Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Македонија ќе лобира како претседавач во Советот на Европа

ШАНСА ЗА ОМО „ИЛИНДЕН“ - ПИРИН?

(Преземено од ТВ Сител)

Ќе добие ли ОМО “Илинден” - ПИРИН конечно шанса да стане партија во Бугарија. Зависи како и колку Македонија ќе ја искористи новата улога на претседавач во Советот на Европа и ќе ги потегне конците Софија да клекне пред пресудите на Стрзбур.
Првиот тест на кој Македонија ќе треба да покаже заби е Комитетот за човекови права кој ќе заседава од 1 до 4 декември. На состанкот ќе се дискутира токму за одлуките на судот во Стрзбур. На агенда се и препораките на Венецијанската комисија која децидно бара Софија малцинствата да ги заштити со Устав, и да им го овозможи правото на слободно здружување.
- Во декември се носи одлука врз основа на Венецијанската комисија која интервенираше за промена на Законот за регистрирање на партијата. Верувам дека нешто ќе успееме да направиме, зашто ние ќе раководиме со Комитетот, ние ќе ги координираме структурите во ГС на СЕ во делот на Комитетот на министри - вели Реџеп Салиу - Мисија на Македонија во Совет на Европа.
Главна кочница на ефикасноста на судот е Комитетот на министри кој од своја страна спроведува посебна процедура со која на државите им се дава време да ги спроведат одлуките.
Претседавањето токму со овој комитет, на Македонија и дава можност во случајот на Бугарија да избере поинаква варијнта.
- Дали ќе успееме ќе видиме по анализите кои треба да се направат и со лобирање на земјите членки на Советот, бидејќи сите поинакви одлуки се носат со 2/3 мнозинство. Треба да одбереме варијанта која ќе биде и поддржана од другите - вели Реџеп Салиу.
Официјално претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа Македонија го презема во мај догодина.

Врати се на претходната страница   Врати се горе