Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Интервју со поранешниот германски амбасадор во Македонија Лотар Штепан

МАКЕДОНЦИТЕ ИМААТ ПОГОЛЕМО ПРАВО НА ИМЕТО ОДКОЛКУ ГРЦИТЕ

(Преземено од МИМ)

Поранешниот амбасадор на Германија во Македонија, Лотар Штепан, говори отворено и преку историски факти, за дел од историјата на Македонија.
Што ново донесува ова издание на англиски јазик на книгата “Македонскиот јазол”?
Ова е превод на германската книга која се појави пред 5 години. Овде има настани пронајдени во германските архиви, кои биле сокриени од соседите на Македонија: Бугарија, Србија, Грција, и, за жал, и од поранешните членки на Антантата: Франција, Британија, и Русија.
Ќе ни пренесете ли дел од некој интересен документ содржан во книгата?
Тие ја држеле во тајност средбата на кралот Едвард со царот Николај Втори во 1908 година, во јуни. Ова бил важен состанок за кој сакав да истражувам во Лондон, во Лондонската архива. И нормално, особено за поранешни амбасадори, не би било проблем да се влезе во архивата и да се истражува. Но во мојот случај тие одбија, не ме примија, што е многу чудно.
Потоа, во 1911 година беше потпишан договор меѓу Русија, и Србија и Бугарија. Замислете, во 1911, пред основањето на Балканската лига, да се потпише договор за помош, и тоа за во случај ако Србија, Бугарија и Грција би ја нападнале Отоманската империја, а Австрија би требало да нападне одзади, да добијат помош од Русија и Антантата! Ова не беше објавено, и беше држено во тајност, бидејќи беше многу важно за империјалистичката експанзија на балканските држави против Македонија, која во тоа време се уште била турска провинција.
Вие бевте можеби единствениот човек со таков висок политички бекграунд, кој има јасно изјавено дека една од причините поради која имаме проблем со името со Грција, е и тоа што Грција се плаши од можни побарувања на земјиштата на кои живееле Македонците пред Граѓанската војна. Имавте ли некакви притисоци, макар и суптилни, или можеби некаков вид на цензура, поради таквиот Ваш став?
Не, не. Во Германија, не. Но Грците не ја прифаќаат мојата книга, не ја признаваат, не ја коментираат. Се однесуваат како да не постои. Тоа е најлесниот начин. Инаку, би требало да го објаснат нивниот став. А тоа не можат да го направат, бидејќи тогаш ќе мора да ја кажат вистината. Она што го прават е да пробаат да го украдат името на Република Македонија и сакаат да имаат ексклузивно право на името Македонија, бидејќи поседуваат провинција од старата Македонија. Но, тие пред 1913 година никогаш не окупирале или поседувале македонска земја. А македонските Словени се населиле на оваа земја уште од 5-6 век. Па, според тоа, мислам дека Македонците имаат многу поголемо право на името, отколку Грците.
Како би ја коментирале препораката за почеток на преговорите за членство во Европската Унија?
Тоа е прекрасно. Но ЕУ дозволи да поминат 18 години без да ја поддржи вистината за Македонија. Напротив, тие ја поддржаа Грција во барањето на името од Македонија, што не е праведно. Многу сум разочаран од односот на Европската Унија. Мислам дека тие не треба да дозволат една агре-сивна нео-импери-јалистичка земја како Грција да ги уценува Македон-ците пора-ди името, или Буга-рите по-ради јазикот, што е, пак, апсурдно.
Ќе ни го пренесете подетално Вашиот став околу таа релација на Бугарија?
Тука се работи за хронологија. Словените кои се населиле на територијата на поранешните Антички Македонци, во 5-6 век, го зеле името на таа провинција на која живеат до денес. 150 години подоцна, турските Татари дошле до источен Балкан, и окупирале дел од земјата, бидејќи биле многу силно племе. Во следните векови тие биле асимилирани од Словените и го прифатиле нивниот јазик, но го нарекле бугарски, и нивната земја ја нарекле Бугарија. Дали ова им дава право да речат дека денес Македонците зборуваат бугарски? Не. Обратно е. А никој не ги поправа. Дозволено им е да објавуваат историски фантазии. А ова не оди во прилог на честа на Европа.

Врати се на претходната страница   Врати се горе