Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
РАТИФИКУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ Е ОД ИСТОРИСКО ЗНАЧЕЊЕ ЗА ОСУШТЕСТВУВАЊЕТО НА НЕГОВИТЕ ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ И ИДЕИ

ЛИСАБОНСКИОТ ДОГОВОР ОТВАРА НОВИ ПЕРСПЕКТИВИ ПРЕД ЕВРОПА

ЈАН ПИРИНСКИ

Kако што е познато, Лисабонскиот договор беше потпишан од земјите членки на Европската унија на 13 јануари 2007 г. Се предвидуваше тој да стапи во сила на 1 јануари 2009 г., по неговото ратификување. Очекувањата беа тој да ги зголеми можностите Унијата да дејствува преку подобрување на ефикасноста на институциите и механизмите за донесување решенија. И веќе вооружена со договорот, ЕУ да биде во состојба да ги дочека и решава глобалните предизвици и прашања, кои ги интересираат нејзините граѓани.

Лисабонскиот договор ги задржува повеќето од важните достигнувања на самиот договор што го создаде Уставот на Европа, кој беше потпишан во 2004 г., а не беше ратификуван. Република Ирска беше земјата што не го потпиша, а исто така Полска и Чешка. Познато е дека сега Република Ирска го ратификува, а потоа и Полска. Тој веќе е ратификуван од 26 земји-членки на Европската унија. Фактички останува само Чешка да го потпише. На 8 октомври претседателот на Чешка постави нов услов, пред да го потпише договорот: да се ослободи неговата земја од обврските од Повелбата за основните права со цел, според него, да се попречи на било каква реституција на сопственост на имотите на судетските Германци, конфискувани по Втората светска војна. Но сега тој, во интервју за „Лидове новини“ потфрла дека ќе го потпише.
Еве, што изјавува чешкиот претседател Вацлав Клаус: „Како што одат работите, т.е. брзо, веќе е невозможно да се запре договорот, ниту да се направи чекор назад, макар некои од нас тоа да го посакуваат“.
Клаус повторува дека не смета дека договорот е „нешто добро за слободата во Европа“. Но според неговите зборови „неговото веројатно стапување во сила нема да биде крајот на историјата“. Новиот договор веќе е одобрен од двете комори на чешкиот парламент. Поради овој факт претседателот на Европската комисија Жозе Барозо го повика евро-скептичниот чешки претседател Клаус да одбегнува да создава уште „вештачки препреки“ во однос на потпишувањето на договорот. На 13 октомври во Брисел Барозо го предупреди чешкиот премиер Јан Фиштер, дека забавувањето на потпишувањето на договорот не е во корист на никого и со сигурност не е во интерес на самата Чешка. Тој изјавил дека ако договорот не се потпише од Чешка, тогаш таа може да го изгуби своето право да именува еврокомесар за следната Европска комисија, пишува „Ајриш тајмс“. (Во однос на судбината на Лисабонскиот договор треба да заземе став уставниот суд на Чешка, кон кого се обратија група сенатори либерали по прашањето за усогласеноста на текстот со уставот на земјата. Прашањето ќе се разгледува на 27 октомври годинава. До завршувањето на весникот УС сеуште немаше донесено решение).

Наспроти големиот напон во однос на потпишувањето на Лисабонскиот договор, претседателот на Европската комисија Жозе Барозо е со надеж тој ќе биде потпишан од чешкиот претседател. Потпишувањето на договорот е од исклучително големо историско значење за остварување на фундаменталните принципи и идеи, кои Европската унија треба да ги реализира во својата идна одговорна дејност. Всушност надежите ратификувањето да стане факт се големи. Тоа е надеж на сите кои веруваат во добрите перспективи пред Европската унија.

Врати се на претходната страница   Врати се горе