Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Кон корените на македонската национална мисла

ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ

Крсте Петков Мисирков
(Продолжува од минатиот број)

Тиiа течеiн’а се укоренуваат прво во долните класои и уопшче во л’уг’ето без предубе-деiн’а, готои да се борат со тиiа предубедеiн’а во зашчита на ноите идеи, од осашчествуаiн’ето на коiи ке зависит, не само нивната, но и стрек’ата на нивниiот народ. За илустрациiа на одот и на, резултатите на борбата мег’у стари и нои течеiн’а, доста iет да си припаметиме борбата на рисiанството со iазичеството, реформираiн’ето на Русиiа от Петр Велики, возродуаiн’ето на чехите, литовците, праопионата реформа на Вук Караджич и пр.
Туку да остаиме излезот на борбата мег’у старото и ноо македонцко национално течеiн’е, да се задржиме на прашаiн’ето за односот на комитетите кон ноото течеiн’е. Јас по горе рекоф, оти по големиiот дел от членоите на комитетите ке бидат за борба со ноото течеiн’е. Но како ви се чинит, али таiа борба ке бидит победоносна за ниф? — Не. — Она само ним ке им ископат гробот. Она ке компрометират и бугарцката политика во Македониiа. И ето зашчо.
До сега комитетите кажуваа на надворешниiот свет, оти они работат само за „Македониiа за македонците” и сет готои да дадат секакви гаранциiи да не станит присоiединуаiн’е на Македониiа со Бугариiа. Бугариiа искажуат истата политика во македонцкото прашаiн’е. Комитетите вел’ат, оти се готвеше и стана обшчо македонцко востааiн’е от сите македонцки народности заiедно, а не само од „бугарите”. А кога им кажуате: iедно востааiн’ето iет обшчо от сите македонцки народности, то зашчо комитетот заседаат само во Бугариiа, [a] не и во Србиiа, Влашко и на друго место, тиiе одговараат така: от тоа, шчо комитетите заседаваат во Бугариiа, грешно iет да се праит закл’учок, македонцките комитети да сет бугарцки; за македонцките комитети Бугариiа не iет нишчо поеке од iедна држаа, шчо окажуат гостеприемство на македонците и им даат слободиiа да работат слободно до колку таiа работа не наносит вреда на држаата; т. е Бугариiа во македонцкото востааiн’е играт само рол’ата на Каравлашко во бугарцкото востааiн’е. Бугариiа кажуаше истото. Европеiците, се разбират, не веруваа на тоа. Ами сега, колку лажовни ке излезат тиiа увереiн’а и на македонцките комитети и на Бугариiа, ако и iедните и друзите, от пасивен однос кон iедно ноо течеiн’е, шчо барат „Македониiа за македонците” а не за бугарите, или од иронизируаiн’е со него, стапит во борба со него? Таiа борба ке свалит маската и од iедните и од другата и ке востаноит симпатиiите на европеiцкото обшчество и европеiцките праител’ства во полза на ноото течеiн’е и против лажливците. А без Европа и Русиiа, ни комитетите, ни Бугариiа, не можит ни на iота да изменат судбините на Македониiа. А iедно iет така, комитетите од ироничен и пасивен однос кон ноото течеiн’е ке требит непостредствено да преминат до негоото поддржуаiн’е. Ето го одгоорот на прашаiн’ето, каков можит да бидит односот на комитетите кон ноото течеiн’е?
Сега да поминиме до другото прашаiн’е: от каде ноото течеiн’е ке зимат сила, ако македонцката интелегенциiа и комитетите во Бугариiа зафатат борба со него? Со шчо располагат оно? За одгоор на тоа прашаiн’е требит во неколку рески да се одбележит рол’ата на Србиiа во македонцкото национално возродуаiн’е. Да пренебрегуат чоек со положеiн’ето, шчо го имат земено Србиiа во македонцкото прашаiн’е и со неiната рол’а во македонцкото национално возродуаiн’е iет лесномислено. Даже можит да се речит, Србиiа да изигра во наi ноата историiа на Македониiа по голема рол’а од Бугариiа. Кога Бугариiа со шум сакаше да решит македонцкото прашаiн’е, водена за носот од македонцката емиграциiа, Србиiа тио, со голем успеф работеше во Македониiа наполно согласно со србцката погоорка: „тиха вода брег рони’’. Беше време, кога ролите на тиiе две држаи беа обратни т. е. Србиiа шумеше а Бугариiа работеше.
Да бидиме по iасни.
До србцко-бугарската воiна во 1885 г. бугарите тио работеа во Македониiа. Сливница им покажа на србите, оти ако iедна Бугариiа со Источна Румелиiа можат да покажат на Србиiа iедна Сливничка поразиiа, то соiединената Бугариiа, заiедно со присоiединената до неiа Македониiа во бидно време, можит и сосем да победит и поробит Србиiа. Сливница натера Србиiа да зафатит iедна ноа борба со Бугариiа за Македониiа. Наi напред таiа борба беше на книга: србите докажуваа со громки и плитки фрази, оти они имаат по големо прао на Македониiа од бугарите. От тоа поминаа пак на громка, но безрезултатна пропаганда во Македониiа: наобек’аа на македонци, млади ученици, од бугарцки и грцки сколиiи златни гори за во Србиiа. Патриотичното пропагандно другарство „Св. Сава” од 1888 година отвори пансион за своiите ученици стипендиiати. Во 1889 година броiот на стипендиiатите на тоа другарство се уголеми, за да се умалит по неколку месеци: во ноември месец на таiа година около 40 души ученици македонци, iедни таiно, друзи iавно и демонстративно поминаа од Белград во Софиiа, за тамо да се учат (се разбират со бугарцки пари). Тоi неуспеф не обескуражи одважните срби: другарството „Св. Сава” отвори патриотична подписка во Србиiа за построiуаiн’е ноо здаiн’е на другарство за пансиiон и за своiа пропагандцка околиiа. Во 1890 год. се издигна големо трикатно здаiн’е, во коiе од iануари 1891 год. се отвори пропагандцката „Богословцко-учител’цка сколиiа”, за да се затворит по полоина година. Но за тоа Светосавцкото другарство за таiа полоина година напраи доста шум: во неiа осим науките имаше и воена гимнастика и маршеи на учениците со музика по Белград и негоите околиiи и патуаiн’е на летото по Србиiа, каде се произносуваа громки тостои. Со тоа се сврши шумот во Србиiа, и србите зафатиiа да работат тио и упорно: пропагандата помина от патриотцкото другарство во раците на министерството на надворешните работи. Министерството првно и праiк’аше своiите стипендиiати во србцките провинциални градишча, за да се учат, а после собираше во Белград во специални или великата сколиiа.
Работеiн’ето на србите не остана без резултати при решааiн’ето на маке-донцкото прашаiн’е. Србите со своiите сколиiи во Македониiа успеа да создадат во европеiцкото и руско обшчествено мнеiн’е ил’узиiа, да имат срби во Македониiа. Једно подобна ил’узиiа по-минуат пред праи-тел’ствата на Великите Сили за факт, то iасно iет, оти при решеiн’ето на македонцкото пра-шаiн’е требит да се имаат пред очи и бараiн’ата на србцкото праител’ство. Следствено, Србиiа при таiа борба достигна поеке од Бугариiа, коiа со шумот, шчо подигна остана со загуби, а не со добит. Ако да не се iавеше ноото течеiн’е во развитиiето на националното самосознааiн’е мег’у македонците, коiе ке приравнит загубите на Србиiа со загубите на Бугариiа, то можит положно да се тврдит, оти од востааiн’ето бугарцките интереси во Македониiа само пострадаа, а србцките само се уголемиiа.
Но србцката пропаганда осем ил’узиiата за србцка народност во Македониiа и побркуаiн’ето да се решит македонцкото прашаiн’е во полза на бугарите, имат и друзи резултати.
Во зафатокот на нивната пропаганда, србите и не мислеа да праат македонците срби; тиiе сакаа просто да создадат во Македониiа, редом со бугарцките, и србцки интсреси, така, да во време решеiн’ето на македонцкото прашаiн’е, да добиiат колку се можи по голем дел од неiа.Таiа цел’а се достигаше, iедно со изiавуаiн’е историiцки и друзи праа и сообразуаiн’а, а друго и главно со инакво постааiн’е прашаiн’ето за народноста на македонцките словени.

