Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Во детските градинки во областа Гора ќе се изучува мајчиниот јазик

МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ВО ГОРА

(Преземено од МИМ)

Градинка и игротека наскоро ќе бидат отворени во просториите на Македонско-горанската заедница со седиште во Брод, Косово, информираа од раководството на Заедницата. Со ова горанските деца, иако македонскиот јазик им е мајчин, од мали нозе ќе го учат јазикот и во организирана институција. Според претставниците на Гораните од Косово ситуацијата со изучувањето на македонскиот јазик е парадоксална затоа што децата во училиштата отсекогаш учеле на српски јазик според наставна програма од Белград. Во последно време се изучува и бошњачкиот јазик кој е вклучен во наставната програма на Министерството за образование на Косово. - Наставниците што ја изведуваат наставата на српски јазик ги плаќа Белград по 700 евра месечно, а наставниците на бошњачки, кои повеќето се дома отколку на училиште, бидејќи немаат ученици, „работат“ за 250 евра - истакнуваат од Заедницата
Врати се на претходната страница   Врати се горе