Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Историска одлука на Европската комисиjа

МАКЕДОНИJA ДОБИ ПРЕПОРАКА ЗА СТАРТ НА ПРЕГОВОРИТЕ

(По македонскиот печат)

KЕВРОПСКАТА комисија препорача отворање на пристапните преговори меѓу ЕУ и Македонија, соопшти еврокомесарот за проширување Оли Рен на прес – конференција на 14 октомври во Брисел на која го презентира Извештајот за напредокот на земјата за 2009 година.

- Сега можеме да препорачаме отворање на преговори за членство со ПЈРМ. Земјата оствари уверлив напредок и суш-тински се осврна на клуч-ните реформски прио-ритети коишто во нивниот жаргон се нарекуваат 8 плус 1 одредница. Коми-сијата смета дека земјата ги задоволува критери-умите од Копенхаген и овие елементи овозмо-жија да препорача пре-говори за членство. Ве-рувам дека Владата во Скопје ќе го сфати ова како мошне силен поттик и охрабрување конечно да го разреши прашањето за името кое што е тука веќе 18 години, рече Рен.
Одржувањето на добрососедските односи вклучи-телно и прегово-рите за меѓусебно прифатливо решение за името под закрила на ОН, посочи Рен, оста-нува од суштинска важност.

- Тоа сега е навистина посуш-тествено и поитно од кога било заради доброто и заради европската иднина на земјата, додаде евро-комесарот Оли Рен.
На новинарско праша-ње кога очекува да се разгледа оваа препорака за почеток на преговорите од Советот на ЕУ и каков резултат очекува, Рен истакна дека активноста на Советот секогаш ја утврдува претседател-ството и тоа може да одговори на прашањето. Тој при тоа го повтори ставот оти препорака за Македонија значи силен поттик да се реши пра-шањето за името, а со тоа и да се отстрани од агендата.

- Верувам дека Владата во Скопје оваа порака исто така ќе ја слушне. Од една страна тука станува збор за поттик заради реформите спроведени во земјата, а истовремено и балансирано охрабру-вање и повик до лидерите на земјата во моментов сериозно да се вклучат во процесот на преговарање околу прашањето за името под закрила на ОН со помош на Метју Нимиц и навистина да се постигнат резултати за оваа пречка да се тргне од патот, посочи еврокомесарот за проширување.
Во Извештајот, подгот-вен врз основа на постиг-нувањата по одредниците и без дополнителни условувања, се посочува дека Македонија направи значаен напредок во исполнувањето на клучните приоритети и ги исполни обврските од Спогодбата за стабилизација и асоцијација. Се нотира прогресот што го направи земјата во исполнувањето на осумте одредници, но и областите каде се уште нема доволен напредок.
Во документот се наведува дека претседателските и локалните избори во 2009 година ги исполнија повеќето меѓународни стандарди, подобрен е политичкиот дијалог, владината коалиција е стабилна, политичката клима е многу подобра, а Собранието е поефикасно.
Напредок е регистриран и во реформите на полицијата, на судството, јавната администрација и борбата против корупцијата, како и во областите транспорт, царина, даноци. Имплементацијата на Охридскиот договор останува клучен елемент за владеењето на демократијата и правото во земјата. Постигнат е прогрес во примената на Законот за јазиците, во децентрализацијата и правичната застапеност. Сепак, неопходни се дополнителни напори и конструктивен дух за исполнување на целите од договорот, стои во Извештајот.
Поставена е правната и институционалната рамка за остварување и почитување на човековите права и заштита на малцинствата, иако е можен дополнителен напредок во повеќе области. Во однос на регионалните прашања и меѓународните обврски, во документот се вели дека Македонија генерално има добри односи со соседите.

- Релациите со Грција и натаму се засегнати од нерешеното прашање за името. Земјата учествува во разговорите за решавање на спорот што се води со посредство на ОН. Продолжувањето на добрососедските односи вклучувајќи и заеднички прифатливо решение за името останува од суштинска важност, се наведува во Извештајот.
Во однос на економските критериуми, ЕК оценува дека Македонија напредува кон воспоставување целосна функционална пазарна економија.

- На среден рок земјата треба да биде подготвена да ги издржи конкурентските притисоци и пазарните услови во ЕУ преку имплементирање на реформите со цел да се намалат одредени структурни слабости. Економскиот раст во 2009 е негативен како резултат на глобалната економска криза. Финансискиот сектор останува стабилен. Направен е прогрес и во однос на намалувањето на невработеноста. Сепак, стапката на невработеност останува многу висока, особено меѓу младите и необразованите. Прогрес е регистриран и во подобрувањето на бизнис-климата, а зајакната е и финансиската незавизност на суперевизорските и регулаторните тела, се посочува во Извештајот.
Помал напредок е регистриран во енергетскиот сектор, заштитата на животната средина и во социјалната политика. ЕК препорачува да се засили и административниот капацитет за спроведување на законите.
Заедно со оценката за Македонија, Комисијата ги објави извештаите и за другите земји кандидати за членство, како и за државите потенцијални кандидати.

MАКЕДОНИЈА стана кандидат за членство во ЕУ во декември 2005 година. Кандидатски стаус имаат и Хрватска и Турција, а потенцијални кандидати се Албанија, БиХ, Србија, Црна Гора и Косово.
Извештајот за Македонија, по објавувањето во Брисел, во Скопје ќе го презентира евроамбасадорот Ерван Фуере, откако претходно во Владата ќе му го предаде на премиерот Никола Груевски.


Врати се на претходната страница   Врати се горе