Последните можеа да се истаат, или како нешчо стредно мег’у србите и бугарите т. е. ни срби, ни бугари, а просто македонци или македонцки словени, или како срби. Првата теориiа имаше по малу последуачи и беше предназначена за пред европеiцкото обшчествено мнеiн’е. Но на таiа теориiа беше затворен входот во Македониiа, како и со сите тиiе стредини, откаде излизаа пропагандистите. Таiа теориiа беше опасна за србцките интереси во Македониiа, зашчо ке повлечеше по себе согласiето на Србиiа да се образуат оддел’на македонцка држаа и со тоа Србиiа не ке добиiеше ни iеден дел од неiа. Втората теориiа, т. е. сите македонцки словени сет исто таквиiе срби, како и бошн’ацие, црногорците и пр., се укорени во Србиiа. Со тоа србите лажеа, не само европеiцкото обшчествено мнеiн’е и македонците, но и сами себе; тиiе зафатиiа да пропагандираат истата идеiа и стред србите со помок’та на сколиiи и книги. Последните беа и сет сите тенденциозни во прашаiн’ето за народноста на македонците. Ил’узиите на европеiцкото обшчествено мнеiн’е за србцки интереси донесе своiите плодои. Ил’узиiите на, самиiот србцки народ пак не сет без резултатно: во случаi на воiна за Македониiа со кого и да iет, србите, како iеден, сите ке се наврл’ат на неприiател’от, — србцката воiска со наi силно патриотцко осек’аiн’е ке се биiет за Македониiа.

