Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Гласови ја разбрануваа грчката диаспора

БАКОЈАНИ ПОПУШТА?!

(Преземено од МИМ)

Шефицата на грчката дипломатија, Дора Бако-јани, донела лична одлука да прифати нашиот јазик да се именува како маке-донски, но на латинична транскрипција. Ова го пишува грчко-американ-ската новинска агенција „ГАНА“, која објави дека Бакојани ваквиот став веќе им го пренела на САД и на преговарачот Метју Нимиц. „Индиректното, но клучно признавање на македон-скиот јазик не доаѓа како резултат на грчка грешка или пасивност, туку како резултат на личната одлука на Бакојани“, информира агенцијата.
„ГАНА“ наведува дека Бакојани ги информирала и високите претставници на Стејт департментот дека грчката влада прифаќа јазикот на соседната земја да биде именуван како „македонски“, но без превод.
„Додека Бакојани јавно бара решение за спорот со кое двете страни ќе излезат победници, зад сцената прифаќа услов што ќе им дозволи на граѓаните на ФИРОМ да тврдат дека се потомци на Античките Македонци“, пишува грчко-американската агенција.
„ГАНА“ пренесува дека во јавноста се крие несогласувањето меѓу Атина и Скопје за формулата „Северна Македонија“. Според агенцијата, нашата држава бара ова име да биде за меѓународна употреба, во ограничен опсег и само во меѓународните организации каде што учествува и Грција. Спротивно на ова, Атина бара едно и единствено име за севкупна употреба. „Грчкото МНР не само што се чини се помири со двојно име, туку и промовира идеја за прифаќање на македонски јазик. Прашањето е кој ќе ја оправда таквата политичка и дипломатска акробација“, оценува агенцијата.
Иако во Грција сй уште е неизвесно дали ќе се одржат предвремени избори, „ГАНА“ пренесува дека грчката опозиција побарала од владата во предизборниот период да не преговара за значајни национални прашања. Агенцијата уште оценува дека нашата влада ќе го искористи грчкото прифаќање на јазикот со цел да продолжи да бара поддршка за македонската националност.

Врати се на претходната страница   Врати се горе