Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Разгледница од Прилеп, Република Македонија

ГРАДОТ НА НЕПОКОРОТ И ЗНАМЕНИТОСТИТЕ

Поздрав од Прилеп - Ваши Ратко и Драги

Велат дека имало градови кои се создадени да пркосат, високо да го веат знамето на простоумот... Тие не признаваат насилници, поробувачи, незаситници и пустошници, без разлика од која и да е страна на светот да тргнале. Таков град на Балканот и сега во Република Македонија е Прилеп, а на лик на него има и други градови на територијата на Македонија која во 1913 година е расчеречена, за да й се затре името, идентитетот, нацијата и територијата, за да се заборават воините од Филип и Александар Македонски, од цар Самуил, до Гоце Делчев, македонскиот Апостол, човекот што се исправи како титан пред тиранијата.

Такви синови Македонија ги ставила на олтарот на слободата низ многуте востанија, од Разловечкото, до Карпошовото и Илинденското од 1903 година, со Никола Карев, Питу Гули, Ѓорче Петров, Пере Тошев и Јане Сандански, до ослободителното од 11 Октомври 1941 година во Прилеп, кукнато и расцветано низ територијата таму каде што ги имало и има Македонци. Нејзините синови Кузман Јосифоски - Питу, Методија Андонов – Ченто, Методија Шаторов Шарло, Мирче Ацев ...
И денес, по Трети Ноември 1944 година кога е ослободен Прилеп и поголемата територија на Република Македонија и ден денес од осамостојувањето на Македонија во 1991 година и денес кога е на патот кон НАТО и Европската заедница, пред Прилеп-Градот херој, пред Република Македонија се исправаат и будат повампирените националисти, заграбувачите на нејзината територија кои сакаат и дефинитивно да й го сменат името, да ја снема. Дали можат? И кој стои зад нив? Грција, Бугарија и ...
Сакаат Македонија да ни ја искорнат од темели, како не би можела со рушевините да сведочи за своето постоење. Најубав пример се немирите во 2001 година, но историјата не се бриши. Насилниците и нивните злодела оставија само мртви споменици, а Прилеп и Македонија и натаму пркосат ...
Прилеп е избраниот град на сите престолнини од македонската историја да сведочи за смртта на цар Самуил, за неговите илјадници ослепени војници, за поук на бисерните генерации што доаѓале по невремињата.

Инаку градот брои близу 80.000 жители, лежи на источниот раб од Прилепското поле, кое е дел од најголемата житница во Република Македонија-Пелагонија. Се најдува на надморска височина од 620 до 680 метри, со умерено-континентална клима. Градот нема поголема река, а низ него се вкрстосуваат многу патишта. Најзначаен е патот што ја поврзува Западна Македонија со Повардарието, а натаму и со Источна Македонија, преку Охридско-Преспанскиот регион, Битола, Прилеп и Градско.
Точно од кога постои градот нема податоци. Мислењата се поделени. Низ истражувањата се вели: “Дека е формиран во 148 година пред нашата ера, кога територијата на Македонија беше заземена од Римјаните...”.
За средновековен Прилеп се вели дека се наоѓал на територијата на денешната населба Варош која брои околу 2.000 жители и е во составот на Прилеп, а која е посебна приказна за себе. Во историските извори средновековниот град за прв пат се споменува од византискиот хроничар Јован Скилица.
Оваа средновековна населба ја издигнуваат над останатите во Македонија 77-те цркви, што значи секое побогато семејство си имало и свое светилиште. Поголемиот број од нив денес не постојат. Најзначајни се манастирот и црквата „Св. Арахангел Михаил“, „Св. Димитрија“, „Св. Никола“, „Св. Петар“, „Св. Богородица“, „Св. Богородица Пречиста“, „Св. Атанасие“...

ПРЕДАНИЈА
Прилепскиот крај е богат со интересни историски преданија кои се создавале и негувале низ вековната традиција на македонскиот народ. Тие ја изразуваат оригиналната форма на усната традиција и ни ги опишуваат историските настани во услови кога не постоел пишан збор, истакнувајќи го сопствениот идентитет. Постојат преданија и легенди за манастирите и нивниот простор, за чудотворните икони, светите мошти и нивните покровители, лековитите води кои се наоѓаат покрај сакралните објекти.

ПРИКАЗНИ
Донесуваат автентични податоци за познати јунаци, војсководци, а еден од познатите јунаци што живееле на Марковите Кули е кралот Марко. Тој е опишан со натприроднисили како чувар на бедните и сиромасите, на горите, пријател на самовилите. (Преданијата и приказните се превземени од брошурата „Варош – културно минато“.) Поздрав од Прилеп - Ваши Ратко и Драги

Врати се на претходната страница   Врати се горе