Србцките усил’а, да се прегледат од научно гледишче македонцкото прашаiн’е се увенчаа со успеф. Бугарите можат да се утешаваат да iет прашаiн’ето за народноста на македонците решено во нивна полза. Они можат да му турат нему крст. Но не го праат тоа друзите учени. Сега веке имат предстаители од науката, како проф. проф. И. А. Бодуен-де-Куртене, П. А. Лавров и В. Јагич, коiи гледаат на македонцките наречиiа, како на одделен предстаител’ на словенцката фамилиiа од iазици. Тоа прегледуаiн’е и такво решеiн’е iет србцка научна победа.

Србите напраиiа преврат и во пон’атиiата и стремежите на македонците, преврат вистина не и во нивна полза, но ушче по малу во бугарцка. Они сакаат да напраат македонците срби, забрануаiки да се обраiк’ат пропагандата со ниф инак, осем како со „праи” и „чисти” срби. Тоа не стана. Македонците зафатиiа да се задолбочуваат во прашаiн’ето за нивната народност и интереси, и доiдоа дозакл’учок, да не сет они, ни срби, ни бугари; да немат за ниф, ни бугарцки, ни србцки, ни грцки интереси, а да имат само македонцки. Србите не достигнаа краiниiот предел на нивните стремежи, но достигнаа таков предел, от коi, шчо вистина не можит да се одит контака, но коi шчо можит да успокоит по умерените елементи во србцкото обшчество и народ.

Одот на србцкото влиiаiн’е во развиiаiн’ето на народното самосознааiн’е у македонците и негоите резултати се предстауваат во тоi вид:

Во 1889 год, во Белград во пансионо на Св. Савцкото Другарство на Космаiцка улица имаше около 50—60 души млади македонци. Мег’у ниф немаше „старо-србиiанци”, а сите беа само од Македониiа и по нивното образуаiн’е до идеiн’ето нивно во Србиiа, во бугарцки или грцки сколиiи, се делеа на: „бугараши” и „гркомани”. Мег’у ниф „србомани” немаше.

Старите „бугараши” заiедно со ноопристигнатите таiа година и со некоiи „гркомани”, на броi около 30—40 души, iедни таiно, друзи iавно и демонстративно, заминаа во Бугариiа. Тиiе млади македонци, воспитани во Србиiа во народен, т. е. во дух да, л’убат наi напред ‘своiата таткоина и своiот народ, па после човечеството, заминааiки во странаата, каi шчо немат националн’о самознааiн’е, а на место него полон индеферентизм кон народните интереси, внесоа во неiа ноа струiа од национално воодушевеiн’е и работеiн’е за ослободуаiн’ето на Македониiа. Они состаиiа во Бугариiа осноата на работеiн’ето во полза на Македониiа.

„Гркоманите” во Белград од година на година се уголемуваа со нои „гркомани” и „бугаромани”, но и iедните и друзите натре во Србиiа мачно се преобрнуваа во „србомани”. „Србомани” се чинеа они само со заминуаiн’ето во Македониiа како србцки чиновници и органи на србцката пропаганда. „Србомани” македонци имаше само за надворешниiот свет и за друзите пропаганди во Македониiа. Органите на србцката пропаганда во душата си никоi пат не се осек’аа како „срби” или „србомани”, особено првите 10 години и ако имаат они живеiано во Србиiа.

