Infinite Menus, Copyright 2006, OpenCube Inc. All Rights Reserved.
Во ЕУ без визи со новите македонски пасоши

ЕК ПРЕПОРАЧА ДА ОТПАДНАТ ВИЗИТЕ ЗА МАКЕДОНИJА

(По македонскиот печат)

Европската комисија препорача укинување на визите за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора од 1 јануари 2010 година, соопштија на прес-конференција во Брисел заменик-претседателот и министер за правда Жак Баро и еврокомесарот за проширување на ЕУ Оли Рен.

- Задоволен сум што можам да ви соопштам за укинување на краткороч-ните визи за граѓаните на Македонија, Црна Гора и Србија. Ова е историски момент во нашите односи со земјите од Западен Балкан. Визната либерали-зација ќе придонесе за поблиски и почести односи на државјаните на овие три земји со државите од шенген-зоната, изјави Баро.
Тој посочи дека од-луката да се препорача симнување на шенгенската бариера е резултат на исполнувањата на услови-те поставени во патоказот во рамки на процесот за визна либерализација кој беше презентиран во првата половина на 2008 година, а со кој се бараше воведување биометриски пасоши, добро управување со границите и глобалните миграции, резултати во борбата против органи-зираниот криминал, коруп-цијата и трговијата со луѓе и почитување на човеко-вите права.
Македонија, додаде Баро, согласно оценките од експертите на Европската комисија, постигнала најдобри резултати во исполнување на критери-умите. Црна Гора и Србија пак добија дополнителни препораки кои треба да ги сработат до крајот на септември. Подгорица ќе се следи во однос на имплементацијата на за-конот за странци со оглед дека е туристичка земја и да продолжи со борбата против корупцијата и организираниот криминал. За Белград тоа е прашањето на менаџирање на гра-ницата во делот кон Косово во соработка со ЕУЛЕКС, како и проблемот со Србите кои живеат на Косово.
Еврокомесарот Рен изјави дека ова е важен ден за земјите од Западен Балкан, но и за Европа. Тој искажа уверување дека препораката за укинување на визниот режим ќе биде потврдена и од Советот на министрите наесен откако ќе ги помине консул-тациите во Европскиот парламент, бидејќи се темели на строги кри-териуми.
- За жителите на Западен Балкан ова ќе значи дека нема повеќе редови пред амбасадите и прибирање многу доку-менти за добивање визи. Тие ќе можат слободно да патуваат и да ги посетуваат своите роднини и при-јатели во Европската унија, ќе им ја олесни можноста на младите да учат во Европа и слободно да патуваат кај нивните колеги, а тоа се однесува и за бизнисот, рече Рен.
Запрашан за тоа дали Грција ќе прави проблеми со биометриските пасоши на македонските граѓани, еврокомесарот Рен рече дека биометриските пасоши се доволна гаранција за безбедноста на ЕУ и нејзините граници.
- Нашата цел е европеизација на граѓанските општества и сите земји-членки на ЕУ го поддржуваат овој начин на размислување. Ова прашање не треба да се поврзува со други прашања освен со безбедноста и техничките услови за укинување на визите поставени во рамки на дијалогот за визна либерализација, рече Рен.
Во однос на Албанија и Босна и Херцеговина, ЕК со став дека тие се уште не ги исполниле потребните услови и оти продолжува дијалогот во рамки на процесот на визна либерализација. Доколку продолжат со постојната динамика на реформи и ги исполнат бараните критериуми ЕК би можела да препорача укинување на визите до средината на 2010 година.
За Косово беше истакнато дека согласно Резолуцијата 1244, тоа не е дел од дијалогот за визна либерализација и останува во рамки на постојниот визен режим, а тоа се однесува на косовски државјани со српски пасоши.
Со укинувањето на визите македонските граѓани ќе можат да патуваат слободно во земјите-членки на Европската унија со исклучок на Велика Британија и Ирска кои не се дел од шенген-зоната. Безвизниот режим ќе се однесува и за Швајцарија, Норвешка и Исланд кои не се членки на ЕУ, но се дел од Шенгенскиот договор.

Што значи визната либерализација?
Големо олеснување но не и апсолутна слобода на движењето- визната либерализација која Македонија ќе ја добие од 1ви јануари 2010та сепак претпоставува исполнување на одредени критериуми за патување во шенген зоната.
Нема повеќе да се издаваат визи во амбасадите. Но за да се оствари новото право на слободен влез во земјите за кои до сега беше потребна шенген виза граѓанинот ќе мора да поседува нов биометриски пасош.
Втор услов за влез во земјите од Европската Унија е приложувањето на банкарска гаранција за поседување финансиски средства или гарантно писмо од лицата кои го канат македонскиот државјанин во некоја од земјите од шенген зоната.
Лицата кои се наоѓаат на црната листа на ЕУ нема да може да ги користат привилегиите од визната либерализација.
За сите останати кои ги исполниле овие услови ќе биде дозволен престој од најмногу 90 дена во рамки на шест месеци од денот на влезот во земјата од шенген зоната.
Но укинувањето на визите не значи и дозвола за работа. Македонските државјани ќе можат само туристички да престојуваат во земјите од Европската Унија. За работа, образование или подолг престој лицата ќе мора да побараат посебна дозвола од конкретната држава.
Патувањето без визи ќе важи и за соседна Грција. Но со оглед на непризнавањето на македонскиот пасош ќе треба да се пронајде модалитет со кој македонските државјани ќе го остваруваат правото на слободен влез во оваа држава.

Падна побарувачката за бугарски пасоши!
Опаѓа побарувачката за бугарски пасоши. Од бугарското Министерство за внатрешни велат немаат информации за колкав процент е опадната, но релевантен доказ е се помалиот број на огласи во дневните весници. Оние кои посредуваат при вадењето на бугарските пасоши велат бизнисот им опаднал. И понатаму им се јавувале заинтересирани граѓани, но главно Албанци од Македонија и Косово.
- Се јавуваат, но не како порано. Повеќе се јавуваат Албанците.
- Нормално дека опаѓа. Сега си викаат што ќе ни е тоа кога може да шетаме без визи - велат лица кои посредуваат за вадење бугарски пасоши.
Со ова се потврдува дека сепак можноста за слободно патување беше главната причина поради која Македонците посегнуваа по бугарски документи, вели Владимир Божиновски од Институтот за демократија.
- Со ова се потврди тезата дека оние кои претходно ваделе бугарски пасоши тоа го правеле со една единствена цел, а тоа е да патуваат без визи во европските земји. Од завчера кога се објави дека Македонија ќе премине на белата шенген листа, веќе започна да опаѓа, условно кажано побарувачката за бугарски пасоши. Мислам дека од 1 јануари ниту еден Македонец нема да сака бугарски пасош - вели Божиновски.
Со цел да се спаси бизнисот не само што падна цената на бугарските пасоши, но и посредувачите прават се да ја забрзаат процедурата. Според нив безвизен режим и да се има пасош на земја членка на Унијата не може да се споредува.
Навалата за бугарски пасоши нагло започна откако Бугарија во 2007-та влезе во Европската Унија. По бројот на извадени бугарски пасоши рамо до рамо со Македонците се и Србите.

Според изјавата на бугарскиот амбасадор Михо Михов, до 2008 бугарско државјанство извадиле околу 10.000 Македонци. А за 60.000 се уште течела процедурата за добивање на бугарски пасоши.
За граѓаните на Македонија се уште атрактивни се единствено бугарските лични карти, со кои Македонците можат да си купат евтини возила од Бугарија.


Врати се на претходната страница   Врати се горе