародници преку граница. Тоа на властите во Софија им ја одзема и можноста да им пречат на македонски пејачи и новинари, кои сакаат да ги посетат Македонците во Бугарија, да влегуваат на бугарска територија преку различни бирократски мерки и недавање визи. Тоа ги ослобoдува државјаните на Македонија од жестоката блокада и го смалува искушението за земање на бугарски пасоши поради економски причини. Последното несомнено ќе биде удар врз антимакедонската прoпаганда во Бугарија. И е чекор напред кон еден подобар и послободен свет. А за нас Македонците во Бугарија?

За прв пат ние демонстриравме во Стразбург. Благодарение на ОМО „Илинден“-ПИРИН. Стотина нејзини членови и симпатизери два дена демонстрираа во Стразбург, пред Европскиот парламент и пред Советот на Европа. Овие институции со илјадниците вработени во нив можеа во живо да го видат „непостоечкото малцинство“, да ги прочитаат неговите барања. Со сигурност историски момент, кој го бележи постепеното претварање на македонскиот проблем во европски. Ова е нов чекор во развојот на македонското движење во последните години одбележани со примањето на ОМО „Илинден“-ПИРИН како кандидат-член на ЕФА во 2006 г., па како редовен член во 2007 г.; со поставувањето на парлaментарни прашања во Европскиот парламент и во Парламентарното собрание при Советот на Европа во врска со партијата и со македонското малцинство; со дебатата по повод правата на Македонците во Европскиoт парламент во 2006 г.; со зголемениот интерес на редица европски институции што ги следат правата на човекот, како Европската комисија за борба со расизмот и нетолеранцијата, Комесарот за правата на човекот, Комисијата што го надгледува извршувањето на рамковната конвенција. Средбите со претставници на овие комисии извршени од страна на пиринци во Стразбур и при нивните посети во Бугарија си повеќе наоѓаат одраз во најважните светски извештаи за правата на човекот и малцинствата. Да споменеме дека и оваа година нашите проблеми нашле место во годишниот извештај на американскиот Стејт департамент. А успешните средби реализирани годинава со овие институции ќе ги дадат своите позитивни плодови во најблиска иднина.

Во оваа година завршија процедурите за судските спорови што ПИРИН ги води во Стразбург и во наредната година се очекуваат решенија, кои ќе овозможат да се обнови процесот за регистрација во Бугарија врз основа на претходно внесените барања за регистрација.

Што друго беше добро? Немаше нарушувања на правото на собирање. Веќе втора година во однос на тоа прашање нема сериозни нарушувања.

Но сепак не може си да е идеално. Има и лошо. Продолжи нарушувањето на правото на Македонците да се здружуваат. Тоа беше демонстрирано во серија судски одлуки во однос на ПИРИН како и на неколку македонски друштва.

Несомнено најнепријатното, макар и далеку од тоа да е фатално, е неоснованото затворање на набљудувањето на регистрацијата на ПИРИН во Комитетот на министрите врз основа на голи ветувања од страна на бугарската влада. Е, не е можно во борбата да нема и неуспеси – не може да очекуваме само парада од победи. Но многу скоро истиот Комитет, сакал или не, ќе треба пак да ги разгледа истите случаи.

И годинава властите направија немалку обиди да ја искомпримитираат партијата и нејзините раководители – било преку медиумите, било преку пуштање клевети меѓу членовите. Нема сомнение дека тие ќе прдолжат и дури ќе се обидат да го искористат привремениот неуспех во Стразбург за да ни натераат да очајуваме, да се откажеме од единствената борба што ги плаши – во Европа, да ни натераат да започнеме судири меѓу себе и си по тој ред. Но нашето движење е веќе зрело со доволно горчливо искуство за да подлегне на нивните провокации. Сега е време да ги покажеме нашата цврстина, вера и дисциплина, а на позадината на тоа многу јасно ќе испакнат и ќе се видат и провокациите и провокаторите.

Што треба да направиме – да продолжиме да работиме, да не очајуваме, да не подлегнуваме на провокации. Патот е правилен, резултатите се сериозни, а посеаното ќе раѓа си повеќе плодови.

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!

 
   НАРОДНА ВОЛЈА
ГОДИШЕН ДОКЛАД ЗА ПОЛОЖЕНИЕТО НА МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО В БЪЛГАРИЯ
Читај
КЪМ ВЪПРОСА ЗА НАРОДНОСТТА НА СТАРИТЕ МАКЕДОНЦИ
Читај
„...НЕ МОЖЕХ ДА СИ ОБЯСНЯ ОМРАЗАТА ИМ КЪМ МЕН ЗАРАДИ ТОВА, ЧЕ СЪМ МАКЕДОНЕЦ“
Читај
БИТКАТА ТРЕБА ДА ЈА БИЈАТ ПОЛИТИЧАРИТЕ
Читај
„ЗА ОФИЦИАЛНИЯ ЕЗИК НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЯ“
Читај


Дарение
Б Л А Г О Д А Р Н О С Т

Редакцията на “Народна воля” сърдечно благодари на дългогодишния спомоществовател Борис Петков от Чикаго, изпратил150 долара за абонация и помощ за вестника. НВ


ДО КАДЕ ИМА СОЈ МАКЕДОНСКИ

Имам земја мајка мила
многу јадовна
со векови роб што била
пак е јадовна
и кинеа волци врани
срце в постела
ја делеа од три страни
и на три дела.

Рефрен:
Мечкин Камен славен
славен Илинден
а некој вели
народ безимен
ако нека вели
дури научи
до каде има
сој македонски.

Има уште крв што блика
по бој неравен
има уште глас што вика
за Мечкин Камен
Ти кинеа волци врани
срце во постела
те делеа од три страни
и на три дела.
Рефрен:..............

КАТЕ ЛИЧНО ДЕВОЈЧЕ

Кате, лично девојче,
ајде да се земеме.

Како да се земеме,
кога пари немаме.

Ако пари немаме,
барем севда имаме.

Пари ќе спечалиме
куќа ќе направиме.



Our Name is Macedonia

ОМО ’Илинден’ - ПИРИН

Macedonian Human Rights Movement International

European Free Alliance

 
НачалнаЗа насАрхивЗа врзакаЛинкове
© 2007-2020 Народна Волја - Всички права запазени.
This website is hosted and under development by: TJ-Hosting