Живеiн’ето на млади македонци во Србиiа секоi пат имаше многу арно влиiаiн’е на интересите на Македониiа. Тука они се заинтересуваа со прашаiн’ето за нивната народност, со србцките филологиiцки и историiцки аргументи за народноста нивна, со србцкиiот патриотизм и со краiното негоо изражуаiн’е во вид на шовинизм или слепо предпочитуаiн’е на своiето пред чуздото, со причините на србцкиiот шовинизм, со рол’ата на Србиiа во сегашно и бидно време во македонцкото прашаiн’е и со много друзи важни и интересни прашаiн’а.

Искуственоста на создааiн’е србцки интереси во Македониiа беше iасна за сите. Но исто така македонците сознаваат да iет Србиiа држаа, шчо разполагат со воiска, дипломатиiа, iеден народ и iедна интелегенциiа, коiи шчо ке зашчитуваат србцките интереси во Македониiа со примерна преданост и краiен фанатизм.

Борбата со србцките интереси во Македониiа iет непосил’на, не само за македонците, коiи шчо не располагаат со држаа и државен бiуджет, воiска, дипломатиiа и пр., но и за слободна Бугариiа. Затоа македонците во Србиiа се одрекоа од iедна iавна борба со србите, но со тоа они не се откажаа од интересите на нивната таткоина.

Од избегуаiн’ето на првата група македонци ученици во 1889 година, за коiе напоменаф, се до 1895/6 уч. г. избегуваа, коiе по мали групи от 5—10 души, коiе оддел’но от по 1—2. Но по големиiот дел македонци остануваа во Србиiа и бараа пат, како ке се можит да се работит во полза на Македониiа без да се влегуат во отворен конфликт со србите.

За да се изработит iедна таква програма, македонците ученици во Белград во 1893/4 уч. г., во време на инспекторството над ниф на директорот на III гимназиiа Г’уро Милиiашевич, решиiа да состаат македонцко другарство во Белград. Цел’ата на другарството беше негоите членои да се запознаiат и да си изработат iедна програма коiа ке iе осашчествуваат во Македониiа таiно от србцката пропаганда. Јавната цел’а на другарството беше изучуаiн’ето на Македониiа во етнографцки, географцки филологиiцки и историiцки однос.

Се разбират, оти от тоа другарство не излезе нишчо, зашчо србите не доверуваа на македонците и зафатиiа да праiк’аат во него „старо-србиiанци”, црногорци, босниiци, ерцеговинци и пр. Оообено тоа недовериiе и наплив от срби во македонцкото другарство настапи на II година него сашчествуаiн’е при инспекторот, гимназиiцкиiот проф. Јуришич. Но со растураiн’ето на другарството не се измениiа чувствата и стремежите на македонците во Србиiа. Они зафатиiа да следат револ’уционата организациiа, создадена од македонци со бугарцко-србцко образуаiн’е као и односот на србите кон неiа. Они си дадоа отчет од рол’ата на Србиiа во македонцкото прашаiн’е до сега и за однапред, затоа и ним принадлежит честта да сет создаачи на националниiот сепаратизм стред македонците. Они сет и главните негои последуачи. Мег’у ним имат луг’е со висок патриотизм и со здрао разбираiн’е на националните македонцки интереси.

Тиiе македонци и дадоа израз на своiите убедеiн’а за македонцкото прашаiн’е со издааiн’ето во Белград во 1902 год. ноината „Балкански Гласник”. Издааiн’ето на таiа ноина не можеше да се аресит на србцките шовинисти, за тоа србцките ноини подигнаа шум против издааiн’ето на „Балкански Гласник”, обвинуаiки негоиiот редактор во сочувство на македонцките комитети, во резултат на коiе тоi беше претеран от Србиiа.

Таквиiе сет резултатите на србцката пропаганда мег’у неiните воопитаници и органи, родом од Македониiа. Во прашаiн’ето за народноста на македонците србите пред македонците се придржуваа до втората од упоменатите две тероиiи, т. е. да сет македонците срби, и токмо со тоа у ниф се добиiа противни резултати. Србите сакаа да напраат македонците да служат на србцките интереси, т. е. сами да се мисл’ат, и на своiите сонародници да им вел’ат, да сет срби. Но на место тоа македонците зафатиiа да гледаат на себе како на македонци со своiи оддел’’ни цели, и сакаа, не да служат како орадиiа за србцки цели, но да употребат србцката политика како средство за достижеiн’е на чисто македонцки цели.

