Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Кристина Наг потврди:

EK ЌЕ ПРЕПОРАЧА ДАТУМ

(Преземено од МИМ)

Европската комисија ќе препорача датум за преговори за Македонија, и да има и да нема решение за спорот околу името на државата - е пораката што ја потврди на 24 јули портпаролката на еврокомесарот Оли Рен, Кристина Наѓ, на грчко барање. Прашана директно како ЕК планира да излезе со таков предлог кога знае дека Грција ќе стави вето на одлуката, Наѓ одговори лаконски: „Не знаеме, ќе видиме“.
Иако спорот околу името никогаш не се поставуваше како услов за препораката за датум, досега тоа се подразбираше меѓу редови, па првпат неделава од Брисел се навестува подготвеност за таков чекор, без оглед каков ќе биде исходот на преговорите во Њујорк. Уште пред три месеци известувачот за Македонија, Ерик Мејер, се пожали дека во Советот и во ЕК толку се упорни да и’ дадат на Македонија датум годинава, што ги ублажуваат и ги игнорираат пропустите во земјата. Грчките дилеми вчера се однесуваа на тоа зошто претседателот на ЕК, Жозе Мануел Баросо, би ја жртвувал својата политичка иднина излегувајќи со предлог што ќе ја налути Грција, но реалноста е дека до давањето ваков предлог Баросо веќе ќе биде реизбран или не на функцијата. Ако се анализираат случувањата околу блокадата на преговорите со Хрватска (која по којзнае кој пат се повтори на 24-ти јули), станува јасно дека ЕК избра друга тактика да се справува со ветата, и дека тоа сака да го сфатат и земјите што во иднина ќе се обидат да го користат, исто така, за билатерални прашања. Имено, идејата е целиот притисок да им се префрли на државите што се спорат, а ЕК да ја турка процедурата се’ додека самите не ја сфатат баналноста на ситуацијата и најдат решение за спорот. Во тој стил Баросо и’ порача на новата хрватска премиерка дека ЕК им понудила политички услуги, но се видело дека тоа не помогнало, па сега останува земјите сами да го решат спорот, со порака на крај дека им посакува „многу среќа во тоа“. Во таа смисла ваквата неочекувана најава кон Македонија се сфаќа како притисок и врз Македонија, и врз Грција, бидејќи нам ни ја прави загубата многу поголема ако не се реши спорот, а на Грција и’ испраќа порака дека ќе мора да се соочи со гневот на другите земји-членки ставајќи уште едно вето. Реално, Грција досега не беше во ситуација да го стори тоа во однос на Македонија на највисоко ниво, а ќе мора и да објасни како може една земја да се држи пет години надвор од интеграцијата поради билатерален спор. Секако, не треба да се исклучи и можноста дека ЕК, како и НАТО пред Самитот во Букурешт, сака да ја спаси владата на Караманлис, која некаде во тој период треба да си ја одмери силата на избори, при што грчките процени се дека ветото ќе му помогне многу повеќе за рејтингот на веќе отпишаниот премиер, околу решението за спорот. Во Брисел, нормално, никој нема да потврди кое сценарио е во игра и единствено што е реално е дека Лисабонскиот договор веќе не се гледа како пречка, па нема потреба и во иднина да се закочува процесот на проширувањето. Така, веќе на министерскиот состанок на 20 јули земјите-членки ќе се изјаснат за апликацијата на Исланд, Црна Гора веќе доби прашалник, а се најавува и чекор напред во однос на Албанија, додека од Србија се очекува само добра волја околу условите за силно да се турне напред.
Инаку, Рен не успеа да ја заврши балканската турнеја, бидејќи доби висока температура, а според извори од ЕК, го изгубил и гласот, па морал да ги откаже сите средби во БиХ. Како и да е, обраќањето што го планираше за БиХ на 26 јули им беше дистрибуирано на новинарите во Брисел.

Врати се на претходната страница   Врати се горе