Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Позиција

ЧЕШКА ЈА ПОДДРЖУВА МАКЕДОНИЈА

(Преземено од МИМ)

Чешка ја поддржува Македонија да добие датум за преговори за членство во ЕУ. Ова го истакна чешкиот заменик министер за надворешни работи Томаш Појар, кој присуствуваше на отворањето на новите простории на Амбасадата на Република Македонија во Прага на 19 октомври. Појар рече дека Чешка би била задоволна кога би се одредил конкретен датум за преговорите. Тој смета дека Европската Унија ќе се занимава со ова прашање и ќе дебатира во следниот период.
- Повеќе или помалку мислам дека постои шанса да тргнат работите напред. Сите знаеме кои се проблемите. Јас неможам да зборувам за останатите 26 земји членки, но како Чешка Република ве поддржуваме разговорите за прием да започнат“, изјави Појар.
Во врска со либерализацијата на визниот режим за Македонија, првиот заменик министер за надворешни работи на Чешката Република, Томаш Појар изрази надеж дека македонските граѓани ќе можат без визи да патуваат во земјите членки на Шенген зоната од 1 јануари 2010.
„Јас цврсто верувам дека тоа ќе се случи. Не сум слушнал за нешто што би назначило дека тоа нема да биде можно, но додека тоа не се случи не сакам да славам“, изјави за МИА, заменикот- шеф на чешката дипломатија, Томаш Појар.
Тој како и амбасадорот на Република Македонија во Чешката Република, Игор Илиевски, на свеченото отворање на новиот објект на македонската Амбасада во Прага, ги истакнаа добрите односи меѓу двете држави.
Македонскиот амбасадор Игор Илиевски потенцирајќи ги добрите билатерални односи помеѓу Македонија и Чешка во низа сфери од заеднички интерес за што сведочат бројните посети на високо ниво од чешка страна на Македонија, изрази убеденост дека од 1 јануари идната година, граѓаните на Македонија без визи ќе патуваат во Чешка и Европа.
Чешкиот заменик министер за надворешни работи Томаш Појар очекува и поголема присутност на македонските производи на чешкиот пазар, а како пример го спомна, квалитетното македонско вино.
На 19-ти октомври свечено беше отворена новата зграда на македонската амбасада во Прага, која е една од дипломатско-конзуларните претставништва во сопственост на Република Македонија. Новата амбасада има два ката службени простории за вработените, два ката станови за вработените и посебно конзуларно одделение во рамките на дворот, а се наоѓа во елитна населба во Прага.
На свеченоста која започна со интонација на националните химни на Чешка и Македонија, присуствуваа околу 150-тина гости од кои голем број претставници на чешката Влада и Парламентот, дипломатскиот кор во Прага, бизнисмени и претставници на македонската заедница во Чешка.

Врати се на претходната страница   Врати се горе