Ни iеден србцки воспитаник, особено, ако тоi имат живеiано во Србиiа, не само не веруат на србите, да iет он србин, но и мрзит за нивниiот шовинизм, и лажит, за да си достигнит само цел’ата, да добиiет образуаiн’е. По свршуаiн’ето на учеiн’ето, можит да бидит и чиновник на пропагандата, но при тоа тоi и мрзит, и проклинат судбата си за тоа, шчо iет орадие на iедна пропаганда, коiа си имат своiи цели, совршено противни на интересите на негоата таткоина — Македониiа.

Таков македонец, обично до постапуеiн’ето во србцка: сколиiа, iет бил и во бугарцка, или грцка, или ; и во iедната, и во другата. Тоi си припаметуат, како во iедната сколиiа го уверавале, да iет он грк, во другата — да iет бугарин, а тука — да iет србин. За него iет прашаiн’е, каде iет истината, зашчо сите имаат свои аргументи. Протиоположните аргументациiи не даваат возможност да се наит, коiа iет наi праата, и за тоа македонецот решаат да сет сите лажни и да имат само iедна неопровргната истина: македонцките словени сет македонци и словени, следствено требит секоi македонец да чуат интересите на своiата таткоина и на своiот народ, а не интересите на пропагандите.

Да покажиме и на друг тип македонец со србцко образуаiн’е; Он можит се броiит бугарин, и по проживуаiн’ето во Србиiа 4—5 год. Откако сврши тоi своето, образуаiн’е во Србиiа, каде тоi требит да одит; во Бугариiа или Македониiа? И во iедната, и во другата шчо ке праит? Бугариiа и екзархиiата во Македониiа имаат чиновници поеке от колку им сет нужни. Пак и да имат место, то него не ке му го даат на iеден, шчо свршил во Србиiа, ами на iеден своi кандидат. Да допушчиме ушче и тоа, да он добиiат бугарцка служба. Но ке се чувствуат ли он на местото му? — Не. Тоi за време на поминатите негои години во Србиiа се наог’ал под влиiаiн’е на цел ред прилики, шчо отсатствуваат во Бугариiа, и за тоа негоото мировозреiн’е се разликуат од мировозреiн’ето на тиiе, шчо се образуваа само во Бугариiа и iет слободно от цел ред предземени мисли и предрасудоци. Наi малу во ноата обшчествена стредина тоi ке се осек’ат не на своiето место.

И така Србиiа, со своiето набркуаiн’е во македонцкото прашаiн’е, напраи грмаден успеф и требит да си го признаиме да iет тоi, не толку во неiна, колку во наша полза. Она отвори сколиiи, кладе консулства, ракоположи Фирмил’ана и со се тоа даде нов праец на нашето прашаiн’е. Она создаде во европеiцкото обшчествено мнеiн’е и во самата Србиiа ил’узиiа да имат срби во Македониiа и таiа ил’узиiа минуат во очите на iевропеiците за факт. Она застаи, да се прегледат од ноо прашаiн’ето за народноста на македонците, и да се решит, ни во полза на бугарите, ни во полза на србите, а во полза на оддел’на македонцка народност. Она воспита цело поколеiн’е македонци, коiи имаа, имаат и ке имаат наi решител’но значеiн’е во ноата историiа на Македониiа. Србцките воспитаници играат важна рол’а во македонцкото прашаiн’е без да се обрак’ат внимаiн’е на тоа, али они работат под бугарцка, србцка или македонцка фирма, као и без разлика. али сет они во морален однос л’уг’е високи или не. Србцки воспитаници имат от сите тиiе категориiи, и во сите ниф се покажуат србцкото влиiаiн’е благодатно за Македониiа. Србцките воспитаници, шчо работеа под бугарцка фирма, создадоа и поткрепиiа македонцката револ’уциiа ; на ниф се должит и политическиiот сепаратизм. Националниiот сепаратизм се должит на србцки воспитаници идеалисти, шчо работаат под србска маска, а во душата своiа се признаваат за македонци; србцките воспитаници, со своiеето образуаiн’е во Србиiа, се образуваа во национален дух, наместо во национален индеферентизм во Бугариiа, и ако некоiи од ниф сецело не престанаа да се вел’ат бугари, но мег’у ниф и македонците со чисто бугарцко образуаiн’е и самите бугари се отвори iедна голема пропаст: они со своiето образуаiн’е станаа на стредината мег’у бугарите и србите, т. е., велеiки се по традициiа бугари, они престанаа во душата своiа да сет такви: они станаа македонци. Наi после наi долните, наi отчаiаните органи на србцката пропаганда, родом Македонци, пак сет полезни за Македониiа: од ниф се образуат клас од недоол’ни со србцката пропаганда, за коiи шчо немат пат кон бугарите; они ке уголемуваат класот од националните сепаратисти.

Значит, ако ниiе се лажиме во претположеiн’ето, оти националниiот сепаратизм ке бидит поддржан от комитетите, организациiагга и македонцката интелегентна колониiа во Бугариiа, то, и во таков случаi, доста iет iедна силна србцка пропаганда во Македониiа, за да земит националниiот сепаратизм наi големи размери.

Но ноото течеiн’е стрек’ат и ке стретит арен приiем ушче во зафатокот негов и во наi арната, наi интелегентната и непродадената македонцка интелегенциiа, како шчо и iет резултат на умственото и наравствено развиiаiн’е на последната. Имат, и ке се наiдат, мнозина интелегентни македонци, код шчо сет готои да дадат животта своiа за интересите на своiата таткоина и своiот народ, коiи ке се запитаат: шчо iет по важно за нас македонците: обшчебугарцките, обшчесрбцките, обшчегрцките или македонцките интереси? И ке одгоорат, да сет интересите на таткоината секоаш по горе од интересите обшченародни, и да сет последните само стредство за првите, а не наопаку. Мала набл’удател’ност требит, за да се убедит чоек во таiа истина. Наi напред се знаит от секого, оти ниiе милуаме нашата таткоина Македониiа и нашиiот народ, зашчо катаден и видиме и изучуаме со своiите органи на чувствата. Во неiа и стред него сме изл’упени. Од детинство с, шчо iет мило ним и нам ни iет мило; с со шчо се радуваат они, и ниiе се радуаме; они плакаат и ниiе плакаме. Обшчата радост и жалост, обшчите предаiн’а и обичаiи не праат сите нас iедно цело, — iеден народ. Но iедно поминиме границите на Македониiа, или на iуг, или на северо-исток, или на север, т. е. во Грциiа, Бугариiа, Србиiа, наiеднаш ке осетиме, оти дуiет на нас веке друг ветар; ке осетиме да сме ниiе тамо само неканени гости, и оти, ако сакаат тамо да ни се покажат браiк’а, но тоа го праат, за да не ограбат нас и да не експлуатираат. Грците, бугарите, србите, сите заiедно не уверуваат нас, да ниiе сите сме само од нивната народност, и оти нашето спасеiн’е iет само во соiединеiн’ето на цела Македониiа, или барем на iеден голем дел од неiа, кон нивната држаа. Секоi од нас ке забележит, оти тиiе л’уг’е, за коiи ниiе знаiефме само от книга, и знаiефме како л’уг’е, шчо сакаат да ни поможат да се ослободиме, ни се покажуваат нам за приiатели и сонародници и ни се присторуваат за наши покроители, не зато, шчо сме ниiе грци или бугари, или срби, не зашчо се грижат за некакви обшченародни интереси, во коiи флизаат и нашите, не зашчо сакаат да ни поможат и да не избаат нас, а само со чисто егоистични цели, т. е. они експлуатираат со тоа, шчо се велиме ниiе со нивните народни имиiн’а, и сакаат на осноа на сашчествуаiн’ето на тиiе народни имиiн’а во таткоината ни, да уголемат своiата таткоина, да обеспечат своiите интереси со завладуаiн’ето, ако не на цела Македониiа, то барем на голем дел од неiа. Не ни покажуат ли тоа, оти малите држаи, па и секоiа iедна страна, со преследуаiн’ето обшченародни цели, преследуат не хуманни цели. ослободеiн’ето на поробените а чисто материiални и егоисгични, т. е. уголемуаiн’ето нивно за неiн интерес, без да се гледат, али ке настапит подобруаiн’е во судбата на Македониiа, или не. Значит месните интереси се iауват главни, а обшченародните второстепени; првите сет цел’а, вторите — стредство. Имиiн’ата: бугарин, србин, грк во Македониiа сет стредство на малите држаи да не заробат нас. Ако и ниiе милуаме нашата таткоина и сами себе, то и ниiе требит да претпочитаме нашите местни македонцки интереси пред обшчебугарцките, обшчесрбцките, обшчегрцките. Ниiе требит да создадиме такво положеiн’е, да немат во Македониiа, ни бугарцки, ни србцки, ни грцки интереси, зашчо тамо немат бугари, срби и грци, а имат само македонци от словенцки происход и некоiи друзи македонцки народности. Нашите интереси требит да си и изучиме и да, си и зашчитуаме сами, а не да и дааме во туг’и раци, за да експлуатираат со ниф малите балканцки држаици.

После, националниiот сепаратизм ке имат место и у л’уг’е, шчо гледаат от практично гледишче на работите, без да се занимаваат многу со теориiата за народноста ни. Така, они ке расудуваат: ако iедна Канада можит да се срдит на Англиiа за тоа, шчо последната, за да си бидит во арни односи со Сев.- Американцките Соiединени Држаи, пожртвуала ним интересите на Канада, и последната сега сакат да се ослободит од Англиiа и сама да си бранит своiите државни интереси, зашчо по арно си и разбирала; — то зашчо Македониiа да се не срдит на Бугариiа за тоа, шчо она не можит да бранит македонцките интереси, ами само експлуатират со ниф, и зашчо Македониiа да не речит: iас проливав крв од моiи синои, нека бранат моiите интереси они сами, а не твоi Начович, Цоков, Станчев и С-iе.

Исто така, мнозина ке забележат, оти малите држаи се односуваат со таквоа недоверуаiн’е кон рол’ата на Бугариiа во Македониiа, као шчо се односуваа Големите Сили кон рол’ата на Русиiа во бугарцкото ослободуаiн’е. Последните се боiеа од iедна „С.-Стефанцка Бугариiа”, зашчо мислеа, оти Русиiа ке си iа присвоiит. Исто така, малите држаи мисл’ат сега, оти Бугариiа сакат да се ослободит Македониiа, за да си iа присвоiит. Но кога видоа западните држаи, оти сет излажани и оти Бугариiа рог’ат таквиiе л’уг’е, као покоiниiот Стамболов и живиiот Свирчо, се успокоiиiа и зедоа да праат против вол’ата на Русиiа тоа, шчо сами расипаа во Берлин. Не ке се наiдат ли и каi нас л’уг’е, коiи ке разберат, оти доверiето на малите држаи кон нашата таткоина ке зависит од наши Стамболовци и Свирчовци, но коiи ке видат опасноста за нашите национални интереси, не во Русиiа, ами во Бугариiа? Поеке iет од за веруаiн’е, оти ке се наiдат и таквиiе. И тиiе ке бидат краiните сепаратисти.

Наi после мнозина ке забележат, оти наi големата нестрек’а наша се криiет во тоа, шчо немат у нас местен македонцки патриотизм. Да беше у нас тоi, ниiе, каi и да сме, ке мислефме и ке работефме само за Македониiа. А сега iедни од нас гледаат на себе како на бугари, и соiединуваат нашите интереси со бугарцките и наместо да изучуваат Македониiа во секаков однос, наместо да изучуваат историiата на Македониiа во сите времиiн’а изучуваат бугарцките интереси и бугарцката историiа, и често пати тиiе периоди од неiа, шчо немаат никаков однос кон Македониiа. Така н. пр. г. Баласчев, ориг’анец родом, на место да се занимаат спеациално со историiата и интересите на Македониiа, ми изучуат бугарцките интереси и „вешчествената култура на бугарцкото ханство”, нешчо, коiе имат за Македониiа истиiо значаi, као и историiата на Абисиниiа до покрстуаiн’ето на абисинците. Друзи од нас сет во Грциiа и изучуваат грцките интереси и историiа. Друг ориг’анец, Димица, се подвизаат во Грциiа и за него имат значеiн’е историiата на Македониiа само до неiното завоiуваiн’е од римiаните. Друзи македонци во Србиiа се чинат србцки патриоти и работат, на место за Македониiа, за србцките интереси. Така iеден богат кожарцки тргоец по име Коста Шуменкович по смртта своiа пожртвува за србцките сколиiи 500.000 франкои. Такви печал’ни резултати, од врзуаiн’ето на нашите интереси со туг’ите, доста сет, за да се убедат мнозина, да iет нашето спасеiн’е само во националниiот и религиозен сепаратизм.

Во л’уг’е со таквиiа убедеiн’а, као и во сите недоол’ни от пропагандите македонци ке бидит првоначално силата на ноото течеiи’е. Но така ке бидит само во зафатоко. Броiо на приврженците iавни и таiни ке растит, не по дни, а по часои. Важно iет то, шчо до кога ке имат во Македониiа бугарцка пропаганда, ке имат и србцка. И двете пропаганди се држат само со бугарцки и србцки пари. Недоол’ните од втората до востааiн’ето беа поеке. По востаiн’ето броiот на недоол’ните од iобите пропаганди ке се израмнит со увеличааiн’ето на недоол’ните од бугарцката пропаганда.. Но и да не бидит тоа, iедна србцка пропаганда iет доста да создаит превосходна почва на ноото течеiн’е. Сите македонци от србцката пропаганда ке бидит на страната на ноото течеiн’е: органите на пропагандата ке сочувствуваат таiно, а не платените срби ке исповедуваат своiата македонцка народност јавно.

Напоследок и мнозина македонци словени со грцко образуаiне ке се признаат за словени. Сега тиiе не го праат тоа, оти требит да се вел’ат бугари, а името бугарин у грците се стаит многу долу. После сите од македонците сет готои да напраат отстапки от своiа страна за обiединуаiн’е во iедно национално цело, но ни iеден от последуачите на трите национални пропаганди немат да изменит на своiата пропаганда, за да капитулират пред друга. Националното обiединуаiн’е на македонците можит да станит само со компромис мег’у ниф а не со капитулираiн’е на iедните пред друзите. А тоi компромис и iет ноото национално македонцко течеiн’е.

Оттука iет iасно, оти, ако ноото течеiн’е и не добиiет некаква поддржка од многоброiната интелегентна македонцка колониiа во Бугариiа, пак ке се развиiат, само ке се развиiат веке како течеiн’е напраено специално против бугарцките интереси во Македониiа. При големото развитiе на ноото течеiн’е и при силниiот отпор од Бугариiа можит да се очекуат за него поддржка от страна на Србиiа. Колку и да се покажуат оно не арно и опасно за Србиiа, се оно не протиоречит на србцките интереси. За Србиiа iет важно, Македониiа, ако не бидит србцка, да не бидит и бугарцка. Једнаш се виде, оти она никоi пат немат да бидит србцка, србите ке можат да се одв.ртат от своите утврдуаiн’а, да сет македонците срби, и ке признааат за одделно словенцко племе, iеднакво блиско до србите и бугарите.

И така, македонцкото национално возродуаiн’е iет настапен историiцки процес, шчо имат под себе iака почва и голема биднина. Оно се должит главно на конкуренциiата мег’у Бугариiа и Србиiа во македонцкото прашаiн’е. Како преодни стадиiи кон полното оддел’аiн’е на македонцките интереси од бугарцките и србцките, т. е. кон националниiот сепаратизм, служат политическите револ’уциони организациiи и политическиiот сепаратизм, пропагандиран од ниф. Као главен извор за уголемуаiн’ето на броiот на националните сепаратисти ке служит уголемуаiн’ето на конкуренциiата мег’у бугарцката и србцка продаганди во Македониiа и броiот од лица недоол’ни от тиiе пропаганди. Националниiот сепаратизм ке се уголемит исто и од лица, шчо сознаваат сета вреда од националните и верцки пропаганди, коiи под вид да бранат нашите интереси, безбожно експлуатираат со ниф, и коiи шчо ке се решат на борба за националното обiединуаiн’е на македонците со сите тиiе пропаганди. Борбата со него iет опасна, не за него а за негоите противници. От таiа борба он ке излезит победник, ушче поеке, шчо реформите во Македониiа, ке дадат на неiа возможност да се ослободит от туг’ите влиiаiн’а, и да пренесит центрот на возродуаiн’ето натре во неiа.
-

Прочитано на III-та седница на Петроградцкото Македонцко Научно-Литературно Другарство „Св. Климент“ на 19-и Октом 1903 г.

Врати се на претходната страница   Врати се горе